1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто добрите момци завршуваат последни

Дискусија во 'Сингл' започната од Bokchee, 7 октомври 2013.

  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Епа вака девојки. Се надевам дека не пречи машко да биде тука, ама гледам дека се наоѓаат 2-3 машки тука па си викам ајде и јас ке се регистрирам.

    Никад во животов не сум имал женска или мувал некоја. Се чуствувам ептен ретардирано. Дали тоа што сум добар кон женски сум дојден до ова дерејџе? Секогаш сум се однесувам пристојно кон женско, никад не сум повредил некој, сум бил тука за некој ако му треба помош. Но сите шро сум пробал да ги бркнам, мувам, сите на крај ме гледаат го добар другар. Едноставно толку ме нервира кога некоја ке ми каже ова. После гледам истите женски имаат за дечко некоја си фаца во Скопјево, што неможе да седи мирен, се закача, вреѓа, drama queen ми изиграва, и на уште потрагично тоа девојкиве ги возбуда? Стварно? После ми се зажалат неможе да најдат искрено машко???

    Пробав, нешто на интернет да најда, но се додека ми ја видат сликата, престануваат да зборат, или го имаат веке одговорот ако ги прашам да излезат од мене.

    Може до пред неколку години ми беше срам, и тоа многу, но како што поминуваше времето собрав храброст и си викам ај што биде нека биде, За корпи сум мавикнат веке, така ги приваќам,ко да ми дале 500 евра. Им пријдувам на женски во диско, или забава но едвај ме погледнуваат а не па да зборат со мене нешто.Убаво се облекувам, се средувам, и пак нешто не чини... Ох, и да, не идам на женски со кренат нос, и мислат се некој богови. идам на тие што се малку по на земја, помирни, но па тие, се уште бетер. И доста ми е муабети, се ќе се среди, кога не учекуваш тогаш ке најдеш некоја. Ова се само празни муабети. ко да се каже нешто. времето лета толку брзо, а ја неможам љубов да се осетам што е?
     
    На Аце989, КикиМаус, BigStar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не знаев дека завршуваат последни. Обично се вели дека или се зафатени или се геј. :lol:

    Шала на страна, кога ќе загледаш убаво од сите категории луѓе има разочарани и со прашалници. Некој прашува зошто убавите девојки се сингл. Друг мисли дека убавите девојки најлесно и најбрзо си фаќаат дечко...

    Јас мислам дека денес подобрите повеќе страдаат, зошто времево е лудо, ако си нормален ти уствари не си нормален.
    Ретко кој цени добрина, углед, достоинство.
    Но, вреди да почекаш за некој што го цени тоа.

    Потоа, навистина интересна работа е што женските честопати повеќе сакаат да бидат со некои фаци, иако тие машки ги изневеруваат, пцујат, повредуваат, одат разбацани по пат, отколку да се со некое фино дете кое ќе ги сака и почитува.

    Не знам кој е твојот начин на пуштање на девојки, ама по тоа што го кажуваш, не верувам дека лесно ќе запознаеш некоја непозната во дискотека.
    Имам и јас другарки кои се премирни, приземјени што се вели, ама во суштина не се такви.
    Многу пребираат да сумат дали си парајлија... За жал повеќето гледаат поубаво да се мажат за да имаат демек полесен живот.
    Се мислам што да кажам...ама тој збор ми останува...многу пребираат. А, не знаат да се погледнат себе си.

    Сепак, верувам дека ќе ја сретниш некаде вистинската, онаа која ќе те прифати и сака, а ти дотогаш не се опседнувај дека нешто ти фали или дека не чиниш.
    (Многу девојки знаат да гледаат надмено над машките, синкир кралици се, си го креваат егото, а немаат ни карактер, ни памет, а за излед имаат три кила пудра. Не дозволувајте од таквите да сте разочарани).
     
