1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто дебелите не можат да си најдат облека?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mar17, 19 ноември 2010.

  1. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    За отварањето на темава бев поттикната од една несекојдневна случка која ме потресе искрено.
    Бев со другарка по фармерки утринава и влегов во една продавница и пробував и преубаво ми стоеја фармеркиве,значи задник,облини,се..и излегувам на огледало да се видам и кога влегуваат мајка и ќерка и девојчето беше на возраст некаде 14-15 години и беше така средно висока ама прилично дебелка.Не дебела огромна туку така вишок си имаше повеќе.И бараа фармерки и блузи,разгледуваа,а јас си бендисав уште едни па ајде и тие влегов да ги пробувам,а девојчево непрестанливо ме sвереше.
    Бараа фармерки со висок струк и најголем број.И почна да и вади продавачкава,ама се ниски такви се на мода и почнаа да си шушкаат со мајка и и зема ајде едни да ги проба.ама да не ви кажувам како и стоеја,задникот испаднал само до облините и се облекуваа,погоре не оди,и виде дека ја гледаме а другаркава цела шашава зема и се смее...
    Толку му фалеше на девојчево и почна да плаче а ваа демек зборува на телефон избега од мајка и.Па за голема несреќа продавачката немаше да ми раситни за моите фармерки и отиде до соседната продавница.
    За тоа време рикаше девојчево на мајка и и и вика:"Никоаш нема да си најдам бе мамо,никогаш,нема за мене разбери треба да ми шијат."
    Мајкава се соживеа и падна жал,ја фати под рака и испаднаа од продавницава.
    Значи не знаете каков жал ми падна,сфаќам таа си е крива си јаде и си ужива ама после !?
    Ама па и нема облека за дебели(со високи струкови),или пак таа е скапа,или па треба шиена,а која тинејџерка би сакала класични фармерки!?
    Јас сум слабичка и висока па можам лесно да си најдам,ама вака стварно ми падна жал...
    Имате ли наидено на некој ваков случај, и што мислите?
    И ако има ваква или слична тема-клуч!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Се нажалив и јас,па има една специјализирана пордавница за пополни иксикс ел се вика ама таму па има облека така како за повозрасни жени или трудници.Нема за млади пополни девојчиња нема поголем број гардероба,индустријата наложува во мода се нисзок струк цевка фармерки целата модна индустрија наложува да си слаб таква е гардеробата.Е сега кај нас нема некој огромен избор ,премногу турска грчка роба....ама мислам дека таков момент си фатила,девојцето да прошета би си нашло нејзин број,се наоѓа и висок струк некаде верувам,а баш ми е жал,што ете така се нажалило,и срам да и е на другарка ти што се смеела,чувството да те исмејуваат мн боли....верувам некој од нас знае...
     
    На mar17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?
    - Затоа што моделите се креираат на манекенки, ете затоа |(

    Абе јас сум си слабичка, ама кога ќе бидам висока и префинета манекенка , што се вика набивам комплекси (тогаш за тогаш), не па некоја со ееептен со вишок килограми.
    Инаку ептен се соживеав со ситуацијата. Жалосно :worried: И не смееме да ја осудуваме дека од јадење била толкава. Не, не. Секогаш таквите случаеви ги поистоветуваме со количината за јадење, но не е секогаш така, може тоа да е и од друг проблем... ама сега не се зборува за тоа, да си се задржам на темата.
    Значи во една сезона се појавуваат тие модели на фармерки, кошули... со тие стандард бројки (во кои ете некои не спаѓаат) :worried: . А да им купиш комплети за трудници, па и така не бидува, сепак млади се, сакаат да поседуваат свој препознатлив стил (иако тешко оде), едноставно за никако не си.
    А инаку, точно е тоа, дека да се прошета ќе се најде некоја соодветна фармерка за такви пропорции, можеби потешко, но ќе се најде.
     
    На BeYourself и mar17 им се допаѓа ова.
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    5.667
    Пол:
    Женски
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Да, како јас да се читав во случкава. Истото ми се имаше и на мене случено. Ја сум пополна, и се XXL ми даваат а тоа мали како за маникенки. И јас исто кога барав се напнав и и реков на мајками ќе носам само тие дома што ги имам. Ама на крај најдов. И тоа со низок струк.
    Ја сум проблематична, крупна сум, сакам со низок струк, и цефка. И сите што ги пробував, верувајте како хеланки да пробував. Дома имам L и тие ми се големи..
    И стварно, многу бев исфрустрирана од денешниве модели. :fubar:
     
