1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто добрите момци завршуваат последни

Дискусија во 'Сингл' започната од Bokchee, 7 октомври 2013.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Дебелиот не си требал да го прашуваш што гледаат женските во него, туку си требал внимателно да набљудуваш што и како тој прави, зборува, пристапува па за да така го гледаат. Значи учи од другите машки но без да ги прашуваш - можеби не сакаат или не умеат да ти објаснат.

    Зборовите „третирај ја како гомно„ замени ги со „имај став, биди одлучен!„. На пр. немој „Ѕвездо океанска, кажи ми ли кажи каде сакаш вечерва да те однесам?„ наместо тоа нека биде „Е, ај на кафе во...(име на кафич)„ - значи нема ниту молење и лигавење, ама нема ниту напаѓање.
    Тоа е она што обично прво паѓа во очи(и кај машки и кај женски), но после неколку минути муабет убавината лесно може да падне во вода ако нема други елементи.
    Различни девојки бараат различни елементи, но генерално се врти околу имање самодоверба и смисол за хумор (но не на туѓа с-ка, туку генерално) а тоа е поврзано со некој вид на спортување, со помала или поголема финасиска независнот, да се биде добар во некоја област - за некого тоа е свирење на гитара, за друг автомобили, за трет менаџирање забави, диџеј, четврт готвење и сл. (зависи од личните таленти од една стр. и вкусот на дотичната од друга стр.).
    Дали се тие причини здравствени причини? Можеби тука лежи зајакот.... можеби имаш намалена самодоверба поради некој здравствен проблем? И меѓу најголемите фраери има луѓе со здравствени проблеми, но научиле да се прифатат себе си а тоа влијае тогаш и другите да ги прифатат нив.

    Дали смееш да креваш тегови од барем 3кг? Ако да, сосема доволно е и со нив да работиш, само постепено низ месеците ќе зголемуваш број на повторувања во една серија. Прогуглај, пројутјубувај има на оваа тема доста инфо - просто е, само има неколку правила околу одморање и исхрана што треба да се запазат(на пр.внес на повеќе протеини, ги има во брокула, овес и тн.). Така ќе имаш поголеми бицепси и трицепси, макар за фалење по дискотеки&кафичи. ;)
    Пак ќе речам, тоа по автоматизам не значи женска, но ти ќе имаш повеќе самодоверба.
    Погледни што е тоа кое го имаат тие дечки (што живеат во с.Позади мое Уво), а кое ти го немаш а би можел да го имаш односно реално би можел да го развиеш? На пр. ако е тоа некој ведар црнец со мерцедес - Реално би можел да станеш и ти ведар, а долгорочно можеш да направиш план да работиш и заработиш за мерцедес (т.е. сопствено возило, макар половно) а црнец да станеш не можеш, барем не во овој живот :D Значи тоа веќе спаѓа во нереално.

    Патем, сеуште чекаме слики (користи го копчето Img или URL) или линкови од лоши момци кои завршуваат први, и аverage добри момци кои завршуваат последни!
    Ако си од Скопје, испити можеш да спремаш и во читална. Има една на партизанска спроти Т.Ц: Буњаковец, „Библиотека Браќа Миладиновци„ се вика - згодно е што работи 24/7. Таму има исто многу девојки кои учат. За време на паузите можеби можеш да запознаеш понекоја. Но не да одиш таму со цел да фатиш женска, туку да искористиш можност за ширење на женскиот круг на пријатели и познанички. Преку новата познаничка од читална можеби ќе ја запознаеш нејзината другарка чија комшивка има сестра која токму би била заинтересирана за тебе ;) (ова нели само како пример).

