1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто ги мешаат љубовта со парите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од innamylove, 10 ноември 2011.

  1. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    насловот кажува се :)
     
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Љубовта и парите ги мешаат затоа што тоа е сурова реалност и без пари нема љубов, сепак јас не го подржувам тој став, бидејки секогаш сум ЗА љубовта. Повеќето сметаат дека имајќи пари ке ги имаат сите можни задоволства, но сепак длабоко во себе сме свесни дека парите неможат да не направат срекни .

    Јас покрај себе сакам да има човек, од кој нема да се страмам да излезам во град, кој ке ме сака и ке ме почитува, а парите со труд вложен заедно сами ке си дојдат.

    Не сум матреалист и не ме интересираат пари, знам дека во брак ке стапам еден ден од љубов, а и исто е сега барав дечко кој ке ме сака а не кој има пари да ме шета секаде каде што сакам , кој ке ме носи на скапи вечери .... Не, јас повеќе ги сакам едноставните работи кои дечкоми ги прави за мене, кога ненадејно доаѓа да се видиме бидејќи му недостигам, кога ми подарува цеќе без повод, едноставно ме усреќуваат малите нешта ..... :*
     
    На Tanjamm и maca99 им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не е се во парите но сепак играат голема улога..
    Како прво и основно не можеш самиот да се одржиш без пари и да си ги задоволиш основните потреби а не па заедно кога си со некој друг..
    Најголемите проблеми настануваат заради парите.. ај да речеме дека си во заедница со некој
    ама ситуацијата не ви е баш најдобра.. пример ке западнете во лоша состојба (како што е дојдено во денешно време) нема да имате време за самите себеси барем еднаш неделно да се ишетате!! да се опуштите..
    караниците доаѓаат заедно со ова..
    Викаат кога е убаво не се гледаат парите и дека колку и да е скапо задоволството ке дадете се за него..
    епа ај замислете воопшто да ги немате тие пари?
    Многу нормално дека парите го вртат светот?
    Не сум материјалист ниту пак очекувам во иднина некој да ме одржува дури напротив сметам дека во иднина ке бидам поуспешна од тој што ке ми биде сопруг..
    И нема да очекувам он да ме одржува но сепак да се има нормален живот за тие основни задоволства (во никој случај не мислам на луксуз) е тоа да имаш убав и мирен живот..
    Да имаш бареме еднаш годишно да излезеш негде за одмор да прошеташ.. скромно но сепак да можеш да си дозволиш..
    Да имаш барем еднаш неделно да си купиш некоја книга или некоја ситница што те прави среќна..

    За жал викаат дека во денешно време ништо не е без пари..
     
    На Tanjamm и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Дека не е се во парите велат тие што ги имаат....А некој ншто ги нема, и што буквално го преживува секој ден,сигурно не мисли така. Вистинската љубов мислам дека се гледа токму тогаш кога не си при пари...доаѓаат и такви периоди во животот..за жал денес се почесто и кај повеќето луѓе. Токму во тие тешки моменти треба да издржиш,а љубовта тогаш доаѓа на прво место. Многу е лесно кога се има пари...Секој си фура свој фазон, и мажот и жената,децата....Но и тие што имаат пари не се мирни. И нив ги јаде некој црв...така велеше баба ми.Мерлин многу убаво пее во една од своите песни,вели ......НИЈЕ СРЕЌА ПУНА ПАРА ВРЕЌА,ТО ЗНАЈУ ОНИ КО ИХ ИМАЈУ......
     
    На Tanjamm, LUNA.girl и Saraa им се допаѓа ова.
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    ЗОШТО ГИ МЕШААТ ПАРИТЕ СО ЉУБОВТА???
    Па зошто затоа што самата ситуација е таква...луѓето кои буквално ама баш буквално преживуваат т.е. едвај сврзугваат крај со крај до наредниот месец и кои неможат да си ги дозволат најосновните потреби дефинитивно би рекле попрво би избрале пари отколку љубов. Ајде малку и да бидеме реално од љубов не се живее...јас не сум материјалистка ама сакам кога ќе се омажам да имам покрив над глава да не живеам во еденстан или куќа со свекор свекрва баба дедо брат- негова сопруга итн итн.... да работи и ако моментално не работи бар да има желба за работа затоа шо ако не сака да роаботи ќе треба јас да мислам за се...парите се средство кое е неопходно за живот без скршен денар зошто ти е и љубов и се утре кога ќе се има деца што ќе правиме само со љубов ќе ги облекуваме и раниме...Јас сум за љубов меѓутоа ако гледам дека нема услови ама баш никакви услови да нема кај да се живее да не сака да работе па шо корист јас од таа љубов?
    Како викат нели парите денес ги имаш утре ги немаш... затоа да си имаме едно местенце за живеење каде нема никој да ми наредува шо и како да направам, место каде нема да чекам на ред за во ВЦ да отидам, да си работиме и двајцата и другото се реде натаму :)
    Е сеа па ако се заљубам во некој шо го има сето тоа дури и повеќе а ме сака и он и е ОК личност сигурно нема да му речам еј извини ти имаш многу и затоа не те сакам :D :D :D сите сакаме нели да имаме се...ама ете општеството е такво па некои имаат повеќе некои помалку :)
     
