1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто во денешно време секој ја гледа фасадата, а не душата?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Barby112, 4 јуни 2016.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.396
    Изгледa ти не рaзбрa штo сaкaм дa кaжaм јaс. :wasntme:
     
    На theowndemon, Kukla994, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Sorry.. Ако не сум те разбрала ако те навредив моjот стил не е таков,а и од спиеюе станав кога те прочитав, моjа грешка.(facepalm):$:D
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  3. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Миничи, шминка, деколте се носи заради лична сатисфакција и ти немаш право да кажеш на друга личност што и како ќе облече. Повеќето од девојките се облекуваат и шминкаат така бидејќи пред се повеќе си се допаѓаат дотерани што е и нормално, сега има и други случаи каде ради х причина го прават тоа али не ни е тоа темата. Значи ако сакаш убаво да изгледаш не значи дека цениш површност. А твоите колешки.. Мислам толку малоумни створења без осет, да не се Адриана Лима тие случајно. Тие ќе си имаат празен и неисполнет живот заради своите предрасуди и нискоинтелигентни постапки, но сепак нивен е изборот дали и со кого ќе се дружат. Поубаво нив да си ги оставела на маса и да си се префрлела кај сиромашните фешн дизастерс. Ова е трагичната Македонија, не upper east side. И не си влагајте во некој госип грл филм дечиња, не сте Блер Волдорф и нема ни да бидете. Кај нас привилегија е да имаш за леб.
     
    На wanderlust, theowndemon и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Тоа се комплекси.Страшни и големи комплекси на ниска вредност.Всушност,ако девојките не сакаат да седат со тие што биле сиромашни и лошо облечени,патат од комплекс ако седат со тие девојки и тие нема да имаат вредност затоа што не ги сметаат за вредни покрај сиромшната облека.Со што ''по познати'' и ''по јаки'' фаци ,така да кажам, се во друштво толку им е по згодно и сакаат да бидат видени.Сами по себе,немаат некоја вредност.

    Што да се каже, тажно е што денес сите сме толку зафатени со себе, да се истакнат сите свои квалитети,надворешната убавина,и се тоа како што јас велам,за другите да аплаудираат.Така ми личи тоа лајкување на фејсбук,како да ти аплаудираат демек браво браво колку убаво дотерана,колку убава фризура, колку ти е слатко детето, колку си убава....Се прашувам каде оди светот (каде одиме сите ние) со тоа фалење,со таа желба за истакнување,со пуста желба за лајкови.

    Е затоа никој не ја гледа душата,зашто на социјалните мрежи душата не се гледа.Лицето,телото,косата,колата сето тоа се гледа,тоа е тоа што собира допаѓања.
    Сите се мајка Тереза по фејсбук,сите се најубави, најдомаќинки, најпоштени...

    Нема ништо поодвратно од тоа кога ќе видам дека девојка\ жена а не ретко и машки, се ставиле и на профилна и на таа кавер слика (ако се вика така големата позадина) на фб.
    Одвратно,глупаво, мизерно.Демек малку е профилната,таа убавина мора да се покаже и на голема слика.
    Баш денес, не можев да се изначудам, една пријателка ја менува сликата на профил,па се ставила на пола слика од близу,а пола од далеку со се чевли.Нели,се да се гледа.И уште ставена си е и на кавер фото.Вкупно три фаци,и што да помисли човек,освен дека многу си се допаѓа сама на себе,па мора сите да ја гледаме на што е можно повеќе слики.Ни е најубава,ни најхаризматична,ништо,ама собира лајкови и тоа и се допаѓа,да и потврдуваат дека е убава.
    Претпоставувам дека во голема мера социјалните мрежи ги направија луѓето самобендисани,нарциси,глупави и зависни од другите да им кажуваат колку се најубави,најдобри,се нај нај...
     
