1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто добрите момци завршуваат последни

Дискусија во 'Сингл' започната од Bokchee, 7 октомври 2013.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Извини ми вака, ама може не си толку добар колку што мислиш дека си :^) Луѓево во последно време обавезно си додаваат карактеристики, што може сами за себе само да си ги перцепираат... никогаш не знаеш како светот всушност те гледа. Може тргнувам погрешно, ама почна во очи да ме боде, веќе стандард муабет стана -Многу бев добра, ме изневерија другарките, многу сум добар, девојката ме изневерува... Цел свет добри, а од друга страна секој на секого грб му врти... И тоа е еден пристап што знае да иритира.
    И не ми е некако возможно, да си толку добар и фин и културен и со смисла за хумор и све... и ниедна девојка до сега да не ти дала шанса :^) На какви девојки им се пушташ? Кој ти е пристапот?
    И со тоа... од сега ќе се сменам, бед бој, бла бла... или си, или не си. Луѓето можеби ќе го сакаат тој некој што ќе го глумиш, ама дали сам себеси ќе се сакаш...
     
    На BoneMachine, tessie, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Меѓу добар и глуп-тенка е границата. Прво размисли кое од тие две си.
     
    На Priroden, BoneMachine, Gioia и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Често ми се случило да речам „од добар шо е дури е и глупав“ ... Има и такви случаеви во право си ... :|
     
    На BoneMachine и DigY им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Па тоа се обидувам да кажам. Таквите типови се манифестираат со : Несамодоверба, поглед кој кажува дека не знае што сака, несигурност... Тие дефинитивно се-непривлечни за жените.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ,,Фалете ме уста да не ве расчепам,, :)
    Знаете дека има милијарди и милијарди карактери ама бидете умни - паметни де и најдете го својот.
    Биди колку сакаш ,,добар,, ако карактерот пропратен со воспитување ти е 0 (нула), епа не си добар.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    На tessie, kva, Marjan007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Стварно кој гледа карактер денес? Па незнам каков карактер треба да поседувам да освојам женско срце.
    Денес се е прелазно, од убавина до карактер. Голем број се женските кој не даваат ни 2 посто за карактер. Ако дечкото е мачомен или мусклулест што добро иде со мачомен, и длабок џеб и незнам што кола да има, Заеби карактер. После женскиве бараат рамо за плачање, само заради тој мачомен ги варал.

    Бев многу пати излезен со друштво, искачам места каде што идат мој години, не да се мешам со дечурлана. Женскиве абер немаат, се маваат од земја зашто тој што го шмекаат, не им пријде, зашто ги игнорира, не ги рецка ни 2 посто. Или, зошто ја имаа таа девојка а не нив. Кога ќе заврши со една, следи друга. Е сега...кој е проблемот тука? Не сум јас, барем се надевам. Имам воспитување, ќе дипломирам уште некоја годинам,работам (онлајн), добар сум со луѓе, знам да ценам иако почнувам веќе да ми пука филмот.

    Порано мислев дека, тоа што бев бубуљичар, не сакаа да бидат или да прават нешто со мене. Но сега, ми се ичисти лицето но пак иста прича.

    Престанав да се пуштам на женски во диско, и така никоја не ми обрнува внимание, па и гил да се шетам. Се се запознавам со женски, со искачање, од другар, братучед, девојка на другар, итн. Али... све е чабе, незнам што правам. Барав совет од другар, што секогаш сме заедно, искачаме. Вика незнам Боки што е проблемот, он ми дава совети, трикчиња али се е бадијала.

    Се си мислам дека воопшто не сум згоден, немам нешо кузнае каква убавина. Можеби сум испод Average guy. Не се случило еднаш, барем еднаш, некое женско така да ме загледа, како што го гледаат на пример еве другар ми.Не се десило. После ги слушам, женскиве, многу згоден бил, штета што има девојка. Мене, кој ме забележува?

    Земав и куче, да, но не да запознаам женски, туку за мене, онака да искочам, да прошетам. Женски поминуваат го гледат кучево мое, а мене јок.

