Фала на одговорот. Јас обично купувам во Рамстор во олтра ( на втори кат кај окаиди). Има убави фармерки, пантолони, маички, фустанчина... цените се малку скапички но имаат и попусти
ja dodeka ne oslabam ne kupuvam farmerki,pantoloni ,suknji nemozam da se nerviram po prodavnici haha inaku koga ke oslabam pravo u soping idam i se ke si iznakupam ,sea uste 1 -2 meseci ke si nosam toa sto si imam a posle ke pocnam da se doteruvam epten
и јас сум пуна..сега таков ми е генот инаку јадам нормално имам другарки кои јадат многу повеќе а се слаби но не сум имала проблем со облеката си наоѓам нешто што ми стои и не е многу лесно но сепак наоѓам
Незнам зошто? Мислам дека тука пишав коментар ама делитнат ми е. Јас сум крупна, наоѓам најчесто во фемили шоп, или низ ГТЦ Центар, потешко но се наоѓа.. Сметам дека потешко наоѓаме ние, зошто ако ти се големи можеш да ги однесеш и на шнајдер. А за да ги прошириш ти треба ист материјал.
Јас сум пополничка, и да ви кажам право за фармерки си наоѓам лесно, ама нешто вака помодерно, кошулка некоја, блуза или слично тешко. Посебно во Теранова, Евроазија, Калиопе, се најубавите работи ги има а се ми е мало Не знаеле 2 броја поголемо барем, ко божем вајани сме сите во телото .Гледам другаркине пробуваат, купуваат и уште викаат дебели сме
Жити се кај ги виде тие кондури на штикла над 40.. јас 41 носам и сеа а полуматура ми се плачешеод што немаше броеви нема кај веќе не отидов... мислам и било какви кондури јас многууу многуу тешко наоѓам.. никад не го купувам тоа што го сакамм .. купивв едни штиклии кои не дека ми се свиѓаа туку дека немаше рој па кај уштене беа убави дадов 3500 денарии..
Има некои што се сучки, а викаат, лелее треба да ослабам. (си викам во себе, камо да бев како тебе ) И да, се наоѓа, ама секогаш за фармерки, еднобојни, сите ми се црни (некој ќе си помисли само 1 пар имам ) Сите се праени за манекенки. Со ова баш и не се сложувам.. Еднаш ми требаа стартки обични за по физичко, и ме мрзеше да одам подалеку, па ај кинеската продавница ми е поблиску. Значи максимум е 41 ептен малецко како 39, ги купив, ама ете ги ми стојат, еднаш ги облеков, и после тоа рани, што да ти кажам. Не да ме стегаат, неможам повеќе од 5 мин. да ги носам.
затоа што пола луѓе на светов шо праат алиште очигледно мислат дека постојат само слаби луѓе на светов доста изреволтирана сум и јас на ваква тема, језда не сум нешо дебела ама шо е ова влагам у продавница и тие фармерки шо се 26-28 и слично со 400 денари а тие 30-34 и слично се по 800 денари. Зашто јас да плаќам дупло ? А слични модели се и тие и овие фармерки а пак цениве се не знам-.-
Хмм.. Жално ..Инаку, и мене не ми е јасно зашо неможе и дебелите да си најдат облека од бутик туку мора да си шијат... И тие се луѓе !
Затоа што големите броеви како XL, XXL реално одговараат на S/M. Особено за материјалите што немаат ликра.
Не можев, а да не цитирам, едноставно ми боде очи напишаното. Не станува секогаш збор за дебелина од јадење, има случаеви каде голема улога имаат и хормоните. Особено ме иритира горе напишаното исто како што и во Убаво ми е што сум дебела... ме напна мислење на некоја друга форумџика. Дебелите луѓе можат да најдат облека. Мојата најдобра другарка има проблеми со килограмите, а сепак постојано ја гледам скоцкана по пропис. Има толку убав лик, очи, црти, стил, што буквално килограмите не се ни гледаат, барем не во мои очи. Да се вратам на прашањето. Постојат посебни продавници за луѓе со вакви потреби, каде цените се движат така малку повисочко. И не е точно дека единствено шнајдер му е мајката. Девојкава има повеќе гардероба од мене, што е верувајте многу.
