1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зоолошка градина

Дискусија во 'Слободно време' започната од lalezzz, 28 јуни 2010.

  1. love.summer

    love.summer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    24
    Немам отидено којзнае од кога може пред 5 години,бидејќи во мојот град нема ама многу сакам да отидам братучеда ми скорото беше и многу било убаво.Па сега и јас мислам да отидам за викендот па ќе видиме што ќе биде многу ги сакам житотните било кои,освен змиите и гуштерите сакам дури и дома да ги чувам :D
     
  2. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Пред недела-две бев во зоолошка и се случи една чудна појава.
    Одеднаш лавот почна да рика, а како што беа волците спроти него по 1 минута и тие почнаа да завиваат. Моментот беше неопислив. Од едната страна лавот рика, од другата волците завиваат. Како да се наоѓаш во дивина. Помислив да не има земјотрес, зошто нели животните претчувствуваат такви работи, ама ништо од тоа. И така... :)
     
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ние бевме завчера и баш убаво си поминавме,средена е убаво ми се допаѓа. :)
    Само кај змиите не сакав да влегувам и да ги гледам зошто ми беше страв.
    А интересни ми беа мечката,мајмунчињата.А он пак обожава тигри стоевме по пола саат кај секој за да им се восхитува :D .Среќен беше кога ги гледаше тоа ми беше мило. :)
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ми се допага тоа што во последниве години се инвестира во золошка ама стварно се инвестира, секоја година се повеке заличува на золошка од светски рамки, се повеке животни се носат, се отвори едукативен центар, кафулето, јавањето на пони коњчината, наскоро знам ке носат и жирафа и слон, исто ново што ке биде е вовче кое ке врти низ целата золошка и се тоа за пристапна цена од 50 денари. :clap:
    Само ко ке отидам да се ралаксирам и опуштам рајатот ми го уништува нашиот балкански менталитет кога ке видам како им фрлаат смоки на животинчината, а строго е забрането (животните ги хранат по европски стандарди точно одредена количина и едни се хранат само со зеленчук и овошје други со месо, а нашиов народ смок им фрла!ПА ги опменуваат волонтерите , а овие бледо ги гледаат као зошто, отидат потаму пак иста песна .. |( )
    Покрај таа некултура со храната капак на се ми е кога ке видам како им маваат на стаклата и ги вознемируваат.Кутрите животинчина, е таа класа на луге е баш да ги затвориш таму во кафез доживотно! :envy:
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Баш пред два дена бев и супер беше....за разлика од порано коа бев мала кога ич не беше средена. Убаво е чуството кога си опкружен со најразлични животни, штета што не можиш да ги погалиш :lol: Најинтересни се мајмунчињата, а имаше и едно ептен мало мало, бебе, штотуку родено :) и срните ми беа преубави. помило и помирно суштество од тоа немам сретнато и нив ги погалив, немаше опасност раката да им стане ручек. Абе сите животни се интересни. А неможам да ги гледам орлите, неможам многу ми се језиви, исто како и змиите, едвај влегов кај нив, срека одмараа :) Гледам ќе донесат и слон и жирафа, им подготвуваат живеалишта. И така...во секој случај добар начин да се поминат неколку прекрасни часа
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Бев пред неколку дена.Прекрасно си поминав.Само што за жал лавот не го видов. :(
    Ајде друг пат кога ќе одам можно е да имам повеќе среќа !
     
  7. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Бев пред неколку недели и се воодушевив колку напредувала од последниот пат кога бев (лани). Многу ми е мило што уште се работи за подобрувањето на живеалиштата на животните, што луѓето се помасивно ја посетуваат и што сеуште имаат ефтини влезници (50 ден.)
     
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Во зоолошка градина имам одено само еднаш, во четврто одделение на екскурзија, во Битола. Единствено на кое се сеќавам се тигрите, мајмуните и мечката. Би сакала да одам повторно, иако од една страна не сум голем обожувател на животните, а од друга, не ми е пријатна глетката како кутрите се заробени.
     
  9. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Бев пред два дена и искрено, очекував повеќе. Убава е, во споредба со тоа што беше, ама треба уште малку да и се посвети внимание. Би сакала да видам слон и жирава пред се :D И аман, кога ќе се научиме веќе дека отпадоците се фрлаат во корпа за отпадоци а не на пат и во живеалиштата на животните. Катастрофа. Џабе ако вработените таму ја чистат зоолошката, а луѓево постојано ја уништуваат.
    Еве нешто од таму:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6705.JPG
      IMG_6705.JPG
      Големина на фајлот:
      163,3 KB
      Прегледи:
      99
    • IMG_6637.JPG
      IMG_6637.JPG
      Големина на фајлот:
      210,1 KB
      Прегледи:
      99
    • IMG_6377.JPG
      IMG_6377.JPG
      Големина на фајлот:
      275 KB
      Прегледи:
      99
    • IMG_6359.JPG
      IMG_6359.JPG
      Големина на фајлот:
      277,4 KB
      Прегледи:
      99
    • IMG_6324.JPG
      IMG_6324.JPG
      Големина на фајлот:
      310,8 KB
      Прегледи:
      99
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Мене ми е многу интересно таму. :D