    Последниве неколку месеци, изгубив и самодоверба и цел да си најдам нешто и за мене.
    Сум бил, и надвор од Македонија, ми се имаат пуштено женски, арно ама, тие едвај одеа, пијани беа. Можев слободно да ги симнам пантолоните и да завршам работа.Но не сакам да ги искористам женските на таков начин, ни на било каков.Да видам трезна кога е некоја дали воопшто ќе помисли на таков нешто.Нормално со друштвото, машки, видоа шанса и се фатија за работа.
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Каква убавина бе друже,која денес гледа на убавина не зезај,ти кажав јас ама има право ПусиХанетер ако не си роден Сељак да бидеш или да глумиш нешто што не си ке испаднеш смешен пред девојките,треба да бидеш дрзок со селски манири и да те боли уво што ке ти каже некоја девојка,значи да не дозволиш да те повредат,ако си чуствителен тип ке те тапшаат по рамо само,како ти си фин и добар дечко,ке биде,ке си најдеш некоја што ке те засака таков каков што си,или само пријател ке им бидеш,уште еднаш ке ти кажам мењај се или ке си останеш сингл.
     
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Абе другар место да се жалаш смени нешто. Гледаш дека не оди на твојов начин пробај со друг. Или не мора начинот, смени го типот на женски на кои им се пушташ, местото, било што. Кога гледаш дека не оди смени нешто. И не очајувај. :!: Исфрустрираноста и очајот за нешто се мирисаат од километар, било тоа да се работи за машко или женско. Од искуство ти кажувам. Ако излегуваш ти само со таа цел дека мораш да фатиш некоја вечерва, маф ти е планот, се чувствува.

    Пробај малку да искулираш, држи се малку на страна и не се труди до толку. Верувам дека само по себе ќе си дојде. И да во право си, женските гледаат прво на изгледот и машките исто нели. Како ги бираш инаку женскиве на кои им се пушташ?

    Инаку не се откажувај и не оди наоколу со муабетот сите жени се исти сакаат ова,сакаат она... Нели сите мажи не се исти еве ве има неколкумина на форумов што се пријавивте и прогласивте себеси за добри, фини, културни и.т.н. Ама пак нешто не штима нели... Затоа смени нешто. :!: :)
     
    На glosipgirl и vitomir им се допаѓа ова.
  10. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Што да сменам? Досега сменив се што ми дојде на ум, и што ми рекоа да се сменам/ ПОвеќе зборам сега, не сум срамежлив(освен ако треба да зборам пред полна сала) убаво се облекувам, сменив и фриз ја одржавам косата кратка, пошто имам мало лице, и се губам со голема и несредена коса, секој 2 ден се бањам, си одржавам хигиена, немам кал по ноктите, иако со луѓе што искачам незнаат колку кал имаат под ноктите и пак успеваат кај женски.

    Читнав некој совети за пуштање, како да започнеш разговор итн итн.

    Мислам дека проблемот е од другата страна. Женскиве кај нас се малку чудни, немаат поим што бараат и немаат никаква цел. Зборам за луѓе 20-25 Испод тоа не ме интересира.

    Едноставно ми се повраќа кога ќе видам паметно девојче, што порано ми има опнато корпа. Со некој деген, багабонт, што и бие рогови секој ден кога не се заедно, и пак му верува :envy:

    Знам дека има, барем се надевам иако мали се шансите, дека има фини и нешто паметно женски овде. Но кај се? Уште пред 10 год, го сменив типот на женски. И не гледам изглед искрено, сум се пуштал на некој што ги сметаат ружни, ама знаат да прават муабет, насмеани се, едуцирани се ама не, они скаата бад бојс.
     
  11. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Дај не ме заебавај.. кој уште сака бед бојс? Осмооделенки? Секоја сака некој шо ке биде тука за неа, шо ке ја сака и почитува, во спротивно мора да е мазохист. :?: Шознам.. еве барем кај мене е така.
     
    На eliesaab, De-lovely, tessie и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Прво, насловот на темата - муабетот е на место, добрите момци дефакто завршуваат последни, ама исто така постои и муабетот „кој последен се смее, најслатко се смее“, а во случајов овие две совршено се поклопуваат.

    Општо, згодните девојки во основно школо го бркаат оној со веспата, па во средно оној со голфот од татко му, па на факултет оној со мерцедесот, и после 25, го бркаат оној „добриот момак“, кој чекал толку време трпеливо.

    Магичната граница на луѓето, и машки и женски е 25 години, после оа 25-ка, луѓето се трансформираат од дечки и девојки, во мажи и жени. Ја би ги нарекол од забавни личности, во досадни баби и дедовци. Затоа ти си на граница ако стварно имаш 25, па сигурен сум дека те очекува сосема поинаков живот во следните години.

