Ако некој има мн. пари ќе се мажи некоја за него, ама само за парите а не за љубов. Ах што прават парите, ах
Поради тоа што се неопходни за живот Поради тоа што за да излезеш и да запознаеш некој ти требаат пари Поради тоа што за да се дотераш и да бидеш позабележителен ти требаат пари Поради тоа што ко ќе имате врска сигурно нема цело време дома да седите и така да се шетате низ чаршија а доколку се случува тоа голема е веројатноста една од страните врската да ја прогласи за досадна и да и стави крај Поради тоа што треба од нешто да си ги платите сметките Поради тоа што треба од нешто да си купите храна Поради тоа што треба од нешто на децата да им купите тоа што ќе им биде потребно Никогаш не би била во врска само поради парите но доколку планирам иднина со некогу и тоа како ми е важно дали ќе имаме од што да живееме... оти нели и парите може да се пролазни но и љубовта е минлива и со текот на годините избледува
во денешно време нема љубов без пари.Нема облека без пари.Нема живот без пари.За да одиш на кафе со женската/дечкото ти требаат пари.Пари пари и само ПАРИ.Без пари нема ништо па ни љубов(со некои исклучоци).
Ок е да се бара дечко или маж со пари ,ама не секој ја има таа среќа да најде , плус не се некоја среќа или гаранција парите дека ако ги имаш ќе си среќен. Убаво е да се има и љубов и пари , ама како што оди времето тие две работи се поретко одат заедно ...познавам многу девојки кои приоритет им е да се возат со скапа кола , дечковците да ги частат и да им купуваат подароци во секое време , а тоа што нема љубов не е важно. Ќе излажам и јас ако речам дека љубовта би ми била пред се и дека би била со сиромашен голтар кој нема ни за основни потреби , јас ќе речам еве дека барам некој од мојата средна класа , не барам милионер ,знам дека ако има љубов и слога, ќе се заработат и пари , ама не е се секогаш онака розово како што си мислиме ,кога нема да имаме за леб , нема да живееме од љубов , девојки мој совет барајте си добра прилика за онака нормален живот ,само здравје и добро отворени очи , има средни класи , не се залетувајте по оние кои ќе ве направат да живеете само од љубов да немате пари за леб , или по оние кои ќе ви дадат многу пари ама ќе плачете несреќни во 4 ѕида .
Такво време дојде. Бројот на спонзорушите се зголеми, добрите девојки останаа во сенка и сега сите мислат дека девојките се материјалисти и одат по богати мажи. Не се ставаат сите во ист кош. Заради мнозинството кое е такво расипано, и нас добрите не газат, не ни веруваат, не прават никакви.
Според мене не треба да се мешаат ама самото опшество и социјалната стабилност или нестабилност доведува до мешање на овие два сосема различни поими. Кога двајца партнери стапуваат во брак во нормални услови тоа се случува од љубов но понатамошниот живот кој носи раѓање на деца и живеење под сит покрив во нова средина понекогаш носи проблеми кои произлегуваат од тешката финанскиска состојба. Многу жалосно е тоа што поради оваа лоша состојба некогаш страда и целото семејство, доаѓа до расправии меѓу брачните партнери, префрлување на вина од едниот на друѓиот губење на љубовта и на крајот развод. Поради овие причини пак ќе кажам за жал треба да се мисли и на парите пред да се стапи во брак само од љубов. Тука доаѓа тоа мешање кое е неминовно.......Опшеството го налага тоа особено кај нас конкретно во нашата држава па и на балканот. На запад или во некои развиени земји можеби не се обрнува внимание на ова прашање толку многу со самото сознание дека секој млад човек кој е здрав и читав може да работи и да се труди да има нормален живот сам а потоа и да си оформи семејство.
знаете од сето тоа што е најинтересно: сега и машките се продаваат за пари, барат девојка богата со сите пропретни елементи за да не се мачи тој да гради, работи.. само да си влезе и да си ужива.. имав прилика пред некое време да дојде ситуиран дечко да се запознаеме но дџабе уште на првиот состанок ја испосера работата и ајде сега што ке ми е мене луксузот негов.. и тој и луксузот нека си седат дома
Затоа што со парите можеш се да се купиш за моментално да осетиш среќа, спокојство и љубов. Вистинска љубов со пари не се купува, ама се друго може да се купи. Како што гледате сите парите го вртат светот, а се мешаат и во пријателството, семејството и љубовта. Човек треба да е материјалист за да купи љубов со пари и да ги меша поимите.
