1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Значење на симболите во кафе

Дискусија во 'Канта' започната од N1ky, 10 септември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Тука може да си кажуваме кој симбол што значи при гледање на кафе.Исто така може да пишувате интересни информации поврзани со гледањето на кафе.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Немаше ли ваква слична тема?
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  4. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Имаше.Ама тоа е Гледање на кафе.Дали гледате,дали знаете да гледате итн..А јас сакав да има посебна тема и да служи како речник за значењето на симболите.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    и во неа прашуваат за симболи и ги објаснуваат.
     
  6. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Гледање на кафе


    Авион-покажува скорешно патување со авион,а може да биде и силна желба да го промените сегашниот начин на живот

    Алигатор(крокодил)-Покажува дека треба да сте претпазливи при сите зделки или нови бизнис проекти

    Ангел-Означува добри вести;некој се грижи за вас и добро ве чува од несреќи

    Арка(порта)-пари во работата и љубовни авантури

    Багаж-се работи или за кабинетски или за вистински светски патник

    Бадеми-покажуваат донесување на одлука дома или на работа

    Балон-ќе отидете на друго место или ќе го смените домот;ќе се врижите без особено да ви е грижа за насоката;ќе се населите привремено некаде и таму ќе се чувствувате среќни

    Барабан-успехот ќе дојде кај вас затоа што сте многу талентирани,светот има потреба од она што му го предлагате

    Бастун-неколку дена не се впуштајте во зделки-моментот е несоодветен за вложување

    Бебе-Кога симболот ќе се појави,наскоро очекувајте вести за радосни настани

    Бижутерија-секое парче бижутерија кое го гледате во филџанот покажува голем успех

    Бик-имате агресивен колега кој не ви мисли добро,па гледајте вашите патишта да не се пресекуваат

    Биро-потребно е да ги подредите сите ваши книги и хартии-особено важните документи

    Бокал-наскоро ќе стекнете богатство и ќе сте во состојба да им помагате на другите

    Брод-подгответе се за важна позитивна промена во вашиот живот

    Бројки-тоа се важни бројки за вашата иднина,за сегашноста или минатото(Броевите можат да покажуваат пари,датуми,дури и часови.Броевите секогаш се во комбинација со други симболи-тие само ја прецизираат количината.Ако се на дното,броевите ги појаснуваат ликовите и влијанијата од минатото.Ако се на средината-помагаат при опишувањето на сегашната состојба,а на врвот-даваат претстава ‘колку’ или ‘кога’ за идните ситуации.

    Брут(шајка)-силни,настојчиви и цврсти луѓе,исто како брутовите

    Бршлен-ако во вашиот филџан има повеќе одд еден страк,значи дека ве поддржуваат многу пријатели;ако стракот е еден,вие сте чове со длабоки убедувања.

    Бубачки-тоа е предупредување да дејствувате внимателно,бидејќи сте опкружени со негативни влијанија.

    Бумбар-не се карајте со пријателите;понекогаш сте во друштво на недобронамерни луѓе

    Вазна-една тајна ќе ви биде откриена

    Ведро-ако е исправено,покажува успех во изнисот,ако е легнато не прифаќајте никакви зделки засега

    Велосипед-вие сте на вистински пат за да ги остварите намерите

    Венец-среќа во бракот при нечија свадба или друг благословен настан

    Верверичка-тешката работа не е непозната работа за луѓето со тој симбол во филџанот.

    Весло-веслото во филџанот ви кажува дека дошол моментот вие да им давате на останатите

    Ветерница-симбол на застој се до моментот кога ветерот повторно ќе ве раздвижи

    Видра-веселата природа ви овозможува да се чувствувате добро и кога сте сам и кога сте меѓу пријатели

    Вилушка-знак за кавги;размислете пред да зборувате

    Виножито(Ѕуница)-успех и среќа

    Виолина-непозната егзотична личност ве импресионира-бурна и страстна љубов

    Волк-чудесен симбол за вашата сила и смелост

    Вонземјанин-пријателство и љубов! Тој знак речиси секогаш означува човек кој е необичен или е од друг дел на земјата или вселената

    Врзоп(пакет)-кон вас доаѓа изненадување,можеби ќе го добиете она што го сакате

    Вулкан-нерешените семејни проблеми сега навлегуваат во критична фаза

    Габи(печурки)-симбол на плодност

    Гитара-тоа е лесно-вие или сте музичар,или имате музичка дарба,или музиката ве привлекува

    Глава-ако близу до неа има иницијали,тогаш мислите премногу на тој човек;ако нема-премногу мислите на себе

    Глобус-вие сте сбетска личност,зборувате повеќе од еден јазик или имате контакти со странство

    Глушец-покажува непријатности кои доаѓаат преку некој пријател или колега

    Гнездо-голема љубов кон домот или кон децата

    Гондола-среќен и безгрижен љубовен живот

    Гребло-среќен дом-минувате голем дел од времето во уредување на предметите во домот на внатрешната и надворешната хармонија

    Грмушка-гледате многу пореалистично и на себеси и на останатите

    Гускино перо-остар јазик и неверојатна силна волја

    Дајре-непостојаност во врската

    Детелина-среќата кружи околу вас и вашиот партнер

    Дијаманти(скапоцени камења)-парите и материјалните богатства се тргнати кон вас,не трошете ги премногу

    Диплома-сте го занемариле талентот кој би требало да го развиете

    Дланка-голем успех е ако е свртена кон вас-несреќа е ако е обратно

    Домати-убав и посакуван знак-тој човек е во состојба да постигне голем мир во својот дом и во личните контакти.

