Значи треба да ти веруваме на жими мајка така? Како што гледам,не постојат докази дека тие работи не се случуваат кои ги набројав така? Работава е исто како да кажам дека во Боливија нема Кинези,а ако некои новинари пишуваат дека има,тие се квази.Важно е јас што викам.. нема врска дали имам докази или не.. добро.Сфативме Ех сеа ментално заостанат.На други теми поттикнувате мешани бракови меѓу Македонки и Турци, а ваму ви смета Турско ропство,времето кога истите тие Турци ги силувале тогаш Македонките.. и ги грабале со сила во своите хареми. На други теми Турците се сонциња,а овде се заостанати и окупатори.. Кога некоја ЛИБЕРАЛНА членка сака да ја спореди Македонија и Балканот со Турско ропство... таа или не знае што збори или логиката им е дека водата и оганот се две исти работи. Нон сенс што би рекле у Њу Јорку граду..
Па нема што да те буни, во тоа никој не верува, сите знаат дека сме Словени, само ти кажав некои луѓе од одредени причини си прават филмови дека постоиме 2000+ години и дека сме потомци на Филип и Александар, а ова со споменците на Античките Македонци во Скопје, според мене е чисто терање инает од страна на Груевски на Грците, пошто тие не блокираа за во НАТО во 2008 и од тогаш почна ''одмаздата'' на Груевски, што му е еден од најлошите потези досега кои ги има направено, иако повеќето работи во досегашното негово владеење се добри.
Јапонија, Јужна Кореа, Тајван, Сингапур, Хонг Конг и некои поголеми градови во Кина се единствените места во цела Азија коишто имаат квалитетни општества. Се другото е еквивалент на мизерија во буквална смисла. Освен гореспоменатите Азија генерално е 200 години зад поголемиот дел од Европа во секоја сфера на животот. Големиот наталитет, пренаселеноста и нискиот степен на образование им создаваат уште поголеми проблеми да го подигнат својот животен стандард. Некаде прочитав дека 60% од Индија сеуште користат полско веце, а станува збор за земја со скоро 1 милијарда жители, па сега ти види. Тајланд, Индонезија, Малезија, Пацификот се добри земји да прошеташ како турист некој период поради убавите плажи и океанот или тие што ги интересира секс туризам, но за живот се мизерија. Македонија има полно негативни страни несомнено, но тезата дека сме крајот на светот е крајно арогантна, а претпоставувам дека е искажана поради незадоволство.
Не сакам да идам офтопик,ама малце треба да читнеш историја.За почеток,еве ти цела една страна со изјави на Грчки историчари и антички филозофи кои потврдуваат дека Античките Македонци немаат ништо со тогашните Грци.Значи не од Македонски туку Грчки извори кој е кој.Таму ти се наведени и книгите па може да ги купиш.Се извинувам што отидов офтопик! http://www.historyofmacedonia.org/MacedonianGreekConflict/GreekEvidence.html
Убаво е да се знае историјата, но колку е релевантно денес во 2016 година да се замараме дали сме Антички или Словени кога не знаеме до 2050 колку ќе не има и колку ќе останат во оваа држава да живеат? Премиерот на Србија, Александар Вуќич, убаво рече пред некоја недела дека ако српските политичари воделе паметна политика последните 100 години денес би имало 20 милиони Срби на Балканот, а не едвај 9 милиони со тенденција на изумирање и асимилирање. Мора да гледаме напред и да изградиме државна стратегија што во наредните 50-100 години. Инаку, црно ни се пишува, а историјата и целодневните конференции по историја воопшто нема да ни помогнат.
Па знаеш како викаат ,,Историјата е учителка на животот'' и ,,Ако не ја научиш историјата,осуден си да ја повториш''.Затоа го цитирав овој твој дел.Неможеме никогаш да идеме напред,ни ние ни било која држава во светот ако не погледнеме назад од што и од кого сме страдале(според овие две поговорки). Ако сакаме да идеме напред,мора нашето да го засакаме,самите меѓу себе да се засакаме,да го цениме нашето пред туѓото.Ако не почнеме да го отфрламе она што е туѓо,а го газиме нашето.. тогаш многу брзо ќе дојде некое ново ''Турско ропство''.Најдобар доказ е вчерашната утакмица меѓу Албанија и Македонија. Кога некој посака ново ''Турско ропство'' со кореографија.. А овде многу често можам да видам коментари од типот ,,Уа национализам!'', ,,Уа патриотизам!'', ,,Не ги сакаш сите??? Ти си заостанат !!!''... Само не ги видов либералните Македонки да кажат нешто за ова.Или тешко им е да погодат што значат од Албански градовите Tetova,Shkupi,Kumanova.. и што се случи на 9-Мај лани.. Како на пример,Македонките кои бранат некој либерализам замислуваат Мкд да иде напред со вакви сограѓани се чудам само? Знаеш што правеле Балистите во 2-ра Светска војна така? Епа тоа е историја... Ако не научиме историја.. ние никогаш напред нема да отидеме зошто секогаш ќе паѓаме на исти испити. Не.. овие нашиве сограѓани ги зедов само како пример.Они се дел од мозаикот.Има уште многу тука.Либерализмот на пример е најголемата болест на нашето опшество(и во светски рамки). А се ова го кажав затоа што така функционира геополитиката.Ниедна супер-сила не сака за сојузник помала држава која секој Божји век се мачи со едни исти проблеми кои лесно се решаваат.А нема економски напредок без сојузништво(вистинско) со супер-сила/и. Мора да знаеме КОИ СМЕ и СО КОГО КАКО СТОИМЕ.. ако сакаме да знаеме КОИ ЌЕ БИДЕМЕ и КАДЕ САКАМЕ ДА СТИГНЕМЕ
^не е кажано ништо за то зошто не било споменато. Под "уа национализам" се мисли за секој со такви ставови не само на индивидуалци зошто тогаш, лично јас, би била контрадикторна на себе. А и 9 Мај го спомна ... Јас бев лично засегната и мојо став е дека луѓето се горили и со такво однесување од било која страна е мизерно. Не вервам некој да дојди и да ти го оправда тоа шо го спомнуваш, зборам за секој нормален и совесен човек.
