1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто Балканот е ваков?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LanaSGirl, 4 септември 2016.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зошто е темата вака поставена? Малце ми е некако, не знам, го гледаш насловот и си викаш ете нешто вредно за дискусија, и после на ред доаѓа воведот :tmi: Помислив треба да разговараме за корупција; слаб квалитет на здравство, образование, инфраструктура, општо живот... Зошто би ме фрустрирало ако некој има негативна перцепција за мојот начин на облекување, или за другите мои лични преференци, кога не може ништо да ми промени. И богатите земји не се ЦЕЛ СВЕТ. И зарем во Америка не користат терминологија од типот stupid, retarded, kill yourself? Јас така стално ги читам кога си дебатираат на јутјуб. Инаку, генерално сепак се согласувам со тoa што сте пишале тука, лош менталитет е проблем.
     
    Последна измена: 5 септември 2016
    На Doozy, PaLaVa, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Sekade vo svetot postojat nepišani pravila na odnesuvanje i sekoj što se odnesuva poinaku go gledaaat popreku.
    Isklučok se milionskite gradovi,tamu nikoj nikogo ne gleda.
    No vo malite mesta vo Francija,Anglija,Germanija....bi se sretnale so istite predrasudi,za koi mislime deka se balkanski specijalitet.

    Najbitno e da se pronajdat vo životot dobri ludje,a niv gi ima sekade,kako i lošite.
    Pa koga ke gi svedeš smetkite,od vreme na vreme,dobivaš onolku kolku što si pružil.

    Ne e Balkanot tolku loš,iako go bie loš glas.:)
     
    На PaLaVa и Victorian им се допаѓа ова.
  3. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Многу преувеличувате. Знам дека многу сакате да споредувате со модерните земји како Германија, САД, Франција итн., но пак воопшто не сакате да се споредува со оние што се во полоша состојба од нас. Во некои исламски земји жените живеат монотон живот, не смеат да го покажат своето тело, во јавност не смеат да се појават без зар на лицето, не смеат да одат во кино, не смеат да читаат ништо друго освен Куранот, со еден збор живеат како робови на своите мажи и на својата религија. Некаде низ континентот Африка, се уште луѓето живеат во племиња. Девојчињата се се уште обрежувани. И знам, не ви годи што го зборувам ова, зашто вие сакате подобро. Ама, луѓе во светот немаат вода за пиење, бомби им експлодираат пред носот, а на вас ви смета турбофолкот на Балканот. Смешно е.

    Има недостатоци кај нас. Народот е таков каков што е. Е сега зошто? Се согласувам со @elimkd Дури и се чудам што очекувате од овој наш измачен Балкан, што уште сакате, јас велам добро е кога сме го достигнале овој степен со оглед на тие пет века турско ропство. Претците биле заостанати. Тоа што го сметале за исправно, го пренесле на вашите баби и дедовци. Тие едноставно така мислат дека треба. Не можете да го смените народот.
    Ние никогаш не можеме да бидеме со размислувањата на САД и Германија. Секогаш ќе бидеме заостанати. И кога низ Америка ќе стане мода луѓето да шетаат голи, вашите родители ќе се молат да се вратите на искинатите фармерки и кратките сукњички.

    А тоа со облеката, фарбањето коса, искинати фармерки, претерувате. Доколку облечеш нешто модерно и ја офарбаш косата црвена, многу е јасно дека на баба ти, најзините пријателки и роднините на село нема да им се допаднеш. Мислам, тоа би требало да го прифатите досега. Ама, за пошироката јавност, за луѓето низ град? Јас пак мислам дека таквиот изглед денешните млади го почитуваат и ве сметаат за модерна и кул личност. Ако ваша цел е да и се допаднете да комшивката, тука ќе мора да се помачите малку.

    @JollyGirl тоа со љубомората и озборувањето сметам дека е индивидуално. Секаде во светов постојат добри и лоши луѓе. Каде и да одиш, ќе наидеш на некој со сличен карактер како твојата или мојата комшивка.
    Ретко се наоѓа девица пред брак, и постарите генерации почнаа полека да го прифаќаат тоа. Полека, но сигурно се водат кон реченицата "Поинакви се денешниве млади". А и тоа со машките деца веќе се искоренува.

