Не е работата до приоѓањето, конкретно за моето мислење си кажувам, зашто ја сум многу отворена личност и лесно навлегувам во разговор со било кого (ако и таа особа е расположена секако). Мене ми беше муабетот за првиот чекор кон врска, не кон запознавање. Зашто ми е многу глупаво јас прва да го бакнам или да го фатам за половина, за колено па да му речам душо многу ми е убаво со тебе, сакаш ли да сме заедно Некој ќе ме разбере погрешно и ќе ме замисли како некоја цура со дигнат нос, како седи во кафич и чека некој набилдан со его мушкарац да и пријде и да ја залапа хахахах. Не! Значи, убаво е кога машкото ја превзема контролата, кога ве зграбува за половина или ве притеснува во некое ќоше, кога ви шепка (за такво освојување зборувам). Зарем на некое машко му е убаво ако жената ова го направи наместо него? Оставете настрана еманиципираност, бајки, принцези. Ова е реалноста. Зарем е тој маж ако не го направи првиот чекор? Ако чека вие да му седнете во скут и да му ’’симнувате ѕвезди’’? За мене не е доволен, па сеа кој како си преферира...
И јас сум исто многу отворена, можеби и премногу кога се споредувам со други, само инат што ме фаќа кога најмалку треба, а инаку се знае , т.е. поубаво е и тоа е некое според мене непишано правило дека тој чекор за поголемо зближување треба дечкото да го направи, не за друго, туку ако веќе поминал првиот контакт, понатаму е многу лесно да се заведе, сите имаме сензор и мислам дека ако веќе има хемија меѓу двајца ко што кажа ,едноставно дечкото треба да биде МАЖ и да ја ГРАБНЕ девојката
Според мене цитираното е основата на „проблемот“ - се` зависи каков маж сакате и какви сакате да сте во врска (доминантните сигурно ќе сакаат и во фазата на „удварање“ да ги држат конците ) Јас сакам таков каков што опиша кравче, и затоа не би си зела за право директно да го „поттурнувам“ на било каков начин. Дека ќе дадам знаци - ќе дадам, ама ќе тргнам со оној кој ќе биде доволно „паметен“ за правилно да ги прочита истите
@Antonija123 Не си ме разбрала добро,затоа ти се јавуваат нејаснотии . Не тврдам дека најголемиот дел од оние девојки кои не иницираат први вербален контакт ќе завршат со наркомани,криминалци итн.,не знам каде го прочита тоа.Поентата беше,во ситуација во која 1/3 до 40% од девојките имаат длабоки проблеми,на некој начин прашањето кој прв иницирал станува ирелевантно.Ирелевантно е да разговараме кој прв почнал,кога ефектот на крај e длабока љубов со некој наркоман,алкохоличар,тепач и тежок криминалец итн. Твојава логика и математика околу бројкиве претпоставува 1:1 сооднос,и го занемарува факторот време а тоа би рекло во период од 10 год. да речеме 500-1000 жени од оваа категорија ќе бидат жртви на да речеме 100 машки од онаа категорија.Второ,дури и статично да гледаме на работава,постојат ситуации на паралелни врски кои се,многу чести.Пр.еден таков тип е у 2 "сериозни" врски,и плус работи на страна жена која е у брак со добар момак. .Трето,дури и да земеме дека соодносот е 1:1,никаде не реков дека 100% од тие 40% ќе бидат опасност по околината.Некои од нив се само предизвикувачи на домашен пекол,други не си ни криминалци,ни алкохоличари,ни наркомани,ни тепачи,но вербално ги деградираат тие девојки до коска. Одговорот на твоето прашање "дали муабетот ти води кон тоа дека мажите кои се поголеми иницијатори мора да се криминалци склони кон физичко и психичко малтретирање",e НЕ. Кога станува збор за вистината на овие теми, машките си имаат своја вистина,а девојките си имаат друга вистина .Едноставно како машко не можам да прифатам дека отпочнувањето на иницијален контакт со машко за девојките не создава:непријатно чувство,чувство дека е лесна т.е. дека е на послужавник,како и притисок од околината во врска со тоа нејзино "нападно" однесување.Исто и во врска со сексуалноста. Како на пр.за девојка ипол у француските делови на Канада е нормално доколку кликне со машкото уште истата вечер да заврши у кревет,и тоа по нејзина иницијатива,без притоа да прави драми и драмулетки од тоа.Дали тоа значи дека таа типка е курва?НЕ. Некои од девојките си расчистиле дека сексот е заедничко уживање,а не е нешто каде едната страна дава а другата зема.Второ,средината е малце поразлична и притисокот врз тие девојки е многу помал,едноставно не се замараат дали Перо,Станко или Ацо јадел бурек,затоа што сексот е потреба и за машките и за девојките и не е табу у тие средини.
