Абе ждранг за ТИТ и го залапуваш инстантно! Еј многу теории, од кај да знаеме?! Обично во моменти кога хормони фрчат на сите страни, тие работи како бакнеж, што и да е, се случуваат, онака. Барем јас мислам дека сите се губиме во тие минути, и искрено мене да ме прашаш нема да ми текне кој кого залапал прв Некоја привлечност ќе се случи, искрички летаат на сите страни, и усните ти стануваат охо лепак Или онака, му ја ставам главата на рамо, го гледам длабоко во очи, и тука нема на избор, сакал нејќел, мора да ме бакне - ако сака, ако не, ај чао. Ха! Не, сериозно сега, зошто да не, стварно е тешко да се извежбаат и испланираат тие работи. И у суштина ако тој бакнеж довел до нешто повеќе, никогаш едната или другата страна не истражува потоа - еј како се случи? Јас тебе или ти мене? Едноставно се случува кога физичката привлечност е повеќе од очигледна и не е битно кој прв почнал. ММЕ Мене, сигурно не ми е битно. Ако ми дојде у моментот јас да сум таа која ќе го направи првиот чекор, зошто да не?! Иако, многу ја сакам онаа играта - „пољуби ме!сега одма“ Оно као правиш прв чекор, ама оставаш на другиот, и си играш малку држ не дај, зошто јасно ти е дека ќе се случи кај и да е.
Според мене и најнормално е машкото да го направи првиот чекор.воопшто не размислувам за тоа. Тоа е исто како да прашаме "Зошто машките чекаат девојките-првите да им подарат цвет"?Се подразбира дека машкото го прави тоа.Така и за ова. Ја барем така размислувам. И мислам дека не е храброст кога девојката го прави првиот чекор.Некои работи се знаат како треба да идат.
Шо знам, јас пак имам друг впечаток... дека мажите само на теорија се јаки и дека дрнкат за женска шо прва ќе и пријде, а у пракса се како попарени. Го имам дадено првиот чекор, потоа и вториот и на крај се испадна супер, може ќе треба почесто така да правам Обично со некој гест знам да и ги покажам моите симпатии, па оставам на нив да биде или не. Зависи и до хемијата и колку ти е сеедно или не. Ама оноа гонење по кафичи стварно ми иде на нерви, па до толку маж да не си.... Па поарно да те грабне за половина отколку само да се ѕвере во тебе, и да, тука се поставува прашањето дали да се направи првиот чекор?
Девојките треба да бидат само опуштени и добро расположени,и нормално да знаат да се зезаат и флертуваат.Јас би дал неколку примери за сите оние кои сакаат да си ја пробаат среќата.Ќе тргнам од мене,јас сум многу ситуационен тип.Пр.Идам у Веро или Тинекс,идам у делот за зеленчук,гледам згодна типка купува краставици а јас домати ќе и нафрлам нешто у стилу:"Салата,а?Фино",и насмевка . У делот за банани 2 типки не можат да се одлучат кои банани ќе ги носат дома.Ќе им нафрлам нешто у стилу"Што направивте вие,ги гледате бананите као да вршите избор на...Што е проблемот бојата или големината"? .Исто и девојките можат да ја користат секоја ситуација за флерт и отпочнување на контакт.Ништо не треба да се меморира како шаблон,само треба да си на зезантска бранова должина . Пр.Типот стега Текила.Само што ја удира првата Текила и испушта крик,девојката упаѓа со "Љубител си на жестоки ствари,м? Смешно е и забавно.Начекувате некој фраер у секција за ореви,лешници и кикиритки.Може и вие додека купувате да му нафрлите нешто као"Како си се распазарил лешници и кикиритки,се спремаш за нешто вечерва м? ".Секогаш кога у ваша близина има згоден момак кој зборува нешто у стилу ова е меко,како е меко,може да го зезате со:"Гледам љубител си на меки ствари"и насмевка.Илјадници различни ситуации,илјадници можности,па дури и екстремни варијанти каде типот не ја носи колата у перална туку ја мие со црево.Ако случајно ве испрскал а е згоден"ццц,ме навлажни, лом сум" со насмевка може да заврши работа.Оние што пушат цигари,можат да го искористат моментот на длабоко вовлекување на цигарата додека во исто време разменуваат поглед со типацот.Додека ја вовлекуваат цигарата а помислуваат на други ствари може само да го убрза процесот . Лично,не сум некој љубител на здраво како начин за иницијален контакт.Повеќе сакам некоја да ми упадне и да почне разговор како да се знаеме 5 години .По 2-3 разменети реченици,може да се искористи:"Здраво,јас сум таа и таа".Инаку дефинитивно ме пали кога девојката превзема иницијатива, особено доколу добијам инфо дека у нејзината чанта има вибратор за кој е потребна итна промена на батерии.