    Шабан, Цеца или Лепа Брена. Тие никого не фатиле в гуша да го натераат да ја слуша нивната музика. Некој ги презира, некој ги обожува. Патем, кога сме кај различната музика, каде е она ваше "никој никому се му се меша"? Што ве засега што некој слуша, гледајте си за себе.

    И уште сакав да кажам дека она што вие гледате во Македонија и Балканот, тоа тие ќе бидат за вас. Ако сметате дека треба постојано да гледате на негативната страна, ваш избор. Жалете се, и ќе имате уште причини за тоа. Сметајте ги сите мажи за сељаци, и никогаш нема да си најдете партнер. Кукајте дека не ви се допаѓа Македонија, и никогаш нема да излезете од неа.
    А јас пак, мислам поинаку. Фала за оваа слобода, овој воздух, ова Сонце, оваа почва и оваа вода. Фала што живеам во оваа слободна земја со своите сакани и што еден ден ќе имам можност да патувам надвор од неа. :f:
     
    На tranquila, Rama, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  4. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Туку ме поттикна постот @Florenсе на размислување.
    Стварно,ви сметале Шабан,Цеца,Аца Лукас а ваму плачете дека некој ви наметнува нешто.Барате некоја забрана за Турбофолк.Чекајте,вие кои сте? Собор на Богови,па вие и вашата музика може да се слуша а музиката која не ви се допаѓа а другите ја сакаат треба да се укине,ви смета,така? Како не ми е јасно,плачете од некои двојни стандарди а самите ги креирате истите?
    Сакам Рок,Метал,Епик,Класика,ретко слушам друга музика,но ме поттикна да ве прашам за тоа.
    Кој ви го даде правото да укинувате било чива традиција?Бог,парламентот на РМ,Обединетите Нации? Сте отвориле книга по Социологија и Историја да прочитате што значи народ без традиција? Ако не,земете читајте за Инките,Маите и Индијанците во Америка.
    Ете,мнозинството на Балканот се традиционални луѓе.Кажете ми,дали вие не наметнувате свои арогантни мислења врз туѓи со барањето за укинување на традициите без разлика дали се добри или лоши?
    Берлинскиот ѕид и Железната завеса одамна паднаа.Светот е отворен.Никој не ве држи со сила овде.Луѓе низ светот не знаат капка вода кај да најдат, залак леб од каде да ископаат,не знаат дали додека спијат може некоја бомба да ги распарчи..
    А вие еве сите овде гладни,жедни и уплашени сте.Интернетот кој го користите сигурно го крадете зош немате за леб така?
    Малце размислете.Никој нема право да ви наметнува било што,ама не заборавајте,никогаш,дека ни вие не го поседувате тоа право да наметнувате ваши идеи,мислења и убедувања.Тоа што за вас е лошо,за некој друг е добро.И обратно.
     
    Последна измена: 5 септември 2016
    На Daydream, Shljaki, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  5. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Ама вие очигледно подалеку од овие простори немате прошетано. Тука не чини владата и све остало али народот е супер. Дефинитивно народ како кај нас нема. Или се што налага западот ајде и ние. Пошто нормално е да си педер, лезбејка,транс, да се дрогираш или да ти е страв да се качиш во јавен превоз оти те рекетирале. Замисли колку е убав народот кога бараш да те насочи а тој те гледа ко човек да си отепал. Да се тркалаш на улица око не му трепнува. Или оди шетај во 3 сатот вечерта кај сакаш.
    Мене стварно не ми е јасно шо мислите дека другите народи се..
    И сите вие шо се буните од "ваквиот балкан" таков ви е оти вие сте такви.
    Шо ширите то привлеквате.
     
    На tranquila, Rama, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Тоа е тоа. Размислувањето на балканот во две реченици.
     
    На sparklie, LeleD, daylight и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајко... не може ниедна ваква тема без твоето мешање баби и жаби да помине. :D
    Никој не спомна укинување на ничија традиција, најмалку па некој ја потцени историјата на Македонија. (facepalm) Дури ни турбофолкот воопшто не беше ни спомнат во постот на девојката што ја отвори темата. Најглавната поента на темата е во она мешање во животите на млади, прогресивни личности и осудување според тие закоравени размислувања.

    Никој не спомна дека тука владеат такви екстремни услови, ама тоа не значи дека и тука цветаат рози.

