Не туку затоа што ги носат од кина кај што се мали како пигмејци а ние не сме таа раса. Фала богу сега со онлине купувањево човек може да се облече од странство.
Затоа што нас дебелите жени не не сметаат за луѓе А за маживе може да има и до 56+ Да не беше Ваикики, за инат гола ќе одев
Па не е дека само екстра обезни не можат да се облечат, и за нормално полнички девојки нема, ниту пак за сосема нормални девојки само со големи облини нема асална облека кај нас. Почнувајќи од долен веш па до каква било друга облека, ни избор, ни материјали, ни дезени, ужас е. На прсти се бројат две-три места каде што може да се најде нешто попристојно, другото е ко облека за куклен театар, некои бројчиња минијатурни, или пак ставено L и нагоре, а не ти влегува ниту една рака/нога.
Веројатно затоа што облеката по бутициве им пристигнува во комплети при што малите и големите броеви се помалку застапени затоа што помал процент од луѓето ги носат. Ист е случајот и со чевлите, другарка работи во продавница за обувки и ми кажуваше дека кога од еден ист модел ќе им пристигне пратка, да речеме се смета оти најголем бр. од жените носат 37, 38 и 39 , така што овие броеви се најбарани и од нив има повеќе парови додека на пример 35 или 42 се помалку барани па според тоа има и помал број на парови. Пратките се намерно такви за да не им останат голем број на парчиња од некој број кој е помалку баран па потоа да мора да даваат големи попусти. Јас мислам дека токму поради ова помалку има мали и големи бројчиња. И нај без врска е кога некаде ќе прашам за број а тие ќе ми речат девојче стандардни се, божем сите луѓе се исти или пак ќе видам на некое парче број XL а реалната големина му е S.
Баш пред некој ден бев до една продавница,и едно девојче и вика на продавачката кој Ви е најголем број,и оваа и вика Л ,ептен тешко ако начекаш ХЛ,а Л и М исти беа,замислете па ХЛ....треба 100 пати да се исече некој за да влезе во нив,па не е ова Кина Пред две години носев Л ,сега носам М , кога купував фармерки Л ги плаќав мн поскапо од колку сега М.Не сме многу дебел народ,ама претерано е тоа,плус ѕ и м поевтини 10пати од Л и ХЛ
На вакви општи теми луѓето најдобро си ги покажуваат роговите.. Колку осудуваат.. Колку се ситат .. Колку се непријателски настроени .. Колку се ситни души Наоѓаме, не се секирајте .. Не е само Македонија шопинг парадајз
Зависи каде, во некои бутици навистина има доста комотни модели, онака баш големки, но зависи и од бараниот модел. Инаку, можно е да носат помалку роба со големи броеви, заради помалата побарувачка.