Ама стварно сте комплицирани . Колку пати сте пишале он ме свиѓаше јас го игнорирав сега (после 6 месеци и типот со друга) јас го свиѓам и што да правам ? Затоа кој се срами ќе си чека кој не ќе си се пушта па некогаш ќе пие корпа ама па многу почесто ќе си заврши со женска .
Колку пати сте пишале он ме свиѓаше јас го игнорирав сега (после 6 месеци и типот со друга) јас го свиѓам и што да правам ? е поточно од ова нема.
Ако не ти била таа поентата тогаш не гледам причина да мешаш со кого ќе завршат голем дел од девојките и како. Второ, во врска со болдираниот дел околу наводниот притисок кој го чувствувале жените од околината, пред да ги делиш нештата на две вистини, можеш да кажеш дека ти така ги перцепираш работите од твоја гледна точка, но не мора да значи дека е така, освен тоа јас, припадничка на женскиот пол од своја гледна точка ти потенцирав дека не е, одговорот честопати е многу поедноставен и нема потреба да се бара во разни психологии и филозофии, сепак ти одлучуваш дали ќе веруваш или не. А во врска со последниот дел, девојка од француска Канада или од центарот на Њујорк, така се однесува пак, затоа што општеството таму така налага. Колку е во ред и колку "помал притисок" пружа таа сексуална ослободеност е друга тема, статистиките говорат нешто друго. Емотивна и психичка лабилност, чувство на неисполнетост и хронична депресија не е ништо непознато за младите луѓе таму, бројот на разводи и на несреќни бракови кои се процентуално позастапени отколку во некои други краишта на светот и т.н. Верувај, после тоа настануваат поголеми драми, а не драмолетки. Не навлегувам повеќе, зашто како што напишав тоа се веќе други теми. Чудно, зашто мене баш такво нешто не ми се случило
ИксМен, да си ми жив и здрав! Знаеш, многу ме иритира женскиот род понекогаш. И вие си имате бубачки не дека не, ама за тоа во друга тема Конкретно синдромов, приоѓање од страна на машко, и особено ќе зборам за „трендот“ у Скопје, а не дека ќе бидам прва што ќе го речам - ама сериозно, кој машки полов орган им е на повеќето девојки?! Абе опушти се малку, напрај муабет, дај шанса, 2 минути нема да те убијат од учтивост, или култура, што и да е, после ако не ти штима биди исто толку учтива и кажи, чао. Бев излезена со еден другар у кафич, и зборевме за тоа, како е возможно е токму на такво место да се упознаеш со некој. Вика, кафич е, не можеш спонтано да направиш муабет, значи ако некоја ептен ти фати окце, и праќаш сигнали и мораш да и пријдеш. Ама често пати, ти удираат игнор или вртење со очи. И токму тука настанува најсмешниот момент. Маса со девојчиња. Маса со момци. Еднава од првата се шмека со еден од втората. Едно добри - саат време. Очигледно си се допаднале взаемно. Типов конечно станува да го направи првиот чекор, пошто е нали машко а од мажите тоа се очекува, и цуцава ладнокрво го отерува да не речам кај. А се тресе цела вечер за истиот. Ама битно искочила јака пред другарките. И после се зачленува на Фемина и прашува - ми се свиѓа еден тип, итн, прикаската на ИксМен. Сериозно ми иде да затепам и тегнам за плетенки у вакви ситуации! Ама што да се прави, фактор зрелост и фактор возраст, се главните причинители. Зрела и оформена личност, освен ако не е сељак у гени, нема никогаш да се однесува вака. Работава е, девојките чекаат да им пријде мажот прв, за да можат да покажат како у дел од секунда знаат да го откачат. Па шо знам, оно да, џентлменски потег е, се очекува по некој си бон тон, ама кога веќе очекуваш џентлменски потег од спротивната страна, биди дама и направи му барем муабет за возврат, ако ништо друго, од куртоазија, култура, како ли да го наречам веќе, сеедно е.
