Имам хоби и тоа многу. Но што е поентата. Се обидувам, мозокот и мислите да ми бидат зафатени нон стоп. Но некако не ми иде. Копнеам да си најдам женска. Самодовербата веќе ко да ја немам, од кога ја имав пред 2-3години. Женскиве како да се конектирани едни со други, и секоја што сакам да ја фатам, ми лупаат корпа. Епа стварно, не вреди ова што се дешава со мене. Гледам дечки, што се мамини мази, коли имаат, некој уфилмани имаат женски, што јас можам само да ги сонувам.Убавина игра и те како клучна улога за девојка воопшто те примети. Веќе ми е сеедно дали утре на пример ќе искочам или не. Нејкам да бидам кловн во групата, кај што сум сам, а сите имаат чупе. Или за Мување,која од секс, или девојка стара/нова. А јас што? Ги гледам, што имаат овие, што девојкиве ги гледаат ко гладни хиени ? Абе барем една ебана шанса да ми се даде, еве, барем да ме упознае поубаво. Да види дека сум подобар од тоа лигле што само сака да се закача, или набидлан се фура тука, женскиве свршаваат, без разлика дали е 15 или 25
Бокче, работи на себе и на твојот ум, девојките ќе си дојдат,па кој не останал без девојка. Може така се погодило, налетуваш на погрешни девојки, но сигурно има некоја за тебе. Шетај, истражувај, дружи се, запознавај ги подобро, не мора одма да бидеш во врска. И верувај убавината не игра некоја голема улога, на прв поглед да, но ако имаш самодоверба, духовит су, културен и добар дечко, тогаш треба да се глупави девојките а да не те сакаат.
Бокче еве два совета од Ела 1. Малку преиспитај се на каков тип женски се пушташ. Не сакам ова да звучи како критика, меѓутоа многу е важно дали упорно и упорно се пушташ на оној тип женски кои го бараат она што ти не си и што ти немаш. Тоа е како ајде сега сите да си замислиме дека сакаме дечко кој личи на Александар Скарсгард и ништо подоле На Свети Никад ќе си фатиме таков тип Треба да најдеш девојка која ќе ги цени твоите квалитети, а таква ќе биде некоја која нема целото свое внимание и време да го посветува на надворешноста, на фасадите. Затоа што нели тебе тоа не ти е битно и таквото однесување кај девојките ти пречи. Значи не се пуштај тогаш на такви девојки. Има толку многу девојки кои се тотална спротивнот За секое грне има капаче. Ама прво треба секој за себе да си ракрсти какво грне е самиот. Nerd девојка што гледа Star Gate, дискутира со друштвото за принципот на ascension, чита Загор и Чико и Марвел, сака да оди на Comic Con и слично, тешко дека ќе може да најде заедничко тло со некој шемаџија типац на кого најбитно му е у петок сите што се битни у градот да го видат како он се забавља на сепаре со згодни цури и скапи пијачки. Едноставно не делат заеднички интереси и нема да можат ни најобичен муабет да свртат. Истото важи и обратно 2. Убавината е небитна. Верувај. Таа е најминливата категорија од сите. Најважната особина која маж треба да а поседува е ШАРМ! Шарм и смисла за хумор Нормално дека треба да постои привлечност и хемија, инаку врската ќе биде невозможна. Ама beauty lies in the eyes of the beholder
Bokchee,да ти дадам еден совет биди самоуверен и стварно окупирај си ги мислите со нешто,не само привидно оти ние девојките сакаме смели самоиницијативни и дечки со став а не некои очајни кои само женско да видат одма се палат .Tака оди тоа ,пријдувај културно учтиво биди харизматичен насмеан и едно или повеќе не ,не значи дека треба да седиш со скрстени раце ,едноставно биди свој и девојките ќе го приметат тоа и ќе им се допаднеш.Cто посто гарант давам дека те симпатизира потајно некое девојче а ти не си приметил,оти гледаш по девојки кои се пицнати со бед бојс а обичните нормални девојки не се излагаат така,и смени ги местата на кои излегуваш за да среќаваш различен тип девојки.
