Ни чекам, ни молам да ми го направи некој првиот чекор. На дејт неам одено одпреднезнамколкугодини и само ќе речам дека машките се мочковци што кога ќе им се пристапи културно они бегаат. Јас не знам што им е, ни сакам да знам. Наредно, вадам прстенот и тоа е тоа. По брза постапка, нема сакал-нејќел.
Хахааа ама ме насмеа! Баш такви девојки сакаме ние машките да знаеш а сега што ти си налетала на бегалциве стварно не е фер за тебе. Позз
Господ здравје да им дае на таквите женски, да не постоеаја такви женски уште единствен контакт со девојче ќе ми беше само здраво поради крш самодоверба
Затоа што женските во повеќе случаи испаѓа глупава кога прва почнува. Машките се сметаат за тие похрабрите кои ќе се осмелат да го направат првиот чекор за понатаму очигледно да е што ќе следува. Односно дали ќе возврати женската или не и дали ќе е на истиот начин возвратено. Не дека женската нема храброст. Кога се работи за мене јас имам храброст да почнам прва ама само да е обичен разговор. Дека најубаво според мене така се почнува.
Не дека чекаме, само ако пристапиме ние први машките сметаат дека тоа го правиме со сите и ги одбива, мислат дека сме „радодајки“ и некои не сакаат да бидат со таква девојка која прва се пушта наоколу. Машките сакаат кога девојката е недостижна па затоа девојките си чекаат машкото да им пријде прво. Отсекогаш така било како некое непишано правило, вроден инстинкт или што ли..
Не знам, ова го слушнав од машки колеги со кои често паѓаме на вакви теми за машко-женски односи. Самите велат дека имаат девојки кои им пишуваат први пораки, им пуштаат слики на инстаграм и не им се интересни. Повеќе им се допаѓало кога девојката прави да се потрудат околу неа..
Алал за размислувањето на колегите. По се изгледа и двете страни допринесуваат кон проблемот, се додека му се тера филмот на таквите, ќе постои овој примитивен проблем. Просто никогаш нема да ми се разјаснат стереотипите околу тоа кој "треба" прв да пристапи и многу други изведенки од тоа треба(кој треба, шо треба и сл. глупости).
Поради предрасудите и ограничувањата што се наметнати од општеството... и поради ограничувањата што си ги наметнуваат сами на себе, поради синдромот што ќе кажат другите?
Ама јас стварно не ги разбирам машките денеска? Сакаат ние првиот чекор да го направиме? Сакаат ние да им бидеме нивен потрчко?
Лол, каква веза има тоа, ако некој ти се свиѓа да му отидеш прва, тоа потрчко те прави,??? Затоа после со 5 мачки на 35 години некои зборуваат машките вака машките така
Може имам коментирано на темава незнам али еве пак ќе коментирам. Сум приоѓала прва на машки исто и мои другарки приоѓале, а тие бегаат како ѓаол од крст или се заебаваат као у стил оваа прегорена е за мушко бе брат ќе си играм таквото. Ама буквално имам иакуства слушано и доживеано значи јас ств не ги разбирам маживе. Не приоѓам повеќе на муж прва.
@Elf тоа дека се пушташ или прегорена може да го мисли само некој што врска нема од животот. 21-ви век е, нели жените се исти со мажите? Плус, да не заборавиме дека сега ние сме чекор понапред од нив како самостојни и не гледам воопшто проблем на некого да пристапиш прва. А и некој да те навреди, тоа само го опишува него - а не тебе. Јас секогаш идам со отворени карти и не ми е страв дали некој ќе ме одбие. Ништо не сум изгубила, баш напротив. Сум била горда што не губам време на некој што не заслужува.
Inace jas ne rekov dwka bas nikogas ne treba da go pravime nie devojkite prviot cekor. Jas pred edna godina imav decko sto jas ako ne napravev cekor toj nikogas nemase da napravi, porakite gi viduvase a mi odgovarase eden den podocna od koga gi videl, i na krajot edna drugarka mi rece deka gi fatila vo kafic kako se lapaat (a bas taa nok koga mu se javiv rece deka bil vo Srbija i vozel da ne sum mu dzvonuvala. Tie vazni deckovci neka si go preispitat malku toa ponasanjeto
@snegulka55555 абе сега секој можеш да фатиш како лаже. Сум фаќала, ништо ново. Тоа не значи дека треба да си разочарана.
Toj ne samo sto lazese tuku lazese, susese... No jas sakam da kazam da ne se pravat vazni na nas devojkite! Mene mi se smaci da go molam za ljubov da mi pokaze... Toj maz sto posakuva 1000 zeni ne zasluzuva ni edna! Maz e toj sto saka edna zena na bezbroj nacini!
Мене тоа ми е повеќе од јасно. Меѓутоа ја немам таа потреба воопшто сега па ни во блиска иднина да приоѓам некому .. Мене поише ми беше зборот зашто они бегаат од решителни девојки со отворена енергија кои зрачат со самодоверба мене тоа не ми е јасно ,а ич не ми е гајле дали ќе ме одбие јас ако сакам да пробам ќе пробам. Исто случај со мои другарки буквално скрозз отворени пријдоа на машки кои си играа со нив, а јас бев сведок баш е одвратно па и коментарите што ги чув после тоа. Тука кај нас има многу затуцани луѓе тоа е факт сите кажуваат дека сакаат такви девојки, а во реалноста е сосем поинаку коа ќе се случи таа ситуација, а сум била сведок на многу.
@Elf те сфаќам скроз. Од што се несигурни затоа. Не можат да се носат со тоа дека женското презема било што пред нив. Од несигурноста во себе одбиваат. Едит: само гнаса може да испонижи женско.