    На Barby112 и Dennings им се допаѓа ова.
  5. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Социjалните мрежи ги расипаа лугето и старо и младо и мажени и женети и девоjки и девоjчиюа... Абе кркамбар. Жално, многу жално.... И се согласувам со твоето размислуваюе. :clap:
     
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Коментарот на другарка ти не бил на место. Ги потценила заради тоа како се облекуваат, што апсолутно не е во ред. :!:

    НО, има тука и еден момент што секоја индивидуа си бара сличен на себе си за друштво. Почнувајќи од карактер, до изглед, до вкус за музика, до стил...
    На пример, девојки кои се по турбофолк и се облекуваат во тој „стил“ (или како и да треба да го наречам веќе, сите знаеме на што мислам), сигурно нема да се дружат со некоја што се облака порокерски рецимо.
    Девојки што излегуваат во дискотеки секој викенд тип топ средени, не би се дружеле со некоја која да речеме во плакарот има само износени маички и тренерки. Би рекла дека е тоа некоја природна селекција секој да си бара сличен на себе си со кој би се дружел.
    Луѓе што се облакаат ептен лежерно не би се дружеле со некоја што нон стоп е во штикли.
    Eдноставно немаат некои слични интереси и вкусови, тоа е тоа.

    Апсолутно дека не треба, само и само заради облеката да се гледаат луѓето, ама ете, јас сметам дека така функционираат работите.
    За друштво секој си бира некој налик себе. :)

    И друго, сметам дека нема апсолутно ништо лошо во тоа што луѓето се повеќе и повеќе се свесни за тоа да изгледаат најдобро што можат.
    Мерак за очи ми се таквите, од пети до глава средени, и мажи и жени. :D
    мх мх мх... :P
     
    На theowndemon, BoneMachine и Ketchup им се допаѓа ова.
  7. Stariot

    Stariot Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Машки
    Хм, се слагам со коментарите. Секоја птица во своето јато. Секој има свој стил и се дружи со сличните. Но сепак би напомнал, дискредитацијата на други личности поради себепромовирање, не е во ред. Се слагам и со тезата "Кај нас привилегија е да имаш за леб", коај за жал сметам дека е точна. Но сметам дека е најмногу виновна за ова транзицијата која кај нас премногу долго трае... 8-|
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Зш душата не се ни гледа.

    @Barby112, jaс се сомневам во модниот авторитет на твоите познанички. Веројатно се работи за обични помодарки.
    Зашто за мода потребна е елеганција. Елеганција, покрај начин на облекување, подразбира манири, став, карактер. Јавно исмејување некого поради скромниот начин на облекување или врз основа на неговата слаба финансиска ситуација, сигурно не стои во опис на елегантна личност.
    Инаку, и фасадата има значење. Кога ќе се погледнеш во огледало, надворешноста е она кое те изразува. Душата е апстрактна.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.049
    Мене за дружба ни изглед, ни душа ми треба.
    Туку луѓе кои размислуваат со своја глава и ја гледаат суштината.
    Не сакам површни луѓе, не сакам луѓе кои прават нешто, но не знаат зошто.
    Макар и да не се добри луѓе, сакам луѓе кои и лошото знаат зошто го прават.

    Сакам луѓе со кои може да се зборува за подлабоки нешта, искрено не ми е гајле ако на некого му е тешко или весело, не сакам такви муабети.
    Сакам да помогнам ако треба конкретна помош, но не сакам да бидам рамо за плачење и избегнувам такви души, макар биле и најдуши на свет.

    Инаку, во однос на облека, кој што сака нека носи.
    Исти ми се и тие во 4 сабајле што стануваат за во 8 спремни да бидат, и тие што не се, ај да речам, женствени.

    Не ми е само сфатливо човек со изглед да сака да пренесе порака и не ми биле никогаш сфатливи барбики, трансерки, металки, даркерки, раперки, рокерки... ама тоа сум само јас. Мислам дека тука има повеќе од само покажување на стил.
    Пак ќе кажам, за да се дружам со некого сеедно ми е како изгледа, ако таа и океј да има боцки на глава нека има, само нека нема празни срцепарателни муабети.
    Се друго е океј.
     
    Последна измена: 9 јуни 2016
    На theowndemon и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  10. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Ма какви фасади, душата ем се гледа, ем е невидлива...
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Социјалните мрежи имаат големо влијание, но и претходно беше битен аутфитот, многу луѓе по тоа ги ценеа личностите, но сега веќе премногу е акцентиран физичкиот изглед, а за душата од старт не ни станува збор, дури подоцна кога ќе се увиди за каква личност станува збор, на позитивно или негативно изненадување, тоа е веќе игра на среќа кога запознавањето и комуникацијата оди преку социјалните мрежи. Понекогаш се забележува од старт и карактерот во добар дел, ако личноста не умее вешто да се прикрива, но не секогаш.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.