HardSex си ме изнасмеал, за сите пари. Штета што овој тип на хумор и пристапување на повеќето им е чуден, неприфатлив, манијачки. Ама од друга страна ок е, кој/а ќе го препознае и ќе возврати, барем ќе си знаеш дека носи аура и шарм ко твоите. Инаку, јас имам исклучително блескав момент од минатото, го бев подзаборавила. Некаде втората или третата средба со сегашниот мој дечко, тогаш бевме излезени со поголемо друштво, и уште беше статус кво. Јас од некоја необјаснива причина сум си понела екстра пар гаќички во ташна. Едноставно ги пикнав, мислев ќе ми се најдат за некоја жешка шега, ко погоре опишаниве на хардсекс. И така муабетот премина во оние кои бараат цензура или PG13, он набаци неколку комплименти, јас изглумив благо лудило и му реков - полека, ќе треба да одам да си сменам гаќички ако продолжиш вака. - А си носиш резервни? (вицкастиот, кутриот не знаеше што дамла ќе го удри). - Нормално дека си носам (јас победносно ги размавтав пред него, под маса. Што беа лични море, црни со црвена чипка). Подоцна ми призна дека во тој момент "паднал" на мене. 9/10 веројатно би помислиле дека сум швркната во паметот. Еми тоа е, секој со свој ум.
Trendafilke,чуден им е затоа што читаат некои списанија каде вакви совети не даваат . Да бидеме реални,тешко дека ваквиот начин на пристап е лекот за сите машки,ако постои воопшто таков пристап кој е лек за сите машки.Меѓутоа мислам дека е добар начин да се елиминираат намќорски типови,кои се у некој седи ма не ме знаеш фазон. Типкава е полетна,има хипер енергија,ќе му каже нешто како што беше погоре нотирано,типов ќе се намршти или ќе ја искара:"Ти мислиш дека тоа е смешно?" .Поентата е,доколку типката сака тип кој е малце поведар,знае да се зеза итн. на овој начин ќе може да го направи тоа.Утре ќе бидат партнери да речеме,замисли она нешто се шали,он попреку ја гледа.Ма ни пари,ни ствари ни ништо.Пивски стомаци ќе бидат на повидок,женски груди ќе почнат да попуштаат,ако не знаат да се зезаат кога се заедно и да им биде интересно,дури и на своја сметка џабе.Мислам преку иницијалниот контакт можеш да ги видиш параметрите на некој. Инаку за ова другово,мислам дека црната боја и моделот биле пресудни .Повеќето машки сакаат откачени типкици.Ама за сериозна врска сакаат и девојки кои знаат да бидат стабилни.Тие девојки кои ќе демонстрираат по нешто и од двете,ќе бидат у сериозна врска. Значи у миксот е клучот.
За право, "наметнува" е најсоодветен збор. Сум поминала извесен период во прекуатлантска земја, не зборувам од памет . Потполно надвор од дискусија. Нема потреба да се извртуваат работите, тоа што девојка сака момци кои први преземаат иницијатива нема апсолутно никаква врска со наводен страв од етикетата ЛЕСНА (сеуште не ми е јасно зошто по ѓаволите секоја тема во категоријата мора да се сведе на тоа) ниту пак со нејзината "конзервативност".
Воопшто не е надвор од дискусија туку ти тргнуваш од себе а ние збориме општо . Зашто некоја не приоѓа прва може да има повеќе причини, така е воспитана, смета дека не е во ред да пристапи прва, мисли дека дечкото ќе дигне его па ќе ја зафркава, срам и е, нема самодоверба, сака да биде освоена, комотно и е да не се замара и мачи, не и се ризикува да добие корпа, како што гледаш има безброј причини. Тоа што ти воопшто не си разбрала е дека никој не ги обвинува таквите девојки туку само дискутираме зашто не приоѓаат. Битно да се направи фин контакт а кој прв ќе започне е сосема ирелевантно.
За да се направи прв чекор како прво треба да се има храброст бидејки никогаш неможе една личност да знае како ќе реагира другата. Тука се појавува можноста личноста независно дали е машко или девојка да биде грубо одбиена, исмеана, засрамена и сл. На пример познавам машки кои многу тешко се решаваат да пристапат први. Обично за да и пристапат на некоја девојка ги користат социјалните мрежи (што според мене е некако детски) или бараат друга личност да им ја олесни работата односно да им намести средба или да ги запознае. Тука е и одговорот зошто девојките чекаат. Чекаат бидејки немаат храброст... И да, мило ми е што има и храбри девојки
Затоа што девојките се тие кои треба да бидат освоени. Затоа што девојките се премногу горди во тој поглед.
Па всушност и ти цело време тргнуваш од себе, само за разлика од тебе јас не генерализирам на таа основа. Повторно грешиш, јас разбрав, но очигледно ти не разбираш многу работи за жените во целост (ова "во целост" бидејќи гледам дека си склон кон генерализации) Да не болдирам сега, се гледа дека поголемиот дел од ова твое размислување навистина се базира врз генерализации. Па, ако можеш ти појдовно од себе и од некои твои пријатели да изнесуваш општи заклучоци за машкиот род (и за женскиот изнесуваш, можеби врз база на одредени примероци), зошто и јас не би можела тргнувајќи од себе и од мои познанички да изнесам заклучок за женскиот пол? Ова беше мал оф, само колку да се знае и да не се искривуваат работите. А нормално дека сликата не е црно-бела, но далеку од тоа дека треба да се филозофира и да се плеткаат некои работи кои и немаат некоја врска со тоа, веќе ги наведов поназад кои се.
