Сериозно?? Еј абе јас сум супер, добар, фин, начитан, ама женските не сакаат фини, сакаат сељаци. Уште пробувате да се тешите со ова? Извини што ќе те/ве разочарам, ама не. Изгледа дека сепак не сте толку добри и фини. И какви се овие анализи човече? Демек тие што излегуваат во наведените кафичи и дискотеки, возат добри коли, имаат ајфон и носат марки се лошите момци, и затоа женските се со нив. А дали си се запрашал дека всушност, можно е да имаат и други квалитети кои можат да ги понудат? Ама ете, можат да си дозволат скапа кола и марка. Аман веќе со генерализации.
Какви се тие добри момци? Не значи дека ако е образован, начитан, воспитан и со манири ќе ќути на секое мизерно менаџерче и дека ќе дозволи да го понижуваат. А не понижува затоа што нема потреба да си го мери во ниедна смисла, за таков човек вратите се отворени секаде и има милион опции за разлика од горенаведените менаџери (гревови), со ајфони на кредит. Дури сељаците си ги мерат и играат игри со глупи селанки, овие другите си го живеат животот, имаат покрај себе лојална партнерка со која може да се направи муабет и за нешто повеќе од нокти/шминки.
Поголема глупост одамна немам прочитано, а и не го прочитав до крај почна да ми се уште на првите неколу реченици.
Ок. Ајде да почнеме по некој. Прво за генерализациите. Не си прва што ми префрлила за ова, а нити пак јас сум рекол дека не го правам тоа. Да, точно, генерализирам. За разлика од природните науки, во општествените не постои друг начин ако сакаш да дојдеш до одредени заклучоци. Иначе ако не да се затворат 90% од темиве на форумов и да не ги дискутираме. Еве како би изгледало тоа. - Како да се справиме со депресијата? Се е индивидуално и зависи од случај до случај. - Мирен или драматичен живот? Се е индивидуално и зависи од случај до случај. - Модни прашања? Се е индивидуално и зависи од случај до случај. - Што никогаш не би облекле? Се е индивидуално и зависи од случај до случај. - Дали е паметно да се омажите со некој што го знаете три дена? Се е индивидуално и зависи од случај до случај. - Вакцини за или против? Се е индивидуално и зависи од случај до случај. Да пишеме ако не дека се е индивидуално и зависи од случај до случај и да ги затвориме темиве. Точно е дека секој човек е индивидуа и прича за себе, но тоа не значи дека човековото однесување не формира одредени патерни, стилови, трендови, дека не може да се врши категоризација или обопштување по разни основи: полова, расна, религиска, културолошка, менталитетна, субкултуролошка, избор на професија и деформациите што си идат со тоа. Од сето тоа произлегуваат и самите генерализации што во основа more often than not се точни. Докторите (како лекар а не како PhD) имаат лош ракопис, Јапонците се вредни и работливи луѓе, металци сакаат да носат црно. Генерализациите во основа се алатка која (барем на мене ми) помага во животни ситуации, особено кога имаш малку информации на располагање. Така на пример јас не би се шетал со развеано македонско знаме и дрес на Цветан Димов (улица во Чаир со мнозинство од браќава за оние што не се од Скопје или не се запознаени со градот). Би избрал некоја неутралана облека без национални и религиски обележја како ланче со крст или слично ако веќе сум таму. Дали тоа значи дека сигурно нешто ќе ми се деси ако се шетам со обележја? Не. Дали па од друга страна ако сум неутрално облечен сигурно нема да ми се деси ништо? Пак не. Генерализациите помагаат се додека си свесен дека не важат за апсолутно 100% од случаевите. Ако дадеш простор за исклучоци и научиш како да ги препознаеш и да се однесуваш соодветно на истите, тогаш генерализациите работат во твоја полза. Ако мислиш дека се апликабилни за 100% од случаевите, тогаш нешто не е во ред со тебе. Пак ќе кажам по не знам кој пат. Збориме за општествена тематика. Не е ова математика каде што два и два се четири нити пак физика каде што вода врие на сто степени (ако нема промени во атмосферски притисок). Сите општествени науки се темелат на генерализации ама баш сите. Нормално дека не успева секогаш, меѓутоа ако успева повеќето пати тогаш е прифатено како правило тоа е така дури и во академските и научните студии од општествената сфера. Ајде да им дадеме ако не на студентите да изучуваат психологија на осум милијарди луѓе наместо една психологија која е универзална и општо прифатена. Реков ако не ми веруваш, дојди со мене ќе искочиме, ќе седнеме во Дебар Маало, во Каса Бар или пак во Ол Деј Бар, во чаршија, и ќе анализираме ситуации и што конкретно се бара на пазарот помеѓу понудата и побарувачката. Не мора да значи дека 100% од ситуациите ќе бидат точни. Исклучоци ќе има, но во поголемиот дел (мнозинството) се вака како што ги објаснив погоре. Сакала, не сакала, таа ти е реалноста. Бујрум, демантирај го мојот аргумент со противаргумент. Тоа што ти се згадило од мојот пост, апсолутно не го прави мојот пост ниту помалку релевантен а ниту пак помалку точен.
