Очигледно некои девојки очекуваат ако му пријдат на некого прв, тој веднаш да скокне во нивните прегратки, а не земаат за можност да тој нив не му се допаѓаат. Значи ако они први пришле машкото мора да прифати, ако не прифати веднаш се откажуваат од помислата следниот пат они први да пријдат.
Мене лично ми имаат момците први "пријдрно" и има случаи кај шо јас сама сум го направила првиот чекор. По некое си непишано правило или некоја си невидлива виша сила, на момците шо јас прва сум им пишала ги сакав сакав повеќе од оние кои мене ми пришле. Според мене, моите искуства и "патешествија" поголем дел од денешните девојки имаат повеќе муда од машките....
Затоа што живееме во Македонија. Едно парченце земја каде и деца од 15 и мажиња од 30 се понашаат ко дрва зелени. Ако пишеш, искажеш допаѓање преку пријатели, дадеш суптилен знак или пристапиш, одма си лесна, ку*ва, некоја што ја поминале сите, пикадо и уште кои се епитети не се користат. Воедно многу веројатно е дека ќе се прават пресмешки со другари, ќе си игра мајтап со тебе или пак ќе оди на топло-ладно тактика. Од друга страна, ако некоја нив им бапне корпа одма муабетот е „Абе браааат ти акна корпа оваа а? Еј остај ја таа цел град ја има поминато, ела ќе ти кажам ја на кои да им пишеш“. Така што тука да пристапувам прва, немам намера. Ќе си праам јас пресмешки со нивните глупи фрази со кои почнуваат муабет. Ќе си гледам сеир кога барем некогаш и тие може да го искусат чувството да бидат наречени амеби. Секако дека на човек со муабет на место не би му се понашала вака, ама на сите други да. И да, не ми е проблем да пристапам прва. Ама ако го направам тоа некогаш, тогаш ќе биде некаде подалеку од Балканскава тиња.
А зошто би му пристапувала инаку на човек кој нема муабет на место? Многу сте ги искомплицирале работите во меѓувреме или одсекогаш биле такви?
Не јас да му пристапам, туку од тие што ми пристапуваат кога некој има муабет на место не му се понашам така.
Во Македонија и ми имат пријдено и јас го имам направено првиот чекор. Се на се најмногу имам 4-5 пријдено . Еден од нив ми беше дечко , а друг сега ми е најдобар другар . Но , не секој пат имам среќа