    И она што најмногу ме испровоцира да реплицирам на лик како тебе - не ја спомнувај Флоренс и нејзиниот пост како инспирација, те молам. Таа како прекрасна, дури и премногу позитивна млада девојка напишала убав и надежен поглед на светот на кој јас се восхитувам, иако можеби малку се разликува од мислењата на нас малку повозрасните.
    Ти со твојот познат стил на испревртување зборови и желба за провокации, не си достоен да се повикуваш на нејзино мислење и на нејзините искрени и чисти зборови, иако можеби дупло си постар од неа. :hai:
     
    Последна измена: 5 септември 2016
    На daylight, anakonda88, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Кај виде дека јас во мојот пост спомнав нечиво име,кој како рекол,освен дека мислењето на Флоренс ме поттикна да го напишам тоа?
    Кај виде дека јас им се обраќам на членката која ја отвори темата? Никаде :)
    Јас пишав општо,затоа што и на оваа и на другите теми,има 100.000 мислења каде што се збори со омраза против традициите,моралните вредности,типови на музика(вклучувајќи го турбофолкот) итн.
    Истото и Флоренс го пиша.
    Што е поентата на твоето опишување дека Флоренс е прекрасна,млада и позитивна? Јас некаде пишав дека е грда,стара и негативна па ме демантираш? Или сакаш да се умилкуваш на неа.. :)?

    Тебе на пример сега,кој ти го даде правото да ми забрануваш дали да ја спомнувам Флоренс? м? Може да ми цитираш од Правилата на форумот каде го пишува тоа :)?
    Ете ова е она за што зборувам.Ги критикувате другите дека ви наметнуваат ставови а вие на форум,што формално-правно не е ваш, се дрзнувате да кажувате кој кого треба да спомнува.Извини не сакaв a :)
     
    Последна измена: 5 септември 2016
    На Shljaki, PaLaVa, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.512
    Едната причина е "од немање", а другата причина е заостанатост.
    Да објаснам подетално.

    Ако споредиме едно семејство од Шведска и едно семејство од Македонија ќе забележиме огромни разлики во платата, примањата, материјалните работи, можностите за патување, можностите за шопинг, итн, итн. Повеќето фамилии во добро развиените држави како Шведска, Германија, Холандија имаат во принцип се што сакаат. Или барем, поголеми се шансите дека ќе ги добијат. Кај нас ретко кој може да си приушти да отиде некаде на патување или да си купи нов мебел или добар телефон. Или пак, и да купиш нешто што посакуваш или ти треба, треба мноооогу да жртвуваш. Затоа, од немање се појавила љубомората и потребата да се пика носот во туѓи работи и да се споредува со останатите, тоа е толку длабоко наталожено кај нас, што не знам дали некогаш ќе се отстрани.
    Од заостанатост не само поради тоа што никогаш и не сме имале вистинска шанса за развивање (нели, Турско ропство, поделба, Југославија, итн), туку заостанатост во смисла, не сме имале многу шанси за културен напредок. Односно, до пред некоја година не можеше никаде да се најде фарба за коса со зелена боја, како можеш да очекуваш дека на некој кој прв пат гледа такво нешто би му било нормално? До пред 20 години немаше кабловска телевизија (можеби банален пример, но сепак), тук-таму по некое списание. Во последните 10 до 15 години започнувавме да се соочуваме и (до некаде) да ја пратиме светската мода во сите полиња, гледано глобално. А индивидуално? Немаат сите интерес, а со тоа и знаење, за многу нешта.
     
    Последна измена: 5 септември 2016
    На Rama, PaLaVa, Love...music и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    Зошто бре цело време закоравени биле Блаканците.А какви очеувате да бидат .И јас мислам дека веке николу не му е гајле како си облечен .Битно е ти да се изградиш како личност и мислам дека нема да ти пречи нечие мислење за тоа како си облечен ,што слушаш итн итн.Секој си нека си прави како му е убаво на душата и како е се осека да му биде убаво.И не мислете дека САД и незнам каде на др место е сјајно секаде има такви луге што нема да одговаарат на вашите сфакања и стандарди.Така да уживајте и ако мислете дека треба да се облекувате така облекувајте се ,ако сакаш зелен во глава исфарбај се ,ако сакш тетоважи по цело тело ставај ,ако сакаш да слушаш рок,метал и др слушај ,што сакаш тоа прави.А вие вака светот онака светот кој не му чини нека го пронајде своето место каде што ке се пронајде себеси ке живее и ке ужива.И никој нема право да забранува ништо .Со кој ви чини со тие се дружете и тако далје и тако далјеееееееее...
     
