1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Значењето на смртноста (Mortality salience) - причината за верување во живот по смртта

Дискусија во 'Религија' започната од Briar Rose, 28 јуни 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Навистина не ми е јасно како успеа да го сфатиш тој дел од мојот пост на сосема спротивен начин? (facepalm)

    Никогаш не сум спомнала дека во сржта човекот навистина одбива да го прифати фактот дека е смртник, Напротив, мислам дека на јасен (и упростен) начин кажав дека функцијата на сржта се поистоветува со човечкиот имунитетен систем - повторно: Сржта нема никаква поврзаност со религија и натприродни верувања, тоа е само обичен израз.

    You don't say! :o
    Убаво напишав претходно дека сите тие натприродни,а потоа и религиозни верувања потекнуваат од самата психологија на човекот, длабоко всадена и равиена уште од првите денови на човештвото. (А психологијата се развива во мозокот)

    Па нормално дека не оставале траги бидејќи во тој период сеуште биле еквиваленти со останатите животни во природата, кои напоменувам дека немале развиено ниту свест, морал, когнации и интелигенција.
    Дури подоцна откако човекот започнал да живее во орди, да изработува алатки и оружје, почнал да изразува сегменти од својот секојдневен живот на предмети и пештери, а потоа со развојот на првите цивилизации на папирус, глинени плочки и на песок.
    Кажи ми ти како може животно да пишува на хартија и да црта на пештери? :|

    Да бидеме прецизни овде, човештво сеуште целосно не преминало од политеизам во монотеизам.
    Индија и Јапонија се официјални политеистички држави. И додека Кинезите имаат религија, и таа е политеистичка, иако понекогаш има будистички имињи во одредени области.

    Додека во историјата тие се всушност поврзани и има многу причини зошто одреден дел од луѓето преминале од политеизам во монотеизам, сепак би ги издвоила двете најбитни и тоа:

    1. Тенденцијата на монотеистичките христијани и муслиманите да конверитраат аутсајдери, додека политеистите немале некои посебни напори или тенденции да ја прошируваат својата религија надвор од нивната етничка група;

    2. Различноста меѓу монотеизмот и политеизмот, односно карактеристиките за тоа што тие забранувале, а што дозволувале;

    Според првата причина, како што споменав, политеистите немале изразен интерес да го прошируваат многубоштвото надвор од нивните граници. Ама монотеистите секогаш настојувале да ги преобразуваат другите, односно да ги конвертираат според нивната религија и нивното верување.

    Од овие две различни аспекти, мислам дека е мошне јасен и резултатот: Монотеистите ги конвертираат аутсајдерите, додека политеистите не го прават тоа. Монотеистите се подготвени да водат војна за промена на верската припадност на другите, а политеистите не се подготвени и немаат волја за тоа.

    Ова значи дека монотеистичките религии добивале следбеници на сметка на политеистите, а не обратно - и тука лежи клучот за намалување на повеќето следбеници на политеизмот.

    Така, во христијанството и во муслиманството, една од главните цели е да конвертираат други луѓе. И со оваа динамика на одвивање на нештата, политеистички религии ги губеле следбениците заради монотеистичките.

    Да не се сфати оваа причина на пластичен начин и во буквална смисла на зборот, во текот на историјата постоеле многу серии на движење за политеистичките религии да се оживеат, развиваат и растат.
    Ама поради проблемите кои лежат во монотеистичките религии,а тоа е нетолеранција кон социјалните разлики, како и строгото буквално толкување на светите текстови, тоа не се остварило во целост.

    Според втората причина, политеизмот и монотеизмот имаат навистина различна суштина.

    Кај политеистичката религија, целта е да се заврши или да се оствари одредена работа, и така се верува дека ако се помолиш на некој дух или бог за нешто, или ако принесеш жртва, тоа ќе овозможи да го добиеш тоа што го сакаш (на пример, да победиш во некоја битка или некој болен член од семејството да оздрави).

    Политеистичките богови се неетички и покрај тоа што имаат капацитет да сочувствуваат и да чувствуваат тага.

    Главниот проблем со политестичката религија е тоа што станало очигледно дека истата не функционира подобро од случајната веројатност и многу малку луѓе (со образование) го сфаќаат тоа како чиста традиција.

    Од друга страна, монотеизмот во својата суштина не функционира на начин како политеистичката религија, туку нејзината цел е како да се живее добар живот и која е суштината на самиот живот (иако луѓето и денес постојано се молат за лекови, здравје, подобри резултати, итн - слично како и политеизмот).

    Перцепцијата дека имаме замена за father figure кој се грижи за нас и дека имаме релевантност и важност за креаторот на универзумот, е многу привлечна за луѓето, и далеку поблага отколку ладниот и омразувачки карактер кај политеистичките богови и духови.

    Ова воедно е и доказ дека човекот има длабока желба да биде релевантен и згрижен. Бидејќи нема достапна изолираност, желбата на луѓето за значење и љубов може да се исполни и не е изненадувачки дека концептот е добар.