    На ray-man, BigStar, tpandevska и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    За жал денес се е обратно...
    Моралните вредности воопшто не се битни..
    Да ти кажам право и ние женските не знаеме шо сакаме понекогаш.Викаме дека карактерот ни е најважен т.е дека сакаме дечко што ќе не цени и почитува,ама пак сите се залетуваат по некој лепушкаст,со мотор,кола,стан итн..за жал така е! Од друга страна пак и мушкиве го праат истото,гледаат деколте,минич ретко кој глеа фино да е девојчето,скромно,приземно...
    Се тргнало наопаку! Секоја чест на исклучоците..
    Не викам дека човек не треба да е пребирлив,секој си има свој критериум за партнер и тоа е нормално,не треба ни по секоја цена да влезеш во врска со некој/некоја само за да се пофалиш дека не си сингл!
    Што се однесува до твојов проблем..
    Можеби не треба толку опсесивно да ја бараш љубовта,можеби не приметуваш а си нападен..
    Сеа не те познавам лично ама си правам претпоставки..
    Можеби треба да го смениш начинот на кој им приоѓаш на девојките,знаеш понекогаш тоа пуштање по дискотеки знае да не изнервира..
    Доколку ти се допадне некоја пробај прво можеби преку некоја нејзина другарка,па дади и комплимент колку е убаво облечена,колку убаво се смее,некои такви финти..Гледај да си спонтан и природен тоа го сакаат девојчињата! Немој со оние сељачките финти шо ги праат сите по дискотеки..
    Како што ти напишаа погоре у диско е и тешко да најдеш баш љубов за сериозно..
    Гледај преку другари,другарки да запознаеш некого,дружи се,излегувај сигурно ќе наиде некое девојче на кое ќе му се свиѓаш! Среќно... ;)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Другар совети тука има да се изначиташ,ама незнам колку ке ти помогнат во реалноста,едно е некој да ти даде совет а друго е како ти ке го примениш во пракса,инаку си во право дека добрите момци не се ни погледнувани а камоли нешто повеќе,тоа значи гледај да се промениш инаку ништо не правиш.
     
    На ray-man и Glumka им се допаѓа ова.
  5. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Не е дека завршуваат последни, нема никаква врска тоа, ништо на целиот Свет не му значи повеќе на една девојка од вниманието, посветеноста, љубовта и почитта на својот партнер ( се разбира дека има исклучоци но за тоа во други теми има ) ... :^)

    Можеби си во право до некаде, како во крвта на нас женските ни е да сакаме некој кој не ни обрнува внимание и ние со сета своја сила се трудиме од тие таквите да ги добиеме сите тие горе наведени, е сега тука доаѓа до 2 ситуации и контрадикторност од наша страна.. ПРВО.. ги добиваме сите работи кои ни значат, љубов, поддршка, почит и се останато..но исто времено добиваме и човек со свое јас, добиваме партнер кој истовремено не сака и помалку тврдоглав што не дозволува се да биде по наше но ја знае границата до каде треба да оди... е таквите се потполно ДОБИТНИ .... ВТОРО (и воедно мојот одговор за твоето прашање) ги бараме тие сите работи, се би дале да ги добиеме, НО (едно големо НО ) кога ги добиваме премногу едноставно не е веќе интересно, бидејки ако постои монотонија и искрено да зборуваме, човекот ако се понижува себеси за да угоди на некој друг (како што познавам многу случаи) не нуди никаква возбуда, никаков адреналин еее тука настанува монотонија ... ТУКА настанува губење на интерес и повлекување од наша страна...со што јас би кажала како заклучок на сето ова ... ДОСАДНИТЕ и МОНОТОНИТЕ момци, кои знаат да сакаат, но тоа го покажуваат на еден малку неприфатлив начин се тие кои завршуваат последни ... ПОЗДРАВ.. :$
     
    На BoneMachine, Glumka, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Верувај дека ќе најдеш и тоа добра девојка, што ќе те сака. "Лесни" девојки за пролазни авантури не ти ни требаат, поготово ако си осетлив дечко воопшто нема ни да се чувствуваш убаво, колку само да се рече си мувал некоја. Господ те поштедил од таквите девојки и те чува за нешто подобро, верувај, сум видела примери. Ич да не си патиш од тоа. Смени тактика или престани да се замараш, можеби некоја баш тебе ќе ти пријде кога најмалку ќе очекуваш. И не барај девојка за озбилно по диска или забави, најголема грешка ти е тоа.
    BTW, само би сакала да се надоврзам дека воопшто не паѓам на "фраеришта", напротив, одбивни ми се и никогаш нема да ги разберам девојкиве што паѓаат на такви или во најлош случај откачуваат саглам дечко за натрапник. Јас секогаш сум сакала добри момчиња и фала му на Бога, си најдов баш таков. Поздрав. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ок прво немој така за себеси да збориш дека си грд или слично , бидејки така изгледа целиот твој текст.