    А за кучето, нормално дека девојките ќе го гледаат кучето а не тебе. Тоа е и целта! Во тие ситуации понекогаш (не секогаш и со секоја!) може да се најде повод за неврзан муабет, кој додуша не значи дека ќе одведе до врска, но утре ќе ја сретнеш истата девојка можеби низ супермаркет или читална со другарки и имате сега повод плус за муабет ем со нејзе ем со нејзините другарки („Еее овој е газдата на тоа кучето што ти го зборев некни...„).
    Ти најмалку неколку пати се изнапожали во темава - дали го забележуваш тоа?! :^) Самото по себе тоа не е лошо, ти ја разбираме маката и потребата, но тоа укажува дека можеби не се забележуваш себе си и во други работи. На пр. не се забележуваш себе си во некои грешки кои ги правиш а кои создаваат блокади за да си фатиш девојка.
    Не вреди со главата да лупаш во ѕид надевајќи се дека можеби наредниот пат ѕидот ќе попушти... потребно е да се смени пристапот, да се побара некоја врата, да се побара некоја скала или јаже за прекачување, да се сменио правецот каде што воопшто и нема ѕид.
    За почеток смени го овој автодеструктивен став!!! Цени се себе си и своите таленти повеќе (во реални рамки) тогаш и другите (не сите, но еден дел сигурно) ќе те ценат повеќе.

    Нешто што можеби може да ти биде од голема помош (како и на 99% од луѓето на планетава) е психотерапија. Тоа е работење врз себе си со помош на психотерапевт (не психијатар, тоа е сосема друго!) кој преку специјални разговори ќе те води постепено до увид на работите такви какви што се е не какви ти мислиш дека се или какви што можеби некој друг ти ги прикажува, а со тоа доаѓаш и до решението на овој и низа други проблеми. Проблемот е единствено дека психотерапијата не е бесплатна, и е процес кој трае најмалку 1-2 год. (сеанси 2-3 пати месечно по околу 1 час) за да има резултати. Информирај се повеќе и на таа тема... само ако се решиш на тој чекор, тоа нека биде твоја мала тајна бидејќи друштвото и девојките можно е погрешно да го сфата тоа, иако и тие се гарант зрели за на психотерапевт. (теоретски нема кој не е за психотерапевт,прашањето е коклу е секој поединечно свесен и волен за тоа!)
     
    На femtinka и mimiiiii им се допаѓа ова.
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Mozhe pristapot kon devojkite ti e napaden(karikiram),a so toa mozhe ostavash vpechatok na nastrana lichnost :?: .Kolku ima simpatichni,tolku ima i NE simpatichni,kolku ima pametni,tolku ima i NE pametni,kolku ima materijalisti,tolku ima i NE materijalisti,kolku ima bogati,tolku ima i siromashni..taka da tie shto se "od poniska klasa","neubavite" i "ne tolku pametnite" mislish deka nemaat najdeno pokraj sebe srodna dusha |( ...se lazhesh...za sekoe grnche ima kapache :P .Sepak mislam treba da si porabotish na karakterot i na nachinot na koj im pristapuvash na devojkite(bez razlika dali stanuva zbor za simpatija ili drugarka).
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ах боки па сега треба ли да те убедуваме don`t turn to the dark side :D
    Твој живот , твои одлуки ;)
    Ако сметаш дека така ќе освоиш девојка , слободно пробај , само не знам колку ќе успееш ...
    И не ми е јасно , цело време зборуваш дека сакаш да бидеш успешен со девојките , ти сакаш да си најдеш љубов или да бидеш Дон Жуан ?
    Оти секој Дон Жуан не може да биде , но секој може да си најде своја сродна душа .
    Можеби оставаш впечаток дека си во трка и треба да поминеш што повеќе жени и баш спротивното се случува .
    Можеби пуцаш премногу високо , оти не ретко сум местела девојки на другари што кукале за девојка и сум добивала одговор - еј види ја ружна , дебела бегај таму |(

    Добри совети ти даде дејлајт обиди се да примениш некој .
     
    На tessie и kva им се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Mimi, што ми преостанува друго?
    Останам вакво муле и папучар?Па кое женско ќе сака ваков дечко?

