Од каде тоа дека сите баш сакаме такви? Еве ја мирни сакам само на пример, мангупи не ми требаат и секогаш сум ги избегнувала. И темава е чудна. Сите на крај си наоѓаат партнер каков што сакаат. Не остануваат ни добрите момци сами, има добри девојки, најчесто капачето си го наоѓа лончето. После фаза на тинејџерство баш овие момчиња се истакнуваат, може во тинејџерски години се понастрана, но доаѓаат и нивните 5мин.
Често затоа што после повеќе искуства со одбивања, еволуираат во личности со генерализиран огорчен став кон цел женски род (дека сите девојки и жени наводно всушност сакаат само секс, пари, мачо момци кои ќе ги контролираат и нема да ги почитуваат). Ова за повеќето од оние самопрогласени „добри“ кои не се по свој избор сами и не се задоволни со тоа. Инаку секако има и супер личности, и машки и женски - кои долго време се сингл и задоволни со себе, или одлучуваат да не стапат во брак, или да немаат деца и сл.
А кои се тоа сите? Во име на цел женски род зборуваш или? Пошто јас во никој случај не сакам такви квази мангупи, туку сакам сериозни и добри луѓе што имаат осет како да се понашаат во секоја ситуација. По коментарите можеме да видиме дека мангупите не се повеќе во мода. И мене лично ни ме привлекувале, ни ќе ме привлекуваат. Прво, не знам што се подразбира под мангуп, ама ако тоа значи да вози со отворени прозори додека јачи Цеца, ако носи златен дебел ланец, носи наочари во затворен простор, пуши цигари и по цел ден седи по кафани, сите девојки ги вика срце, душо и мацо, се драпа таму долу кога поминуваш покрај него и ти свирка...да, дефинитивно не се во мода такви дечки и никогаш не би сакала таков ни за другар, а не за дечко. Ако знаеш да се зезаш, ако си опуштен, фин, внимателен и нежен, кога тогаш вистинската девојка ќе си ја најдеш. Нема потреба со сила да се правите нешто што не сте. Бидете добри и бидете свои, воопшто не е точно дека девојките повеќе трчаат по лоши дечки.
Нив им врие крвта, а на нему не? Инаку, @Bokchee како стоиш на овој план, малку да ја апдејтираме темата. Ти се посреќи ли сине?
@Alisa22 Баш сега ќе коментирав слично Добрите момци не завршуваат последни, скоро повеќето што ги знам се во долги и среќни врски. Според мене последни завршуваат "добрите", во крајно големи наводници. Самопрокламирани фини суштества, што сами истакнуваат колку биле скромни, учтиви, добри и ете женскиот род не чинел, тие не сакале добри како нив. Од таквите, run Ниту се добри, ниту фини, ниту жртви.
Затоа што многу мажи што се ќутливи, мутави и неуспешни кај жените мислат по дифолт дека се добри. Ја не можам да ги трпам ко другар нивните патетики, а не пак некоја женска секој ден да ги слуша.
@Alisa22, Сосема е точна сликата што ја објави. Бар од оние што се наоѓаат во моја околина и се самопрокламираат дека се "добри" како што рече @Animali го делат баш тој став. Не сфаќаат дека така не функционира реалниот свет и треба да бидат компетитивни за да успеат да импресионираат единка од спротивниот пол. Со самото тоа што таквите најчесто се пасивни, тивки, а по дефолт очекуваат дека од небо ќе им падне женска затоа што ете они самите мислат дека се добри и поради тоа заслужуваат секоја да трча по нив, а не се свесни дека со себе влечат само фрустрации и нивните карактеристики не се клучни за тоа да бидат ставани на пиадестал. Наместо со патетики, треба да поработат на себе и на другите полиња во животот. Кога некој е успешен и среќен, зрачи и со поголема самодоверба. А како зрачиш, така и привлачиш.
Познавам и доста квалитетни девојки, образовани, вредни, паметни, средени, а ете така во толпата потешко некој ги приметува. Не е само тоа машки проблем, туку и женски.
Не би рекла. Женско може да најде во секој момент машко, ако е само за наоѓање. 2 минути на фб се доволни. Работата е каков сакаш. За приметување, секогаш ќе има некој што ќе те примети. Посебно на социјалните мрежи.
"Добрите" момци најчесто не се баш реални во намеерата што ја имаат. Не се искажуваат како што треба и најчесто очекуваат жената да примети што тие сакаат без да превземат акција. Се што прават за жената, тоа го прават за да добијат нешто назад (најчесто очекуваат секс или љубов). Не знаат самите што сакаат во животот и не се сигурни во себе, немаат свој карактер и најчесто оформуваат мислења од други луѓе). Најчесто се јаки на зборови ама слаби во пракса. Не можат да држат сексуална тензија и секогаш се согласуваат за се што ќе каже жената. Не сакаат да го кажат тоа што го мислат затоа што мислат дека ќе ја навредат жената. Ја гледаат жената како да е кралица а не како да е нормално суштество како нив.