    Сега претпоставувам дека си Average Looking и средна класа целовкупно ( да беше мн згоден или богат немаше да го имаш овој проблем.) и на 25 год не си запливал во водите на љубовта.

    Вака , значи незнам како ти се пушташ , можеби би требало да пробаш различни тактики , и се оправдува некогаш и да се пушташ како сељак , бидејки ако на нив им успева да имаат по 20-50 девојки до 25 год тогаш прават нешто како треба зар не ? . Дури и да не сакаш така пробај некој твој другар , или братучед или било кој што ти е близок да ти намести некоја ,по можност и некоја со иста ситуација како твојата.

    Друго што јас самиот научив е хуморот , од тие едноцифрени состаноци на кој јас сум бил колку и да било чудно сепак хуморот све си ја заврши работата , смеење , макар и глупости трескај , незнам зашто ама посмешно е од она да се седи и да викате дали утре ќе врне .

    Пак незнам јас како изгледаш или како правиш муабет па така ќе морам по основа да идам . Друго џабе ти е тука совет да бараш , убаво кажа Витомир , исто и јас пред година две барав совет за состанок како да се понашам и све , и ми дадоа и све тоа кажано и средено , на состанкот беше сосема нешто четврто.

    Мој совет , ако сакаш послушај ако не здравје , смени тактика , прилагоди се на средината , не само една иста тактика , и не само на најаките женски во диско да им се пушташ , честопати мажи кој се средно згодни или грди се пуштаат на само јаките девојки а ги игнорираат другите , пробај и со другите , пробај со сите макар и со некоја ружна , ако ништо друго ќе се дружите па ќе ти намести некоја згодна другарка (вака барем прави другар ми ... му успева и тоа јако му успева.)

    И сеа тоа е тоа , само да не очајуваш , 25 год не се ништо , рекордот е 108 години без мување и женски така да немаш гајле.

    Се надевам помогнав или ублажив ситуација :)
     
    На Traveler91, Д.Чобанова, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Здраво Бокче и добре ни` дојде. Се надевам долго ќе се дружиме на форумов. Е сега да си споделам лично мислење за твојата ситуација.

    Oние кои размислуваат вака, самите создаваат атмосфера која другите ја чувствуваат. Таа иста атмосфера ни малку не е привлечна за луѓето околу нив. Како би се чувствувал ти да почувствуваш дека некоја се сомнева дали вреди да биде добра кон тебе?

    Самосожалувањето е најголем turn off дури и кога мислиш дека можеш да го прикриеш. Факт е дека никогаш не можеш. Не ти е добрината проблемот туку самосожалувањето. Ова ти го кажува жена која секогаш превртувала со очи на “лошите момци“ и “големите фраери“. Дури и во пубертет не сум имала такви епизоди. Така што добрината може само да биде плус кај онаа девојка која вреди.

    Она на кое треба да поработиш е на самиот себеси и сопствената самодоверба. Да почнеш да размислуваш дека секоја која те френдзонира губи, а не губиш ти. Размисли за оние работи кај тебе кои на други им се допаѓаат, макар да е и најнесекојдневно нешто. Истакнувај го, дали е тоа смисла за хумор, некој талент и слично. Биди малку во врска со самиот себеси и самиот одговори си на прашањето зошто некоја би сакала да биде со тебе. Кога на одговорот ќе почне листата да се зголемува, значи одиш во правилна насока.

    Не слушај исфрустрирани пасивни мажи дека ти си арен а девојките се ку*ви и глупи (праксата покажала дека додека им трае ваквото размислување остануваат сами и празни затоа што и за друштво се напорни за поднесување и цицаат позитивна енергија од другите, не пак за врска, нешто што треба да биде опуштено и убаво). Не се фокусирај на туѓите тесни видици, туку прошири ги и своите. Не мисли на недостатоците на оние кои девојките ги бираат пред тебе, туку барај ги своите и стани човек кој ќе биде попријатен најпрвин во друштво на самиот себеси. Така ќе бидеш привлечен, не за сите, туку за оние кои навистина вредат и им е понижење некој да се обиде само со клучеви од кола или скап парфем да ги освои. Среќно. ;)

    И уште нешто. Биди спонтан. Нека фаќањето женска не ти биде единствена цел низ ова патешествие, туку да бидеш во добра врска со самиот себеси, да разбудиш заспани квалитети кои не само во љубовта, туку и во други аспекти од животот.
     