Тоа што ’’копнееш’’ да имаш женска е голем проблем бидејќи те става во позиција да си презависен од исходот. Како последица на тоа шансите се дека се осеќаш како изборот на жени (што би биле со тебе) е сведен на неверојатен минимум и првата што би покажала интерес ќе направи како ти да си Робинзон Крусо а она брод во далечината, и сеа кај ми е сигналната ракета муабетов (ака масовна паника). Ова за жал е однесување кое попрво би било одбивно него привлечно за една девојка. Ти може и да не си свесен што праиш но преку твојата невербална комуникација тоа прилично лесно може да се примети. Втор проблем е тоа што имаш категорија на девојки ’’за кои можеш да сонуваш’’. Тоа значи дека ако пример некоја девојка е на скала од 1-10 да речеме убава 8, а ти пример си 6, аналогно на тоа ја ставаш над тебе. Многу битно е да знаеш дека ти и било која девојка сте на исто место на скалата. А параметарот за твојата вредност не треба да биде изгледот. За изглед замисли си дека постои некоја си друга посебна скала, но дека таа не е главната. Изгледот менува бидејќи ги олеснува работите. Да, точно, тој што е поубав повеќе ќе му се дава шанса на почетокот, можеби повеќе ќе му приоѓаат девојки нему отколку тој на нив т.е. отколку пример на тебе, меѓутоа тоа не значи дека не можеш ТИ да пријдеш и Да Направиш девојката да те свиѓа. Крај краева, би разбрал изгледот да е фрка, но прво да видам дека однесувањето ти е на место па тек тогаш ако те одбиваат толку да кажеме дека можда ете е до изгледот. Да знаеш и дека доколку бараш ’’докази’’ за некоја ситуација истите се и веројатно да ги најдеш. Но пробај да бидеш по open-minded и ќе заприметиш дека има и неубави момци кои се со супер девојки. Глеј ги работите малце и од поглед на еволуција. Во најголем процент од човековото постоење се живеело во пештери што се вика (модерното општество е само мал дел од историјата) а во тие времиња вредноста на машкото била колку може да обезбеди опстанок за разлика од жените кои во главно служеле за репродукција. Е сеа, што мислиш, во тоа време на една жена и било побитно колку е убав мажот или колку е добар во носење храна и слично, односно колку ќе и ги зголеми шансите за преживување? А и да те потсетам, тогаш не ни имало огледала така да ниедно машко не ни знаело дали е убаво или не. Муабетот ми е, жените се различно ’’подесени’’ од нас, не глеј толку на работите од перспектива на машко. Во врска со пристапувањето. Голем проблем исто така може да биде во тоа колку си јасен во намерата. Да речеме ако те прашам, ако влезе сеа Megan Fox дали ти би сакал да ја ебеш? Ти ќе ми кажеш, Да брат, што ти е? НО, ако влезе Megan Fox ти во глава ќе ти се вртат работи дали сум добар за неа, што ќе кажат другите од страна ако ме видат и ако ме одјебе, да не нешто е зафатена па и одземам од времето, кај имам шанси ја со оваа итн. Со други зборови, нема да има јасност во твојата намера. Јасност дека сакаш да ја ебеш. Емоциите доаѓаат во бранови, некат си тажен некат си среќен и сл. Кога си во топ расположение шансите се и дека осеќаш голема самодоверба, односно не си заглавен во себе и во мислите, и немаш грижи од типот на погоре споменатите. Во таква ситуација, не би имало проблем со јасноста во твојата намера. Но, битно е и кога не се осеќаш така да бидеш во иста линија со твоето моментално расположение. Пример ако малце си тажен, не оди против тоа и однесувај се прикладно. Така ќе си ги зболемиш шансите да влезеш во подобро расположение бидејќи на твојот мозок ќе му биде полесно да сфати дека ’’се е ОК“. Пробај некое време да се задоволуваш со помали работи. Да речеме, напраи здраво со некоја, прашај ја 2-3 ствари и кажи чао. Со следната пробај подолг да биде разговорот. Вежбај контакт со очи, значи тоа е НАЈБИТНО, и не сфаќај ништо лично. Ако некоја те одјебе, она ти го одјебува пристапот а не тебе. Она не те знае убаво, не ти го знае карактерот, што си каков си, така да нема потреба да се лутиш. Има и уште доста за зборење, али веќе кажав многу а и ме фати мрза. И за крај - не и го мењај мислењето туку расположението. И привлекуваш тоа што си ти а не тоа што сакаш. Некои луѓе имаат природна хемија...
