1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто девојките чекаат машкото да го направи првиот чекор?

Дискусија во 'Сингл' започната од Tyrion, 20 април 2012.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Баш ако се гледаш како феминистка, нема да ти биде проблем прва да му пријдеш на дечкото што ти се допаѓа :) Како што машкото собира храброст, се туфка ама сепак доаѓа да се запознае, така и на девојката ама ич нема да и падне круната ако се насмевне и прва гукне „Здраво“.

    Односно, кога веќе во дискусијава се вмешува феминизам, повеќе би мрчела зошто во 2017 година некои фраери реагираат ултра негативно ако девојката прва им пристапи. Ако им даде до знаење дека е заинтересирана, веднаш добива етикета на лесна, загорена, очајна...Затоа и не ме изненадува реалноста што многу девојки избегнуваат самите да го направат првиот чекор.
     
    Последна измена: 15 септември 2017
    На Lolo5, Meckicja, HoneyBun и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Еве баш јас се најдов во таква ситуација и ми беше срам да го поканам девојчто да излеземе, баш имам пишувано за тоа тука, но тоа не значеше дека не бев доволно заинтересиран, туку имав срам и страв да не ме одбие или слично. Ако мажот ако не може да го направи првиот чекор и ако е срамежлив не ти е изговор дека нема да биде добар маж и дека нема да ја сака девојката доколку таа го направи првиот чекор, баш напротив. :) Мораш да разбереш дека не сме сите исти, некој е срамежлив некој не, не ти зборувам лошо.

    Инаку да бил човек способен сам не би живеел во заедница. Ќе имавме 2 полови органи и ќе се размножувавме без присуство на партнер. Сакам да кажам дека ниту жената ниту мажот не можат еден без друг, ако се удирате во гради дека можете.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тие што беа такви имаат име и презиме така? По која основа сите ги етикетираш така како што ги опиша?
     
    На Bankarkata и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  4. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    6.531
    Пол:
    Женски
    Да, некои девојки чекаат машкото прво да им пријде.
    Јас не сум од нив. Не се сметам ништо поразлична од машките и не сум имала проблем со правење на чекори. Некогаш сум поминувала добро, некогаш лошо, ама моја среќа што ризикувам, бидејќи така си го ќарив и мм:lol: :inlove:
     
    На Lolo5, Nausicaa и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Женските треба да се поотворени и да даваат знаци а не да ќутат и само да чекаат некој да падне од ведро небо. Ако некој им се допаѓа слободно можат и прв чекор да направат. Машките од друга страна храбро треба да пријдат и да не се плашат дали ќе ги одбијат. И што ако те одбие, ти си пробал, ништо не губиш,
    На крај се каеме не за тоа што сме го рекле туку за тоа што не сме го кажале.
     
    На cresa-jagoda и Momichka им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Така е, но и јас тоа го научив после одредено време. За првиот пат можеби ми беше страв и срам, за вториот ако го има дефинитивно не би постапил како првиот пат.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    ???? Таков впечаток сум добила..нема потреба да се најде некој навреден.
     
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ама од тие што си добила таков впечаток имаат име и презиме, личен идентитет, немора сите македонци во ист кош да одат само поради впечатокот што ти го оставиле 2,3 или 5 македонски момци.. Воопшто не се најдов навреден инаку од причина што не сум македонец но не е убаво така. Сепак ти си знаеш. :)
     
  9. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Е,па ниту една вистина и реалност не е убава.
     
  10. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Види, ни јас не мислам ништо лошо. На крај го покани девојчето да излезете или оно тебе?
    Значи сепак си барал начин да пријдеш така? Без разлика што ти било срам?
    Тоа сакав да кажам :)
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас не чекам некој да ми пријде, од причина што кога излегувам и се движам било каде, тоа не го правам со намера да запознавам потенцијален партнер, не ми е цел во животот да фатам дечко :D А безвезе ми е некој да ми пристапува, гледајќи дека нема ни искра, ни од моја страна интерес.
    Ситуации на „спојување“ треба да бидат спонтани, онака, се јавува хемија и си тече природно. Во такви моменти, не постојат правила што треба да направи машко, што женско.
    Друга работа, бидејќи гледам во последно време прилично машки тажаленки на форумов, вистината е дека aко си убав и харизматичен, секако ќе ти се лепат девојки, бил срамежлив-несрамежлив. Затоа, наместо да плачеш, поработи на изгледот и на својата појава.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Затоа што такво време дојде денес.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Не дошло такво време туку вие така си ги поставувате границите
     
    На PiaMia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    fdsfdsx.png
     
    На GoldenRose., Dark artist, S_997 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Зашто машкото е ловец и он треба да го направи првиот чекор...
    Женското не е за џабе понежен пол ... значи машкото си има задача да и ја олесни работата на девојчето, да ја заведе, опушти и после да си чекорат заедно ако можат да се пратат во чекорите.
     
    На MayDiamonds, la.malparida, srhsejbsk и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Да јас најдов, на крај собрав храброст.. Но сакам да кажам дека не секој може да собере храброст и сметам доколку девојчето е похрабро би било добро да го направи првиот чекор. :)
     
  17. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Поентата е постигната другар. Значи те интересирала доволно за да собереш храброст и да ја поканиш. Поз
     
    На srhsejbsk, Vitaly и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки

    Цел месец собирам храброст да и пишам "ЗДРАВО", и на крај од возбуда и пишав "КРАВО" ^_^
     
    На Stargazer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Затоа што се несигурни и имаат некои глупави комплекси кои во најчест случај не им се основани туку од добиени од некои глупави сфакања од општеството.
    Зашто да не му пријдеш бе. Демек на поминување да си земеш пијачка или до вц насмеј се и речи здраво. Не е ништо толку комплицирано. Во ред е да почекаш тој да ти пријде ама ако го глеаш дека абер нема едно Здраво е доволно за да се почне некаква реакција и од негова страна ако е заинтересерин.
    Зашто да не го искористите моментот, животот е премногу краток и шансите кои ќе ги пропуштиме 99% не се враќаат никогаш повеќе.
    Затоа само самоуверено, комплексите исчистете си ги и не дозволувајте плитката другарка да ви ги наметнува или околината, и да не успее ништо подобро да си легнеш со помислата дека проба и не успеа одколку да се прашуваш дали некогаш ќе го видиш пак и ќе се запознаете.
    Или еве и на социјалниве мрежи барем е лесно да се почне муабет, да не биде ептен ЗДРАВООО почнете со некое прашање, дали е добро на тоа и тоа место кај што бил, пофалете го изборот на песна или на филм, лајкчиња, срциња и ако има фидбек одма ќе пише, многу е едноставно само треба да имате повеќе сигурност во себе и да си останате со позитивност дури и да ве „откачи„ ќе го бараме вистинскиот.
     
  20. Stargazer

    Stargazer Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Машки
    Многу пати ми се пуштале женски во кафичи. Често пати не ми се ни допаѓале истите, ама сум ги честел пијачка зашо ми се зборувало и сум барал соговорник. Мене баш ми е слатко кога некоја ќе сака да се запознаеме. Никогаш не сум бил дрзок без разлика дали ми се допаѓала или не. Секогаш сум ги удостоил со пијачка или разговор.
     
    На "Zoki", ♣ Alba Viduam ♣, Afrodite¥ и 1 друга личност им се допаѓа ова.