    На Mięta, BigStar, BoneMachine и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Фала ви на сите. Пошто незнам како се цитира повеќе постови во еден пост ќе напишам вака.

    @Silver.E
    Епа срцка последно нешто што би ми дошло на памет е да бидам педер. Нема никакви шанси, па што сака да ми се понуди или направи. Времево е ненормално лудо. Треба по хитно да се сменам, или ништо не правам со мојата добрина изигравам Мајка Тереза или Исус. Преку к.. ми е што луѓето ја користат мојата добрина за свои цели или забавувајки како да сум кловн во групата.
    Во денешно време дури и најблиските роднини ќе ти го свртат грбот. Мојот начин на пуштање е различно. читам на нет ( јбг знам дека е идиотски), ми даваат совет, трикови итн. У диско слабо да се пуштам веќе, беше тоа со пред многу време. Најчесто го правам тоа на приватни забави. со помалце луѓе, родендени, онака чат пат кога ке се собереме друштво во мало или одиме на нешто место у парк, па ќе дојдат некој други луѓе (кој роднини, кој другарки кој другари итн).
    Но што да правам кога немам убавина, јбг тоа е факт, број еден, за некоја девојка се загледа воопште во мене. Со мене зборат, а го гледаат другар ми позади мене??? :devil: :devil: :devil:

    @Gioia
    Па обично давам комплименти, ги смеам, имам добар смисол на хумор,иако тресам зелени ама битно се смеат. Ама пак ништо од тоа.

    @vitomir
    Па размислував да се сменам, нешто голем сејљак да станам. Гледам девојкиве, свршаваат на вакви. Дечки како мене, само може некој си френд да биде ништо повеќе.
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    @vitomir
    Па размислував да се сменам, нешто голем сејљак да станам. Гледам девојкиве, свршаваат на вакви. Дечки како мене, само може некој си френд да биде ништо повеќе

    Е баш на таква промена и мислев,и да знаеш ке бидеш поценет од девојките,биди селјак и малку дрзок затоа што ако си добар нема да те гледаат како дечко,него како пријател.
    Колку и да ти звучи ова несватливо,верувај дека е така.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Сакам да ги прашам сите машки - дали сакате да сте со девојка која паѓа на сељачки финти?
    Сериозно сакам да знам, сакате ли да имате девојка што знаете дека паѓа на глупи фрази, златни ланци и на тип чија животна желба му е да брмчи со бе-ем-ве купено од Бугарија, а донесено од Германија... патешествија еј, да ми објаснува мене некој пола саат како колава ја донел и како сега се курчи, а јас да трепкам и да се воодушевувам |( ... па кој сака таква моронка покрај себе, де нека каже.

    И не би се согласила дека добрите момци завршуваат последни. Ниту пак дека убавината е крајно пресудна. Да, во ред, на прв поглед сите ќе се залетаат по поубавиот дечко / појаката женска, ама ако се плитки и штури, не поминува тоа.

    Имам познаничка која изгледа како да се симнала од писта, а штом отвори уста сакаш да си земеш жилет во рака и да си пресудиш одма на лице место. Во најмала рака да си пресечеш уво, за да не слушаш ГЛУПОСТИ. И покрај тој надворешен совршен пакет, уште е сингл и дечковците и` траат по една недела максимум. После веројатно се селат во друг град, подалеку од неа.

    Така што, главата горе, само малку повеќе самодоверба, и да се цениш себеси.
    Следен пат кога некоја ќе ти рече - ама те гледам само како другар, ти речи и` директно - ама јас не сакам да ти бидам другар. И замини си, па ќе видиш како поинаку ќе играат на таа песна.