Има ваков тип на девојки што сака некој да ги цени, почитува и да им збори за книги, да БАШ за книги и театар. И НЕ не е борииинг . Ама секој со своите вкусови. Не генерализирај, не сме сите исти верувај.
Ако пишеш километарски пост не значи дека си нешо многу паметен. Понуда и побарувачка бе хахаха, комплекси пуштени на најјако. Ако не можеш да најдеш девојка не значи дека сите се богати сељаци и се залетуваат девојчињата по нив, можеби проблемот е у тебе си се запрашал??
Немам толку слободно време за да правам вакви анализи. Паметен, учен, добро момче не постои жена што нема да посака таков, а ти можеш да си анализираш и да си фантазираш колку сакаш.
Немојте одма со напади и навреди, секој може на форум да си го искаже својот став. Јас еве иако сум жена, или баш дека сум жена донекаде се согласувам со дечкото. Да не се правиме наивни, во оваа наша лај.. држава, секој гледа да си ја наврти водата на своја страна. Зошто ние жените пред да влеземе во врска прашуваме дали потенцијалниот партнер работи? Јасно е зошто, немој некоја сега да ме убедува дека ако типот рече не работам, ќе види 2 состанок - отпаѓа од игра одма. Зошто од 4 најдобри другарки, 2те најбесни се омажија со душа ( лебче) мажи? Една слика во контекст на муабетот.
Добрите момци никој не ги рецка, освен кога ќе се има корист од нив? Лошите повеќе успеваат итн итн. Тоа ли е темата, ако не е се извинувам, нека брише реин.
Коментариве ти ја отсликуваат енергијата.Јас искрено најмногу гледам огорченост и лажно чувство на супериорност, а овие работи веднаш стануваат одбивни, жал ми е.Наместо да им реплицираш на сите девојки тука да искочат со тебе(што исто така дава впечаток на нападност), прво поработи на себе затоа што кај сите нас има простор за подобрување.
Не ти ја разбирам поентата на тоа што го постираше со темава. Како тоа добрите момци никој не ги рецка? Што подразбираш ти под добро момче? Сликана погоре што ја постираше? Среќа е да имаш покрај тебе паметен, образован, добар дечко, што знае да сака и да почитува, не знам која при здрав памет би сакала некој спротивно на ова.
Не ми се верува шо прочитав. Ми делуваш како многу огорчен тип. И наместо да правиш споредби со сељак и модерен сељак работи на себе.
Секоја чест си издржала да дочиташ, се откажав на пола пат. Ако вака им филозофира на девојките кога им се пушта, ништо чудно што го одбиваат. Напор.
Намерно го кажав примерот со цурите кои поминале и турско и каурско, на крајот се мажат со луѓе кои можат да ги вртат тие на мал прст. Пред да речеш дека сум љубоморна, ќе кажам дека сум јас една од 2те, затоа и посочувам на оваа ствар. Не се мажите ловци, во новиот век, ние жените сме многу по префригани. Јас го сакам мојот маж да, многу ме чува, ме сака и ме почитува. Но секогаш ми биле попривлечни мачо типови. Во времето кога брак не ми паѓаше на памет, дечки како мм не приметував дека постојат. Замисли, излезена си на дејт и тој ти кажува колку добра книга прочитал, па ти кажува мајка му што се нервираа дома, па ти носи цвеќе секоја вечер пред врата, па поезии ти пишува... Заинтересирана ќе бидеш?
Исте се душе спајају. Но, факт е дека огромно мнозинство се сељаците и селанките, така да генерализацијата на @Knudle држи вода.
Кај отворив, кај се запустив. Комплекси, па и суптилно канење на девојка додека се прави споредба на модерен наспроти класичен сељак.
Да заинтересирана ќе бидам, ти ако не си била заинтересирана за тој не разбирам зошто си се омажила, а да има разлика помеѓу глупав па да можеш да го вртиш на малиот прст а интелигентен, паметен, учен не ќе да можеш да го вртиш на малиот прст, не би те ни погледнал.
@Knudle дај напи се диазепам и легни си порано. Не сме во тинејџерски филм од 2007 со генеричен плот.
Зошто не би била? На дејт одам со личност што би можела да ми стане иден партнер. Зарем не е целта да се запознаме, какви сме, какви интереси имаме, мислења, ставови? Секако, сето тоа оди чекор по чекор, ама не гледам зошто да не зборуваме за книги, освен ако целиме само секс, се разбира.