И јас сега го видов коментаров, ама јас искрено не носам висок струк до горе. Немора да значи тоа.. Највеќе се нервирам кога ќе најдам фармерки со висок струк, и секогаш ги спуштам, и ми доаѓа како да сум машко. Дури и пижамите секогаш ги спуштам и ми се влечат.
Искрено од целиов твој пост треба да те потресе однесувањето на твојата другарка. Како смеела така да се однесува. Има ли таа домашно воспитување?? Јас да бев на местото од мајката на девојчето на кое и се смеела, ќе си добиеше тоа што и следува. револтирана сум зашто јас цел живот мака мачам со вишок на килограми и такви проблеми по продавници. А еве ви моја најтазе случка со една невоспитана како другарка ти. бев да купувам нешто низ продавници и од моделот што го сакав немаше бројче за мене. И во ред си барав нешто друго. Понастрана стоеа две пуфли и онака подругливо коментираа ( несвесни дека се се слуша а може и намерно), во стил што бара дебелава да купуватаков модел и јас никогаш нема да дозволам да сум толку дебела. Јас не реагирав, арно ама си разгледував во продавницата понатака. И двеве пуфли рамни како даски , земаа да пробуваат една преубава блуза со подалбоко деколте, ама пусто не стои. И земам јас иста таква, ја облекувам точна и поплнета на стратешки места зашто ме има побааги таму, и си ја купив, притоа додавајки гласно на продавачката која ми даде комплимент дека убаво ми стои, дека оваа блуза е за девојки кои имаат облини а не за даски за пеглање и си отидов.
во Македонија ај да не речам и феномен е да најдеш продавница за подебели луѓе ама во Америка не е така, мислам може само да се најде во главниот град ама во помалите градови тешко. Мислам дека сепак сме релативно слаба популација и затоа секој бутик тежнее да има асортиман според побарувачката, целна група најмногу се тинејџерки кои се слаби и затоа тие полесно можат да си најдат облека. Инаку јас сум во некоја златна средина , што да правам ПС: ова не се однесува само за бројот на облеката туку и за стилот, пример, мајка ми тешко може да си најде облека за средни години
Прв пат се сретнувам со темава и можам да кажам дека ова е навистина еден голем минус. Мислам дека би требало да постои специјализирана продавница, исто како оние кои ги отворија за трудниците. Но, при отварање на ваков објект постои ризик од ненормално накачување на цените. Прочитав некаде низ странициве за разликата во цени кога се во прашање конфекциските броеви....навистина некоректно. Немам ваков проблем, но искрено мислам дека многу би се нервирала да не можам да си најдам облека каква што сакам.
Ова одсекогаш ме иритирало! Во Македонија подебелите луѓе се дискриминирани! Значи се е кроено за слаби девојки,со тенок струк,тесно,со ликра итн..бројчиња секогаш до 42 највеќе има..и што да прават подеблите? треба да шијат,да фрлаат пари и на крај нема ни да им излезе така како што си го замислиле! Па не само што нема броеви..и да најдеш нешто широко и со голем број не е модерно да речам,не како тренди облеката во секоја продавница..од стартот дискриминација..среќа што постои за маживе гуливер што носат големи броеви на кондури иначе не знам од каде би нашле!
Јас носам 38-40, а на попустите прво овие броеви се трошат. Многу се нервирам кога ке најдам нешто убаво, на пола цена а останале само многу мали или големи броеви.
Мене ми е мило што сум слаба и не сакам да бидам дебела добро нема врска со облекава. Сакам да кажам дека сите можат да си најдат облека и имат и големи и мали броеви ама едноставно ко ќе потрошат тоа што ќе немат броеви е тоа многу ме нервират за тоа требит да си имаат повеќе работи, јас секваш ко ќе најдам преуба облека нешто пример маица,пантоли било што ии немам за мене број ете џабе сум слаба ..сепак ......поздрав
И слабите не можат да си најдат... На пример јас. Ми кажуваа за еден дебелко од мојата генерација дека за матура не можел панталони да си најде Некои па кога ќе видат дека не ги собира во она што сакаат да го купат, тоа им е мотивација да ослабнат.