    Многу работив сменив од што ги кажа daylight, и има уште многу да сменам, и работам на тоа. Но овој живот и оваа (не)среќа што ја имам, никој не би сакал да ја има.

    Можеби сте во право, ако не сум роден да бидам bad boy нема никад да бидам. А гледам луѓево постојано се менуваат.

    Од добри стануват среќопијачи,дволични,љубоморни, полакоми итн. Ама барем, имаат среќа и муда не ги боли во таа област во која јас само можам да ја имам во сон. Тоа е љубовта и женските.

    А лошиве, стамуваат па уште полоши.

    Што ми останува мене тука освен да се сменам од корен, и да се придружам во оваа група на луѓе.И да бидеме искрени, никој не цени денес добрина, карактер, искрено. Се е лага и од корист.

    Или јас сум магнет и се лупам у погрешни женски, или па така ми било пишано некаде. Гневен сум, затоа што, знам дека можам да пружам многу на женска, нормално ако барем размисли и ми дае некоја шанса, без да ме одби и да одбере некој што ќе му биде уште некој трофеј во неговиот живот.

    Исто е како што на женско, никој не ја повикува да излезат, никој не и се пушта, флертува со неа. И она ќе мисли дека и до неа проблемот. Може нема коса, нема глава можеби. И она пицната средина, може и некое деколте да носи. Ама пак не чини. Зошто, пошто машкиве идат по курви.А она мисли дека до неа е проблемот.

    Или можеби, женскиве кај нас, имаат специфичен критериум, кој да го одбијат и со кој да идат. Или незнам што е проблемот.

    Или, може се срамат да излезат со мене во град, за да не ги види тие и тие, или тој и тој, па да и се смеат. како може со ваков дечко да излага. И тоа сум го слушнал лично од женски, што ептен мислев нешто вредат и имаат некое свое јас.
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Друже и што научи од советите? Едно се збори тука,а сосемае поинаку во реалноста ете е сам приметуваш,пробај сам себе да си смениш ако можеш,затоа што ништо не правиш ако читаш само совети а на дело те нема,пуштај се безсрам на девојките и гледај да ти е све едно што ке ти кажат дали ке бидат дрски со тебе а при тоа не ти е битно,ако можеш да издржиш исмејување од некои девојки и притоа да ти е све едно тогаш напредуваш,ако можеш да ти е све едно ако некоја те игнорира а при тоа да не се почуствуваш како дечко со пониска вредност тогаш имаш напредок,ако некоја те одбие а при тоа да ти е гајле што те одбила итн,значи што повеќе си бесчуствитен према нив толку ке ти биде тебе поубаво,значи биди свој а не тука да дозволуваш да ти солат памет како треба и што треба.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Ама не ми е јасно како ќе освоиш некоја девојка ако се однесуваш грубо и ја навредуваш , мислам која девојка би паднала на тоа ? :^) Не за џабе се вика освојување на девојка .
    И тие сељаци што ги гледаш , што ги малтретираат девојките , ги вараат и овие ги трпат , мислиш ли дека не се умилкувале и ределе комплименти на девојките да ги освојат ?
    Еве ти и песничка :D
    http://www.youtube.com/watch?v=x1M3daXDdQg
    Сериозно ?
    Друго е тоа што кога веќе девојките ќе се заљубат а потоа дечкото си го покажува вистинското лице ама овие не сакаат очите да ги отворат . Впрочем оваа појава е присутна кај многу девојки што не сакаат да ја погледнат реалноста .
    Ама едно е сигурно никој не освоил девојка третирајки ја како г*мно како што викаш ти .
    Имав и другарка која имаше ваков типац за дечко , пред да тргнат ,тој ја опсипуваше со комплименти , дури и букети и праќаше а кога веќе падна тој стана тоа што си беше па дури ја тепаше , среќа со време се освести девојчето ..
    Значи ништо нема да постигнеш ако бидеш груб и навредуваш ама апсолутно ништо .
    Точно е дека во реалноста е различно и нема магична формула , ама еднинствениот совет е да се трудиш да запознаваш што повеќе жени , кај некоја ќе упали . ;)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Bokchee зошто имам чувство дека девојките ги доживуваш како да се кроени по еден единствен шаблон? Не се сите нашминкани со тон шминка и со деколтиња, не сите се кренати во главите, не сите гледаат од високо, не сите се арогантни...