    Во овие две години, два пати сум била. Првиот пат не се сеќавам многу, али вториов видовме многу повеќе. Најинтересно ми е тоа мечето, толку ми е слатко, а по цел ден кутрото врти кругови кај што е затворено. :( Али толку ми е убаво, да сум сигурна оти нема да ме изеде, би му поправила малце друштво, да не е само. :D
    После пауните ги обожавам. Дваесет минути сум стоела пред нивниот кафез и сум ги гледала како ги шират пердувите. Е тоа е веќе нешто, прекрасни ми се.
    Волците ми се многу интересни, сите се исти, само има еден црн што е, и тој по нивното однесување, ко водич им е. :D Кај оди тој, сите по него трчаат. Баш бевме таму кога им даваа јадење, т.е им фрлаа кокошки. Имаше околу 12-3 волци, а им исфрлија многу повеќе, за секој имаше по две. Десет минути пред да дојде тој камионот со храна, ко улави се. Цело време гледаат во тој правец. :D
    Нилскиве коњи ги чекав два саата да влезат во тоа езерцето нивно, али не влегоа. Дебели! :rofl:
    И тигрите се многу убави.
    Не се сеќавам на сите животни, овие најмногу ги гледав.

    И јас змиите никогаш не сум ги видела, не ни знам каде се. Али поарно, како што имам уплав од нив, ќе се онесвестам таму. :x
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Што стана од тоа дека ќе донесат нови животни? Слон и жирафа мислам требаше. Има некои новости,најави?

    Инаку зоолошката сега е супер за разлика од порано. Па и почесто одам.Супер ми е за викенд -шетање. Уште многу треба да се средува. Ама добра е ,животните сега не изгледаат неухрането како порано и доста почиста е.

    Исто така,за поздрав се и акциите за собирање средства, родендените што ги организираат таму,недобитните грепки -влезници и најновото преку викенд животните добиваат специјален сладолед и онака особено е интересно да ги гледаш како се радуваат. http://www.sk.com.mk/?ItemID=E96BE1788C ... F0539BDE8A
     
  12. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    ја посетив во скопје пред 2 години .. :)
     
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Мене срце ми се кине кога одам во зоолошка. Ме боли да ги гледам животните затворени. Еднаш се расплакав во куќата на дивите мачки, кога видов во какви мизерни услови живеат. Малку ме смирува фактот дека за само таков живот знаат, ама па зошто да не знаат за слобода? :?:
    Среќа колку толку ја средија нашава зоолошка, претходно беше катастофа. Ама уште ми е на ум, ал се најадени и напиени постојано? Се надевам.
    Еми такво сум, ако за животно не се изнасекирам не знам за кој.

    Само кажете ми, тие што сте биле скоро: Куќата на дивите мачки како е? Средена е, хигиената е на поголемо ниво од порано или слабо? :?:
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    ^
    Средено е , далеку почисто е од порано. И доста се здебелени. Редовно одам и не е уште сјајна ситуацијата ама е далеку од она што беше. Освен тоа колку што можев да видам сите животни се `посвоени` од фирми и организации ( Тутунска,Стобанска банка , винарии и сл.) и тие одделуваат средства за нив. А, дивите мачки се најатрактивни за `посвојување`. Мене ми е жал за помалку атрактивните животни,затоа што ситуацијата таму уште не е променета.

    П.С. Работи ли зоолошката во Битола? Претпоставувам дека условите се ужасни ако работи. :|
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Бев пред 2/3 недели....лелеее многу убаво реновирана. Значи последниот пат бев некаде во Март/Април, До сега имаат уште мнооогу изградено. :clap: :clap: :clap: :clap:
    Воодушевена сум. Браво, и мило ми што и уште се гради и вложува, така треба.
     
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Не сакам кога животните се затвараат... жал ми е за нив.. ;( Си велам, како би ни било нам кога би не затварале? :envy:
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Пред некој ден ја донесоа жирафата,ама беше во карантин додека да се прилагоди. Дали сега може да се посети зоолошката и да се види жирафата?
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^имаш информатор на нивната страна пиши им
    освен некој ако бил и видел дека е ставена
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    некој знае дали зоолошката ќе работи утре (дека државен празник) ?
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^работи сигурно....зошто знам на 2 август бев во зоо.