Е па сега зрно песок во око да ти влезе цел ден ке те чеша окото а не па толкав к** во п****та . Мене така пред првио секс една другарка ме излажа дека не боли, ама намерно така направила оти ме знае каква сум. Ако ми кажеше дека ја болело невина ке останев до гроба. А бе боли ама се издржува таа болка не е страшно. Мене до 4 пат ме болеше. И сега ако сум апстинирала подолго време ме боли на почетокот. Девојки ич да не се замарате за болката. Поважно е тоа дали сте спремни за првиот секс, со кого тоа го правите, дали сте сигурни, заштита од бременост и слично. И да боли вреди после кога ке почнете да уживате во сексот ке ви биде смешно колку сте се замарале за болката.
Зошто боли бе? Мускул да се прободе со нож, се шири, боли и крвари. Малку мутава споредба ама и вагиналниот отвор е мускул (алелуја), нормално дека ке боли при првите неколку ширења. Потребна е голема опуштеност за болката да се намали. Искрено, повеќе „боли“ стравот отколку самиот чин. Не дека и самиот чин не боли, но кај секого е индивидуално (уште еднаш алелуја), мене прилично ме болеше па моравме да застанеме на пола. Ама...се трпи.
Оти имаме химен кој треба да се уништи ,а и до него стигнуваат нервни клетки . Оти не сме опуштени ,нели дотогаш го немаме примено ,да простите ,па ќе се стегаш ,па како ќе биди ,па сите Американ Пај ни се мотаат низ глава...
Здраво девојки! Нова сум на форумов и за можни грешки и залутување низ темите простувајте . Можеби нетребаше да почнам во оваа тема затоа што гледам дека оддамна немате пишувано овде, но ајде си велам да пробам и да го споделам првото сексуално искуство со вас.
ЈАс со првиот сексуален однос немав никакви проблеми, можеби затоа што се подготвував цели неверојатни две ипол години откако почнавме да се забавуваме со дечко ми. Секоја чест и нему за трпението . Немав речиси никакви болки при односот и не потече ниту една капка крв. Затоа девојки првиот однос незначи дека кај секој може да биде болен. И во секој случај вреди да се проба, нема да зажалите!
Мене лично ич не ме болеше и ич не ми протече крв! Крв ми протече дури после 4ри недели. Неможам да кажам зошто боли, ама па ме интересира зошто мене не ме болеше ама ИЧ ??
^ Ни мене не ме болеше воопшто,а не ми течеше ни крв.... Гинекологот (тогашен) ми извади теорија дека тоа е поврзано со мојата балетска активност и затоа не ме болело Како и да е, одамна беше....
Добро во теорија а лошо во пракса Да не речам, од лично искуство. Поготово ако многу боли, никогаш нема да се скинеш (буквално сама треба да се скинеш во ситуацијава) Мене додека тој не „ме скина“, јас одозгора ништо не направив. А контрола секако ќе има, ако си со човек што има разбирање. И да, болеше, ама самото кинење на хименот не толку колку што ме болеше додека стигна до тоа, и крварев 4 дена.
Можеби ќе ви биде чудно но јас како воопшто и да сум немала прв сексуален однос затоа што во текот на истата не осетив ни најмала болкава воопшто не ни чуствував дека тоа го правам по прв пат .Мојот дечко не ни знаеше дека ми е прв пат,после тоа јас му кажав тој се зачуди дури не ми ни поверува..Значи кај секој е индивидуално,не значи дека ако другаркати ти кажува леле мн боли и сл дека и кај тебе ќе биде така