    И ова не го имам еднаш приметено, посебно на форумов. Многу пати сум приметила дека девојките ги доживуваат по горенаведениот опис, а пак момците од страна на девојките се доживуваат сите како лоши момци и мислат дека почит и љубов од страна на машко е рамно на вода во пустина па се задоволуваат со помалку. Кога ќе ми рече некој "нема". Ми иде да му врзам една и малце да се освести, а после да му дадам една мапа со обележани места во градов и пошироко каде што може да отиде и да си најде нормална девојка или дечко.

    И јас во средно кога бев уште неиспилено мислев дека дечко може да се фати само ако сум дотерана и дека само со тоа се привлекува машкиот род, а пак машките во тоа време на мојата возраст мислеа дека девојка се задржува на начин "топло-ладно" и со неа да е најголемиот кретен. Не дека не им успеваше или дека на девојките не им успеваше, успеваше, ама пак ќе кажам тоа е во средно, а возрасни не се однесуваат така и имаат сосема други критериуми и можат сосема други работи да дадат од една шминка и деколте или кретенско однесување. И да, исто така во средно мислев дека само дискотеките се места за излегување, социјален живот и дружба. И да знаете дека таму повеќето што излегуваат се тие од погоре што ги опишав. И после "ама нема, девојките сакаат пари, девојките сакале ауди, сакале ајфон", а од другата страна слушам "не бе, нема машки, не бе, сите се кретени, сите со пари сакаат да те фатат, сите за една вечер сакаат".

    Епа да ве прашам какви сакате да најдете на такви места? Проширете малце видици, не се ограничувајте, прошетајте на места кои не се така познати и ексклузивни во градот, променете нешто... Ќе се изненадите и ќе видите дека постојат и типови на луѓе кои се опуштени, вистински се дружат, вистински се забавуваат, кои не одат во вц на секои 10 минути за да ја поправат шминката итн. Секаде има исклучоци не велам не, ама претежно местата за излегување си се поделени според типот на луѓе кои излегуваат таму. А доколку гледате и чувствувате дека на некое место не припаѓате, не се пронаоѓате себеси или едноставно нешто не штима, тогаш променето го, ништо нема да изгубите, можете само да добиете. :)
     
    На daylight и Elena69221 им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Боки, ќе звучам семесинаповски, ама ова ќе ти го кажам. Животот ти е како огледало, како се гледаш самиот, така и другите ќе те гледаат. Многу често убавината се состои во енергијата која зрачи однатре. Ако енергијата е предизвикана од себеприфаќање и себедопаѓање, нема да дозволи ма другите да видат многу наши недостатоци (кои секој ги има). Имав една таква другарка, абе мислиш вени ќе сечеа по неа. Ама самоуверена, никогаш не сум чула да се жали од изгледот, напротив. Значи не беше нарцис, не го велам тоа, едноставно си се сакаше себеси и беше свесна за сопствените вредности. Да ставам овде слика, сите би се зачудиле, „па што толку има во неа?“ Ете, нешто има. Мора да научиш да се чувствуваш пријатно во сопственото друштво, за да можат и другите да се чувствуваат така во твое друштво.