    На Rama, PaLaVa, Sashko1992 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Ако турбофолк ми е традиција, лута сум Господе шо ме фрли во држава без свое минато, во тој случај, зошто НАШИТЕ народни песни, лично нашите, не ми сметаат, ни нашата македонска музика. Ама србизми кога се нарекуваат традиција и нешто шо се величи, ми се лоши бе.
    Имам двоен одговор, и да можам, би заминала од тука и не е само до луѓето. Не ми сметаат луѓето, ми сметаат луѓе кои наметнуваат мислење, ми сметаат луѓе кои осудуваат. Не велам дека ми смета нечиј став ама ми смета кога тој став тој човек како волк го наметнува на секој. Ете тоа ми смета, поќе од еднаш имам кажано, татко ми е типичен балканец, има деној кога сме двата на лева нога и не се согласуваме ама ете има деној на секоја друга тема ни оди супер. Битно е тоа наметнување на став. Него му смета јас да ја фарбам косата еднаш црна, еднаш сина, еднаш лилава, после црвена па се враќам на старт и само ќе ми речи дека сум канаринец ама не ми забранува. Мајка ми ќе ми речи не оди на одмор со дечкото срамота е, ама од шо да ми е срам? Дали луѓето кога ќе види некој пар на одмор заедно помислува дека он пар се скапал ебање таму? Ете то ме интересира. Зошто се генерализира и не велам дека тоа е само тука и не одговарам вака зошто е само тука така, сегде е така, во помалите места де, ама зошто темата е за Балкано ќе зборам стрикно за него. Шо ми смета е дека се нормално и се шо е во полза на правата на луѓето, на олеснување на образование на децата, на учење - се смета за грешно од страна на луѓето, зошто секоја промена е лоша, зошто луѓето се научени на она старото и ми смета кога се што е во полза на правата на луѓето се омаловажува зошто некоја традиција вели поинаку. Жити се, мислам, жити се. Ама кога ние сами би се нашле во ситуација која ја осудуваме - одма се менва мислење. Ете то ме нервира. Зошто пред да осудиш некој не се ставиш на таа позиција туку после свадба - тапани де. Или преку леб - погача, гледате си знам и традиција и почитувам традиција и сакам традиција ама не конзервативност до овај степен, а Бог да чува во останати држави кои се на многу пониско ниво од нашето. Жал ми е за луѓето кои мислат поинаку таму. Зошто кога вие осудувате некој кој е поразличен од вас е сосем океј, ама кога некој ќе плукни по вашето не е океј и да зборам за религиски фанатизам и зборам за вкусови дали во музика или нешто друго.
    Ако веќе брчите да се почитува нашето, нека биди нашето, не српското, бугарското и не знам кое друго и не, не сме поќе Југославија за то да биди наше.

    А сега како шо кажа @sjdgo треба за тие проблеми многу поќе да збораме. Образованието го осакатија. Не велам дека било каде е подобро, само зошто темата е Балкан, јас ќе зборам кај нас зошто за тука знам. Жал ми е за децата, не велам ете му олеснаа, абе они нема ништо да знат ако сами не се заинтересираат да побараат, а деца ко деца - ретко кое го интересира. Замислата е добра ама не е за тука СЕГА и не е за реализација ОДМА, туку постепено. Едно е кога некој систем за учење е таков со генерации, а едно е кога наеднаш се се менва. Ни една промена не треба и не смеј да е вака нагла.
    За здраство ... од кај да почнам. Некогаш ми се чини како ние најлошото да го имаме. Не сфаќам зошто некоја власт не би инвестирала во здраството, абе и нив лошо можи да му се деси. Стварно мизерно, мизерно.
     
