Па исто значење имаат Наташа и Наталија.. само Наталија е оригинал латинско, а Наташа е варијација, Русите го користат најмногу мислам.
Моето на една страница излегува вака: Име со латинско потекло и значење родна или родена а на другата : Значење на името: Роденден Потекло на името: Латинско потекло
Моето го нема таму и прогуглав па 300 потекла и значења излегоа Некаде вика дека е со староанглиско потекло, некаде дека е латинско. Знам дека имам прочитано порано дека било и грчко. Абе мое си е ич не ми е гајле кој што тврди. Река, Непозната, Дел од роза... Некаде прочитав и следбеник на Исус. Секој со свои толкувања. Глупости.
На една страна-Маја-божица на природата во римска митологија (жити све ) На друга страна-Маја- Пол: Девојче Значење на името: Голема мајка ( О.о кај божица ме напраја па и Голема Мајка??? WTF? Потекло на името: Името има латинско потекло
Значење на името: Советува, советник Потекло на името: Потеклото не е сигурно, веројатно доаѓа од латинскиот збор "monere"- советува. Можно е да доаѓа и од грчикот збор "monos" - единствен.
Значење на името: Ѕвезда од морето Зошто тогаш имам голем страв од длабочини Потекло на името: Латинско потекло
Моето име значело принцеза дури сега дознав Баш убаво, си го сакам многу моето име, добар избор направила кумата Сара Пол: Девојче Значење на името: Принцеза Потекло на името: Библиско име со Еврејско потекло Познати личности: Глумиците Сара Бернард, Сара Џесика Паркер Варијации на името: Сарита
Ту бре сите светици, ангели моево... Јас си се изнасмеав битно Пол: Девојче Значење на името: Натпревувачка, соперничка Потекло на името: Латинско потекло, женска форма на римското семејно име Aemilius
Најубавото име хахха се разбира бидејќи е мое. Јас многу си го сакам името и не би го менувала и гледам доста е популарно
Конечно најдов Пол: Девојче Значење на името: Слава Потекло на името: Името потекнува од словенскиот збор "слав" - слава
еден поп на моите родители уште кога сум била бебе им рекол дека моето име значело Милостива.... па и не би рекла дека сум дотолку мила