    Ако се пуштате на плитки глупачи, кои само со пушапот може да се пофалат и кои сакаат сељаци и поим за достигнување у животов им е да станат ко Ѓулизар од „Имотот на дамата“, пуштајте им се. Ама никој на форумов нема да ви е крив кога ќе ви набијат комплекси од шо се дотолку моронки шо вашите вредности немаат умствен капацитет да ги детектираат. Ако па тие за провод ви се подобри, а другиве ви се подосадни и неузбудљиви, па ќе си фрлите, шо да ви речам. Место на вас, нејзе ќе и` купите еден Армани. Да не беше анонимен форумот, ќе пишев „ако има некој сељак и шарлатан шо успеал да добие повеќе од едно превртување со очи од мене, нека се изјасни.“ Да не речам дека каде што учев средно, таквите беа на ептен добар глас а мене ми се чудеа шо ми се дебилни и смешни. Молам? Сељак шо не знае да се понаша а се фали со ланци и мотори? Нека си оди со моторот на кафе, очигледно подобро му оди него ли меѓучовечки односи да развива. Ми вреѓало интеллигенција муабет да направам со таков. И се`уште ми вреѓа.

    Не треба да станувате сељаци, туку да го решите го проблемот со вашата самодоверба. Несамоуверени дечки се осеќаат од километар и мене лично ме вадат од памет. И не мал број на девојки преферираат да го одберат простиот сељак пред несамоуверениот и самосожалувачки настроен дечко. Пре би трпеле сељачко понашање отколку ли некој на нив да лечи комплекси и истите да им ги набие.
    Затоа што од првиот знаат што може да очекуваат, а од вториот не може да знаат бидејќи ни самиот тој не знае што може да очекува од себе. Да не почнам за тоа, колку несамоуверените кога ќе им се даде шанса знаат да ти набиваат вина за емотивно да те манипулираат. И шо им е фајде шо се или не се сељаци на таквите. Вадат од памет!
     
    На imelda и mimiiiii им се допаѓа ова.
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Јас мислам дека не знаеш да ги проценуваш девојките и дека цело време типуваш на одедреден шаблон на девојки. Земи лист и напиши ги сите девојки што ти се допаднале и нивните слични/исти и различни карактеристики. И ќе увидиш дека цело време ти се свиѓа еден тип на девојчиња,што веројатно лошо се однесуваат со тебе. Дојзнај зошто те привлекуваат и пробај да го смениш шаблонот.
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Биди малку по опуштен не му ја мисли толку, понашај се нормално и ако ти се свиѓа некоја викни ја на кафе, немој да чекаш.
     
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Сакам да мислам дека има некои асални женскиве во нашава држава.Ама некако сите се во исто ќоше.
    Секој те гледа од корист. Ако не си атрактивен, немаш плави очи. зелени очи, темен тен, длабок џеб, брза кола. Женскиве се палат е на баш вакви момци. Зашто? Пошто овие се непревидливи, демек знаат што сакаат, у секој можен конфликт се замешани, само да покажат тука кој е кој пред женскиве.Целта им е само да легнат секоја можна женска во Скопјево. А добрите и нормалните момци кој ги е.е. Досадни се, сакаат искрено, ама не они само можат пријател да бидат или како брат. Ебати логика.:envy: :envy: :envy: :envy:

    И не, не ми се свиѓа еден ист женски. Одамна го сменив тоа. Ама очигледно сите женски ко да имаат еден ист код да размислување. И не, Боки, ти си мн искрен и добар,многу те ценам како другар.И да сум им кажал епа ќе имаме проблем. И женскиве ќе укапираат и не ми зборат повеќе. Они се по бед бојс. Заеби ти искреност.
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    |( Ако навистина веруваш дека е до ова, тогаш барем лесно можеш да го решиш: сончај се во солариум и ќе имаш темен тен, купи козметички леќи за зелени или плави очи, замоли некоја што сака да биде само другарка да ти сошие подлабок џеб и разгледај цени за половна брза кола, или ако имаш пари купи нова - па баш да видиме дали ќе фатиш така женска!

