Затоа што не сакаат да користат социјани мрежи, не сакаат да си го трошат залудно времето или пак некои и не знаат да ги користат социјалните мрежи. Пример мајка ми е по возрасна незнае компјутер да користи, а не пак социјални мрежи едвај ја научив да ракува мобилен колку пати само вежбав со неа како да ми зазвони. Не е тоа само причината туку нема време, нема време да седне 5 минути не пак да седне на фб или што ти знам друго. А и нема желба ни да научи и да има слободно време.
Море ги има и тоа како. На другите социјални мрежи можеби и не до толку ама на фб. растураат . Мајка ми повеќе од мене го користи. Баш пред некој ден ми требаше нешто нејзиниот профил, на листата забележав дека сите нејзини пријатели и роднини имаат исто така.
Кога самите ние знаеме дека сите социјални мрежи се губење време зошто и возрасните да го трошат времето залудно. На форум би било прифатливо, ќе се разменуваат совети и искуства од повеќе генерации, но на другите мрежи не гледам исход. Секако, повозрасните немаат многу слободно време, тие работат повеќе од младите. И како сами што гледаме во темата ,,Каде е?" повеќето ги снемува бидејќи се омажиле/ожениле, деца, работа и сл. Поважни работи се случуваат во животот кои бараат големо внимание и едноставно немаат интерес за виртуелен свет.
Ете, точно ова ми е поентата на прашањето! Зошто немаат интерес, каде се крие или се изгубил...а често старите знаат да кажат -Да ви ја имам силата и младоста, но мудроста на овие години! Гледам пензионери во старски дом, седнати на столчиња, тажно загледани во далечина некаде(само они знаат каде гледаат), никој со никој не прави моабет....жално, тажна глетка.... Така ми текна за оваа тема, си помислив кога би не дружеле тие осамени душички тука на форумов..
Имале попаметна работа, не сакале да денгубат, биле зафатени, знаеле дека било трошење време, испод ниво им било... Јас ви гарантирам дека 90% од луѓето да ги научат тие неколку кликови, нема да се тргнат од компјутер. Единствената причина што на социјалните мрежи доминираат младите е што старите се однесуваат апатично кон технологијата, најчесто поради носталгија за нивното време, сè додека нели не ги запознае некој со неа. А за потребата, ви се молам, како што повеќето млади ја имаат таа потреба за валидација, така и мноштвото стари. Не се тие нешто китки за мирисање од кои тече мудрост. Знам гледав едни видеа, на мали деца им покажуваа од фиксните телефони на вртење, потоа стари фотоапарати, машини за пишување... И сите демек вауу зачудени, децата не ги знаат тие работи, до кај стигна младината. И што кога не знаат? Дали требало да се родам со вродена способност за ракување со вокмен? До пред некое време немало ни интернет, телевизори, ни телефони, фотоапарати, hell дури ни струја ни вакцини. Ај да се преправаме дека преферираме long walks on the beach во однос на горенаведените работи. Поголемиот дел од старите се такви лицемери, што плукаат по технологија на секој чекор, а први се да се гледаат на скајп со роднини од странство.
Што лицемерно гледаш бе душо во преголемата желба да си ги види и чуе далечните роднини!?? Колку тежнее нивното срце да можат да ги гушнат и да ги бакнат Дали во годината два три пати ке им се јават младите, та нели немаат они време, се брзаат некаде....поради таа технологија на која плукаат како што велиш ти, не можат два збора саглам да разменат со своите, оти се знае, неможат очите да си ги одлепат од екраните. Старите очигледно избегнуваат да дискутираат на соц.мрежи а сигурна сум дека си потчитнуваат, се си мислам поради неприфатеноста, поради...хммм...абе што бараат вампири на форум, кај во автобус немаме уртул од нив Итд.
Баба Рада, колку што разбрав, сака за друго да се дискутира...колку социjaлните мрежи можат да им помогнат (за социjaлизациja) на лугето над х возраст...кои се осамени, немаат приjaтели... нивните семеjства не посветуваат и немаат доволно време за нив.... Дали би било подобро за нив ако научат и почнат да користат...за да се поврзат со свои врсници, да комуницираат итн., итн. За некои би било подобро...ама, само ако си држат до тоа дека, фб е за порака да пратиш, коментар да пишеш...ко со телефоните, ама, да пиjaт кафе, шетаат, се гледаат...не да им биде замена за животот надвор. И мене дури се' повеке ми пречи виртуелниов свет и чатанje со приjaтели, па и со непознати/анонимни луге..без да ги видам на кафе..во живо. Затоа ми се супер активнине пензионери што одат да пазаруваат,шетаат по паркови,одат по забави...фино ке беше да ги имаа пензиите на западнине пензионери, па ко нив...да шетаат и по светот.