Кога сакаш да има некаква дискусија што има смисол се дава цитат и се кажува со тоа, тоа и тоа се слагам или не се слагам и за објаснува зашто. Кај тебе објаснување фали и нормално да фали кога намерата не ти е да се дискутира туку да се тера инат . Само од памет да се контрира и ништо конкретно да не се каже по темата е многу бесмислено така да мојата конверзација со тебе тука завршува
Hard, ова со зеленчуков, немој молим те! Значи ако кај некој може да тргне наопаку нешто вакво, ја сам тај! Виновна сум Пред уху, па пред многу време али ми текнува ко вчера да беше, не кажувам зашто барав краставици, и глеам све е меко, никакво, го загледувам менаџеров на супермаркетот или што и да беше, а го меркам од поодамна, се матка тука кај зеленчукот....и му приоѓам со дигнати обрви и со мека краставица во рака - Дечки, нешто потврдо и потазе од ова ќе се најде ли? И осмех на мом лицу. Типов се збуни, почна да се врти лево десно, и тука ете ти ја теткицата, вработената се појавува од нигде, и ми вика, сега сега, ела тука, тука се тврдите. Ме одвлечка од кај него бре! Сакам да кажам, when it's not meant to be - it's just not meant to be! ЈБГ У секој случај имаш широка палета, ама ништо не треба да е силено, мора да е природно, зошто и однапред научените фрази се - непривлечни, ќе признаеме. Мора да ти е моментот тој и да си у тој фазон, инаку аш!
Phyramide,ако си му покажала краставица со абнормални димензии,а типот подголтнал кога ја видел, тоа било сериозен удар за неговото его,си рекол немам шанси кај оваа типка,оваа типка има друга сексуална ориентација(рационализација) и согласно на тоа доаѓа теткица,а он се повлекува. Објективно, иако можел да понуди поцврсти ствари,димензиите биле елиминаторен критериум . Некои капираат и реагираат,некои не капираат,некои капираат се, ама малце се прават на Тошо поради многубројни причини(последнава категорија важи за некои де ). Судбина ЈБГ . Примерите ги закачив заради лустрација-илустрација,за да не биде сувопарно.Инаку,генерално сум против фрази и шаблони,затоа што секое машко па и девојка си има свој стил како на облекување, така и на вербално изразување.НЗС е дека позитивната енергија и умерено зезантскиот однос,покрај убавината и среденоста на девојката се често пресудни за успешен иницијален контакт.Но тоа не е единствен начин,туку е само една машка перспектива.
Кој има толкава гордост, може да чека и никогаш да не дочека Не сакам ама ич шаблони! Сакам некој што ќе ми го дигне малце адреналинот со нешто неочекувано! Или пак јас ќе му го дигнам него..адреналинот де. Само што треба и карактерот да ти биде таков и хуморот. Кај некои може да звучи навистина вулгарно. А, ете истото тоа да ти го каже некоја типка/тип што е кул и зезант од друга страна ќе изгледа слатко и предизвикувачки. Затоа мора и двајцата да се најдат на некоја иста фрекфенција. Примерите на Хард Секс, Пирамида и Трендафилка се одлични. Само што ретко среќавам луѓе со такви сфаќања...
Ако и се допаѓа дечкото и гледа дека има фидбек од негова страна јас стварно не гледам причина засто не би превземала прв чекор, ако е таква ситуацијата сигурно од срам или од недоволна самодоверба, мислам дека друго и нема, а доколку дечкото мисли дека и девојката е заинтересирана а несака да превземе ништо тогаш веројатно се збунил можеби и е симпатичен но не доволно добар за да воспостави било каков контакт освен флерт!
при толку коментари и јас да си го кажам своето мислам дека машките имаат предност во таа работа.... не дека ги осудувам девојките кои го направиле првиот чекор, ама сепак од традиција е останато машкото да ја има предноста (значи секогаш машкото ја запросува девојката, а не таа него) еве вие машките замислете имате девојка со која одите подолго време и еден ден ви иде на врата со фудбалска топка и прстен и ви вика: јас сакам ти да се ожениш со мене лудница и за почеток на мување или врска е исто.....сепак женското е понежниот пол и не е убаво да крка корпа, а додека пак машките, па тие се посилни посурови, тие што немаат видено и слушнато па за една корпа!? па ако нејќи таа ќе сака некоја друга...нели? а сега и да не е баш така сега првиот чекор му припаѓа на оној кој е похрабар сепак мене ми одговара да си се држам на традицијата, јас ќе флертувам со него, ќе му давам знаци, ама ако не забележува или нејќи или пак е голем ТОШО.......шо знам