    На sjdgo, Ketchup, Love...music и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Добро да бидеме реални не се сите луге на балканот исти. Постојат и добри и лоши луге како што постојат и во Америка, Германија, Холандија... Но мене многу ме нервираат некои забегани балкански мажи, се надевам таквите се во постарите генерации и дека нема такви во младите генереции, што се однесуваат многу примитивно кон своите жени, а понекогаш и деца колку и да постојат такви случаи во странство кај нас се почести и не секогаш тоа е физичко малтретирање тоа повеќе е психичко од типот постојано и приговара, ја пцуе во лице, едноставно ја исмева само затоа што е жена, тоа ме брца во коски и неможам да поднесам такви работи. Имам повеќе такви случаи во опкружување а па еден глупак како не му е жал постар е и постојано се однесува така примитивно кон жена му таа одржува дом чува 4 внуци и неможе да го трпе постојано се нервира притисоци качува кога дојде кај нас на гости постојано се жали, плаче, а тој бе ич јок грев нема си се понаша како идиот. Тоа е крајно нецивилизирано па мајку му ако неможете да се разберете постои развод за тоа е измислен јас недај Боже ако еден ден се најдам во таква ситуација односно таков брак никако не би го толерирала тоа веднаш развод и дим да ме нема. ;( ;( ;(
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Ахх и морам да додадам уште нешто ова ми е останато во сеќавање уште од пред 3-4 години.. имено јас, моето семејство, и кукни пријатели бевме на излет, и имаше една девојка која си беше нормално облечена фармерки, блуза ама само затоа што имаше многу голем задник и тесните фармерки и го оцртуваа, значи многу голем овие возрасниве им завикале на момчињата деца ова не е за вас!! ??? :o :o па како не ви е срам така да зборувате со деца??? и што направила девојката? каква е таа па да не е за нив??? беше пристојно облечена, и што е таа крива што има голем газ како Бог да чува!!!
     
    На celineparis, sjdgo и toogood им се допаѓа ова.
  14. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    @theowndemon можеби не сме повеќе во Југославија, ама тоа не значи дека не сме повеќе ист народ со останатите екс-ју држави + Бугарија, корените никогаш нема да можеме да го промениме, Македонците, Србите, Црногорците, Бошњаците, Хрватите, Словенците и Бугарите се еден ист народ, сите се Јужни Словени, сите имаат заедничко потекло, сите зборуваат на јужнословенски јазик, и сите можат да се разберат меѓусебе. Секако дека на прво место е она што е Македонско и тоа најмногу треба да го почитуваме, ама не значи дека не е наше и тоа од останатите јужнословенски држави, и дека тоа не треба да го почитуваме.

    Инаку за Балканскиот менталитет, можам да кажам дека го обожавам, секако дека не е совршен, ама ништо и никој во светот не е совршен, а на оние на кои не им се допаѓа овој менталитет и овој народ, можам само да им порачам: GET LOST FROM HERE.
    Ово је Балкан људи, вакви ''лудаци'' нема никаде на друго место :rofl:.


     
    Последна измена: 5 септември 2016
    На Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    омг
    турбо-фолк е лош тренд, не е традиција
    Кај нас медиумски навлезе во 2004 отприлика, јас пред тоа не знаев што е турбофолк

    И од Балкан до Балкан има разлика. Не се исти Македонија, Словенија и Грција.
     
    На Love...music, elimkd, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јужни Словени не се еден ист народ, туку група на народи |(
     
    На Love...music, daylight, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.120
    Затоа што главна девиза ни е ,, Ќути, има и полошо ,,. Затоа што наместо да гледаме каде е подобро, ние гледаме каде е полошо и се тешиме. Затоа што не сме способни за промена, нашата лична исфустрираност ни е сигурна зона. Па по ѓаволите,па уште ќе бевме под Турско, да бугариве да не го кренеа востанието предвреме, за да не заебат! Битно има и полошо...

    Затоа што дома ни е срање, па осудуваме све живо и диво за да се чуствуваме подобро, со тоа што некого сме направиле да се осеќа мизерно. Затоа што жените, мајките, татковците ќе си ги бркаме од дома и млатиме, оти сме нервозни оти шефот, Грујо, Бранко ја украле државата, а притоа истите на фрески и на кожа ќе си ги цртаме...

    Не сме способни за промена ( или пак сме, али ќути си и дупи си - ма да повеќе те дупат ! ), па затоа ни со прст не мрдаме, оти и така ништо нема да се промени...Оти на поединци им одговара да си уживаат, не сносејќи никакви МОРАЛНИ последици, а во светот никој нема ни здраво да им рече,па затоа сет културен и општествен напредок го плукаат, оти нели како е сега на Балканот, од времето на првата амеба е, никад ништо се нема променето на светов, а и да се десило, 100 % на полошо било...