    Со текот на годините, ова е рафинирано, особено во христијанството, кое има најширока варијанта на верување и пракса. Еден многу атрактивен елемент е да се создаде Бог двојно, така што креаторот на се, кој е далечен, е истата личност како и грижливо човечко суштество кое страда, овозможувајќи стравопочит и љубов да се мешаат.

    Како резултат на својата привлечност, концептот наречен монотеизам се шири и е со огромни варијации.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.247
    Допаѓања:
    4.305
    И повторно доаѓаме до прашањето: Кој ја всадил психологијата на човекот и зошто?
    Ако е тоа така, тогаш ти не можеш да знаеш за нивните верувања и сфаќања во поглед на природните појави.
    Во институционалните религии можеби е така, но во својата изворна смисла тоа е промашување на суштината на нивната порака. Прави разлика помеѓу црковно (конфесионално институционално) христијанство и изворно христијанство во смисла на Христовот учење.
    Истото го имаш и кај тнр. „монотеистички„ религии (на пр. во католицизмоти и православието верувањето во светци или жртвувањето животни во јудаизмот и исламот), но тоа нема врска со Бога и духовноста.
    Ако мислиш на хиндуизмот, тој не е политеистичка религија, иако на запад поради упростување погрешно се спомнува како таков. За хиндусите Бог е еден, но бројни се неговите форми и имиња (Кришна, Рама, Нарајан, Нарасимхадева...) а другите како Шива, Кали, Дурга, Лакшми и не се богови во класична смисла на зборот туку деви вид „полубогови„, но тие се исто така смртници само живеат подолго и располагаат со поголеми моќи отколку самите луѓе.
    Слично е и со религијата во Јапонија ако мислеше на Шинтоизмот. Да се каже дека тоа е политеистичка религија е во најмала рака дискутабилно. Тие попрво веруваат во сèприсутна енергија која особено доаѓа до израз низ светилишта и одредени места во природата. (дрвја, водопади и сл.) што всушност и не е така далеку од вистината.

    Инаку Индија и Јапонија не се официјално политеистички туку се република и уставна монархија.
     
    Последна измена: 21 јули 2018
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Пред да се развие свеста кај homo sapiens, неговите предци исто како и останатите животни во природата поседувале само т.н. животинско спознание.

    Најчесто при овој случај се поставува и прашањето: "Зошто и другите животни не станале потполно свесни?"

    - Бидејќи свеста се јавува во одреден момент во развојот на ефикасноста на умот во поврзувањето на информациите, а од свесната интелигенција, способноста да се размислува како причината и последицата се поврзани (причинско-последична врска), или едноставно да се разбере промената, би било голема придобивка за било кое животно.

    Од ова може да се разбере дека целосно развиена свест би била активно избрана штом животните можат да развијат разумно разработен централен нервен систем и на тој начин ќе се појави кај многу видови.

    Инаку, причината зошто се развила целосна свест кај луѓето било поради потребата да се справат со мошне сложени социјални ситуации, како на пример, да се чувствува емпатија, да се проценуваат намерите на пријателите и непријателите, да се смисли одредена стратегија за социјална интеракција со други.

    Значи, решавањето на социјалните проблеми е очигледна корист од тоа да се биде свесен, но сите активности што треба да ги управуваат животните ќе имаат огромна корист од тоа што ќе можат да разберат причина и ефект, па затоа сосема е нелогично да се тврди дека не е до потребата да се управува со крајно сложени социјални ситуации кои се развиваа свеста.

    Ама и самата анализа на прашањето за појавата на свеста мора да се заснова на прашањето што го спречило неговиот развој кај други животни?
    - тоа морало да биде нешто навистина ефективно и релевантно, што би овозможило останатите видови на оваа планета да не развијат целосна свест, и причината за нерешавање на социјални проблеми кај другите видови, како и самиот недостаток од социјални ситуации не е доволна сама по себе.

    Самото објаснување како и зошто свеста се појавила кај луѓето, а не кај останатите видови, се огледува во фактот што истите спознале многу претходно присутни неподносливи вистини за прифаќање, како на пример несебичните морални инстинкти преку негувањето.

    Не можејќи да ги признаеме овие вистини и на тој начин да размислиме искрено за свеста, тврдејќи дека ние сме единствените видови кои ја развиле свеста, бидејќи нашата претпоставена уникатна потреба за управување со исклучително сложени социјални ситуации обезбедил погоден, иако нечесен начин за елиминирање на прашањето за потеклото на свест. Застрашувачкиот, негирачки човечки ум едноставно избегнувал да размислува за проблемот доволно длабоко за да види како е нелогично она што се предлагал.

    Напротив, постои разлика меѓу целосно развиена свест и животинско спознание;

    Многу е смешно да се мисли дека животно има создадено верување или сфаќање, скоро споредливо како човекот.

    Самата појава и смисла на животинското спознание е состојбата во која се наоѓа самосвеста кај животното, или да се биде свесен за надворешен објект или нешто во себе.
    Тоа е манифестирано главно преку сетилата кај животното, најчесто видот, слухот и мирисот.