  5. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Се согласувам со сите..
    и така е не е секогаш до прекумерено јадење,туку тоа го има и во гените,ете мајка и не беше дебела ама може татко и,дедо,баба...
    До speechless.И мене ми се има случено ниски ако се да не ми се свиѓаат,па сакам комотција а не да се туткам во тесно па и ниско...
    Ама тоа е како иде модава како што кажавте манекенки ги прават сите..Кај нема за подебелки па нема и броеви..
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Секој со своите проблеми... А јас што носам минимален број, знете колку ми е тешко да си најдам фармерки, сукњи и панталони?
    Носам број 34, или ХХЛ. Некогаш во Калиопе од новите колекции кога ке начекам тогаш купувам одма. Во Тели Веил имаат 34, ама големи ми се. ВО Манго исто. За горе неам проблем, ама за доле мн тешко се наоѓа.
    Така да кај нас верувајте не само за дебелите, туку ни за слабите нема. :(
     
    На LittlePinky и 2468 им се допаѓа ова.
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Нема за дебели, нема за слаби... :?: Значи мора да се има идеалната тежина за да се најде соодветна облека! Па јас сметам дека баш во тоа е проблемот, дека не ја бараат соодветанта облека, онаа која ним ќе им прилега! Мене искрено не ми се допаѓа дебела жена во фармерки (без разлика на годините), фаремките повеќе ја оцртуваат, стегаат околу половина и дополнително иде до израз салото на стомакот и половината,фармерките и сета таа облека која се носи припиено за тело ја изразуваат дебелината...
    Имам моја блиска пријателка која е дебелка (и кај неа гени се во прашање) Па она никогаш не се облекува во нешто во кое нема да ја собере! Си носи едноставни еднобојни фустанчиња (пошироки), панталони ако не може да си најде тогаш си шие,сукњи, носи пошироки блузи...и искрено многу умешно успева да си ја прикире тежината! Дури кога е дотерана е ептен слатка, ем буцка ем дотерена во склад со нејзината тежина! Па таа одсекогаш е дебела, ама секогаш е била дотерана!
    Случката со дебелата девојка и мене ме наежи,ама мислам дека проблемот ќе го реши само тогаш кога ќе сфати дека за нејзината тежина треба да се најде соодветна облека, а соодветна облека за дебели не се фармерките!
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Навистина е неправедно, ама бутиците се снабдуваат со она што највеќе им се троши, а тоа секако не се конфекциски броеви со неколку X пред L-от. Од некои парчиња па дури и серијата ја прават само до L.
    Инаку знам колку им е тешко. Мајка ми е полничка жена и секогаш кога одиме да си купи нешто, тешко наоѓаме. Исто носи и 41 број на чевли, па и нив тешко ги наоѓа. Посебно во помал град како нашиот. Цел го превртиме и на крај пак е принудена да купи нешто што и не и се допаѓа, ама битно влегува во него.Ама, тоа е тоа, никому неможеш да замериш освен на самите нив.
     
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    оф девојки, а како ми беше мене кога до пред една година купував од детските бутици затоа што единствено од таму работите ми стоеја. Додека покрупните имаа поголем избор и тоа од бутиците за големи :D . Слаба сум и тешко наоѓам фармерки кои ми стојат убаво. Среќа последните неколку пара супер ми стојат. Почнав малку да се здебелувам, ама ми фали уште барем 3 кила. :)
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.324
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Јас 100 пати сум се прашувала зошто нашиве бутици не носат облека за покрупни. Па не се сите тука 36-40. А дека има потреба - сигурно има. Кога ќе донесат 42, се троши како алва. А 42 и не е некој голем број за не знам колку дебели. Јас носам 42, и многу тешко наоѓам, ако има модел, не ми се допаѓа бојата, или не ми стои. И не сум дебела, едноставно крупна сум, таква ми е градбата, носам 42. Затоа, облека купувам главно од странство.
    А за поголеми броеви уште потешко е.
     
    На Bibko и teddybear им се допаѓа ова.
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Македонска работа бе.
    Бројчињата се мизерија, за ептен слабите и за ептен дебелите, па и за покрупни, пази боже, треба да луташ по продавници да најдеш нешто. |(
    Во странство си има избор, плус има и посебни продавници со броеви над 42. А цените се нормални, исто како и во "обичните" бутици, за "обичните смртници".
    Исто и со кондури, обавезно има до 42. Кај нас едвај 40 да најдеш. Барем со тоа немам проблем, 37 носам.
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Зошто дебелите неможат да си најдат облека?

    Е бре девојки, јас секогаш на ова се лутам, секое купување прво се исплачувам , после купувам. И јас ко Ариел, крупна сум, висока, ама не сум дебела, далеку сум од дебела. Ама еве најчесто фармерки во Прилеп конкретно има само малечки бројчиња, кои само на другарка ми која е метар и 56 и чинат, таква ситна, слабечка |( Значи посебно за фармеркиве. И на крај, сакаш неќеш ќе купиш било што. А да си подебел, дали дете или тинејџерка, па и возрасни, немаааааааа. А да ви кажам мислам дека не е тоа што шијат само такви, туку овие продавачиве се научени, најлесно му е, земаат само стандард нешто, за просечна манекенска става, и толку, 2 бројчина се вртат. А и стандардите се изменети, ете пример палтата чоени, сретнав неколку пати по број, се таман, и кога ќе го видиш убаво, во рамената е преголемо, а ракавите куси |( И ај сега :^) Нема, не знам што е проблемот, ама нема една асолна продавница каде може да се најде барем малку поголемко парче облека. А не се само слабечќки, има и крупни девојки, има и природни со поголема тежина, не може да се сите манекенчиња :!:
     