Проблемот е што за нив технологијата е зло на 21 век, но не и кога имаат вистинска потреба од неа. Тоа е лицемерие. Да повторам, не се сите стари такви, чест на исклучоци.
Факт е дека е зло, па и Никола Тесла се плашел за иднината на светов поради развојот на технолог. Придобивките ги знаеме, нели.
Не се едуцирани доволно, некои не знаат телефон да користат а камоли на форум да се зачленат. За такви лица како што викаш кои се осамени добро би било да имаат едукативен курс на пример, да им се покаже како и тие можат да си го исполнат времето, па кој е љубител да се приддружи слободно. Тоа ми е поентата, не се толку свесни што можат да прават ако користат интернет и гледаат на онлајн заедницата како зло за младите. Донекаде се во право, но во овој конкретен случај што го посочи би имало социјален напредок кај тие лица и би се чувствувале поисполнето.
...вели некој кој користи струја, електронски уред и интернет додека го пишува тоа. Тоа е лицемерноста за која зборував. Ништо лично патем, речиси сите постари луѓе што ги знам размислуваат на овој начин.
kako sto nie koga doznavme za fb bevme nekako neuki i ni bese interesno taka i tie nad 40-50 god rasturaat. nekoi ne se zainteresirani pa ete ne koristat.cicko mi so 70+ ima fb i se samo nekoi statusi objavuva
Реалниот страв на научниците како Тесла и Ајнштајн (што и се остварува) бил околу многу посериозни злоупотребувања на технологијата за насилство како оружја за масовна деструкција, а не за форуми и тинејџери троа поише заразени со селфање. Пак ќе ти речам многу си контрадикторна, сфаќам дека ако како што вели Жапче се грижиш за постарите и сакаш да им се зголеми социјализацијата, ама ти повторно тука мешаш и истакнуваш лоши страни на интернетот. Всушност оној дел од постарите кој воопшто не е заинтересиран и не сака да навлегува во технологијата, не се интересираат пошто ги имаат истите размислувања како тебе за истата, посебно дека е губење време - ама они екшли и си остануваат незаинтересирани и продолжуваат да си го тераат животот со активности што ги исполнуваат... а не се зачленуваат на форуми да плукаат по креативни и интелигентни отворени теми дека се „детска градинка“ и за технологијата
Се прашувам дали откога дознавте за фб,постанавте уки,или и без тоа си бевте такви! Една филозофија вели дека,откога излезе фб,популацијата постана по НЕука,дали се согласуваш ти? Што е за тебе толку уко во фб,ако ги земеш во обзир статусите објавени на многу луге без разлика на нејзината старост,не само на твојот чичко? Исто така би ве запрапал колку ви е познат екселот,вордот,корел драјвот,аутокатот,оркадот, висиото и уште многу други значајни програми?Ако знаеш само да објавиш статус или било што друго на фб,а не знаеш за оние програми погоре,тогаш бадијала што воопшто седите пред минитор! Значи постарите лица и незначи дека незнаат да баратат со социјалните мрежи,можеби повеќе ги занима оние позначајните програми и имаат секојдневни обврски со самите тие програми,и немаат време за друго!
ne mislev neuki vo bukvalna smisla tuku ne znaevme sto e toa ta ni bese interesno i non stop visevme ko luhje bez rabota
Еве, мој совет до @baba Rada како припадник на групата што бара да се активира повеќе е да го смени никот во дада Рада за да не праќа погрешни сигнали (сакав да те викнам на заедничко пазарење на зелено пазарче и се мислев дали среда или петок, а ова ќе испадне "јас ќе треба да го платам реизот" кога и да бидне
Затоа што не знаат повеќето. Не се снаоѓаат ни со обични телефони без камера, а камо ли социјални мрежи, пасворди, лајкови и сл.(за пензионерите)
Незнаат да ракуваат, да, така е, но зошто е тоа така? Затоа што младите не сакаат, немаат време и нерви за да ги научаат...ете затоа. Заборавиле со колку трпение и љубов биле подучувани додека растеле....еех...пуста старост 
Зошто возрасните луѓе не користат социјални мрежи? Дали сум возрасна? ДА Дали сум „популарен член“ на Фемина? ДА Дали „сурфам“ на Интернет? ДА @baba Rada мислеше на ептен возрасниото население... баби / дедовци од 65+ Мојата генерација и десетина години повозрасните се активни корисници на социјалните мрежи и интернет... Можеби не колку помладите, но за тоа е важен факторот слободно време!!! По сите работни и домашни обврски, деца, друштвени активности... ни останува малку време за нет ПС Ми остана едно неодговорено прашање... Дали имам Facebook? НЕ Фотографии, извештачености, претставување на нештата кои што не се баш така... Не благодарам, не сакам за си го трошам слободното време на тоа