^^^ Не видов ни едно женско да пише дека така се однесува , а и не знам од мои и на другарки примери, ако има такви во право си , тоа е најглупо понашање, да флертуваш со некој , да го наведеш да ти пријде за потоа да му се испонашаш и да испаднеш "типка" пред друштвото.. Тоа може само некој недозреан да го прави Инаку јас ако добро ја разбрав темата, овде се прашува за оној прв чекор кој да го направи, а понатаму нели се е полесно... Јас кај мене пишував дека сум го воочила тоа однесување, и си ја знам таа маана отсекогаш , но сеуште не сум ја искоренила На пр. мн лесно се спријателувам со машкиот пол, тоа не ми било никогаш проблем, дури ако негде сум сакала да идам , а друштвото мое не , сум идела сама и сум си наоѓала веднаш нови пријатели. Единствено кога станува збор за некој што стварно ми се допаѓа , е тогаш тоа пробувам што подобро да го скријам , да видам дали тој прв нешто ќе направи, и тука во тоа криење претерувам малце па го ставам скроз на игнор Чекам да пишат други дека не сум единствена ???
Па еве го тоа однесување, ти самата си пиша. Веројатно не го правиш тоа со некоја злобна намера, ама никој не гледа на гравчиња од машките за да знае - дали го игнорираш тотално зашто си кучка, или затоа што ептен ти се допаѓа. Од поголемиот број коментари сфатив дека општото мислење е дека - машките се ловци, а девојките пленот, па колку тоа импонира кога машкото ќе ти се џитне, ќе се опсипе со комплименти, а ти ќе трепкаш како некоја збунета кукличка... Фали уште да ти падне свилената ракавичка на земја, тој да се наведне да ти ја подаде и оп - вашите усни ќе се спојат во целуфка. Абе ајде. Инаку да, нормално годи и ласка кога машкото е џентлмен, презема иницијатива, ама да се разбереме - и јас сакам да имам удел во тоа. Не сакам воопшто само тој да ја води играта. Ако некој премногу ми се допаѓа, нема да ми се срони бисерот да отидам и прва да кажам здраво, да се насмевнам, да побарам некој кој го познава подобро да ме запознае, да му пишам прва пораче или на фб, сеедно... и таа покана која ќе ми ја упати за кафе, реално - јас сум ја иницирала со милион мали патоказчиња и сигнали, неговото е жити само да рече - ајде да одиме на кафе, со 100% сигурност дека ќе кажам да. Мислам дека Анат ги спомена тие машки кои реагираат бурно, да не кажам сељачки (веќе кажав, но не се извинувам) кога ќе им пријде девојка, а тие си го пумпаат егото и упатуваат погледи од типот - види ја човече колку е запечена, браааат на оваа и се ебе и се плаче, прва ми приоѓа. Тука искрено си правите сами на себе ненормална услуга. Веднаш гледате со каков закоравен балканец си имате работа и велите чао,пријатно. А шансата да откриете дека е таков селе ако тој ви пристапи прв со коментарот - ти си убедливо најубавата девојка тука, е многу помала. Се повеќе има машки кои ја ценат женската самодоверба и храброст и не ја поистоветуваат со етикетата лесна девојка. И многу ми е мило поради тоа.
