Го критикуваш токму она што ти го правиш во моментов Не се работи за никаков инает, јас моите аргументи веќе ги изнесов, тоа што ти не ги разбираш е сепак твој проблем а ниско е од твоја страна што кога се наоѓаш во небрано и не можеш да се објасниш одговараш на ваков начин. Јас од поодамна твоите мислења не ги сметам за релевантни од други причини, но заради култура тоа не го покажував на темата. Цитирањето беше само колку да не се доведува во заблуда целата тема со несврзани и генерализирачки разговори, и на драго срце прекинувам, ако ова од твоја страна воопшто можам да го наречам конверзација
^Не. Зборувам за себе. Затоа што така е поромантично. Ако машките се декларираат како “посилниот пол“, нека бидат мажи до крај и нека го направат првиот чекор. Ако девојката ти се испонаша, ти лупне корпа, па се фали за тоа и слични нафурани работи - јасно ќе ти е, не вредела, но ти не си изгубил ништо, само си добил.
Сите се испофалија дека го прават првиот чекор, а во живо на пола од тие им е срам да зборат со машки, а не па да им се пуштат. Иако сметам дека девојките секогаш го прават првиот чекор со тоа што даваат знак, било со насмевка или поглед, немам пријдено на машко. Не од што сметам дека машкото е тоа што треба да го направи првиот чекор, или дека се правам фраерка, туку затоа што сум срамежлива. Ми треба време да се опуштам, да видам кој каков е, на што сум. Би му пришла на дечко само ако сум премногу заинтересирана за него. Пострашно и поболно е девојки да добијат корпа отколку машки. Премногу се срамежливи или несигурни. “Што ќе помислат он и неговите другари?“ Не верувам дека има девојки на кои не им се допаѓа кога им се посветува внимание и им се дава дознание дека некому му се допаѓаат. Има и реакции од типот, леле овој ама е досаден, дигнати акции, ама и на нив им ласка тоа. Познавам и девојки што од што се отворени дури се и нападни и навалуваат, што ми е тотално невкусно и несвојствено. П.С. Битолска кампања
Затоа што така јас мислам останало од порано... во денешно време и девојките почнуваат да ги прават првите чекори и свака част !! Сепак мислам дека тоа е работа на дечкото
Некако изпедерчено ми делуваат тие машки што чекаат да им сепушти девојка а ги има многу во мојата генерација. како да имаат некоја феминизирана жичка, ништо чудно во слободно време да чекаат и машко да ги собере се ѕвери во тебе со поглед на муле, мисли готова си и сега треба да пријдеш, леле леле не фала јас ја почитувам старата школа
зато шо поубаво е чувството кога одлучуваш дали да појдеш на состанок и знаеш дека му се свиѓаш на некого отколку да се мишлиш дали ке добиеш “корпа“ или ако одговорот е позитивен дали си само искористена
Најголем дел од жените не се срамежливи и радо би го направиле првиот чекор, ама каде е убавината во тоа, предизвикот, да ти покаже дека го интересираш, да те освои, ризикот... Ако немаш храброст на едно просто кафе да ме викнеш, што би преземал понатака сам.... Сaкам храбри машки
Зошто мажите просто уживаат во тоа да го добијат тоа што го сакаат. Нема да ми биде ич тешко да го поттикнам но сепак можеби звучи старомодно, но мислам дека тој треба да го направи првиот чекор. Сакам некој да ме освои, и да гледам како ужива бидејки не знае дали ке ме освои.. Знам дека и јас сум способна да го направам тоа, и да бидам директорка или премиерка, не велам дека живееме во камено време Не значи дека треба да чекаме, ете јас сметам и така сум и воспитана дека сопствениот труд и планирање се најважни фактори за да си ги остварам соништата и тешко ми е да не правам ништо и силно поракувам да го остварам тоа што сум го замислила.. Но во овој случај не треба да ги држиме сите конци ние во раце...
Би сакала да побарам еден совет од вас . Ми се допаѓа едно момче ,и мислам дека и јас му се допаѓам нему.(Често пати кога ќе ме види ми зборува, на излегување често му фаќам погледи). Ама тој си има мувачка , која не ја сака , ја третира лошо , и како од забава му е само.Е сега ја не знам дали она него го свиѓа ,не сакам да и направам лошо.Нз шо да правам дали да чекам тој прв да пристапи ,или шо да правам . ......
Еве ќе ти кажам кратко и јасно -ДА! А после неколку состаноци сигурно ќе има и хемија,па не гарантирам дека ќе останеме само на еден бакнеж!
slusaj sega.. : ako ova momce cestopati ti zboruva i ti mu lovis pogledi znaci toj ima nekoi cuvstva sprema tebe - togas devojko stom go sakas bori se za nego i cekaj go .. a ovaa devojka posle neka mu a misli ti ne si nisto kriva sto momceto vo tebe se zagledalo ... taa neka misli sto ke prai .. ti si brkaj rabota pozdravce
Секогаш чекам првиот чекор да биде од машкото затоа што сепак се плашам дека би можела да бидам игнорирана.. Имав една другарка и таа свиѓаше едно момче и кога му кажа тој не ја ни погледнуваше више до ден денес не зборат ниту се поздравуваат но незнам зошто.. а инаку не би се плеткала со момци кои ги третираат женските како мувачи секојдневно и како играчки за 1 ноќ, бидејќи не би сакала сепак да се заљубам во некоја погрешна личност!
Исто и јас MONNCHY ..секогаш чекам машкото прво да ми пријде.И никако не сакам дечко за една ноќ. Mене ми се свиѓа едно момче но не ми изгледа баш како озбилно ,да сака врска,повеќе изгледа како да сака забава.Нajпрвин само го гледав , и тој верувам ме приметило и сега почна да ми зборува. Мислам дека крајно време е да пробам и ја да се осмелам да прозборам , и да се ставам во акција. Но што ако немoжaм да го променам ако бидне нешто , и тој сака само забава.Што мислите дека би требало да направам ,да пријдам да дејствувам или пак не ?
Па тоа е така како што велиш ,но сепак имам надеж дека ке се промени , дека многу ми се допаѓа.и ја не се плашам од такво однесување , со мене никуј не може да си игра и да ме повредува. за тоа како се однесува момчето понекогаш придноесува самата девојка,ако му дозволи да си игра со неа, и да биде како тој што кажува многу нормално дека ќе се однесува лошо со неа. Сепак имам надеж дека може да се промени,па зар вечно ќе се однесува така и ќе гледа само за забава.
Оние кои се плашат да го превземат првиот чекор од страв да не бидат одбиени се со самодовербата во - .. јас се водам по тоа 'ако не пробаш никогаш нема да знаеш' ..хехехе