Зошто ние на Балканов наш мора да бидеме толку старомодни? Зошто ако некоја девојка не се мажи испод 25 пет години е стара мома? Зошто ако не сакаш да имаш деца си не нормален? Зошто ако се снимаш на Youtube или пееш..одма си не нормален, ретардиран (оди убиј се, не знаеш да пееш,грд си)??? Зошто ако се облечеме по скинати фармерки или нешто што е во тренд ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ тука е нешто што е страмота да се носи?? Зошто ако нешто сакаме ново да направиме никој не сака и не може да го прифати тоа? Зошто ако се трудиме да направиме нешто корисно во својот живот одма некој гледа да не спушти долу и да ни ги уништи плановите? Зошто различната вера и религија толку им смета на луѓево? Зошто сите зборуваат тука за култура кога никој на Балканот нема култура нити знае што точно е тоа? Зошто ако си цел тетовиран као не личиш на ништо? Зошто ако ја фарбаш косата во необична боја не личиш на ништо? Зошто мора да има толкава традиција коа никој више не се држи по тоа дури и тие самите што го кажуваат тоа? Што сме поразлични ние што слушаме странска музика од овие што слушаат домашна и зошто воопшто тука на Балканот го разликуваат тоа? Преку глава ми е! Зошто мора ние на Балканот да се делиме од сите други можни држави во светот? Што и да направиш тука е страмота, што и да покажеш не е убаво..Зошто? зошто? прашања кои ме мачат....Зошто сме толку назад со времето..Зошто сите живеат со главите од почетокот на 19 до крајот на 20 век..Тоа помина зошто луѓето не се потрудат да живеат во 21 век..Како секаде да речиме во повеќето земји сето ова што го набројав е нормално..а зошто тука не е? Жалосно!! Знам дека има некои малку слични теми али ова ја напишав опширно затоа што баш мислам дека ги зафатив сите прашања кои ние што сме Поразлични од другите не мачат..Ќе ве замолам да не ја бришите оваа тема бидејќи овие одговори на овие прашања ги слушам секаде околу мене и сите кажуваат како не е нормално ништо т.е повеќето го кажуваат тоа..Па би сакала да видам разлишни мислења во врска со оваа тема.
Jas mislam deka nema odgovor na ovie site prasanja bidejki tuka nikoj ne se ni trudi da go promeni svoeto mislenje niti da nauci nesto novo. Tuka se koj kako sto go naucile od mal taka i ke si ostani. Se slagam so toa za kulturata bidejki tuka nikoj nema kultura! Ete primer: Ima kanti za gjubre a site frlaat kade ke im tekne.Toa ne e kultura. Da mnogu sme ponazad i mi se slucuvalo da dobijam poveke kritiki od toa sto pravam i kako ne sum trebala da go pravam zatoa sto bilo stramota..I samata se prasuvam zosto?
Конечно добра тема. Ни јас незнам зошто балканскиот народ е таков , лош , заостанат , оговарачки и итн. Што би рекла една другарка што е родена и живее во Германија , дека балканот е задња рупа Затоа и повекето сакаат да избегат што подалеку од балканот ... Никој немат конкретен одговор на ова прашање...
На Балканот немало култура... а кога овде играле Олимписки игри,развивале науки,јазици,музика и живееле во империја и царство... тие на западот уште беа Индијанци и пештерски луѓе. Овде сметала различната вера,а истите тие од западот со Инквизацијата и за Папата го испозаклаја пола свет.. Многу неискрено напишано ама ајде..
Јас мислам дека проблемот е во минатото и нашата историја, заостанатоста дека е резултат на ПЕТ ВЕКА турско ропство, додека остатокот од Европа блесна во барок, се појавија мултиталенти во музиката, архитектурата и уметноста воопшто, а тука спаѓа и модата, Македонија не напредна воопшто во ниту еден сегмент, размислувања се останати застарени и закоравени пренесувани од генерации на генерации
Не би рекол дека Балканот се дели од сите други можни држави. Од балканот па одејќи накај југо-исток отприлика сè некаде заклучно со Индија, не мал број луѓе имаат слични заостанати сфаќања. Па не е дека не личиш на ништо. Личиш на криминалец и наркоман. Ова можеби е клучното прашање, воедно клуч-решение за проблемите. Традицијата најмногу ја има одржувано црквата (црквата сфатена како институција) а подршка на црквата ѝ давале владетелите т.е. денес политичарите. Црквата иако се повикувала и денес сè уште се повикува на Исус Христос, истата не се држела и не се држи до неговите духовно-револуционерни идеи за слобода, рамноправност и праведност. Имено ако би се почитувала и промовирала Исусовата изјава „Она што сакате вам да ви ги прават правете им го и вие на другите!„ (од Беседа на Гората - ја има и во Новиот завет во Евангелието според Матеј) тогаш од тоа ќе произлезе ставот „сакам другите да ми остават слобода во изборот на облека, музика, погледот врз светот па така и јас ќе им оставам слобода на другите„. Ако би се почитувале Десетте Заповеди примени преку Мојсеј, на пр. „Ти не треба да даваш лажно сведоштво„ тогаш не би имало клеветење, ширење гласини и озборување. Понекој би можел да каже дека заостанатоста на балканот има врска со 5 вековното владеење на отоманската империја низ овие простори, но и западна Европа не била ништо подобра до крајот на 1960-те години, иако никогаш немале пусто турско, но со векови имале пусто црковно. Светот останува на нас младите - наше е да одбереме дали ќе продолжиме со слепо следење на традициите како претходните прости генерации или ќе промениме нешто кон подобро.