    Е сега, за тебе конкретно. Многу би помогнало кога би ни ставил слика да видиме. Знам дека нема да сакаш, ни јас не би сакал, ама можеш како многу феминки што прават, да си го замаглиш лицето во фотошоп, па да видиме што ти нудиш, пошто и онака знаеме двајцата дека се надеваш дека тука некоја девојка ќе види добар момак во тебе и ќе сака да те запознае, боље да ти го запознае стилот одма, отколку да ја изнесеш па да се разочараш. Ако те знае и те изнесе, тогаш можеш да бидеш сигурен дека 80% сака да има нешто со тебе, нели? Ти го кажале тоа оние кои те советувале, нели? :hai:

    Инаку, секогаш е погрешно да го бараш виновникот надвор од тебе. Виновникот за сè си секогаш ти самиот. Не викај дека девојките се курви или сакаат лоши момци, без разлика што можеби навистина е така... викај дека нешто во тебе има кое не чини, ама ти не можеш да го видиш, а другите не сакаат да ти го кажат.

    Има многу работи кои се толку едноставни и такви ситници, ама ќе направат никад да не фатиш девојка. На пример, алиштата ти стојат до шпоретот и ти мирисаат на манџата на мајка ти. Ти си израснал со тоа и не приметуваш. Секако, ова е пример. Друг пример, имаш ужасен здив. Еден мал кариес, прави ниедна девојка да не сака да те погледне после првиот муабет.

    Можеби пак си малечок, низок, можеби си превисок. Можеби си предебел, можеби си преслаб. Можеби д`ткаш, можеби се лигавиш додека збориш, можеби си епилептичар ама срам ти е да кажеш, можеби имаш деформирана уста, можеби помоножено со илјада.

    Битното е да знаеш што не чини, а потоа, откако ќе знаеш, битно е да откриеш кое е решението за тоа. ;)
     
    На BoneMachine, tessie, sindi87 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас ве читам и се чудам,како може вака да се суди на форум? 8)
    Се согласувам со феминкиве,дека девојките навистина трчаат по бед бојс,ама кои девојки? :wasntme:
    Ако сакаш таква девојка,е незнам што да ти кажам,иди фрли се у Вардар.
    И не ја гледајте секогаш вината во другите,иако може да биде и во нив,размисли малце,да не се преценуваш себеси понекад,а? :geek:
    На ниските девојки има требаат бед бојс,сељачишта.И на тинејџерките. :)
    А ако сакаш девојка со карактер со свое `јас`,тогаш имај и ти твое `јас`.И не глуми,никад.Прави го она што навистина ти причинува задоволство,пример ако читаш или незнам што,и ќе си најдеш истомисленичка.
    Без очајувања,не е крај на светот!
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Bokchee јас сепак мислам дека ти си ја утнал категоријата на девојки на кои се пушташ.

    Штом сфаќаш дека тие девојки на кои си им се пуштал сакаат bad boys тогаш зошто не разгледаш малку и други типови на девојки и луѓе воопшто? Не се само тие, верувај.

    И зошто се потценуваш во врска со надворешниот изглед? Секој со некого ќе си се најде, секој со некого си одговара. Крај краева секој убавината ја гледа на различен начин. Колку пати со другарки сме имале спротивни мислења за еден ист дечко. Колку пати сум се чудела како може на другарка ми да и' се допаѓа некој, како што и она на мене ми се има чудено за мојот вкус. Така што сите сме различни, само треба да се најде баланс. Колку само за пример, имав другарка што и' се допаѓаше еден дечко само затоа што имал лузна на лицето. Ете, тоа на неа и' беше интересно и необично, всушност она и таков тип на девојка е, необична.

    Bokchee ти еве велиш дека не си сељак и дека не си тип на дечко кој го бие лош глас. Ок, супер, до тука е добро. Ама зошто тогаш упорно и упорно трчаш по девојки што велиш дека сакаат момци со пари и некултура? Самиот си свесен дека таквите девојки не бараат некој како тебе. Прво треба да сме си свесни каква личност сме ние самите, што би ни одговарало на нашиот карактер, што ние очекуваме од спротивната страна, да не се преценуваме ама и да не се потценуваме, само да сме свесни за нашите квалитети и според ова да си направиме една слика си реални очекувања и тоа да го бараме.

