Зошто во помалите градови културното однесување се сфаќа како иронија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од blonde_supergirl, 18 септември 2017.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Пишувам од мобилен и нема да ставам наводници. Ова што е во насловот верувајте навистина е така. Личностите кои се културни и со манири предизвикуваат понекогаш дури и презир. Нивното однесување може лажно да биде сфатено и како надмено.
    Кај нас изрази од типот Се чувствувам возбудено или вознемирено
    Или
    Не се сомневам во тебе
    кога се обраќаш директно на личноста таа си мисли дека ја мајтапиш.
    Зошто е ова вака?
     
    На Bitter-Sweet и Sar-Ste им се допаѓа ова.
  2. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    10.748
    Пол:
    Женски
    Има вистина во тоа што го кажуваш, знам на што мислиш, но, јас сепак не би генерализирала дека тоа се личности од малите места. Бон тонот не познава мали големи градови,или град село, или го имаш или го немаш. Имам еден другар од село кој зборува литературно, културно воспитан па и пишува поезија и буквално се мајтапат со него таму. Еве ке дадам еден пример за девојки, момци што работат во бутици,фризерски салони и келнерите по кафулињата,(зборам за помал град) со секоја почит кон професијата,не вреѓам никако,но повекето од нив се замислуваат дека кој знае на каква функција се, буквално да им се извиниш што си им дошол во дуќан, и низ муабет со пријателки,братучетки од Скопје, велат дека исто е и таму.
     
    На shining_star, celineparis, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Одлична тема вредна за дискутирање @blonde_supergirl

    Мислам дека понекогаш воопшто не е важен фактот дали се наоѓаш во мало или поголемо место.
    Го кажувам ова бидејќи сум го искусила во вистински живот.

    Поголемиот број од луѓето едноставно немаат навика да се изразуваат културно и да применуваат манири.
    Тоа секако е нивно лично право но лошата работа е што тие не можат да ги прифатат останатите кои се различни од нив и поради тоа ги осудуваат.

    Јас лично кога сум дошла да учам во Македонија не сум го знаела воопшто Македонскиот јазик и морав да го учам од почеток.
    Бидејќи го научив јазикот од професорките кои се изразуваа литературно и културно, така и јас почнав на ист начин да зборувам но токму поради тоа бев сметана за чудна па дури и мразена меѓу другите во градот.

    Исто така јас не можам да разберам кога некој ми зборува на дијалект или ќе спомне некоја поговорка на Македонски, а уште потешко ми беше кога во умот ја кажувам реченицата или мислата на Англиски јазик, но кога ја кажувам на Македонски, се мачев да ги најдам соодветните зборови, не изразувајќи се најдобро.

    Што се однесува на бон тон, култура и добри манири, едноставно од мала возраст така сум воспитана од ушилиштето и родителите да се однесувам пристојно и со почит кон останатите меѓутоа најчесто сум погрешно сфатена и оставам впечаток дека ,, се занесувам дека сум подобра од другите ,,

    За среќа, воопшто не ме интересира туѓото мислење кои другите го имаат за мене.
    Најважно ми е да се изразувам и однесувам како што сум учена и уште поважно, како што јас сакам. Бидејќи тоа треба да ме засега само мене, а кому не му се допаѓа тоа - негов проблем...
     
    На daylight, Tanjamm, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Не би рекол дека се сфаќа како иронија пошто рајата е далеку од иронијата како изразно средство, повеќе можеби се работи за филинг на неадекватност на мнозинство од популација која има сериозни проблеми да се изрази литературно па се осеќа потценето ако некој им пристапи со таков говор :worried:

    Сепак реалноста е дека ова е поднебје кое ги има сите психолошки елементи на популација од третиот свет со среќна околност што сепак географски се наоѓа во Европа. Ако тој факт се прифати, а не гледам зошто човек би се самозалажувал (do indija brat hhehe nija koa jadefne so viljuska onija na zapat nemaja aber) тогаш нема да биде чудно што раја се нервира ако некој им се обрати на културен начин.
     
    На XMaN, daylight, Sar-Ste и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    23.351
    Пол:
    Женски
    Веројатно придонесува фактот што станува збор за помалку развиени и заостанати места. Има голема вистина во ова. Истото го имам воочено на факултет од страна на колеги кои потекнуваат од мали места. Ако им се обратиш на така културен начин дури чудно им е каков е тој начин на разговарање. Често се случувало да ги слушнам како меѓусебно се нарекуваат со погрдни имиња и сето тоа им е смешно, зборовите како молам и извини им се исклучени од речникот. Дури и да побараат некоја услуга го правеле тоа со некој заповедувачки тон како другиот да е должен да го стори тоа за нив. До културата си е и до начинот на воспитување. Не би сакала некој кој е од помало место да се навреди, тој кој сака да биде културен ќе си биде, независно од каде потекнува.
     