    Патем еве мала компилација од неколку паметни мислења што ги прочитав тука а кои можат да бидат клучното решение:
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Е во врска со ова. Значи постои другарство и другарство. Зависи од отвореноста и од тоа колку сте на чисто со очекувањата од истото. Капацитет за нешто повеќе не постои во секое другарство и поврзување од таков тип. А и да постои, нагли чекори може да ја зезнат работата. Значи може да си внимателен, дискретен во врска со твоите чувства и сл. подолго време и одеднаш да прескокнеш две скалила и си надвор од играта. Ова важи и кај мажи и кај жени. Мора да остане мало делче мистерија од двете страни. Затоа што врската не е само продолжување на другарството со задоволување на одредени потреби. И таа е еден вид на запознавање. А кога веќе еден за друг се` знаете, директно би преминале во онаа монотоно кризна фаза која природно се јавува по некоја година.

    И уште нешто. Вие можете да бидете другари и без постоењето на физичка привлечност или хемија. И баш поради тоа, некогаш едниот од парот не се плаши да биде поопуштен и поотворен што на другиот кај кого веќе постојат такви емоции прима погрешни информации.

    И не е само со жените така. Да не кажувам примери тука јавно.
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Чист пример на мој другар.
    Не беше никој посебен и заприметлив...
    После образованието најде многу добра работа. Зема многу пари.
    Купи скап часовник, Реј Бан наочари, нова кола, нова гардероба (иако стилот сепак му остана малку сељачки).
    И беше спремен дека сега девојките ќе трчаат по него.
    Но, девојките само го користат. Ги носи по вечери, им плаќа по кафичи, ги зема и враќа со колата, и ништо повеќе од тоа.
    Многу пати сум му рекла (а, и другите му велат) гледаш колку те користат.
    И тој тоа го знае, ама на некој начин си го плаќа друштвото.

    Значи, џабе има се, и пари и кола, кога нема пристап, не знае како да се однесува кон девојка. Предобар е, многу е човечен, ама со девојки е тапа, одбивен е. Или е многу срамежлив или е наеднаш нападен. Едноставно не знае, не умее, и затоа не може ни да најде некоја.
    Значи не е секогаш проблемот во парите и имиџот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Е со вакво размислување, далеку ќе стигнеш. Ако почнеш да се понашаш ко сељак или бед бој, ти гарантирам дека ќе се најде некоја да ти го лупне у фаца. А тогаш верувај, тој збор ќе те боли многу повеќе одошто би го болело некому кому сељачизам му е лајфстајл мање више.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    20.756
    Бидејки, во мој случај не сакам машки кои секогаш и во се ти удоволуваат, кои нема никогаш за ништо да се скараат со тебе, не и дека треба да претерува, ама кога има потреба да се однесува како маж. Може е чудно ама кај мене е така. Не сакам воопшто лоши момци, ама несакам ни некој кој е 100% добар. Некако таквиот дечко многу брзо ми здосади, а незнам зошто.
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Еве ти го типот на девојки кои ти пробуваш да ги освоиш. Ете ова треба да го смениш. Видиш, сам си одговори. Финтава не е дека сите девојки се такви туку дека ТВОЈОТтип на девојка е таков и само кај нив пробуваш.

    И дај сериозно размисли, ова најозбилно, дали стварно мислиш дека СИТЕ девојки можат да бидат исти ?
    ГЕНЕРАЛИЗИРАШ. Тоа е проблемот. :!: :)
     
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Dechko,ne e ni chudo so vakvo razmisluvanje ,ushte da si dremesh so prstot u raka...kako vikaat koj bira,ma*****ra :P .
     
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Mislev so prstot u usta :$ :P
     
  20. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Неколку ствари:

    1. Гледај да имаш позитивни околности во смисол на хоби, дружење, читање книги, вежбање, исхрана итн. со цел да default-от на твоето расположение биде happy. Девојката не треба да биде изворот на твојата среќа/самодоверба; ако е така ќе бидеш зависен од неа, и на некој начин ќе ја гледаш само од корист. Не многу подобро од типките што би биле со тебе ради пари. Увиди дека тоа не би било фер спрема неа.

