Зоолошка градина

Дискусија во 'Слободно време' започната од lalezzz, 28 јуни 2010.

  1. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Пред некој месец бев,дур беше топло.И стварно сум изненадена,конечно им дојде памет и почнаа со средување.Веќе нашава зоолошка не е како што беше. :)
     
  2. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Zoo Скопје со радосна вест: утринава околу 10часот на свет дојдоа 3 мали сибирски тигарчиња! Зоолошката не кани на мекици! :lol: ;)

    http://www.kurir.mk/republika/skopje/26 ... tigarcinja
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    еве нека се затопли и ќе одиме да се запознаеме со новите животинчиња. Во последно време слушам наоколу само пофални зборови. Немам отидено може повеќе од 6 месеци и веќе ми фали една прошетка натаму ;)
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Бев во неделата. Онака О.К. е.. Али ги немаше тие новите шо се родиле 3. Можда уште се на породилно. :lol:
     
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    па редно е да имаме барем една добра зоолошка во Македонија :) пред некој месец бев и добро е средуваат но некако тие животни ми се досадни треба некои нови поинтересни пример да донесат ајкула,слон,крокодил :rofl:
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    ^ Има крокодил, ама малечок е :)
     
  8. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    па јас кога бев немаше, кога ке порасне ке одам повторно :D
     
  9. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Јас сеа брзо бев во Зоолошка во Битола (од таму сум и често одам таму) и најчесто се задржувам кај мајмуните и кај кокошките xD
    Да не заборавам дека имам супер односи со мечките и тигрите, но лошо ми оди со лавовите xD
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Немав отидено добри 10 години. Бев пред три недели со братучетка ми и морам да кажам дека сум пријатно изненадена од напредокот. Мислам, редно време беше да го реновираат делот со змиите и лавовите- навистина беше мрачен и ужасен ( а за миризбата да не зборувам).
    Има уште работа, но како што гледам на добар пат сме да имам пристојна и пријатна зоолошка градина, во која може да се помине едно пријатно попладне ;)
     
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Секоја чест, зоолошката добива одличен лик.Точно е дека недостасуваат уште некои видови животни, но како и да е, сеуште се гради, и верувам дека штомим се обезбеди простор за живеење, истите ќе бидат набавени.
     
  12. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Не е фер! Едно од новородените тигарчиња умрело :( сега се две и сигурно им недостига братчето/сестричката....
     
  13. vikica.s

    vikica.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    59
    бев пред некој ден.преубаво е.отсега ќе одам барем еднаш месечно.мн ми се слатки сите животинчиња.
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Најубавото бебе во Скопје се игра со мама :)

    [​IMG]
     
    На Phyramide, Black.Beauty, Hiii и 4 други им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мене омилено животно во зоолошката е малото мајмунче... Леле какво е, срце. Ми доаѓа да го грабнам да си играм со него :) А таа мајка му каква е лоша, мн го чува :)
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Ми се допаѓа изгледот на зоолошката и време беше да ја средат.
    Малку ми се урива таа слика со тоа кафуле да го наречеме, на почетокот, дечиња си шеткаат да ги галат и хранат животинките, а ваму имате млади мајкици накинџурени, со цигарата во рака, опнале бумбар наочари и се издераваат по децата...
    сфаќам дека треба местенце да се седне и да се одмори, ама некои како да дошле таму да трачарат со пријателки, додека послушните мажулиња трчкаат по децата...
    нели треба зоо-та да се семејна активност, и целото семејство да шета заедно, да се раскажува за животните, да се сликнат заедно?

    Изгледа јас многу гледам филмови, јбг.

    Бев два пати откако е реновирана, картата е евтина, полно народ и дечиња, задолжително ми купуваат шеќерна волна или јаболко после тоа, се надевам ќе ми купат и балонче еден ден. :)
    И се сликнав со животинките, најинтересна ми беше мечката.
    Имаше еден младич што си понел тегла мед и јаболки.
    Ги ставаше јаболката во теглата и и' ги фрлаше на Мецата такви натопени.
    Десерт. ;)
     
  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Пред 1 недела бев во зоолошка и многу сум позитивно изненадена, има огромен напредок :clap:
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Планирам викендов да ја посетам зоолошката градина, бидејќи со години не сум била. Слушам дека е подобро од тоа што било претходно, па заради тоа сакам да видам. :)
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Алал да им е како почнаа да ја средуваат зоолошката. Лека полека, ќе ја биде!

    Сум била два пати откако ја средија, лани и сега, и морам да кажам дека има напредок, и тоа голем. А мислам дека не сум била, па од времето кога оној нашион уметник се затвори во кафез заедно со животните со табла - ХОМО САПИЕНС и живееше таму некое време :)
    Ја носам секогаш внука ми, тоа ни е време резервирано за нас и за многу смеење. Луда внука имам, секогаш прави шоу во зоолошката и ги смее сите луѓе.
    Едно мало 4годишно преубаво прцле (пу пу) кое е многу зборлесто. И си збори со животните - амори ти патко мајко, што правиш тука? Чувај си ги децата затоа што сега ќе ги ГАЛАМ!
    О гуско една! Еееене ти го морковот! Амори ене го! Не ли го гледаш?!
    ЛАМААААААА!!! (откако и беше кажано да ја викне ламата) :D

    Ми се допаѓа кафичот кај лулашките, затоа што она прцлено мало ги обожава па јас можам да седнам на кафе на раат и барем убаво да ја гледам и следам што прави.

    Зоолошкава буди во мене носталгија, верувам како и кај секој жител на градот кој растел во него. И сега си се враќам назад во времето, кога одам таму со внука ми. Плус посетата на луна паркот и возењето со вовчето отпосле е строго задолжително.
    Јадење шеќерна волна, такоѓе. Внука ми не ја сака. Ми вели - јас розеви пердуви не јадам :D Затоа јас си ја лапнувам со сласт. И седнати двете на клупа, таа ме гледа небаре јадам жив слон и рола со очите, јас си се прашувам себеси, која од нас двете во моментов има 4 годинки?! :wasntme:

    Инаку тигарчињата не ги видовме, имаше ставено забрана за поминување во тој дел и напишано - ВЕ МОЛИМЕ ЗА ТИШИНА :(

    Еј да - и веселите канти на самиот влез ми се допаѓаат. Тука добивам бонус од малоно - а каде сакаш да го фрлам ѓубрево? Кај делфинчето кај мечето или кај жапчето? Ете како се развива сенс за чистота кај мали деца :)

    Да, сум била во далеку поубави зоолошки низ Европа, но нашава конечно заличува на нешто и можам да речам, дека вреди за посета. Ако имате деца, или некого кого можете да земете со себе, уште поубаво. Одлично место за семејни посети и квалитетно трошење на слободно време :)
     
    На spanko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    Ми се свиѓа како е средена сега зоолошката.. Лани бев, а се надевам сега дека е уште поубаво. Највеќе око им фрлив на волците и на лавовите.Едноставно најмн време минев пред нивните кафези.