    На celineparis, Sar-Ste, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Someday

    Someday Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Не не. Дали тоа сакате да кажете дека Вие во Скопје сте далеку покултурни и поцивилизирани?
     
    На Sungold, christinnn и elimkd им се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Чупчиња благодарам на одговорите! Тука исто сум доживеала поради моето човечно однесување мислење од типот "ејвааа ваа". Овие реакции се позастапени во малите градови иако никаде не е исклучок се разбира.
     
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Не
    Не членката напомена дека сегде постои тоа.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Заборавив да напоменам во мојот првичен пост на темава:

    Сакам да додадам дека воопшто не се сложувам со тоа дека оние кои потекнуваат од помали градови или села се некултурни.

    Мислам дека не би било во ред да се генерализира бидејќи секогаш постојат исклучоци, освен тоа не би било добро заради такво мислење да дојде до препукување и навредување на оваа тема.

    Лично знам дека постојат и културни и некултурни луѓе било каде. Местото на живеење не може и не смее да дефинира кој човек да поседува каков карактер и вокабулар.
     
    Последна измена: 18 септември 2017
    На funkD, Sar-Ste, blonde_supergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    10.748
    Пол:
    Женски
    Заостанати места??:wasntme::D Штом има телевизија,училишта и интернет не би рекла дека се заостанати..
     
    На elimkd и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Никој не го рече тоа но во помалит градови е позастапено живеам во Гвг учев во Ск. Ајде феминки да дискутираме да не се караме.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас го напоменав, да не се навредуваме на темава поради генерализирање :)
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someday

    Someday Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов на темава кажува за Вашата тн култура. Излегува дека ние од малите места сме прости и не знаеме да се однесуваме културно. Не знам јас каде сте биле, но таа не култура за која зборувате ја има секаде. Не е до големината на градот или местото, туку зависи од домашното воспитување.
     
    На Sungold, christinnn, GirlRose и 5 други им се допаѓа ова.
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Исто да напоменам дека зборувам стриктно за тоа што ми се случувало на мене, за другите неможам да им знам искуства.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.114
    Пол:
    Женски
    Верувај многу сфаќаат дека тераш мајтап уствари, незнам зошто.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    23.351
    Пол:
    Женски
    Јас напишав што имам воочено во врска со насловот на оваа тема. На таков чуден однос сум наишла од страна на луѓе кои потекнуваат од мали места. Значи не од страна на сите луѓе кои не се од Скопје туку од страна на некои поединци. Тие поединци биле од мали и неравиени места како што реков.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    136.402
    Мене па луѓето од помалите места не ми оставиле таков впечаток.
    Изгледа многу зависи со какви луѓе си окружен...

    Човек како човек..кој со манири, кој без..
    Сите сме приказна за себе, без разлика дали потекнуваме од метрополава или од село..
    Патем, во Скопје имаме се освен скопјани.. толку малку ги има што нема ни да приметиш кои се..
     
    На ilyan, Someonespecial, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.947
    Пол:
    Женски
    Нема врска градот туку домашното воспитување.

    Ако некој нема воспитување, ако не знае како да се однесува со луѓе, ако цел живот му е мајтап, нормално не може да сфати што е културно однесување.
    Мисли дека секој што се однесува културно всушност се зеза, како што тој би се зезал.

    Познавам вакви луѓе, не е битно од кои градови.
    Се однесував културно и ми се смееја дека сум била многу сериозна....сфатив дека со нив треба да се спуштиш на нивно ниво и да тераш со мајтап.
    Батали култура и манири, пошто ќе излезеш глуп на крај.
     
    На 1209, Someonespecial, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.506
    Пол:
    Женски
    Баш напротив, јас никогаш не би се спуштила на нечие ниско ниво и дефинитивно не би се сменила за никого, особено не културата и манирите.
    И мене исто ми се смееле дека сум премногу сериозна и формална, но тоа воопшто не влијаело на мене.
    Многу ми е гајле што мислам другите за мене, важно јас се однесувам и се изразувам како што ЈАС знам и сакам.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.829
    Пол:
    Женски
    Ах.

    Нема нешто што ме нервира повеќе од некултура и непочитување. Дијалекти си немаат врска, се гледа кога некој нема домашно воспитување.
    Прегласно зборување, пцовки и неартикулирано смеење ми се одвратни.
     
    На Tanjamm, Annath, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.