    Имам многу високо почитување за добрите момци, културни и фини, за мене секогаш ќе бидат први на листата, пред сите шалабајзерски bad boys што глуметараат лудило... сељачишта недоквакани.
    :yawn:

    п.с. Таквите што се возбудуваат на такви какани дечковци, што би рекол еден мој професор во средно „гаат ниски страсти“... таквите искрено не ти ни требаат за женски.
    Ќе си најдеш фино девојче спроти себе, ќе видиш. :)
     
    На Д.Чобанова, cresa-jagoda, Gushkalo и 19 други им се допаѓа ова.
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш потреба да имаш сељачки манири.. Иако многу девојки паѓаат на такво нешто ( стварно не ми е јасно како ) мислам дека не би требало да целиш на таа таргет група. И не е муабетот колку си убав туку дали имаш манири и знаеш да се понашаш ( ко што гледам во твојот текст, ти тоа го имаш).
    Имам еден совет за тебе : Со некое девојче што те бендисува, зближи се прво другарски и остај и простор да те запознае и по некое време кажи и ги твоите чуства. ( верувај дека во многу случаи кај луѓе што ги познавам успеало ова.) Јас верувам дека секој човек си има свои квалитети и секоја по созреана девојка би сакала да има покрај неа човек што е внимателен, добар итн итн. Што ќе ти е трофеј да го шеташ за пред луѓе, а да немаш никакво разбирање со него. Познавам многу луѓе што биле во слична ситуација како тебе па после некое време ги имале најдобрите девојки покрај нив. Не е битен квантитетот, туку квалитетот ( башка машките како стареат се разубавуваат. :) )
     
    На Д.Чобанова, kva и tessie им се допаѓа ова.
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Не се согласувам дека момчето мора да биде убаво за да освои девојка.
    Прво бидејки девојките не се визуелни личности по природа, тоа повеќе е специфично за машкиот пол.
    Стилот и духот се најзначајни работи со кои се освојува девојка.

    Една поговорка вели: мажот се вљубува во жената гледајки ја, а таа во него додека го слуша.

    Значи не е доовлно само да се биде забавен, туку забавен со стил.

    п.с.
    ама и ти па немој постојано исти стил, менувај го возависност од “случајот“, биди малку флексибилен ;) :)
    според мене дискотека и не е баш некое место да си најдеш девојка, многу е бучно
    штом не ти оди во дискотеки, очигледно не си тој тип, барај на друго место
    со среќа :hai:
     
    На Д.Чобанова, tessie и Gocaa им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Знаете што? Никогаш нема да знаете дали ќе сте поценети ако се праите бед гај со златни ланци, затоа што сте пасивни. Ни се надоградувате себеси, ни се трудите да напраите поголеми пари само се жалите.

    Или поработете на себе или помачете го г*от, купете добри коли и ланци и нека ве почитуваат плитките девојки на кои најчесто им се лепите (кои тоа ги пали).

    Затоа што кога мене машко ќе ми каже дека сите жени сакаат сељаци, богаташи и се к**ви, ми зборува многу за неговиот вкус за жени.
     
    На Izaabella, LaraSolare, sofijanoka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Малку да те развеселиме, утрото е помудро од вечерта.

    Животот е и светлина и темнина :) ;( .

    Ко те има тај те нема.
    ко те нема тај те сања,
    ко те сања тај те љуби
    а ти о том поима немаш :) ;) :music:

    (и кад се за руке држе стално, у мраку се не могу дотачи :music: )

    http://www.youtube.com/watch?v=v_uzqN5-EOY

    таков ти е животот
     
    На tessie и kva им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170

    Прво сигурно има нешто кое те прави среќен а нема врска со љубовта и женските. На пример ако тоа е читањето било каква литература Иди често во библиотека да читаш и таму сигурно ќе запознаеш девојче кое ем го сака истото ем може да се заљуби во тебе. Ако сакаш животни купи си куче и шетај го секогаш низ различни паркови, сигурно кога тогаш некоја ќе ти рече нешто за кучето или ти прв речи и за "нејзиното" куче.
    Не заборавај на говорот на твоето тело. Праќај ненаметливи насмевки, не биди премногу озбилен или исплашен. Биди сигурен во твоите зборови и чекори.