    И уште нешто, страшно ме нервира кога некој ќе се изјасни дека сите девојки кога биле помали биле како без памет и како муви без глави па врискале, пиштеле и се трескале од земја за некој со... веспа. :@ Еве јас не сум била таква, ниту пак сега сум. Јас сум била од тие што сум се смеела на таквите од погоре. И уште една работа, немој да мислите и да се залажувате дека ако некоја сакала пари како помала, дека на 25 години ќе се опамети и демек ќе си бара фин дечко, аха да, само вие сонувајте си. :D Таа цел живот барала пари, сакала да ја возат со мерцедеси и аудиња, и баш сега на 25 ќе се преобрази во мила, слатка девојка што вистинските вредности ќе и' бидат на прво место и ќе трепка со очињата, можеби... :rofl:
     
    На Glasna и Azriel1 им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Треба да имаш карактер кој ќе биде компатибилен со карактерот на девојката за да има шанси за нешто посериозно.
    Ако не си мускулест а го забележуваш тоа кај другите, тогаш стани и ти мускулест! Можеш да си поставиш таква цел на пример. Тоа можеби автоматски нема да ти обезбеди женска, но ќе влијае позитивно врз твојата самодоверба, а самодовербата е еден од главните магнети за женски, а ќе биде и еден голем појдовен плус за тнр.прв впечаток кај извесен број девојки.

    Имаш google, имаш youtube прочитај или погледни повеќе за бодибилдинг (natural bodybuilders, без штетните опасни хемикалии од типот на стероиди), како и колку правилно се вежба, побарај ја најблиската теретана (фитнес клуб) доволно е да одиш 2-3 пати неделно по 60 минути. Но видливи резултати ќе имаш дури по околу 2 год. правилно вежбање и одморање. Во случај да имаш вишок сало, работи кардио вежби, запиши се на аеробик фитнес (е таму врие од девојки), тоа ќе помогне мускулите да станат видливи а и ќе зголемиш и кондиција.
    Можеби треба да почнеш да се мешаш повеќе со дечурлана, не мора баш осмооделенки :D , но ете девојки 17,18-19 год. кај нив можеби ќе имаш и поголеми шанси, имено постар си! На некои баш тоа може да им биде инетересно...
    Проблемот е што можеби ти гледаш која девојка тебе ти се свиѓа, па не ги забележуваш оние на кои ти им се допаѓаш. Тој „сељакот„ можеби посакува четврта девојка но во моментот е со таа со која што може да биде - втората, па третата, а не со таа четвртата која не му обрнува внимание. Гледајќи од страна се создава илузија дека него му оди со секоја можна девојка, што не е точно - му оди само со оние кај кои гледа дека има шанси, и 2% не се замара со другите, макар 10х повеќе да му се допаѓаат. Тоа кај дел од девојките доведува до реакција отприлика: „па ако е добар за нејзе, добар е и за мене! Сакам и јас да го имам„.
    И да дипломираш и да продолжиш да работиш, и да останеш добар со луѓе - тоа се сè позитивни особини, но можно е резултатите од нив да ги видиш во различни животни сфери и дури во подоцнежните години а не веднаш - трпение-спасение.
    Ова е доказ дека девојките најмногу паѓаат на карактер (кој може да биде и селски и џентлментски, зависно од вкусот на девојката) а не на физичката убавина која пак е само за оставање на прв впечаток.
    Дали бил љубезен да постираш од интеренет линкови или неколку слики (не твои приватни, туку онака некои кои ионака можат јавно да се најдат) од average guy и од друга страна неколку слики од „сељак„ guy кои личат на момците со кои девојките одат? Исто може и слики за женските.
    Можеби тоа треба допрва да го откриеш. Стој од страна, немој да се пушташ, не гимеркај девојките и внимателно но неупадливо набљудувај на која ти и се допаѓаш, која тебе те мерка - ако забележиш некоја која те „загледува„ а мислиш дека барем малце ти се свиѓа, пријди и` и почни неврзан муабет - може нешто да испадне.
     
  16. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Токму тоа. Kолку што имам тука, во оваа категорија прочитано нереални и стереотипни размислувања....Па некој од страна да чита овде а е понесигурен ќе си набие комплекси жими се. Можеби сум помала од повеќето во поглед на искуство ама пак пореално ги гледам работите од многу тука. Не знам зошто толку се филмаат луѓето (и тоа во лоши филмови влегуваат) па после се жалат како не им одело во љубовта. Хм, се прашувам зошто.
     
  17. L.u.n.a

    L.u.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Bokchee Кога ке имаш поголема самодоверба,кога ке го смениш мислењто за себе и девојките,кога ке имаш цврст карактер,кога ке бидеш тоа што си и кога вината нема да ја бараш во друг верувај не една туку мн девојки ке сакаат да бидат со тебе. ;)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Епа фала ви на сите. Пред точно 4.5 години почнав онака нагло да ја губам самодовербата. Пред тоа. бев среќно момче,к.р не ме болеше што ќе кажат другите за мене. Но со тек на време, со секоја удрена корпа, у мене како да експлодираше нуклеарка. Но го прифатив тоа како дел од игра, како дел од животот. Нормално нема секоја да ми каже да. Како времето леташе со брзина на светлината, не го сретнав дури не го слушнав зборот да, за некоја да ме прифати, мува, излезе со мене. Било што, барем колку толку ке си ја кренев самодовербата и ќе бев посигурен во мене.