Никаде не напишав дека Античките Македонци се Антички Грци, ама факт е дека тие биле могу слични со нив и зборувале сличен јазик, а дека ние сме потомци на Античките Македонци е една голема измислица и глупост во која за среќа многу малку луѓе веруваат. Инаку ја знам оваа страна, авторот е Христо Андоновски, ултра националист кој е роден во Грција и е еден од луѓето кои ја застапуваат тезата дека ние постоиме 2000+ години и дека сме потомци на Филип и Александар .
Може да е кој сака,но човекот има наведени извори од каде ги користи тие факти.Почнувајќи од Демостен па до денешните современи Грчки историчари.За тебе лично,Македонците може да се било кој,но науката и фактите се други.Тоа сакав да кажам.
Со статииве од википедија сте ми врв. Демек докази имате. LOL. Па и со видеана, кажав и на друга тема, на интернет можеш да го најдеш она што го сакаш. Да пишеш балканот е убав, ќе ти излезат убави работи, да пишеш балканот е грд, ќе ти излезат убиства, силувања и триста други глупости. Дај ако имате да кажете нешто свое, кажете, не се бламирајте со докази од јутуб, википедија и останати интернет страници.
Ок, тој кажува дека Античките Македонци и Античките Грци не се ист народ, тоа на нас ништо не ни значи, бидејќи ние ниту имаме Античко Македонско потекло, ниту пак Античко Грчко, едноставно не е поврзано со нас, ние само докажуваме дека Филип и Александар се Антички Македонци, а не Антички Грци, и тоа е во ред според мене, ама да се тврди дека ние имаме Античко Македонско потекло, не е глупост, туку светска измислица за која некои може да добијат Нобелова награда за тоа.
Сашко,во 21-ви век постои наука која се вика Генетика.Таа точно утврдува кој од кого има потекло и со кого бил/е во крвно сродство. https://www.igenea.com/en/forum/d/macedonians/705 Толку за ова,веќе отидов доволно офтопик.Во порака можам да ти објаснам поопширно ако сакаш.
Немора,денеска постои интернет,постојат медиуми за информирање.Не се работи за 5,6 души туку 60.000 секоја година.Неможе тоа да се скрие. Не се нервирај
Ехеее па со гледањето сител ни пропага државата а они живееме мегу најбогатите држави , затоа сите од дијаспората мислат дека имаме пари али кога ке дојдат и кога ке видат во каква мизерија живеме.. Ако веруваш во се што ке прочиташ и све што ке слушнеш на ТВ ништо не правиш . Исто као Нил Армстронг
Ќе почнам со воведот. Прво, говориш за Балканот ама некако она што си го спомнала како да не се однесува на Балканот баш. Повеќе како да говориш за нашава земја. Знаеш кои се` земји се Балкански? Зошто е Балканот таков. Викаш старомодни. Оди во Бугарија да видиш старомодни колку се. Во Грција исто. Суделе, не можел човек да си живее како што сака. Каде и да појдеш ќе најдеш некој што ќе те осуди. Тоа е до човекот лично а не до Балканот. Има луѓе со предрасуди ама не значи дека сите се такви, целиот народ. Викаш на Балканот така било. Во Америка знаеш ли колку тинејџери се самоубиле заради психичко насилство каде секој ден биле осудувани и исмевани? За верата и религијата исто така не е исто на целиот Балкан. Има нешто што се вика историја и има значење. И има нешто што се вика етноцентризам и културен релативизам, тука лежи основата за појава на сите спорови меѓу верските и културни разлики. Твојот став за културата и традицијата е... загреота. Викаш не ја познавале. Не требало да живеат спрема традицијата и својата култура. Ти сакаш тоа да го отфрлиш? Тука е целиот проблем, луѓе што не го негуваат своето, за нив тоа е старомодно и примитвно а она туѓото е супер. Затоа сме овде каде што сме и вакви какви што сме. Народ кој си ја познава историјата, традицијата, културата, знае кој е и што е, тој народ е сложен и силен во една заедница наречена држава, а денес половина и не ни сакаат да си ја научат својата историја и традиција, не си го знаат ни своето потекло, кои се и што се. Тука е проблемот.
Супер е тоа со културата и традицијата јас го сакам тоа и го почитувам но мислам дека темата не е поврзана со традицијата како празници обичаии и слични ствари, туку се однесува на тоа дека постојат многу луге кои што им судат на другите и дека секогаш се плашиме од тоа што ќе рече комшијата ете тоа не ми се допага а во врска со традицијата мене многу ми се допага.
хахахахахах, разликите меѓу јужнословенските народи не правеле никаква разлика меѓу нив хахахахахах По втор пат ти кажувам, престани да пишуваш за овие работи кога не ги разбираш Не постоела дефинирана македонска нација во времето на Хитлер. Јас сум паметна од што не слушам турбо-фолк, а не од тоа што го слушам.