Мора уште многу да се работи во зоолошкава, не е во ред кај некои животни да е супер средено и чисто, а кај други мизерно. Кај волците на пример е катстрофа, кај мечките неисчистено со години, а посетителите сето тоа го гледаат. Грозно! Многу малку внимание се обраќа, некои животни и ко неухранети ми се. Уште една работа не ми е јасна, со кој памет отвориле Спицикато до нилскиот коњ? Па дали се свесни колку лошо мириса таму? Зарем некој седи таму и јаде уживајќи во гледката на живеалиштето на нилскиот коњ кое е полно со неговиот измет? Дефинитивно долго време нема да отидам во зоолошка!
да , влез е 50 ден. Баш е евтино , а и внатре е прекрасно.. многу пати сум била..и не знам..ама мене ми е мн. пријатно кога гледам животни, ги обожувам,сите до едно
Одам релативно често, поради синми. Убаво е место за прошетка, само замерка ми е за недоволно сигурност. Животните се веднаш тука, оградени со електрична жица и би требало барем уште еден додатен дел/ограда да има, бидејќи една секунда невнимание детето може да пикне прсти внатре, а тука е или животно да го грицне или жицата да го пецне Пред некој ден имав блиска средба со тигарот. Беше убав, топол ден па сите животни беа надвор, активни. Тигарот се шеташе веднаш до оградата, значи не делеше само таа жица. Тој си шеташе, тако голем и страшен и јас веднаш до него одев. Ми се чинеше ко да одевме во прошетка заедно, тик еден до друг. Убаво ми беше А син ми избега на пет метри од мене ивикаше: мамооо, бегај!
Обожавам да шетам низ зоолошката градина, секогаш кога сум во Скопје а имам слободно време одам таму. Се` сакам да видам освен змии и крокодили таму да ми даваат пари нема да влезам
Јас мислам дека зоолошката во Скопје треба уште да се уредува. Кога веќе животните ги затвориле во кафези, барем нека им стават трева, дрва, вода, да им биде исто како да се во природа, онаму каде што треба да бидат и да имаат услови какви што навистина им се потребни. Кај некои животни тоа го има, но воглавно не сум задоволна од изгледот на зоолошката градина. А и луѓето кои упорно храна им фрлаат на животните, а пишува тоа да не го прават, ме нервираат. Ама тоа е, таков глуп народ сме.
Не поддржувам живот во кафез. Сум била како мала, веќе нема да ми падне на памет да давам пари за души зад решетки.
Во зоолошка не сум била од кога имав 4-5 години ,е сега видете кога беше тоа искрено ,не ме ни влечи нешто да одам,посебно не во Битола,знам во текот на годините во каква состојба се наоѓаше,немаше што да се види едноставно а сега како е незнам
Нашава Зоолошка е никаква. Ги умираат секоја година животните. Се нешто се случува. Ќе украдат мајмун, ќе украдат нилски коњ, ќе отрујат животно, ќе им избега крокодил и тн. Бев пред месец дена во зоолошката во Софија. Разлика со нашава Париз-Скопје. Ете толку е голема разликата. Кај нас немаат ни достојни живеалишта. Нит се грижат за нив. Кај нас бев исто така пред месец дена, и ги барам фоките нигде ги нема. А донесени се од летово. И ги барам ги нема, го прашувам човекот што работеше таму и ми вика у кварантин се. А отидов баш само за нив. Друго што да кажам....У кварантин ако се седело 2 месеци....
Мене баш ми се допаѓа нашата зоолошка. Вистина дека има да се работи се уште, ама па и секој нареден пат кога одев имаше направено некои промени. Пред некој ден бев и ги видовме фоките. Не беа во кАрантин де. И ми се допаѓа просторот во зоолошката. Убаво за шетање, рамно, секогаш ме опушта. За децата и да се истрчат плус, рај. На пример, мене ми е поубав овој зоо во Скопје отколку тој во Белград, иако имат далеку повеќе животни Таму е се угоре удоле, се изморам после 10 метри. Сакам рамно
Луѓенца една молба до вас. Не знам колку од вас сте биле во посета на зоолошката во Битола,ама тие што имаат отидено знаат дека условите таму за животните не се баш хумани.На пример лавот изгледа полу жив како пред умирање,кафезите им се мизерни кај некои животни,има неколку мечки,а една од мечките е ставена во кафез што бери колку 10 мене да речам,едно време имаше шпекулација дека ги хранат со кучиња...па ако сакате потпишете ја петицијата за да се затвори. Ви благодарам многу. https://www.change.org/p/macedonian...&utm_content=nafta_copylink_message_1:control
Лани кога бев, мечката беше застаната онака го гушкаше ѕидот за да се лади, вода немаше. Сите животни беа скриени и бездушни и да, и јас ги слушнав муабетите дека ги ранат со кучиња. Страшна слика.
Пред некој ден бев во зоолошка. Греота камилата како прегладнета е уште малку ребрата да и се бројат...