Пол: Девојче Значење на името: Бог е милостив Потекло на името: Библиско име со eврејско потекло. Женска форма на името Јован, од еврејскиот збор Johanan. Варијации на името: Јована, Ивана
Според едното: од еврејски мариам-тврда,постојана,исто така евангелиско име. Според второто: Пол: Девојче Значење на името: Морска ѕвезда - според латинското потекло. Според еврејското потекло можно е да значи: бунтовништво, море од горчиња Потекло на името: Името има латинско, но и еврејско потекло
Интересно. Се заинтересирав за имињата на моите деца. Името на ќерка ми значи-онаа која слуша, слушање...баш интересно затоа што ќерка ми малку е во фаза на неслушање А името на син ми-машко име на календарски светец,кое на еврејски значи победник. Ова не го знаев и ми се допадна. А ова се однесува за моето име Значење на името: Чиста Потекло на името: Грчко потекло
Моето име е многу ретко.. од византиско потекло... во тоа време имало многу принцези и кралици со моето име Во превод значи - Божица на светлоста, триумфот.. би можело да значи и задоволство, бистрина, добрина..
Марија - од еврејски мариам-тврда,постојана,исто така евангелиско име. Ана - милост,благодарност Се викам Анамарија па незнаев како xD
Антонела, италијанско име. Во 2011 спаѓало во топ 1000 имиња во U.K. Според едно, имево значи цвеќе, а според друго, достоен за пофалба. Интересно е тоа што е уникатно и ретко се среќава. Јас искрено не си го сакам многу
Абе ова не реагира на мене , ова ми го дава-не се сеќавам дали го барав името претходно но еве сега ми го дава ова :? За жал, во нашите толкувања го нема името кое го баравте. Ќе се потрудиме што побрзо да го пронајдете значењето на бараното име!
Пол: Девојче Значење на името: Натпревувачка, соперничка Потекло на името: Латинско потекло, женска форма на римското семејно име Aemilius Познати личности: Писателката Емилија Бронте
Пол: Девојче Значење на името: Гласник Потекло на името: Словенско потекло,словенска божица на пролетта, па од таму значи и пролет.