1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто девојките чекаат машкото да го направи првиот чекор?

Дискусија во 'Сингл' започната од Tyrion, 20 април 2012.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    З'ш така пишува во приказните...А ние сме си принцези, е не...
    Јас лично си пуштав сигнали ако ми падне некој во око, дискретни додуша ама доволни за да му текне...Е после си чекав, оти така поинтересно ми беше, башка принцеза нели, не ме личи нападна да сум :emo:
    Со тек на време мислам дека работите се менуваат, девојките се послободни, а често дури и се претерува (за мој вкус)...
     
    На Moira, srcekrsacka и marama им се допаѓа ова.
  2. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    Океј и ја сум за еднаквост меѓу машките и женските ама сепак во општеството има одредено некои машки и некои женски улоги и од увек било така. Жената ќе си биде дама , а мажот џентлмен ;) , али ако џентлменот е прилично срамежлив онда дамата мора малце да го поттикне :D
     
  3. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    Па јас мислам дека и не се чека баш од машкото во денешно време да го направи првиот чекор.
    Како што кажа една од феминките и девојките први пристапуваат што некои дури и претерано слободно се однесуваат можам да кажам.
    Но како што знаеме не сме сите исти и не гледа секој исто на ситуацијата независно дали било машко или женско. Некој сака да освојува некој да биде освоен.
    Факт е дека некој мора да го направи првиот чекор па макар добил "корпа" што и не е нешто сериозно и крај на свет.
    Ако пробаш имаш шанси 50:50 ако не пробаш 0.

    Се зависи од тоа кој и како ти приоѓа. Сум била во ситуација кадешто во друштво дечки така најверојатно посрамежливи, не' меркаат цело женско друштво се плеткаат околу нас а не знаат како да пријдат, да им пружам рака да се запознаам и да ги запознаам со моето друштво. Се запознаа срамежливо кажаа по некој збор и се изгубија , изгледа се исплашиле :lol: ( или срамежливоста била преголема) :D

    Мене лично не ми пречи да бидам иницијатор за средба со некого, доколку ми се допаѓа.
    Но она што го имам забележано кај повеќето машки е што одма автоматски ги асоцираш на секс.
    Па добро бее алоо, ако те викнам на кафе не значи дека сакам да те легнам! :fubar:
    Ова не можам да го сфатам или пак јас налетувам на такви, но машкиве се ептен желни за секс за една ноќ, ко да не виделе ај да не кажам што. :^)
    Иако секоја чест на исклучоците сеуште има по некој дечко што знае како да се однесува и почитува девојка. That's good. :)

    Па мислам дека одговорив на прашањето на темата имам едно прашање до основачот на темата.
    Што мислиш ти за девојка која го прави првиот чекор? :)
     
    На Volsebnicka05 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ова важи и за девојките зашто не мора да значи ако ја викаш на кафе дека сакаш да ти стане женска а повеќето баш така го тумачат тој гест.

    Така да „проблемот“ е обостран и се должи на малку заостанатиот балкански менталитет каде машко-женските односи се гледаат сеуште строго црно бело.
     
    На Trendafilka и Annath им се допаѓа ова.
  5. Tyrion

    Tyrion Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    ако вас ви е глупо зошто нас не би ни било глупо? :)

    Хах.. тоа сигнали мигнали не ти се важат, не сите машки разбираат сигнали, говор на тело, вамте тамте (пример јас, теле сум). Се знае што е вистински конкретен чекор.

    Е сега и ти 50-50, не се баш 50-50, зависи...
    Муабетот ти е која е веројатноста ако излезиш надвор да видиш диносаурус? 50-50, или ќе видиш или нема да видиш...

    Јас искрено за девојка која го прави првиот чекор имам многу добро мислење. Со тоа девојката покажува дека знае што сака, дека не си ја крева цената, дека е храбра, итн итн... :) И никогаш не би ја окарактеризирал како лесна, наметлива или што ти ја знам :)


    Ги прочитав сите одговори, повеќето од вас напишаа дека би го направиле првиот чекор. Многу сте јаки на форум, а каде сте во живо? Јас лично никогаш не сум запознал таква девојка. Поларни мечки, треба да се заштитат со закон, изгледа многу се ретки :)
     
  6. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Затоа што на повеќето од нив у глава им се врти дека доколку го направат првиот чекор ќе изгледаат
    многу ниско,значи моментот курва прави сериозни пречки у нивните мозоци :D .