^^^ Не се разбравме ,ама ок е Инаку како звучи вака болдирано ко што си ги издвоила зборовите ме изнасмеа
Џабе чекаш никоја нема да признае дека го прави тоа, а сите го прават. И јас сум го правела, не велам не, ама тогаш бев уште тинејџерка. Поголеми драми правев тогаш, отколку подоцнакога созреав малку. Колку ли само момци сум игнорирала, само затоа што ми се допаѓале. Важно е да се сфати дека не е важно кој ќе пријде прв ако има хемија, поточно дека не е ништо страшно ако девојката пријде прва. Па макар и за прв бакнеж или за почнување на врска. Зошто да не? Кога веќе се дошло до тој момент, сеедно е кој ќе биде прв. Барем за мене. Исто е и со запознавањето. Не се сложувам со Антонија дека општеството во Њујорк или францускиот дел на Канада налага поинакво однесување во однос на додворувањето и сексот за една ноќ. Како некој ќе се постави, зависи од размислувањата и сфаќањата на таа личност, односно, како е воспитана. Ако некоја девојка е конзервативец до коска, дури и да живее во најлибералното општество не значи дека ќе се промени. Така што, зависи од луѓето, а не од општеството.
Шуќур за нив! Ма јас мислам дури и дека им годи, или во најмала рака им е симпатично. И фала богу, зборувам за најнормален тип, не од оние - џвака мастика, гледа на страна, ко ЏонТра во Брилијантин и се прави фраерчина пред другарите Сега не знам, може се лажам, нека ми кажат мажите, ама цура која знае да пријде, да направи најнормален муабет, без да глуми нешто што не е, па макар и се збунила и имала црвенило на образите во првиот момент, ги: а) пали мажите б) при појава на сладок срам им делува дури симпатично Барем такви одговори имам добивано од другари. А дека пали некој да те зграпчи за половина и да се покаже ко право мажиште, тука не станува збор. Муабетов ми е, цурите кои најмногу кукаат зошто машките не приоѓаат, остануваат на кукање. Во моментот кога ќе им пријде некој, глумат старлети и глупаво ги откачуваат истите. А да признаеме ги има многу, не сум белким ја едина што сум ги забележала.
За муабетот погоре, дека има девојки што сакаат машкото да го превземе првиот чекор за да може да го одбијат, мислам дека ова е случај конкретно со нашиве девојки. Толку неприступачни, намќорести и недружељубиви девојки во диско, има само по нашиве дискотеки. Мал милион пати сум гледала како некој цуца ќе му се испонаша на некој фин дечко, чисто онака, затоа што е “јака“. Нема ни муабет тука, го исраќа уште со првиот поглед, налик смајливо и лошиот став. И после слушам девојки се жалат како не можеле асален дечко да си фатат!!!! Епа нема да имаат дечковци, кога не знаат нормална комуникација да развијат, да се олабават малку и да не бидат толку мангупки пред друштво! Лошо е изразено ова. Општеството не налага друго однесување, ама кога растеш и се развиваш во таква, да кажеме по либерте средина, ќе имаш скроз друг, поотворен поглед кон овие работи конкретно. Тоа не е наметнување, туку веќе е дел од нормалните сфаќања и lifestyle на луѓето. А дали за нас е тоа нормално , или не, тоа е друга работа. До луѓето е, ама луѓето го чинат општиот параметар, и општеството нели?!