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски

    Кажи гои сопственото мислење... отвараш тема сакаш да ги видиш туѓите мислења кажи го и твоето позззз :)
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    1. Од љубов не се живее
    2. Луѓе материјалисти
    3. Не се ценат правите вредности, љубовта умрела одамна
    4. Пазарна вредност - колку вредиш а не каков човек си
    Има сигурно уште повеќе причини ,,зошто,, љубовта ја мешаат со парите.
    Според мене тоа се несозреани личности и не знаат да ја ценат правата вредност на човекот. Не оди се на продажба, некои вредности се бесценети и никој не може да ти ги земе.
    Ретко кој го сваќа заветот ,,заедно во добро и зло и во болест и здравје,,. Тој кој што ја осетил љубовта ама онаа вистинска и ја разбира.
    Љубов е чувство кое те прави среќен а можеш да ги имаш сите милиони на свет и да си несреќен. Со пари можда можеш да ја купиш и најубавата девојка/дечко ама нема да ја осетиш љубовта.
    На моменти ќе се лажеш самиот себе си и тој до тебе ама емоционално ќе си празен. Ќе ги покриваш празнините со најнови парчиња облека, шминка, парфеми, коли...ама знак прашање е дали ќе ти заиграат пеперутките во стомакот и да си кажеш на самиот себе си ,,да,јас сум среќен,,
     
    На Tanjamm, Vladus и maca99 им се допаѓа ова.
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Точно да од љубов не се живее но и без неа.
    Подобро е да сум со тој што го сакам и да ги имам оние основни работи,него да сум несреќна со куп пари.Зошто ми се тогаш?Парите не купуваат љубов тоа е јасно.
    А и човек треба да си ги испружи нозете колку му е чергата.Се научува.Еве пред свадба се испотрошивме,па гледаме со минимум да поминеме-она најосновното.И знаете што-посреќна сум од кога претходно лупав пари за глупости.Сфатив многу работи и вредноста на животот знам дека не се парите.
    Така да меѓу пари и љубов ќе одберам т.е. избрав веќе ;) љубов.
     
    На Vladus и slavica999 им се допаѓа ова.
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=yc0Qh8rLL1k

    Текстот слушнете го ! Поздрав :hai:





    Не можеш да купиш љубов срцево го нејќе тоа зло :)
    Еден ден парите ти ќе ги немаш :)
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Затоа што денес парите го вртат Светот, а не љубовта. Такво е времето кој е богат тој е и моќен. Љубовта денес и со пари може да се купи ( пример врските меѓу постари богаташи и млади женски макар што тоа не е љубов)
    Парите денес се позначајни од љубовта, зошто некои луѓе сметаат дека се неопходни за среќа и успех, а љубовта доаѓа со парите. Значи ако си богат нема да ти е проблем да најдеш некој/а која ќе те сака и тебе и твоите пари ;)
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Две забелешки:
    1. Зошто ЈА мешаат љубовта со парите?
    2. Кога отвараш тема, дај прво свое мислење.

    Сега мое мислење:
    Од љубов не се живее. Ако се нема пари, следат караници, а после караниците знаеме што следи.
    Финансиски проблеми, не се врзува крај со крај...
    Не е се во парите-тоа го поддржувам, ама немаш ти пари, нема дечкото пари и што ќе правите??
    За раче ќе се фатите и ќе си шеткате??
    Мислам, добро, и со пари и без пари се шетка фатен за рака, ама не можеш да просперираш ако немаш средства за живот.
    Не можат сите да имаат милиони, нормално, ама барем некои пристојни суми од кои може да се живкара.
    Можеш да имаш милиони и да си несреќен?? Точно!
    Но посреќен ќе си ако немаш скршен денар в џеб, ако немаш саглам дом за живеење, ако се мислиш дали утре ќе успееш да купиш јадење?
    Парите денес го вртат светот, се се врти околу парите.
    Љубовта не се меша толку многу со парите, но секој гледа дали таа врска без доволно финансии ќе успее. Сметам дека повеќе се гледа од страна на егзистенција, отколку од емотивна страна.
    Сепак, никој не сака да живее сиромашно.
     