    Кога машко им приоѓа ќе можат да си најдат психолошка рационализација и да речат: он ме заведе,
    едноставно се случи,удривме по 2-3 текили и едноставно се случи итн.,што е на некој начин бегање
    од "одговорност" за целата ситуација.Коренот на тоа проблемче може да е подлабок како на пр.девојката си нема расчистено со себе и сексуалноста,можеби си има делумно расчистено но притисокот од околината е многу голем,или едноставно се пали да биде ловена,или е одговорно лице за мавање корпи на вечерта :D .

    Типки кои си расчистиле со својата сексуалност,и за кои не е нешто страшно да завршат у кревет истата вечер со ОК типови,нема да имаат проблем да пријдат.Второ,со самиот факт што чекаат некој
    да им пријде,контролниот механизам е у нивни раце :D .Темата е многу подлабока и е индиректно поврзана со многу други ствари, како на пр.фактот што ретко која девојка знае како да пријде на машко,и како да води и одржува интересен разговор.Они мислат дека ако кажат едно здраво ја завршиле цела работа,и дека повторно на нас останува одговорноста да трубиме цела вечер :D .
    Тоа нешто слично ти е ,и пријдам јас на некоја типка и да и речам само здраво,она да ми возврати со здраво и јас да се повлечам и да оставам на неа да труби цела вечер :D .По мене ирелевантно е кој ќе иницира прв(иако е олеснителна околност доколку тоа го прави машкото :D ),се додека двете страни се во состојба да сврзат барем 2-3 просто-проширени реченици.
    Мумии и операција клешта се недозволиви :D ,иако се почесто тоа станува тренд.Се средила,се налицкала ама џабе.

    Друг моменат е премногу енергија се троши у оваа иницијална фаза.За тоа говорат ситуации каде дури од 5-7 месеци им се потребни на дотичните за иницијален контакт со сите тие игри и игрици,за да откако ќе се фатат врската да трае само 2-3 месеци :D .Двете страни треба малце порелаксирачки да го отпочнат иницијалниот контакт.Јас би бил посреќен да гледаме примери каде 1-2 недели им биле потребни за иницијален контакт,па се фатиле а врската траела дури една цела година :D .
    1/3 до 40% од жените ќе продолжат да имаат длабоки психички проблеми и ќе завршат со тепачи,
    криминалци,алкохоличари,наркомани и остали кои ги третираат како обична с*ока,ќе ги повредуваат
    и ќе ги деградираат.Како што за тие типови е потребна интервенција од типот лекување,едукација и
    ресоцијализација и за таа категорија на девојки потребна е помош од стручни лица.Кога вакви бројки
    се гледаат на некој начин прашањето станува ирелевантно,особено кога за солиден % на девојки,
    критериумите за добри женски чевли се побитни од критериумите за нивниот иден партнер :D .
     
    На Ema.Sk и Tyrion им се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Жените раѓаат, 1000 саати трошат на разубавувања, депилиции, е сеа уште првиот чекор :D
    Нешто за мажите да остане треба :P

    Машкото треба да е за 1% подоминантен во врската, тој е столбот според мене, и затоа треба да е похрабар, додека жената е круната во врската. :)
     
    На senjorita-v и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  8. Antonija123

    Antonija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    73
    Прво и прво многу нејасен ти е последниот дел од коментарот. Ако добро те разбрав, тврдиш дека најголемиот дел од оние девојки кои не иницираат први вербален контакт ќе завршат со силеџии, наркомани и слично? Па на која основа го извади овој заклучок ако е така? :D За 1/3 до 40 проценти од девојките да завршат со криминалци, силеџии, треба отприлика исто толкав да е бројот на силеџии во едно општество а да беше така, надвор ќе владееше беззаконие. И дали муабетот ти води кон тоа дека мажите кои се поголеми иницијатори мора да се криминалци склони кон физичко и психичко малтретирање?

