Зошто добрите момци завршуваат последни

Дискусија во 'Сингл' започната од Bokchee, 7 октомври 2013.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.548
    Допаѓања:
    13.889
    Многу си во право за ова. Пример ќе дадам. Во средно имав професор странец, од Европа беше и ни предаваше странски јазик во еден проект. Човекот беше магнет за жени, и сите го забележуваа без тој нешто посебно да се посвети, да се пушта на некоја. Физички не беше убав, дури и многу луѓе имаа кажано дека е грд, а сите трчаа по него. Беше многу интелигентен, човек кој има висока емоционална интелигенција, знае кога да биде љубезен, културен, а кога дрзок, и кога да биде рамнодушен. Мозокот му работеше 200 на час. Едноставно снаодлив. Нашиов јазик многу брзо го научил овде, а исто и албанскиот јазик. По години и години пиеме кафе со една девојка која беше помлада од мене, но и нејзе и предаваше и го спомнавме. Таа вели „него секоја жена ќе го погледне, има нешто во него“. Има самодоверба и тоа зрачи од човекот. Има харизма, иако не е убав по некои си критериуми. Жената сака маж кој „сам ја лови рибата“, и покрај него се чувствува сигурно.

    Е сега, од друга страна, има и момци кои можеби не се лоши, може не се насилници, порочни и слично, ама ако не можат да воспостават комуникација, што да очекува девојката од него? Ништо. Има и такви кои сакајќи да остават впечаток, да поделат комплимент, кажуваат нешто двосмислено, нелогично, па дури и глупаво и навредливо. И нормално дека девојката ќе го одмине.
     
    На baby-star, prashinka, PorUnaCabeza и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Ме мрзи да ја читам цела тема и не знам дали мојот текс ќе е баш за темата....

    Но, постои една мисла која јас си ја имам запаметено вака: ако не се бориш за тоа што го сакаш, тогаш ќе чекаш да дојде што било....
     
    На minne992, Adary.16, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.046
    Пол:
    Машки
    Оти кој последен се смее
    Најслатко се смее

    ]:)
     
    На Cookie21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    9.593
    Пол:
    Женски
    Оној кој е вистински добар, не се смета себеси за таков и не размислува како се другите полоши од него, ниту им завидува за нештата кои тој ги нема. Човекот со добро срце често го измачува мислата дека всушност не е добар и дека некаде нешто или на некого му згрешил. А пак околу себе и во луѓето, се труди да го види доброто, наместо да ги преувеличува туѓите мани.
     
    На The Kole.MKD, Tanjamm, Teofil и 2 други им се допаѓа ова.