    На mar17 и teddybear им се допаѓа ова.
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Добро,прочитавме дека ти си слабичка и згодна и дека ти стоеле преубаво фармерките,девојчево си го зркала со другарка ти па дури и смеење паднало (додуша од нејзина страна) ама па жал ти било,епа сега кога јаде после ќе плаче....ооо чекај во следниот коментар од кога прокоментираа повеќе форумџики дека не мора да е од храната само сепак се согласи и ти...Искрено мене малку ми е дволичен постов,без навреди.Нејсе...се согласувам дека треба да има поголеми броеви,сепак не можат сите да бидат манекенки и факт е дека има крупни луѓе и таквата роба верувам дека би се трошела,не знам зошто некој не потегне иницијатива да се отвори некој бутик со таква гардероба...не зборам за гардероба која што веќе ја има во таквите бутици,туку некоја која ќе одговара за сечиј вкус.Да бидеме реални во сегашните бутици за поголеми броеви парчињата облека ни покојна ми баба не би ја носела,некои свиленки сукњички итн.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    и јас сум малку попуничка него што треба, и навистина ми се :puke: коа треба да одам да купам гардероба. за фармерки,панталони се наоѓа, ама за маички многу тешко, ке пробам 10 и од нив 3 ке се погодат. тешко, многу тешко! ;(
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас пак обратно мислам. Дека баш за дебелките луѓе има повеќе избор на облека отколку за слабите. Особено модава сега е за да си ја прикриваат дебелината со некои растресени широки блузи и.т.н. Јас неможам да си најдам облека, се ми е широко, ама пак, се наоѓа по нешто секако не одам во шопинг секој месец и ретко кога си купувам по нешто, ама за чевли е многу се нервирам. Кога ќе видам некоја шлапатарка штикла 40 и кусур број коса ми се крева, сериозно. Сфаќам дека има некои со толкави стапала ама па, не има и нас другите што носиме 35/36 број. Секогаш носам поголеми чевли, ми клапаат, па и стапалцево мое, кај е мало и слабо е, ако не е чевелот со некое ремче нема теорија да ми стои на ногата, си клапка и се вади |( Морам кога купувам да земам со ремчиња инаку ќе ги изгубам по пат чевлите. Плус па и како што секогаш земам еден број поголеми зашто неможам да си најдам... За матурска носев еден број поголеми чевли, едвај издржав, одев како да газам по јајца. Никаде неможев да си најдам 36ти број, се повеќе беа од 37 па нагоре, и морав поголеми, впрочем како и секогаш |(
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зависи каде. Бутициве колку што знам Калиопе, Бершка, Теранова пр. се стремат кон се помали и помали бројчиња (за моја среќа ама за нечија несреќа). Најголем број штп сум сретнала во тие конкретно бутици е Л. Во другите дуќани, продавници, пазари може да се најдат баш поголеми величини, спротивно од овие бутици. Сето тоа мислам дека е заради зголемувањето на бројот на дебели луѓе односно тоа се гледа како глобален светски проблем, и овие бутици намерно прават величини само за релативно послаби девојки како останатите не би можеле да си го најдат своето бројче. Другарка која е покрупна постојано се жали како и се свиѓаат многу работи во ГТЦ, Рамстор но не може да си најде број од нив и постојано се фрустрира. Од една страна сака да ослабе се труди и се (значи од една страна ефектот им е успешен), но од друга се фрустрира зошто е тоа така?! Како да не постојат величини над Л. Во секој случај за рамноправност кон сите а и за да се здобијат со повеќе купувачи сметам дека ваквите бутици кои негуваат помали бројчиња треба да имаат и поголеми барем до ХЛ или евентуааааааално ХХЛ така ќе бидат во добивка и тие, а и пополните девојки.Зошто да не?!Јас секогаш наоѓам, за чевли носам 38 или 38.5 за горе маички блузи ХЅ а за пантолони, фармерки ХХЅ.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    јас мислам дека за сите ее еднакво кога бев дебела неможев да си погодам оти ми беше тесно сега кога сум слаба неможам да си погодам бидеќи се ми е широко па....и нервата ми се крева така даа според мене исто е :rofl: :devil:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Како ослабна? :tmi:

    Јас сум пуна но секогаш си наоѓам облека, освен шорцеви но незнам ни како би ми стоеле! :)
     
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Anely во кои продавници наоѓаш облека?
     
  20. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Па да ти кажам искрено што се однесува до продавнициве по ГТЦ, Бисер не наоѓам ништо, тоа само за слаби е, освен некои блузички.
    Јас во шутка купувам фармеркии се но има исклучоци кога купувам од ГТЦ ( како што реков за блузички, маички но ретко)