Ова тема ли е или анкета?Како не користат тие повеќе користат од нас,ако збориме за баби и дедовци од по 70 и кусур години да тие не користат.
Бидејќи се неуки, растени во некои други времиња, мозокот не може да им направи нова мрежа на синапси каде што ќе научат да ракуваат со нешто покомплицирано од далечинско. Дури и далечинско им предизвикува главоболки.
Па и јас може нема да сакам виртуелна реалност кога ќе остарам туку уште на форумов ќе си пишувам и слики од зелникот ќе ставам и ќе зборам како децава забегале во нереален свет, немаат пријатели, ееее во наше време колку лајкови збиравме по форуми, еден куп другари и другарки, тоа беше живот.
А дали сте приметиле дека иако старите немаат ни фб ни форуми си ги знаат родендените, имендените, славите и другите важни датуми на своите најблиски? Па да не ни стои кога ни е роденден на фб тешко дека дали пола ќе се сетат на нас И без фб знаат да се договорат да бидат точно на време за излегување, кога ќе се видат со некој и 100 години да не се виделе пак се како вчера да се виделе, не се отуѓуваат додека ние едно здраво не си викаме а не па кафе. Не користат фб заради попаметни работи.
Дејгиди луди млади години .. <--- ова ко за старт беше .. Епа вака .. Најјако ми е тоа што прашањево се поставува толку многу и добива на значење за "социјални мрежи" као мислиш брате тоа ти е како да си го фатил господ за муда и вреди да се размислува тек и за постарите дали користеле или не .. Многу како задолжителна литература се сметаат социјалниве мрежи, а се заборава на основата т.е. "без нив" Боље да се преименува во "Дали пациентите од помладите генерации можат да живеат без социјални мрежи и зошто не ?" ПозЗ3³ ®
... but how !?!?!? Ти си цело време во мојава соба ? shit is getting serious .. П.С. Чим не те гледам, ќе треба да проверам секаде наоколу за камери да најдам .. а чекај знаеш колку време гледам порно ?
Мајка ми има фб веќе 2 години , иако не седи многу често , знае да го користи , со самото тоа што порано одеше на курс за работа на компјутер , уште додека бев јас некаде 7-8 години , кога се појави фејсбукот , искрено не сакаше да и направиме , но подоцна се премисли кога воочи дека има интересни работи ( како игри , страни со рецепти , некои поучни работи ) па ме замоли да и направам . Пред некој ден и на татко ми му направив , да не биде ко шпанско село , чичко ми и нина ми имаат од поодамна и тие , само татко ми и вујко ми немаа . Сега уште вујко ми остана да го натерам да се приклучи на социјалниов свет и комплетни ќе сме од мм фамилијава , сите имаат и постари и помлади Е сега , генерациите кои се 65+ немаат бидејќи не можат да наеднаш да научат толку работи . Родителиве ги фати баш екпт на развивање на технологијата , па како се развиваше технологијата , така и тие постепено си учеа нови работи , се учеа на новите генерации телефони па можеби затоа полесно им дојде , додека пак , баба ми со нејзини 79 сигурно не би можела одеднаш да запомни се како функционира ама и она гледа превнучиња кои живеат во подалечниве градови токму на фејсбук до некаде и она е корисник , само нема профил
Леле и тоа како користат. По многу неофицијални курсеви спроведени од моја страна за соодветно однесување на социјална мрежа и соодветно коментирање, и по толку поминато време на интернет, од време на време ќе ми се појави по некое „Амин“ или „Да“ на timeline. Косата ми се крева. Наводно, тоа не можело да се одбегне, грев било, се појавило.
Има . Вујко ми . Освен Вибер , друга социјална мрежа нема . И по 3 години никако не можам да го убедам да се вклучи во социјалниот свет . Иако можеби ќе му биде од корист до некаде . Мајка ми и Инстаграм има помодерна и од мене е .
Јас сум мајка ти изгледа Еве, мене мало ми е детето, уште никој не ме просветлил - за што се корисни социјалните мрежи? Ениуан? Скајп не е социјална мрежа, комуникациска алатка е Вебот беше многу поконструктивен, дури беше 1.0.
За стапување во контакт со другарите од ЈНА на татко ми на пример скоро раскажуваше како наишол на слика во една група за пронаоѓање на пријатели од ЈНА , на кучето што го дужел за време на службата , и еден од момците што биле со него во спална . Си споделиле што се случувало по заминувањето на татко ми од касарната и уште колку Атос бил дел од ЈНА ( Атос е германскиот овчар што татко ми го имал за време на службата ) . Мајка ми после години стапи во контакт со кумата на сестра ми која живее во Германија и се немаат видено повеќе од 15 години . На вујко ми би му бил корисен фејсбукот на пример , да запознае осамена дама на негови години за да не го поминуваат животот во самотија и двајцата , да имаат со кој кафе да пијат наутро и еден муабет да направат ( никогаш не се ожени вујко ми , живее сосем сам , иако секогаш има по некој на кафе кај него , сепак друго е кога ќе се разбудиш со партнер до себе , кога има со кој утринско кафе да испиеш ) . Што знам , колку што имаат негативни страни , толку имаат и позитивни страни социјалните мрежи .
Мислам дека не користат бидејќи треба да учат што како одново, а веќе си имаат систем со години. И полесно им е да го практикуваат она што веќе го знаат. Пологично е да кажеш здраво и се дружиш ако некој не ти е на дофат 24/7 како што тоа го прават социјалните мрежи. Таму ќе пишеш и после не ни имаш желба да се видиш зошто веќе сте си кажале, прочитале статус што како и тука завршува дружбата на виртуелен начин.
Кој,како еве моиве ме запнаа да сум им отворел фејсбук а благе везе немаат што треба да прават. Се трудам ко на деца да им објаснам ама не иде
Taтко ми па тик ток си гледа пошто е лесно и некад ќе налетам и таму некоја тверка знам дека рандом е ама намерно се праам демек он сам го пуштил, као срамота и он се правда