    Дрво-луѓето во вас гледаат сила и благодарност

    Ѓердан-обично означува повозрасен роднина

    Еднорог-за што всушност фантазирате?

    Едрилица(брод)-љубител на морето и небото;необичен,импулсивен авантурист кој ги сака префинетите нешта во животот

    Еж-некој ќе ја користи вашата добрина

    Жаба-долг и плодотворен живот,чудесен за оние кои сакаат да создадат семејство

    Желад-покажува дека човекот ја сака природата,може да е приврзан и кон градинарството

    Желка-движете се бавно,сконцентрирано и решително и ќе успеете

    Зајак-тој е симбол на плодноста.може да означува и почеток на создавање,извор на нова идеја,создавање на некаков проект.

    Замок-изолираниот живот и преопторувањето со работа ви ја измачува душата;време е да го спуштите подвижниот мост кон светот.

    Зарови(коцки)-вашата судбина е непостојана-и за добро и за зло

    Зебра-не ви е пријатно во друштвото во кое се наоѓате

    Зеленчуци-секој од зеленчуците е симбол за богатство,а повеќето се симболи на плодност.

    Змија-ќе се наметне потреба да донесете важно решение;мудроста е на баша страна

    Знак на зодијак-секој сончев знак од зодијакот е предупредување дека некој роден под тој знак има влијание врз вас

    Знак прашалник(?)-кога ќе го откриете тој симбол,тоа е очигледен знак за прашање(ако се наоѓа на дното,покажува прашање од минатото.На средината на филџанот-го симболизира вечното прашање кој сум и од каде сум.Одговорот ќе го добиете наскоро од судбината и животот.Ако е на работ,прашањето е:што да направам сега?Погледајте ги симболите до прашалникот-и тие ќе ви кажат за што се работи.

    Ѕвезда-позитивен симбол на надежта и остварените мечтаења

    Игли за плетење-треба повеќе да ги ангажирате рацете со достојна работа;празните раце ќе ве уназадат

    Игуана(гуштер)-тој шарен голем гуштер означува дека вашиот живот е оптоварен иако токму сега ви претстои долг одмор

    Инсекти-станете поотворен во сите контакти;другото значење е дека можеби другите прават интриги во врска со вас

    Јаболка-ова е плодносно време за творештво,чудесно за луѓето од уметноста.Филџанот не може да има лоши јаболка.

    Јагне-или домот ви е топол и удобен,или сте човек кој сака да ги собир несреќните животни и луѓе

    Јагоди-Јагодите секогаш означуваат успех во врските со луѓето

    Јазол-Јазолот во филџанот покажува дека се вознемирувате на најситни дребулии

    Јаже-тоа е предпредување-ако јажето е заврзано тогаш проблемот е од здравствена природа,а ако е во круг,покажува финансиски тешкотии

    Јаже за скокање-нема пречка која не би можеле да ја прескокнете

    Јајца-загуба на пари,ако се скршени или добивка ако се здрави;кога јајцето е напукнато,внимавајте со парите

    Јарем-имате чувство дека нешто ве сопира и задушува-не можете да ги остварите желбите,разочарани сте од постигнатото од животот

    Јорган-јорганот покажува добро самочувство и умешност да се создаваат добри нешта,како за себеси,така и за останатите

    Кајче-се подготвувате за патување,но љубовта можеби е сосем близу;фантазии за романтични места за оние кои што сакаат да го загубат умот

    Кану-кануто покажува дека ви недостасуваат пријатели,вие сте премногу изолирани и осамени

    Кама(нож)-внимавајте што зборувате пред другите,опкружени сте со поткажувачи

    Камбана(звоно)-покана за свадба доаѓа кон вас;кога камбаната стои исправено-добри вести,а кога ѕвони-негативни

    Камила-тешкотија и неспокојства,воздржете се да тргнете по патот на среќата

    Камин(оџак)-каминот е предвесник на среќни настани

    Капки-кон вас се движи мала сума пари или среќен тек на околности

    Карпи-на патот имате пречки;наместо да се борите со нив,постапете како реката-заобиколете ги
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Карти-кон вас доаѓаат среќа и пари

    Катанец-чувствувате дека немате голем избор во животот или дека други донесуваат одлуки за вас

    Квадрат-променете си ги плановите и заобиколете го она кое што ве вознемирува во животот

    Кенгур-вие сте вистински романтичар,но малку сте неодговорен;внимавајте кого ќе го изберете за љубовник.

