Јас сум пишувала прва, и сум добивала одговор секогаш но имам заприметено барем од мое искуство дека повеќе се борат ако делуваш недостижно ако оставиш тие да пишуваат тие да се борат за да го добиат вниманието.
Исто, сум пишувала порано многу пати на тие што ми биле симпатии, секако не нападно, нормален разговор и ми враќале онака ладно и незаинтересирано, никогаш немало ништо повеќе од само разговор.
3/4 пати го имам направено првиот чекор. Ако веќе навистина ми се допаѓа некој и сметам дека би можела да изградам некаков однос со таа личност, не оставам на "времето" или пак да чекам на некого да му текне. Си ја пробувам среќата, и сите три пати ми успеало .
Не е до турско робство .. гледано од биолошки аспект машите функционираат како ловци и ги гледаати жените како плен. Прост пример ..мачка го брка глушецот се доколку тој бега и ако го улови го сметаа за награда .. ако самиот глушец и отиде не му е итересно и го остава. Ова е цела наукаа и е многу вистинита.
Затоа што подобро е да бидеш во твојата комфорт зона и да чекаш некој друг да го направи првиот чекор. Исто така и полесно е кога знаеш дека другата страна е заинтересирана за тебе, а овака ако ти направиш прв чекор може да бидеш одбиена. Секое одбивање е удар на самодовербата, само што мажите веќе се "отрпнати", а жените го сфаќаат повеќе лично и трагично. Затоа и ретко кога прават прв чекор.
Ќе коментирам лично за мене. Никогаш не сум го направила првиот чекор бидејќи сум too shy for that, не дека ќе ми падне круната, не дека имам страв оти ќе ме одбие, ниту пак имам големо его, едноставно сум премногу срамежлива за јас прва да пристапам, не можам да започнам прва разговор не пак да направам некаков чекор. Знам дека со тоа сум пропуштила многу прилики, но тоа е тоа, не планирам да се менувам. Мои другарки ме охрабрувале јас да го направам некогаш првиот чекор, но тоа не сум јас едноставно.
Не сум "крената" па не да ми е понижување да го направам првиот чекор ама проблемот кај мене е тоа што сум срамежлива и немам храброст, не дека ми недостига самодоверба туку ете немам храброст да му пишам прва на некој или да му пријдам во живо. Мислам со тек на годините ќе се опуштам иако не сум воопшто мала имам 25 години ако некој може да помогне како да соберам храброст и да се опуштам повелете добредојдени се совети, знам дека има девојки кои се опуштени, а јас пропуштам прилики .
Тачно другар, мажите со тек на време на сите тие одбивања стануваат дебелокожци. Ама па тоа има и контраефект, стануваш ладнокрвен, на цела таа дресура од одбивања. Меч со две оштрици, го губиш интересот.
Епа затоа наместо да се пушташ на 50 ќе се пушташ на 5 шо стварно те бендисале и нема да си ладнокрвен. Вие очекувате на секое излегување да завршите со некоја, очекувате на социјални мрежи да пишувате истовремено со 10 и сите да речат да. За мене - од срам и од предрасуди дека во секој случај ќе те искористи не сум се пуштала. Сега не би чекала, општо и за во врската, ако сакам нешто ќе си кажам, не можам да очекувам дека на другиот ќе му се сони шо сакам.
Пред 25 години 'бркав' дечковци и не ми било срам да пријдам прва. Некои одбија, некои прифатија... Еве, уште сум жива
Не си единствена и јас бев како тебе срамежлива многу, сепак чекав машкото прво да пристапи дури и потоа пак чекав 2 чекор, 3 чекор тој да направи... Хаха навистина глупаво сега кога ми текне. Не е толку лесно да се опуштиш знам, но се е до твојот ум како размислуваш треба да научиш да го контролираш тоа и да си подготвена за секаков одговор и чекор. Немој да чекаш почни од денес размислувај како ништо не доаѓа само мораш сама да се бориш за тоа што го сакаш.
Јас имам различни искуства. Прво кој е првиот чекор во ова наше време, да го дефинираме. Може да биде директно обраќање, пишување на социјални мрежи, кажување преку другари и сл. Целта е да ти даде до знаење дека е заинтересиран/а за тебе. Јас сум била во двете улоги и морам да признаам дека многу понеудобно ми е кога некој мене на било каков начин ми приоѓа. Одма ми влијае некој притисок или самиот факт што знам со каква намена ме контактира (сакам да кажам кога е јасно за што станува збор од прв момент). Не е дека јас не сакам или веднаш одбивна сум, туку има тука некоја reverse psychology кај мене. Како и да е, според мене најдобри first moves се прават во бар со многу луѓе, добра забава и алкохол. Тогаш сум расположена и можам со секого да си направам муабет без предрасуди. Но, за жал тоа е многу ретко ем кај помладите генерации ем во оваа пандемија. Јас како правам прв чекор? Прво мора навистина многу да ми се допаѓа дечкото. Тогаш има некоја внатрешна сила што ме тера да се обидам и не ме остава на мира. Баш како што се изгорев на 19 год. Толку затрескана, прво дознав дека имаме заеднички другари, договорив да имаме искачање како друштво и не ми беше гајле дали ми ја сфатил намерата или некој ќе му каже, баш напротив ми одговараше. Кога ја немав посакуваната реакција после долго време и неколку обиди од моја страна за комуникација, решив и директно да му кажам. И не ми возврати. Океј ми беше тогаш, се чувствував дека ништо не сум изгубила и баш си бев задоволна од себеси. Нооо, изгледа како што стареам не сум веќе толку слободноумна и храбра. Некако имам дојдено до заклучок дека ако машкото има некакви чувства или интерес за девојка, дека би делувал. Не знам, така и сум видела според моите другари. И како директно приаѓаат на девојки и како си го имаат тој лабав став: ќе и' пишам, па ќе видиме дали ќе ја бива работава. И затоа јас моментално во мојот живот чекам некој кон мене да го направи првиот чекор после сè што имам досега доживеано. Затоа што сега се чувствувам исплашено и како да имам што да изгубам за разлика од кога сум имала 19 год. Но, сепак си имам тактики и давам знаци (барем јас така си се доживувам) на личноста што ми се допаѓа за да и дадам до знаење: погледи, јавување или пишување за x причина само за да се најдеме во муабет и сл. Ама само се разочарувам кога нема да има исход, you know when the guy won't pick up on the clues...или полошо when/if he does, ама нема ништо да возврати и се мислиш зошто. И се прашувам, па до која мера треба да биде(изгледа) еден прв чекор или приоѓање за да дечкото сфати дека му се допаѓаш? Не планирам повторно некому директно тоа во фаца да му го кажам хаха.
И еве откако го напишав погоре постот, си викам и што ако му пишам сега на овој дечко? Ама страв ми е, бидејќи ќе знае/сфати зошто му пишувам. И добро ќе се престрашам за тој дел и ќе му пишам и после тој сигурно ќе ми возвраќа бидејќи е фина возрасна личност. Има два исхода, или ќе прерасне во нешто следно или ќе заврши на некој awkward начин со таа последица што тој секогаш ќе знае дека јас некогаш него сум го свиѓала. А тука живееме и тие луѓе ги знаеме. И ете зошто сега на овие години немам храброст. Бидејќи го немам изговорот да препишам на "бев дете". Ранливоста постои, но дали дозата на наивност.
Од премногу размислување си патите. Бидете свои, бидете искрени, испитајте терен претходно. На трула даска не газете и нема да се разочарате.