    Овој дел го цитирав издвоено затоа што не е вистинит, со исклучок можеби на подвлечениот дел. Значи, тоа е тоа, нема потреба од некоја голема филозофија. А и да не заборавиме дека секој претставува личност за себе, така да генерализации врз основа на полот не се потребни во многу теми како оваа.
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ако ми е за мување и за добар провод, заебанции ,немам проблем со приоѓањето. Но, ако некој многу ми се допаѓа тогаш свесно се однесувам можеби контрапродуктивно т.е. го ставам на игнор, и со сите во друштвото се закачам , се смеам, него не го приметувам и ко некоја кретенка чекам тој да ми пријде прв :x .
    Неколку пати дознав отпосле дека така сум одбила од мене некои со кои можеби ќе сум била, но добиле впечаток дека не ги поднесувам :worried: ама тоа е... Дали инат, дали гордост, ама кога некој ми се допаѓа ми е важно што тој мисли за мене и никако не сакам да му ги кренам акциите во старт, и си помислувам, па ако истоо толку му се допаѓам и јас , нека биде побрз и нека го скрши мразот тој, а ако не се потруди не вреди....
    Знам дека ми е погрешно ова , ама изгледа е гордоста посилна....
    Еве и сега го правам истото со еден дечко што ми се допаѓа , и си се нервирам зашто мојот озбилен поглед кој се трудам да биде што поладнокрвен и краток, како не приметил дека тоа што само него така го гледам а на сите сум им насмеана, се зезам , опуштено, можеби нешто значи.....
    Му кажав на еден другар , ми понуди да не запознае, ама не сакам местенки....
    Па како може сите други да се околу мене, да се закачкаме, смееме, а тој само кратко ме погледнува и се си е замислен :punch: или нека ризикува или не ми ни треба ...
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Зашто да „ризикува“ кога му праќаш сигнали дека не си воопшто заинтересирана :D ? Која е поентата да ти приоѓа кога очекува дека ќе добие корпа? Така он размислува а како ти размислуваш си кажа самата ама се почесто приметувам дека вие едно сакате друго правите и после ви е криво зашто не ве канат :D.

    Ми се свиѓа ама ќе го игнорирам, молам ?

    Во принцип еднаш канам на кафе и ако ме одбие, втор пат може да биде после 3 до 6 месеци (ако сме у контакт) а трет пат нема веќе шанси па на која и е до играње недостапност ќе си остане сама (ако тактизирала) :D.
     
    На Tyrion и Annath им се допаѓа ова.
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Па не сакам да примети дека ми се допаѓа.
    Ти како кажа негде дека кога некоја ти се допаѓа стварно се ќе дознаеш за неа, и машко ако многу се заинтересира и ќе ризикува :nod: а и треба да си спореди како( звучи глупо, знам ), ама ја губам насмевката од лицето кога ќе го видам, целата таа промена која е само спрема него треба да ја протолкува...

    Едит: Зборувам за кога не се имам лично запознаено со некој, или само онака се познаваме :)
    А тоа со одбивање кафе им го правам само на оние кои не ми одговараат во тој момент, па си ги чувам како резерви, и можам да кажам дека се големи инати кога ќе бидат одбиени , па не три , сто дена и кафиња ќе понудат, зашто им станува предизвик.... И тие се долго тука негде присутни , дур не се стават во некоја врска, зашто не го добиле тоа што сакале..
    Не мора да се согласувате, ова се мојот став и искуства :)
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не секој за заљубува до уши само од гледање, треба посебен карактер за такво нешто и колку си поискусен се помалку паѓаш на убава фасада туку чекаш да видиш што има од ентериерот внатре пред комплетно да заглавиш :D.

    Ти не само што не даваш сигнал дека ти се допаѓа туку даваш сигнали дека не ти се допаѓа така да сама себе си штетиш и губиш потенцијални добри прилики.

    Машко што неделата запознало две девојки (едната си ти да речеме) и ти го игнорираш а другата му се смешка најпрво неа ќе ја покани за кафе а ти ќе останеш за резерва.

    Што е толку страшно да дадеш сигнал, едно трепкање со очи или една насмевка или еден допир по рака, па не боли ништо а и онака целата работа потоа машкото ќе ја прави а ти само ќе чекаш и ќе викаш ок :D.

    Пусти инат :D.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Ми се случи тоа пред неколку год. пред да се фатам со типот што ме прелажа, запознавме едни дечки во дискотека, и тој што ми се допаѓаше го игнорирав,и со другар му се зезав цело време, па на едната другарка и реков кој ми се свиѓа, и кога се свртев тој веќе се муваше со другата моја другарка која му се стави во друштво.. После се муваше со трета девојка , па не ми беше жал.
    Инаку знам дека ми е погрешен пристапот, ама тоа е... нешто ми е посилно и од внатре така ме тера... :fubar:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371


    Ок, ти треба да сретнеш тип со екстрасензорни способности кој ќе осети дека едно сакаш, друго мислиш, трето правиш и се ќе биде ок :D.