    Килим-имате чудесен пријател и со него ги споделувате радостите од убавите мигови во животот

    Кит-мало нараснување на вашите приходи,заедно со мало зголемување на работата

    Клуч-голема среќа и неверојатен успех-сега е моментот да ги остварите вашите копнежи,особено во областа на образованието

    Клучалка-Имате тајна која никогаш нема да ја разоткриете;толку е голема,што можеби вие сте ја заборавиле

    Книга-Чудесен момент да научите нешто ново,да постигнете подлабоко ниво на самосознание преку читање и слушање

    Ковчеже со богатство-тоа разоткрива колку славна сличност сте

    Коза-товарот е премногу голем,затоа споделете го-доверете се некому

    Кокошка-мислете си за дома-поканете ја мајка ви на гости или јавете се телефонски

    Кола-ако е добро отцртана,колата е знак за претстојно патување,но ако линиите и се испрекинати или замаглени,ве очекуваат непријатности со вашата кола

    Колан(ремен)-смирете се и не претерувајте,особено со храната

    Комета-се приближуваат непријатности,внимавајте со соседите

    Кола за брза помош-покажува брз динамичен живот

    Компјутер-силен интерес кон техниката и кон иднината,чудесен симбол за правење пари,особено за сопствениците на фирми за современи технологии.

    Конфети-наскоро ќе се видите со стар пријател,ќе си поминете чудесно

    Колиба(планинска куќичка)-колибата ја одразува вашата романтична претстава за домот;колибата секогаш има јасно отцртан оџак.

    Копје-ќе се наметне потреба да влезете во борба,за да се заштитите

    Коски-огнената сила во вас доаѓа од длабоко;вие сте силен и стабилен и луѓето ве почитуваат

    Котва-ако се гледа јасно и е добро оформена,котвата е добар предзнак;ако е нејасна или искривена,покажува разочарување

    Коњ-ако сте жена,во вашиот живот ќе навлезе нов маж;ако сте маж,ќе се појави соперник;за секој пол коњот покажува силна личност

    Кошница-некој или нешто ви пречи;заобиколете ја кошницата,не ја шутирајте

    Корнет сладолед-корнетот сладолед покажува дека треба да му помогнете на некое дете

    Кочија-овој симбол има значење слично на ‘кола’,поврзан е со нормалниот транспорт

    Крава-сте се сретнале со стар пријател или бивша љубов

    Кревет-вардете се од несреќни случаи;ако внимавате и мислите пред да дејствувате,работите ќе ви одат многу добро

    Круна-ќе добиете некое наследство или осигурување,а тоа ќе стане основата и на вашето наследство

    Ксилофон(музички инструмент со ударалки)-исклучително талентиран човек

    Куп сено-не се отпуштајте,веќе сте ги поставиле основите за среќна иднина

    Кутија-ве очекува изненадување-можеби подарок од саканата или некој специјален неочекуван подарок

    Кученце-пригответе се за голема журка или друго славење

    Кучиња-опкружен сте од добронамери и верни колеги и пријатели

    Куќа-ако куќата е цврсто изградена,тоа значи добар домашен и семеен живот;ако ѕидовите не се вертикални,тоа значи дека во домот ќе имате несреќа; ако поkривот ви е искривен,соседите ви се лоши

    Лав-вие сте многу верни и добронамерни-со тоа се гордеете

    Ламба-добро разбирање на себеси и на другите;чудесен знак за оние чија работа е во услугите на луѓето

    Леб-неопходна ви е подобра храна за вас или за некој близок;понекогаш за домашниот љубимец

    Леопард-каде и да се наоѓа леопардот во филџанот,значењето му е исто-ве чекаат тешкотии и опасности

    Летало-неспокојна душа со многу чувство за правилна насока во животот

    Лилјак-долговечност-тие ноќни суштества се симбол на пријателството,како и на долг,здрав живот

    Лимон-љубомората кон останатите,особено кон луѓето кои изгледаат подобро,иако не ги познавате

    Лисица-вие сте интелегентен и духовит;луѓето често ве канат на гости

    Листови-чудесен знак кој често покажува добро здравје и енергичен стил на живот,ако листот е цел;оштетениот лист зборува за лошо здравје

    Лопата-на патот имате пречки кои ви попречуваат да ја откриете вистината во животот

    Лук-сила и издржливост,а исто така и умешност да одбиете злонамерен натрапник

    Лупа-правите од мувата слон;работите што се случуваат во светот и не се толку важни

    Лулка-наскоро ќе настапи промена во вашите планови-промената е неочекувана и може да е на добро или за зло.

    Мајмун-тука работите запираат поради умни луѓе кои се подготвени за секакви мајмунлуци

    Маслинки-многу стар блискоисточен симбол=пројава за мир и среќа во домот

    Мачка-имате некоја тајна и сега-засега најдобро е да не ја разгласите

    Медал-чувство за добри постигнувања;останатите ве уважуваат поради тоа,носете го симболот за заслугите со гордост.

    Медуза-еден лажен пријател работи против вас;внимавајте во својата работа-други можеби копнеат да ви го земат местото

    Месечина-полумесечината покажува каде ги криете чувствата,а полната месечина-дека му соопштувате на светот што истражувате

    Метла-вие влегувате во форма за да се прочистите себеси и опкружувањето;тука се очекува сериозна позитивна промена во вашиот надворешен изглед
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.