Ednostavno e ! Koga imas ljubov, nemas pari, A koga imas pari,od tolka o zadovolstvo ja gubis I ljubovta. .. Poznavam mn parovi koI od ljubov se zele I poleka poleka taa ljubov zgasnala......I toa poradi finansiski problemi.... Ne mozele vo zaednica a da ziveat, a nemale moznosti za pod kirija, I problemi denes, probb utre I stanuva se ponevozmozno I se razveduvaat... Taka da mn devojka se odkucuvaat za bogat covek, koj GI SAKA! Posle so tekot na vremeto ke nauci I ti da go sakas nego. Koga e nezen I Mil so tebe, te pocituva I saka , I plus bogat. ...pa zasto da ne. Povazno e toj tebe da te saka, otkolku ti nego da go sakas a toj tebe ne!
Дa не се пoвтoрувaм сaмo, имaм дискутирaнo вo слични теми зa oвaa прoблемaтикa. Ќе кaжaм сaмo крaткo и јaснo - тенкa е линијaтa пoмеѓу љубoвтa и пaрите. Зa жaл.
Не е точно дека ги мешаат. Напротив, тој што е премногу заинтересиран за пари, не го интересира љубов кон друго
Љубовта и парите се мешаат затоа што од љубов не се живее. Можеби некој ќе филозофира дека љубовта е најбитна, дека парите се џабе ако немаш љубов, ама јас мислам и убедена сум дека ниту една љубов во денешно време не може да опстане доклку се нема пари.
Да не се лажеме прите се многу важни за да опстојува љубовта. Не да ја купи љубовта туку да опстојува.Не може вечно мување по клупи и спуштање ѕвезди.
Многу љубови се нарушуваат поради недостаток на пари. Се нема за основни работи, за нешто ново, за децата, па од таму кавги, расправии за на крај љубовта да се намали или сосем да згасни.
Мајка ми од мала ми велеше „кога сиромаштијата ке тропне на врата, љубовта бега низ прозор“ Точно е. Никогаш не би била со некој кој неможе да ми даде основни работи, како кафе, поклон, вечера или пак да живее во 2 соби во заедница. Колку и да е најдобар на свет, колку и да ме сака, знам дека монотонијата би ме убила. Љубовта не е само држење за рака во парк, ако нема паста за да си измие заби ( метафорично кажано). На една друга тема пишав дека за ти се допадне некој, прво треба да изгледа добро, да има добра облека ( не марка или нез што), да може да се одржува самиот,, па потоа и карактерно да ти се допадне. А за да се одржва врската, па бракот, па семејството, секако се потребни пари. Парите се двигател, основно средство за опстанок.
Не е грев да имаш пари и секој сака да има, но не по секоја цена, не може да има љубов, ако некој само од интерес е со некого.
не се сложувам. Што ќе ми е доктор кој ќе ми носи дома по 50 000+ кога времето ќе го врви на работа според работното време и според итноста на работата која ја има. Маж ми кога се зедовме работеше сезонска работа јас имав фирма која беше ни угоре ни удолу. Ја одржував колку да си го земам породилното. Маж ми тогаш многу млад (21 година) рече дека за да изгледа едно дете е доволно спосбен и ќе се снајде. Живеевме кај свекор ми но бевме многу,јас маж ми и бебето кое требаше да се роди и свекор ми со втората жена и 3те деца и плус татко му. Излеговме од таму дојдовме во куќата од моите во спрат на чичко ми кој не го користи никој. Бидејќи маж ми работеше 6 месеци сезонски следните 6 месеци седеше дома помош имавме и од моите и од неговите. Порасна дете и јас најдов работа. После извесен период и маж ми најде постабилна работа пријавен солидна плата. Јас во рок од 3 години сменив 3 работни места. Сега двајцата сме вработени со стабилна работа со две дечиња и стартуваме со изградба на куќа. Не велат за џабе сложни браќа куќа градат. Пари можете да имате и да сте богати ама тоа не значи дека вечно ќе ги имате. Скромноста е многу значајна. Мене поклони не ме купуваат. Кога знам дека денес маж ми ќе дојде од работа дека се потрудил да придонесе секогаш има дома кој да го пречека. Топла и полна трпеза е поважно одколку скапи поклони. А сиромашијата сами си ја носиме дома.