    Жени :lol:
     
    На srcekrsacka и sweet25 им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Машките се ловци, отсекогаш и биле, поинаку би функционирало кај жена со зголемен тестостерон и феминизиран маж :^) :D
    мене ми е убаво да ме освојуваат, такво чувство се има само на почеток на врска и е незаменливо. Не дека би ми било срам да му пријдам, зашто не ми е, ама со човек на кого ја прва би му пришла, би имала само краткотрајна авантура, а не врска. Е сеа, ако мојата ’’симпатија’’ е премн срамежлив, ќе направам се што можам за да го опуштам и за да му дадам до значење дека ми се сфиѓа (пораки, комплименти, допири, смешки), ако и тогаш не бива, ќе си свртам глава и ќе чекам на друг ловец :)
    Јас мислам дека на машките им се допаѓа тој процес на освојување на девојка, зашто се осеќаат посамоуверени и баш машки во тие моменти, а на девојките им се допаѓа вниманието и исчекувањето. Нема големи филозофии, некои работи едноставно се такви по природата, и како и да вртиме и да пробуваме да ги менуваме би биле чудни и страни...барем според мене :)
     
    На srcekrsacka, sesilija и XMaN им се допаѓа ова.
  16. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас значи сум сосема обратна :D
    Мене ако ми го фати окцето, без проблем ќе му се приближам,посебно со дискотека. Арно ама детето треба доста да ме привлечи за таа работа, инаку не тргнувам
    Во последно актуелно е ова со боцкањето и аднување пријатели на фб како еден од начините да му се доближиш на некого... и тоа не ми е којзнае што, сум аднала, сум пишала прва, не гледам ништо што е чисто машка привилегија. Замислете, мене ако ми се допаѓа некој,а при тоа тој да не знае, која е шансата баш мене во полна дискотека луѓе ќе ме примети? Не викам да биде тоа нападно или досадно, но да се доближиш и да започнеш разговор- зошто да не.
     
    На XMaN, bittersweet и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.248
    Пол:
    Женски

    А што ќе се случи ако забележи дека ти се допаѓа? Ништо лошо нема да произлезе од тоа. Можеш само да профитираш, односно да добиеш многу. Ако се правиш ладна и го игнорираш не можеш да очекуваш дека ќе ти пријде само затоа што сака да ризикува да види дали тоа ти е маска или навистина си таква. Машките во принцип тешко дешифрираат сигнали, а глумењето недостижна личност не го сфаќаат како позитивен знак. Затоа и не приоѓаат. Мене лично ме чуди како момците досега не го пробиле ова, со оглед на тоа што кај нас по дифолт голем процент од женската популација играат ваква игра.

    Една девојка не мора да биде којзнае колку атрактивна и привлечна, може да има и другарки кои се позгодни и поубави од неа, па пак да биде попривлечна. Тие девојки се самоуверени, храбри, имаат искрен и отворен пристап и не се срамат да пријдат први, поточно да почнат разговор без никаква намера. Затоа и најчесто го добиваат тоа што го сакаат. Ако им одговара, супер, ако не, никому ништо, има други риби во морето.

    Времињата се менуваат. Ако момците порано биле ловци, не мора да значи дека и сега мора постојано да го прават тоа. Колку е лицемерно кога ние жените бараме еднакви права, се бориме против половата дискриминација, а од друга страна - уште сакаме да живееме во праисторијата барем што се однесува до додворувањето, врските и бракот. И да, многу сакаме да читаме бајки и да веруваме во нив. А тие немаат никаква допирна точка со реалноста. Ниту една девојка не е принцеза, ниту еден маж не е принц, не живееме во бајки.
     
    На srcekrsacka, Tyrion, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    :D хехехе совршен :D
    Ме изнасмеа :lol:
     
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Annath се согласувам до негде и со тебе, ама ете овде си се отвараме и си го кажуваме мислењето,а баш пред да ја видам оваа тема размислував за оваа моја маана, зашто пред некој ден бев во ситуација да ме упознаат со еден така што ми се свиѓа, ништо посебно, ама ме фати инат, и си викам, како другиве можат да ми пријдат, нека се снајде тој, а за жал не можам ни насмевка да му пратам ,како некој инат, ко да сум му лута ќе го погледнам ко да ми е сеедно, а со другите ко сто години да се знам :D , и е многу глупо, ама така е, како е, па ако не ме отшифрира, ќе си завршам со некој што не се замарам како да се понашам со него :fubar:
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не мислам дека оној кој ќе пристапи прв има некоја надредена улога во однос на другиот...Ако јас чекам и се понашам ко принцеза :D во освојувањето не значи дека сум срамежлива, затуцана или не си ги земам правата што ми ги нуди 21 век и што сум ги добила со помош на феминистичките движења...
    Си знам колку можам само сакам да си го земам тоа дискретно и на мој начин како што верувам и многу други, сепак е тоа ствар на карактер и нема врска според мене со полови еднаквости и сл...