    Започнувај опш муабет, не атакирај ги веднаш девојките како можна цел за љубов. Смирено зборувај со нив.

    Веднаш започни да спортуваш нешто. Или вози точак или трчај на кеј. Можеш и на тој начин да сретнеш некоја девојка. Сфати дека за секој човек постои некој. Не се преценувај ама ни потценувај.
    Во диско или на некоја забава кога си земи играј, глупирај се ама не претерано. Се умерено. Може на некоја девојка тоа ќе и е слатко.
     
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Интересна и жешка тема, ама тешко дека феминките ќе се осмелат да дискутираат од причина што ќе чувствуваат вина што ќе лажат додека го зборат спротивното од она што го мислат, yesssssss, ловецот vs. феминките 1:0. :rofl:

    Реално, Бокче, Бојан, Бокица како и да се вика дечкото си е во право. :D Ете после толку неуспешни обиди се разочарал и ја изгубил волјата за “живот“. Како прво клучна грешка е пуштање на девојки во дискотека. Музиката е гласна и местото не е добро за такви работи. Не можеш тек така да се пушташ на девојки кои првпат ги гледаш во животот. ;) Можеби ќе видиш 4-5 женски сами излезени во дискотека, ама од кај знаеш дали имаат дечковци и ете можеби решиле женско друштво да излезат и да се журкаат. Прв чекор е да запознаеш некоја девојка, ќе мора малку пријатели да бидете, убаво да се запознаете и дружите и ако си се допаднете да си се лапнете. Знам, знае да биде иритантен тој процес на чекање, запознавање итн. ама ќе се исплати на крајот ако се споите, имаш после секс колку сакаш. :D И не само тоа, туку и љубов и се што може да ти понуди една девојка.

    Да се биде добар во денешно време не е исплатливо на long run. Ако веќе си добар, прифати дека тоа никој нема да ти го цени и да те третира посебно, ем нема да се замараш ем супер ќе ти е и супер ќе бидеш со тоа што ќе си добар и еден ден, кога тогаш, некоја девојка ќе знае да го прифати и цени тоа, ама додека да дојде тој ден... Добрите сметаат дека затоа што се добри мора добро да им се враќа што апсолутно нема врска. Едни работи се кажуваат по форуми, а ситуацијата е сосема друга во реалноста. Сите женски се летаат по машки кои финансиски добро стојат или ако не се во топ финансиска форма, прават пресметка во иднина за колку време би можел да го достигне тоа ниво за да ја задоволи прво финансиски па после сексуално. :D Добро не се сите женски такви фала богу. Дури ни добриот изглед не е доволен сам по себе ако дечкото е добар и мирен, не ја нуди таа динамика на девојката, предвидлив и е, досаден, монотон, кога тогаш девојката ќе посака адреналин, авантура и ќе изврши прељуба. :) Добрите момци доаѓаат во предвид само кога ќе дојде време за мажачка на девојката, е дури тогаш се сеќава дека и треба добар маж, а до тогаш... ги поминала сите лоши типови и сфаќа подобро е да си земе некое муле кое ќе си го вози цел живот, отколку да не знае кај која љубовница и е мажот. :D Предолга и прекомплицирана е темава, може да се дискутира со денови, ама факт е дека добрите момци се маргинализирани и underrated, а лошите типови overrated.

    Некој вика да се биде сељак е поисплатлива опција (дискутабилно). Или си роден сељак или не си, на сила ако се правиш ќе испаднеш смешен. Би рекол дека најдобра опција е златната средина. Женско не сака премногу машкото да и угодува, да трча по неа, да и го лиже газот итн. туку сака кога малку ќе и сврти грб, ќе ја третира лошо и на тој начин повеќе ќе ја напали, погодувам ли феминки? :D Не ви е интересно кога знаете можете да имате нешто кога ќе посакате, туку сакате нешто недостижно, а обично лошите момци се такви. Знаете дека добар дечко нема да ве одбие, па оттука ви е досаден. Ај има премногу за дискутирање, не можам се наеднаш, ако има феминки волјни за дискусија и те како ќе збориме и ќе се расправаме додека не дојдеме до вистината. :lol:
     
    На gorgimavichi и Yipman2 им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Сеа сите женски се такви или не се? Што се договоривме? :D А да погледнеме на тоа од друг агол. На вас машките па, мирните девојки едни интересни што ви се, што да ви кажам, се утепаа девојките од дечковци фаќање... фуфиците секоја вечер сами дома си идат.