    2. Изгледот и таквите работи не се толку битни, среди ги колку што можеш и работи на карактерот. Т.е. не толку на карактерот туку на самодовербата и ставовите. Со тоа што тоа е само 50% од муабетот, другите 50% се да знаеш како тоа да го покажеш. Ова второто може да се рече дека е практичниот дел.

    3. Исто како со спорт на пример, социјализирање и атрактивно однесување се работи кои можат да се научат. На некого тоа би му идело полесно а на некого не. Не е битно колку време би ти требало да ’’станеш добар’’ битно е да работиш на тоа. A како се во животот најдобро се учи преку пракса. Можеби звучи бизарно да разгледуваш теории, али со со оглед на твојата ситуација сметам дека ти е потребно и тоа. А и може да се каже дека е побизарно да не учиш бидејќи резултатот на тоа е милион машки што не знаат како да се пуштаат па се дешаваат creepy и патетични сценарија од кои на девојките очигледно им е скурчено.

    4. Дел од таа теорија би била женската психологија. Девојките функционираат различно од нас. Емоции се многу побитни од логика и за да некоја те свиѓа најбитно е да и ги погодиш емоциите како што треба. И имај впредвид дека девојка кога те свиѓа и кога не те свиѓа е како две различни личности. Тука се во игра ПРЕГОЛЕМИ двојни стандарди.

    5. Во главно, дали некоја девојка ти се свиѓа можеш да одлучиш одма (дека на нас ни е побитен изгледот отколку што им е на нив) а пак kaj девојките свиѓањето најчесто се одвива постепено. И исто така, не е дека неќат да им се пуштаат луѓе туку најчесто им се ставаат ’’погрешни’’ момци а потајно се надеваат дека ќе им дојде некој што е тип топ.

    6. Има уште многу работи ако веќе се навлага у детали, али и нема потреба од тоа освен ако не ти се интересни психологии и сл.(што на мене ми се). Ќе кажам уште дека е многу битно да се поставиш како маж на жена што би се рекло, а не другарски па од страна нешто. Не се работи толку за дали некој е bad guy или фин, туку за тоа колку ти е удобно во своја кожа. И јас сум nerd и фин и се па воопшто не мења ништо. Тие што се bad guys најчесто се слободни и опуштени во своето однесување, не се срамат и немаат страв да одат по тоа што го сакаат. Исто можеш да го правиш и како најфиниот и пак ќе има ефект.

    7. Многу работи се self-fullfiling prohpecies односно што очекуваш тоа и најверојатно ќе го добиеш, така да ако идеш со помислата дека некоја е дигната дроља што ќе се понаша лошо шансите се дека тоа и ќе се деси при пристап. Али размисли дали истата девојка е таква со нејзините на пример.

    8. Глеј ги луѓето ко луѓе. И убава и грда девојка пак е човек. Ако некоја е ептен јака не значи дека е над тебе или пак над другите. Големата работа ако и се потрефило со гените, не е дека го има заработено тоа. Ама тоа е, во диско, пичка у минич има поголема вредност од доктор што спасува животи и на кој може ќе му прават фрка на врата.

    9. Многу работи се сведуваат на placebo effect. И ти знаеш како да се понашаш кул, исто ко што знае некој поубав од тебе. Али тој тип полесно може да си даде дозвола да се однесува така бидејќи иде со претпоставката дека девојката ќе го свиѓа ради изгледот, притоа не сфаќајќи дека е поише ради однесувањето. Запамти дека не те дефинира формата, ти би бил ти и во телото на било кој друг човек. Така да биди слободен и не се кочи.

    10. Не знам зашто го пишав постот. Не знам ни зашто сум тука |(
     
    На eloves, daylight, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.