Додека живееме за комшиите, додека болни легнуваме ако комшијата купил нова кола, додека брат со брат очи си вадат за политика, додека наглавна музика за расположување е шабанска, додека девојка што имала барем и еден партнер пред првата брачна ноќ е курва, додека кај што има две женски деца мора да се роди трето за машко...не мрдаме никаде браЧа мои, ќе си тапкаме во место, па да не претерам пааа може уште едно стотина години вака исто ќе биде....или додека постои светот. Пошто Стојан е таков со балкански менталитет (да се знае кој е маж во куќата), му се раѓа син Миле и тој го воспитува така, на Миле му се раѓа Трајче и тој го воспитува така, на Трајче му се раѓа Петре, го воспитува и тој така ама Петре вика СТОП, што се овие глупости? Јас го неќам Шабан, мене не ми е гајле за комшиите, јас ќе си носам пирсеви и тетоважи, јас не ги делам луѓето по националност и религија... Биди и ти како Петре, речи НЕ за балканскиот менталитет. Среќа што немаме аги и племиња. Замислете и тоа чудо да постоеше овде. Колку си заостанат од 1 до луѓето што живеат на Балканот?
Во мојот крај уште некои се викаат Ага . Не и не , немат никогаш да се упраи овој заостанат менталитет.
Не не сакаат во Европа , инаку кога ке не примаат биди сигурна дека само 100000 ке останат да живеат овде ( административните работници и пензионерите , политичарите и тие ке му ја киднат со своите милиончиња ).
Па нели гледаш дека полека сите си одат низ Европа, и без да речеш ти? Покрај ниска плата, па и со олку заостанат народ у пичку матер веќе...живот шта да ти причам. Еве останете си овде само најјаките Балканци, што се заостанати 5 века.
@daylight, не знам дали постон ти е напишан со сарказам, затоа и ќе пишувам онака како што сфатив. За она фарбањето и тетовирањето... Ко прво, човек не се суди по тоа како изгледа, бар не во целост. Јас на пример сакам многу тетоважи, сакам да имам и коса во некоја необична боја(зелена, сина, плава), а сигурен сум дека на форумов членкиве не ме замислуваат таков. Летово бев фарбан зелен и плав, за некој месец планирам и тетоважа да си направам, ама еве, фала Богу на форумов каде што повеќето не ме знаат физички, немам добиено коментар дека делувам ко криминалец. Балканов е... се надевам дека наскоро ќе имам прилика да заминам од овде. Размислувањата на луѓето е многу наназад, а па кога ќе видам дека се бранат во однос на тоа и ќе кажат нешто од типот ко демек: Вие ептен модерно размислувате, следите пример од западот, јас вака старомодно си размислувам и убаво ми е. Мислам полошо нешто - здравје! На балканциве западот за се им е крив, тоа го имам приметено кај многу луѓе.
Не сум баш сигурна зошто, но сигурна сум дека најголемиот проблем во врска со ваквиот менталитет е сета таа жед за информации и пикање нос каде што не треба. Да си го гледаа луѓето својот живот ќе беше далеку попријатно.
Многу добра тема, се согласувам со воведот на Лана и ми пречат и мене спомнатите предрасуди во истиот. Најтрагично е што open-minded ставовите и толеранцијата не се „нови измислици, помодарства од западот (Америка) и влијание од интернетот“ само за постарите луѓе, туку има и млади личности кај кои многу од тие размислувања и замарања со туѓ начин на живот се присутни. Сè додека со новите генерации не се искорени тие навики да се осудуваат луѓе според нешто што не би требало да засега и навредува никого... додека за многу луѓе важат некои измислени општествено прифатливи граници за возраст во врска со лични искуства, додека си weirdo (посебно ако си женско) доколку највисоката цел во животот не ти е да се омажиш во озбилен муабет речеш дека не планираш брак и деца, додека сметаат различни стилови и постојат оние „комшии“ чие мислење се зема у предвид за животни одлуки - е до тогаш нема да нè бидува...
Многумина луѓе веруваат во тоа, технички навистина имало ренесанса и извесни промени но дека црквата немала по 15 век влијание во западниот свет е далеку од вистината. Влијанието на црквата во голем број запaдни земји присутно е дури и денес, но во ослабната форма. Во Италија до 1960-те ги казнувале жените што носеле бикинхи на плажа. Во Швајцарија сè до раните 1970 години (во кантонот Апенцел Инерходен сè до 1991год.) жените немаа право на глас, а во Германија мораа да добијат дозвола од сопрузите/родителите доколку сакаа да сменат своеволно работно место или да дадат отказ, во Ирска жената немала право да влезе во паб ниту имала право на приватна сопственост откако ќе стапела во брак, во Франција пак смртната казна се извршувала со гилотина - да, сето тоа во втората половина на дваесетиот век! Но каква врска има тоа со црквата? Ако се погледне нејзиниот женомрзечки однос низ вековите но и односот кон казненото право, работите стануваат појасни. Но и тие владетели биле зависни од влијанието на црквата, имено таа им давала идеолошки насоки било директно било индиректно.
Најголемата бљувотина од народ е сместена на Балканот. Дискриминација? На секоја можна основа. :/ Треба да скренеш (literally) ако тераш ќејф на секоја неизживеана будала што своите садистички пориви сака да ги задоволува преку наметнување на некои глупи уназадени критериуми кои што си ги замислиле у глава пред 500 години. Мало сутра дека ќе прашам некој како да живеам живот.
Тоа сигурно значи дека сакаш да се дрогираш бидејчи иглата за тетовирање те потсеќа на игла од шприц, значи уживаш да се боцкаш. Па секако дека е сарказам, и тоа горе е сарказам, Затоа ставив смајли што се смее.