Секогаш кога сум го правела првиот чекор, испаѓало лошо, лоша реакција од страна на машкото. Дури еднаш бев и многу понижена. Епа поради тоа ми се појави некој гнев кон машките и не дозволував никој да ми стане нешто повеќе од другар. Сите ми беа исти и секогаш кога ќе дознаев дека на некого му се допаѓам го игнорирав сосема, дури и лутина ми се појавуваше кон него. За среќа сегашниов дечко не се откажа, фала богу што имаше толкава упорност. Успеа да ме смени... Затоа сега сакам посилно од кога и да е, се надевам нема да зажалам
Јас го имам направено првиот чекор ! И повеке другарки го имаат направено , од каде сега ова дека сме чекале машките да го превземат првиот чекор?
А што треба, девојките да го направат првиот чекор? Ова е Македонија, и ако девојката превземе било каква иницијатива, веднаш ќе биде погрешно сфатена (дека му се нуди или слично) а и етикетирана.
Добро, секој си има право на свое мислење и став, но прииди му на некое момче, разговор да започнеш, ке сними филм, а камо ли да предложиш кафе - средба, прошетка или слично.
Можеби ќе звучам како голема феминистка ама тоа дека машкото треба да го направи првиот чекор тоа е право.Ние сме жени толку напатени во животот ние добиваме секој месец,ние се грижиме и за себе и за семејството и за домот,тие раѓаме деца и што уште?Зарем на денешните машки тешко им е да го направат првиот чекор и да се понашаат кон некоја девојка убаво како што заслужува?Секако да не заборавам дека сме 21 век и во ред е и девојката да го направи првиот чекор немам ништо против и јас го имам направено
И звучиш малку како феминистка.. Ама ајде нема врска. Твое мислење е тоа. Тоа можда важело пред пола век и било смешно ако првиот чекор го направи жена ама сега право да ти кажам смешно ми е кога машкото ќе е во таа улога... До толко било ретко значи
Не живееме во Sex and the City и кај нас немаме таков менталитет девојките први да се пуштаат бидејќи како што кажа членката погоре веднаш стануваат етикетирани како лесни, се нудат. Јас лично премногу се срамам да пријдам на некој, тешко се отворам и не сум многу комуникативен тип на почеток но имам познанички, другарки кои се поотворени и се случило први да пријдат на машко па после тоа да бидат озборувани нарекувани со погрдни зборови и да излегуваат муабети како тие машки во друштвото се фалеле како таа се пикала и била изгорена за .... а девојките воопшто немале некои такви долни намери.. Факт е дека кај нас е многу поинаку од другите земји и многу повеќе се осудува..
Еве јас имам пишувано прва и доколку го видам дека е заинтересиран имам прашувано за кафе,ништо срамота не е тоа. Посебно кога е срамежлив нема шанси да чекам да ми пише. Чим те погледнува и доаѓа да разговарате најверојатно те свиѓа. Е сега во врска со девојката ич не ми звучи убаво дека лошо ја третира. Ако неа лошо ја третира зошто да не ти го направи тоа и на тебе или некој друг? Без разлика дали му е мувач или не,треба да знае да почитува.
А што мажите не се грижат за семејството и домот? И секогаш изговор ви е менструацијата. Епа што да правиме, такви сте создадени од природата. Од каде тоа правило дека мажите треба да го направат првиот чекор? Ете некој е срамежлив и страв му е да го направи првиот чекор, но тоа не значи дека не може да биде добар и верен партнер кој би се грижел и за домот и за семејството.
Леле бе девојче, слатко ме изнасмеа Не знам како звучиш ама како феминистка сигурно не, само тоа ќе кажам.
Не знам, можеби сум јас назад со мислите и сум старомодна... Ама за каква срамежливост зборувате бе? Какво е тоа машко кое се срами да пријде на девојката што му се свиѓа? Јас разбирам да не приоѓа ако не му се допаѓа иначе не. Утре таков " маж " за што ќе ти е? Ти ли ќе го бараш за маж? Еве не разбирам. Точно, светот се менува.. Одиме "напред". Не е нишѕо чудно да го поканиш да излезете ама сметам дека доколку некој дечко е заинтересиран ќе најде начин да го покаже тоа.
Се согласувам, ние можеме да дадеме некој знак, но ако тој се понаша како ништо да не разбира и не превзема ништо и чека се на тацна тогаш не оди работата.
Јас не гледам проблем ако машкото е срамежливо. Симпатично е тоа. Подобро срамежлив отколку арогантен и нападен.
Ако е срамежлив за првиот чекор не значи дека цел живот ќе биде таков. Како што има срамежливи девојки има и момци срамежливи. Нели жените беа тие што бараа рамноправност? Каде е таа рамноправност тука?
Еве јас не барам рамноправност. За многу работи сум способна сама, меѓутоа тоа не значи дека не сакам помош од партнерот. Во таа рамноправност спаѓа ли цепење дрва? Или трудна еве да речеме да извршуваш физички тешки работи? Или поправка на колата? А тој "срамежлив" воопшто не е срамежлив, само не е доболно заинтересиран. Кое машко и да е доколку добие прилика да ја покани девојката што му се допаѓа ќе лета. Нема око да му трепне. И да. Значи дека утре ти ќе бидеш иницијатор за повеќето работи и на крај на еден од вас ќе му досади сигурно
Јас рамноправноста не ја гледам да стрикно машко пример прави стереотипни женски работи, а женско прави стереотипни машки работи. Ја гледам секој партнер да учествува подеднакво во домот, во тоа што го прават најдобро. Ако јас подобро цепам дрва, а тој сака да мие пајнци - зошто да не? Ако сепак тој повеќе е спремен и сака да цепи дрва, а јас да мијам - тогаш така. Од таму, сметам дека и двата партнери треба да се спремни да направат прв чекор. Не секој е способен секогаш да искажи заинтересираност. За да привлечиме прв чекор мора да покажиме дека сме заинтересирани, инаку од каде храброст на другата страна да се обиди да направи чекор? Јас сум човекот кој често го прави првиот чекор со машки зошто ако со некој се знам малку време, колку и да ми е во интерес, изгледам толку рамнодушно што е тешко да се знај дали сум заинтересирана или не, па многу и не се сигурни дека ако направат чекор - дека ќе биди успешен. И имам правено чекор и сум била успешна и сум била неуспешна. И имаат правено прв чекор кон мене и биле успешни или не успешни. Нема правило кој го прави првиот чекор, или можеби само похрабриот, а тука полот не е одлучувачки. Има срамежливи машки, но и женски и тоа не е правило дека такви ќе останат. Нели, со партнерот се опуштаме.
Пошто е машко најверојатно?!Иако кога бев во мк едно машко не видов,кукавици без мозок срам страф бог да чува недај боже да останам со некој мк,најпропаст машки што постојат