    На glosipgirl и Palchica им се допаѓа ова.
  12. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Моментално сум во ситуација каде заради тоа што се оддалечив од одредената особа, истата таа особа за да се заштити почна да кажува дека било до парите, а уствари се разделивме затоа што немаше никакво понашање спрема мене, се однесуваше како да сум најнебитната особа на светот. Значи на еден начин, сака да се оправда дека не било до него, дека не бил он виновен туку дека немал доволно пари (иако никогаш не сум гледала на тие работи, односно тоа никогаш не ми било битно) Ова е според мене еден од одговорите на наведеното прашање, иако едното нема врска со другото. Парите се само еден вид на оправдание кога одредена особа не успеал да ја задржи саканата особа заради сопственото однесување и тоа го теши во смисла ,,Ете, не било до мене, не сум имал доволно пари,, иако ситуацијата е сосема поинаква. Ама на некои луѓе тоа не може да им се докаже.
    Малку сум повредена од ситуацијата во која што се наоѓам па можеби не ми е јасен одговорот, но се надевам дека ќе ме сфатите што сакам да кажам.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    парите доаѓаат и си одат.
    Љубовта е таа што сакам да остане покрај мене.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
    Eдинствен одговор е дека не ни знаат вистински да љубат таквите кои мешаат пари и љубов и за интерес тука се работи.Oтворено ќе кажам на балканот врие од такви случки,но ајде секој со својот памет :) Љубовта за мене е нешто свето и никогаш не би ја поврзала со материјалното.
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ги мешаат бидејќи сите човечки вредности се измешани ! Како прво секој се води со фактот,од љубов не се живее,поубо да имам пари да шетам по светот,да одам на шопинг место да дремам дома како домаќинка ,вистината е дека љубов е најпотребна од се,ако имаш љубов можеш да заработиш и пари со слога со разбирање.Познавам многу кои се омажија за пари,имаат пари и луксуз ама немаат мир и среќа :)
     
  16. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Затоа што се е поврзано. Љубов=Пари. Добро, на прво место доаѓа љубовта, но и парите се тука некаде. Затоа што ако нема пари нема ни љубов. Еве еден пример: имав една другарка чии родители мнооогу се сакале додека имале пари, но сега кога немаат само се караат. Кога одев порано кај неа постојано се дереа, кршеа работи и сл. што за мене беше незамисливо. Ете ги снема парите, ја снема љубовта. Ова порано не можев да го сфатам, но како што растам се појасно и појасно станува. Значи доколку се има пари, има и подароци, вечери, изненадувања, работи што понекогаш се потребни да се одржи тој жар во врската/бракот. Некој ќе каже дека може подарокот да биде бесплатен, да, може. Вистина е! Но, од што ќе живеат двајцата доколку немаат пари? Како ќе ги издржуваат нивните деца? Љубовта не е доволна да ги нахрани. Значи не се живее од љубов. Но кога имаш пари, ете ти автомобил, одмори, патувања, најнова технологија, се што го олеснува и навидум прави подобар животот и воедно ја одржува хармонијата во бракот. Затоа што децата растата, а нивните побарувања се зголемуваат, како ќе се чувствуваш кога нема да можеш да ги пратиш на факултет заради тоа што немаш пари или да им ги купиш посакуваните патики? Мизерно, ете тогаш ќе почнат или продолжат расправиите. Парите не се потребни за да започне љубовта, но парите се тие кои ја одржуваат во живот и кои ја разубавуваат или во некои случаи за жал, ја уништуваат. Затоа не е добро да се оди во крајност. Сиромаштијата и богатството ја уништуваат, а средината, односно еден нормален убав живот, во кој можеш да си дозволиш многу работи, ја одржува. Сепак ни тоа не е гаранција, тука влегуваат повеќе фактори, меѓутоа секој со своето искуство. :)
     
    На NEA и kathy es им се допаѓа ова.
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека луѓето кои се сакаат поради парите,тоа не е вистинска љубов. Тие се "сакаат" меѓусебно за да можат еден од друг да си земаат пари и да си прават што сакаат, а демек вистина се сакале,не им биле важни парите. Кога ќе немаат пари, ќе се види колку тие се сакаат. Исто како горенаведениот пример.Но, двајца кои се сакаат вистински и покрај тоа што би изгубиле голема сума на пари или што и да е,тоа е за мене вистинска љубов. Без разлика на се,да го сакаш некого.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Затоа што се` повеќе ги има оние кои чувствуваат голема и страствена љубов...кон парите.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ...и „успешно“ се обидуваат тоа да го скоријат, демек НЕМА ВРСКА ЈАС ГО/ЈА САКАМ..КАКОВ/КАКВА Е...тоа со парите не ме интересира :rofl:

    ах на тие муабети колку им верувам...многу
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Парите те прават среќна, а среќата можеш да ја помешаш со љубов.
    Еве пример се заљубиш во некој богат, парите ќе те ослепат и ќе мислиш дека го сакаш него.
    А и сметаат дека љубовта е минлива, а парите ако му ги земе ќе си ги чува и „ќе има“ цел живот.