Значење на цвеќиња и билки

Discussion in 'Дом' started by April87, May 27, 2021.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    565
    Likes Received:
    451
    Gender:
    Female
    Побарав ваква тема, па бидејќи не најдов ја отворив оваа, ако има дупла слободно избришете ја.

    Многупати низ сајтовите среќавам цвеќиња и билки кои имаат некакво значење доколку се чуваат дома, па како љубител на природата се повеќе ме интересираат како и народните верувања за истите...

    На пример:
    Босилекот како Божји цвет секоја куќа би било добро да го има бидејќи е свето растение. Самиот мирис е корисен против депресија и штити од негативна енергија. Освен тоа има и многу други медицински придобивки.
    Исто така се чувал против комарци. Народно верување е дека во куќа што се одгледува босилек не е сиромашна.

    Втората слика е темјанче или темјан цвеќе. Според името мирисот му е како на темјан, меѓутоа не знам повеќе детали за цвеќето. Најверојатно има и некое значење или верување...

    Темата ја отворив за да собериме повеќе информации за значењето и верувањата за цвеќињата и билките воопшто

    Споделете ги вашите сознанија

    IDjxAP8bVd-bosilek-neverojaten-lek-za-mnogu-zdravstveni-problemi.jpeg Plectranthus.jpg