    Затоа што сме вукојебина, Бога иза нога...Затоа што имаме закони, право, демократија, феминизам, ама немаме ЛУЃЕ тоа да го практикуваат! Затоа што не се цени жртвата на предците кои го дале животот за тоа, се додека минималецот легнува на сметка, за да не лежиш во затвор оти сметките ни се платени, а не е битно оти децата ни немаат леб да јадат, а па за децата на комшијата гзот не заболе уште повеќе...

    Затоа што и една Сирија, Сомалија и која и земја да ми ја пишете тука , за да се утешите дека има помизерно, и за да не мислите на фактот дека и вие и вашиот живот се мизерни, се поголеми држави од земјиве на Балканот, оти таму илјадници луѓе секој ден животот го даваат за ова што ние го имаме, а е добиено со илјада пати помала жртва од нивната...

    Оти каков народ, таква држава. Оти со седење на својот и лижење на туѓиот гз не се тапка ни у место, него се враќа назад...Оти не заслужуваме подобро .
     
    На celineparis, Doozy, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    Лошо ме читаш, ова го напишав јас: Македонците, Србите, Црногорците, Бошњаците, Хрватите, Словенците и Бугарите се еден ист народ, сите се Јужни Словени.
    И нормално дека се група на народи, затоа што се 7 народи.
    https://en.wikipedia.org/wiki/South_Slavs
     
    Последна измена: 5 септември 2016
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Колку што имаат исто потекло, толку имаат и различни несврзани корени. Не ти е јасно?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Зошто ние на Балканов наш мора да бидеме толку старомодни?

    • Зашто таква ни е традицијата, а сега сите се дел од новата ера и не би се согласил дека сите се толку старомодни, баш напротив, многу луѓе пратат тренд и мода. Јас не пратам тренд и мода. *
    Зошто ако некоја девојка не се мажи испод 25 пет години е стара мома?
    • Тоа е застарено мислење. Мислам дека 25 годишна девојка е сеуште девојче, не би требало баш на тие години да продукира фамилија.

    Зошто ако не сакаш да имаш деца си не нормален?
    • Зашто се ненормални и не знаат да ценат нечиј став.
    Зошто ако се снимаш на Youtube или пееш..одма си не нормален, ретардиран (оди убиј се, не знаеш да пееш,грд си)???
    • Такво кодирање имаме на Балканот. - Ако другиот е успешен, деградирај го и направи да биде понеуспешен од себе.
    Зошто ако се облечеме по скинати фармерки или нешто што е во тренд ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ тука е нешто што е страмота да се носи??
    • Љубоморат.
    Зошто ако нешто сакаме ново да направиме никој не сака и не може да го прифати тоа?
    • Се плашат од промени и од иницијација.
    Зошто ако се трудиме да направиме нешто корисно во својот живот одма некој гледа да не спушти долу и да ни ги уништи плановите?
    • Врати се на точка 4.
    Зошто различната вера и религија толку им смета на луѓево?
    • Тука се работи за стереотипи и индивидуално мислење.
    Зошто сите зборуваат тука за култура кога никој на Балканот нема култура нити знае што точно е тоа?
    • Постојат многу различни култури. Урбаните култури од секогаш ми претставувале нешто јако.
    Зошто ако си цел тетовиран као не личиш на ништо?
    • Целосно тетовирање е малку бизарна ствар, реално можеш да не личиш на ништо слично.
    Зошто ако ја фарбаш косата во необична боја не личиш на ништо?
    • Перцепцијата е во прашање.
    Зошто мора да има толкава традиција коа никој више не се држи по тоа дури и тие самите што го кажуваат тоа?
    • Традиција....
    Што сме поразлични ние што слушаме странска музика од овие што слушаат домашна и зошто воопшто тука на Балканот го разликуваат тоа?
    • Тука е стил и вкус во прашање. Некој слуша Оливер Д. , некој слуша MC Popay.

    Преку глава ми е! Зошто мора ние на Балканот да се делиме од сите други можни држави во светот?
    • Премногу држави има на светов... има многу полоши, попрости,понеправедни, по ужасни места за живеење кој што не можеш да замислиш какви вукојебини постојат.
     
    На Love...music му/ѝ се допаѓа ова.