    Но, ја изгубив и така ситна самодоверба во мене што ја имав.Не е можно толку несреќен да бидам на ова поле. И да, некако, почнав да ги женскиве.Мислев дека што сум постар, имам работа(part time,пошто уште студирам) Женскиве ќе се затрчуваат по мене, а не по незрели и мамини мази.

    Го прашав другарче(24год). абе дебел, што гледаат женскиве во тебе а во мене не? Кратко и јасно, не биди мајка тереза, не биди добар, едноставно третирај ги како гомно.

    Ајде да бидеме реално, физичкиот изглед е No.1 за женското воопшто да те забалежи или да прави нешто со тебе. Без разлика дали знаеш да свржеш 2.3 збора без да изплукаш пред тебе.

    Заради Х причини не смеам да се занимавам со бодибилдинг за жал иако добро би било, но не смеам.

    @daylight
    Е тука чекав некој да го постави прашањето. Која девојка воопшто некад ме засвиѓала? Искрено да ти кажам, иако секад каде и да идам со кого и да идам, што и да правам. Секогаш гледам, не ептен забележливо.Никад некоја ептен некоја не ме загледала, ни па ми праќала некој сигнали. Лесно ќе ги прочитав и ќе тргнав во акција, и немаше воопшто да чекам. Или со очите ги гледаат дечките позади мое уво или некој до мене, мене?? Мало морген.

    Не сум тип што седи дома, секогаш сум излезен отиден, или правам нешто надвор, па да ми се дешава ова. Нормално никоја нема да ми чука пред врата. Едино у последно време спремам испити или учам па послабо искачам, но секој ден го шетам кучето, така да тоа е....

    Сакам да се сменам, и тоа од корен. Вака, да изигравам Исус не бива, , нема ништо лошо да бидам да ги третирам женскиве од гомно подоле, барем тоа го сакаат. И ќе зборат нешто за мене, за вака кој воопшто се сеќава за мене и дали воопшто сум постоел.Вака можеби сум досаден, и немам нешто што би ги заинтресирал женскиве. Но нејќам да гледам некој да се чуствува повреден од моја страна.

    Никад не сум се жалел ни па ќе се жалам. Знам како стојат работите во светот, баш штета, подобро беше кога бев дете и бев глуп и невин, барем кулирав, ќе добиев корпа, се смеев, викам ајде среќа со наредна. наредна и наредна, и што сега? Мислам дека имам повеќе шанси да ме акне метеор, отколку да бидам успешен со женски. Колкав е просентот на тие што стварно ценат карактер? 1 спрема 100000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000000?
     
  19. sasle.sale

    sasle.sale Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    sekako imas pravo na mestoo odgovorot ti e
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    А како ти си сигурен дека до сега си се однесувал кон женските како што и доликува? Можеби само ти си мислиш дека си добар и наивен (и глуп) а околината да не го гледа тоа во тебе.
    Многу бес од твоја страна осеќам низ редовиве кои ги имаш напишано. И не, немој да ги третираш девојките како гомно. Со сето тоа однесување ни тебе нема да ти биде убаво, а и плус и девојките така ќе ти се понашаат.

    Верувај дека убавината е релативна работа. И верувај дека за секој тип на убавина може да се најде достоен партнер. Доколку не си убав може да се направиш добар во други полиња.

    За некои спортови не ти треба многу енергија - пример аматерско возење на точак.
    Можеш да се обидеш да се запишеш во планинарско друштво. Познавам личности кои се ориентирани кон тоа и со сигурност ти кажувам дека ќе те примат со отворени раце. Можеби пред се треба да го промениш машкото друштво - може тие некако те кочат.

    Доколку имаш сестра почни да искачаш со неа. Но се си мислам дека немаш бидејќи да имаше до сега ќе знаеше што сакаат девојките.

    Пријдувај им на девојки кои тебе те привлекуваат, а не на секакви. И заборави го зборот ружни. Никогаш овој збор да не си го кажал пред било која девојка во живо, и да не е упатен лично кон неа.

    Проработи малку на сликата која ти сам си ја имаш создадено за себе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.