    А за материјалното, мислите нема мажи материјалисти на кои ама буквално им е битно само материјалната состојба на девојката и тело осмица?Денешно време? Со свеста за нашата економска ситуација? Многу.

    Речиси колку и женските. Значи цело потесно друштво од помлади денови на мм. Чиниш ќе дојде ден кога женска сама во кревет нема да може да ги запали, па ќе мора да достават некое банкнотче. Дали е некоја загреана за пари може лесно да се детектира како што јас можам така да ги детектирам таквите мажи и сум ги препознавала одма уште од почеток на студии бидејќи средно учев со еден куп такви. И не, не ги мразам, у фаца им се смеам, затоа што ми се провидни, глупи и плитки и свесна сум дека таков нема да ме освои.

    Ги гледам ко оние од пред МТВ. Буквално. Како што и нема да ме освои некој кој постојано размислува за тоа дали јас ќе му го олеснам џебот. Имав еден таков состанок (остана на состанок), одамна уште кога се`уште излегував. И се глеаше дечкото ептен притисок вршеше (огорчен од курвинството на сите жени кои ги запознал дотогаш) и ја му спуштив (саат време го толерирав) „Добро, каква и да сум, толку се сметаш за глупав да не можеш да го откриеш на суптилен начин? Идејава за состанок-распит у симулирана полициска станица ама ич не ми се свиѓа.“ Не еднаш, неколку пати сум се излажала на прв состанок да отидам со такви особи и останувал на тоа. Па ај да мислам дека мажите само парите нивни ги занимаат и се плашат да не им ги потрошат. Не бе зашто да мислам, ако јас сум се родила со памет у глава, не сум едина ваљда.

    А за не-монотоност. Па кој сака монотоност? Не можете да ја направите врската возбудливо искуство без да бидете сељаци и извисувачи? Toлку се мислите за не-креативни? Мора ли пари да се имаат? Со мм коа бевме дечко и девојка, ни едниот ни другиот не бевме богаташи (поштено и далеку бевме од тоа), па од ситни работи (за оние побогатите) сме направиле спомени на кои ден денес со насмевка се сеќаваме.

    Не бидете под толкав притисок. А ако почувствувате дека некоја ве одбива затоа што ја интересираат богати сељаци, барате на погрешно место и од погрешен човек да биде човек. :)
     
    На mimiiiii, kva и Glasna им се допаѓа ова.
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Pussy ,pishuvash za da napishesh ili???Pa i vrapcite nadvor znaat deka sekoja devojka,zena mechtae pored sebe da ima vistinski dzentlmen,osipuvana so mnogu ljubov..nema tuka nekoja golema filozofija..pa da treba da se razglaba iljada ZOSHTO,iljada ZATOA :?:
    Ne sekoj "dobar "e za vo vrska/brak...kaj nekoi pochetni parovi vozmoznoe e da ne postoi nikakva hemija izmegu niv dvajca :?: ...shto e mnogu normalno..ne sekoj so sekogo si odgovara,razlichni karakteri i toa e toa.
    A toa deka vo deneshnicava e izmestena normata za normalna vrska i te kako e :geek:
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно зошто конкретно момциве се делат на три групи, добри, лоши и сељаци? Има и нешто измеѓу, не е се така црно, бело.

    Има едни што јас ги викам добри и воспитани ама со карактер, е такви ни требаат на нас девојките. Пари, сељачки потези и оние за мене најсмешните демек bad boy што се прават нешто :D мене лично, а верувам и дека на секоја паметна девојка не требаат. Таа што паѓа на ваквите од погоре не е ништо попаметна ниту пак повредна од него. Исти си се плитки и двајцата и си се нашле, што се однесува до мене и нека си се наоѓаат таквите. :D

    Ауу, да, ќе ги заборавев и балканските мажиња што се главни и нивниот збор е последен. 8) Кога подобро ќе размислам овие може и најлоши да се. :lol: Пазете се девојки, вие паметните, другите си знаат. :wasntme:
     
    На berrybush, simoncelicius, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.