Тука морав да се навратам. Јас сум видела некој во кафуле, и тој ме видел, има хемија меѓу нас, и време е за прв контакт, из чиста мира што би рекле Србите да ми го направи ова болдираново - има од земја да го удрам. Самата кажа, ова е реалноста, а не филм. А такви ситуации само на филм ги има. И не, мажот не е помалку маж ако девојката го направи првиот чекор Мажот е помалку маж ако не го интересираат девојки Едит: Точно Старфиш, луѓето се општеството. Ама не значи дека сите единки се однесуваат како што налага мнозинството
Прочитај го моето подвлечено, за да знаеш на што мислев. Фала богу некој што прв пат го гледам вака да ми направи, ќе добие клоца у дупе Муабетот мој е дека за прв чекор кон запознавање не ми е битно кој ќе го направи, зашто не сум тежок човек нити иам комплекс на виша вредност, па ќе се фурам дека мене може прстите на нозете да ми ги лиже пред да ме погледне во очи (баш напротив ги мразам ваквите ликови, а сум емпатична особа, се соживувам и не сакам никого да повредувам па макар и прв пат го гледам). Но, нормално е дека нема секое запознавање да заврши со врска, нема со било кого нели да кликнеш. Потребно е време малце да се запознаете (барем мене, нема сигурно од прв поглед тој да ми биде судениот). Едно кафе, друго, трето, ќе му наговестам дека ми се допаѓа, си течат работите, ама ако до толку е смотле и не знае да ме -зграбува за половина или ве притеснува во некое ќоше, кога ви шепка - мене само ќе ми даде до знак дека не е заинтересиран и ќе си се свртам да си барам друго момче Валјда ме сфативте, па и да не сеа... не е лично, не се познаваме
додека ве читам, ми текна на една ситуација на ф.б. ме додал еден дечко манекен-уште пред неколку месеци, и ај прифатив инаку беше фаца лом тело гром, ама на сликите убаво изгледаше, ама кога стави негова слика му пишав нешто без врска, нели општи муабети типов си го крена егото до небо-си реков пиши пропало има и други риби во морето п.с. сега статусот му е во врска
Малку да разбијам некои предрасуди за машкиов род. Од сите мои другари и познаници од најразлична возраст и не познавам ниту еден единствен кој рекол дека не сака девојка да му пријде прва или дека ја смета за лесна, тоа е голема заблуда ако така мислите, фикс идеја непотврдена во пракса. Напротив, сакаме да ни пријдете, не само што не ни смета туку ни е сосема ок, впрочен не очекуваме покана за кревет туку најнормално ЗДРАВО и нај нај нај најнормален муабет. Ако веќе ви е срам да кажете здраво тогаш барем на тој што сакате да ви пријде трепкајте му со очи , насмевнете се , поцрвенете или мавнете . Најлошо (и сосема погрешно) што можете да направите е да бидете ваква , тогаш барем 90% од машкиов род ќе се заврти и ќе си бркне друга. И да, секако е до возраста и зрелоста како кажа Пирамида, девојка што знае што сака и каков сака нема да изведува недостапна (принцеза на зрно грашок) со машки што и се свиѓаат зашто ќе знае (од искуство) дека квалитени машки примероци се малку и дека не секоја испуштена шанса се враќа. Најглупо нешто што може да се направи е да се пушта водичка (или водопад ) и кога машкото ќе пријде да му се акне корпа, зашто после има големи шанси ако се премислите корпата да ви биде вратена со камата (дури и да е типот луд по вас). Мене лично една појава кај нашиве девојки секогаш и секогаш ме тера на смеа, зашто мислите дека секоја покана за кафе е знак за симпатија и кревет, да ти е страв да викаш на кафе, одма се врткат филмчиња во глава дека некој има некакви намери . Од 20 покани за кафе дали во два случаја сум сакал врска, во сите останати поканата била чисто пријателска. Кај нас е или црно или бело а ако е сиво одма прегоруваат неколку сијалички во мозокот .
Не постои пишано правило дека мора баш машкото да го направи првиот чекор. Во случај да постои а јас не сум информирана за истото тогаш одамна сум го прекршила!- Голем греф сум направиле бе! Ке горам сега во пеколот? Не гледав причина зошто да чекав тој да ми пријде? Кај нас се уште се чека од мажите, полека можеби се менуваат работите но истите одат пребавно, као и све остало. Не се плашев немој да бидам Одбиена, подобро е да бидам одбиена, да пробам и да знам на што сум и/или на што сме него да си го губам времето, чекајки и гаејки надеж дека „НекогаШ„ ке ми пријде. „Разочарувањето„ е многу поголемо кога чекаш , чекаш да ти пријде, и со истото поминале денови и денови, месеци и месеци. а сеуште не ти пришол. Не сум девојка која што ке чека и ке игра игри, кога сакам нешто одам- си го земам ако ми го дадат, ако не пак ок, живот иде даље, шта чеш.
Да ве прашам нешто поконкретно. Ете да речиме дека првиот чекор е направен, не е важно од кој, дека сте договориле средба, можеби сте излегле неколку пати итн... Е сега прашањето ми беше, ако дечкото ви се допаѓа дали вие би го иницирале првиот бакнеж? Ако не, зошто?