Го прашав другарче(24год). абе дебел, што гледаат женскиве во тебе а во мене не? Кратко и јасно, не биди мајка тереза, не биди добар, едноставно третирај ги како гомно. Ајде да бидеме реално, физичкиот изглед е No.1 за женското воопшто да те забалежи или да прави нешто со тебе. Без разлика дали знаеш да свржеш 2.3 збора без да изплукаш пред тебе. Види Бокче прво, сите сакаат да си најдат некој, дебел слаб не треба да се прави таква разлика, сите заслужуваат да си најдат некој, добро сега другар ти е малце дискутабилна тема со неговите погледи. Бидејќи сум девојче. имам 22 години, не сум спонзоруша си дадов за право да ти одговорам на темава и ако можам некако да те посоветувам од женска страна. Не само што јас сум таква, цело друштво женски сме такви, некои имаат дечковци моментално некои не. Добри девојки има, истотака и паметни што ако видат дека некој ги третира како гомно и те како ке се тргнат од таа личност, девојки што имаат самопочит, сама по себе кажувам, ако типот со кој сум ке го приметам дека не ме почитува доволно на било каков начин ке си се тргнам, така да како што има добри момци, има и добри девојки. Тој мит за биди сељак, биди гомно и ке идат по тебе не знам на кого му успева, ама на некој што сака да си најде паметно, урамнотежено девојче нема да му успее. Спонзоруши има, ама има и голем дел што не се толку плитки и засегнати со материјална состојба. Во твој случај гледам дека си студираш. си работиш онлајн секоја нормална девојка дури би те почитувала што за време на студии наоѓаш време и да поработиш нешто. Билдање и сите тие други работи истотака не се пресуден ни па многу битен фактор, ако нешто такво правиш си праиш за себе и свое здравје. Те сфаќам и сочувтствувам со тебе, можам да замислам како е постојано да си одбиван, веќе студираш нормално е да се чувствуваш исфрустриран. По тоа како се опишуваш себеси би кажала дека си сосем пристоен и нормален дечко кој од некоја мистериозна причина постојано е одбиван. Би те советувала да се опуштиш малце, зашто со нервози вакви проблеми не се решаваат. Мораш да се препуштиш на времето да ти дозволи некоја девојка да сретнеш што ке те сака ваков каков што си. Не те знам лично, ама искрено мора да има некоја причина поради која што ова постојано се случува. Мислам дека ти е нешто во однесувањето, мора да биде тоа. Мислам дека треба да се има некоја рамнотежа на пристојно и фино однесување и мислам дека и покрај таа прекрасна особина што ја имаш да си добар дечко треба да имаш и свое јас, не во таа количина да се однесуваш како безобзирен идиот со некого, него во таа умереност, да си искажеш свое мислење, да си покажеш дека си своја личност. Тоа би била таа совршена количина. Продолжи да излегуваш, запознавај нови луѓе, прави муабет со рандом девојки што ке ги сретнеш. Не мора и не треба да биде тоа пуштање, едноставно препушти се на таа интересна ситуација да почнеш рандом муабет(без никаква позадина) со некоја девојка што ке ја сретнеш во читална за некоја книга, некој предмет или нешто слично. Така самиот ке се опушташ и не знаеш на што ке налетиш еден ден.
И момците сакаат лоши девојки... и ко ќе видиш, свет полн мазохисти. Aман бе уште ли е во мода муабетов?
Е важи и обратното. Тоа го знае секој не-женомразец на светов. Ова сега општо. Значи, да се биде повреден, не значи дека оправдано можеш да се откажеш од сите мажи/жени, велејќи дека сите се исти. Тоа е неодговорност... најпрво кон самите себе. Како јас на пример, сакам да работам во одредена дејност, а разочарана сум од работодавци од 5 работни места за таа дејност и сега да дозволам тие 5 искуства да ме одвратат од работа во соодветна дејност која ја сакам и во која сум вложила материјално и духовно ми е нон сенс и тесноградо размислување.
^ Аман теси нe се мачи да им објасниш , таквите мажи се убедени дека сите жени се курви и спонзоруши . Остави ги да си живуркаат , веројатно и таква жена ќе земат .
Fizickiot izgled i te kako e biten, da bideme iskreni. Onie koi ke go kazat sprotivnoto samo glumat. Epa bokce jas bi ti dala eden iskren sovet. Od moe iskustvo ti velam grd covek ne postoi. Zacleni se utre vo teretana i vezbaj naporno. Za nekolku meseci ke vidis vo sto si se pretvoril, prvo za sebe ke si ja krenis samodoverbata, a ne znam koja zenska ne bi "padnala" na ubavo razvieno seksi telo. Ovo go zboram od iskustvo. Eden komsija kaj mene na se licese samo na covek ne licese. Zamina negde neznam tocno pocnal da vezba i koga se vrati . Site se zacudija vo sto se pretvoril. I koga ke ja postignes celta ti brat da si biras. SO SREKA.
Не се сите машки кои се добри сами на овој свет и има многу кои се во срекна врска или муваат девојки. Мислам дека најголема грешка на оние кои се добри, а сами, е во тоа што од таа своја доброта го губат сопственото јас и немаат став,а тоа е она што девојките не го сакаат. Во ред е да си добар,ама не да претеруваш со тоа,да се однесуваш премногу заштитнички и да не поставиш одредена граница.
Dobro e toa gi pocituvas zenskite,ama da si predobar pa ni toa ne e vo red,jas bi rekla sve sto zapocnuva so PRE(los,dobar,ljubomoren..) ne e ubavo. Toa e nekoja zenska glupava logika,ii bi ti preporacala da si misteriozen,probaj,zenskite obozavaat takvi tipovi,sleden pat koga ke zapoznaes nekoja sto ti se svigja,ne i kazuvaj mnogu za sebe,baraj ja koga najmalku ke ocekuva,ke padne ke vidis! Nemoj da si mnogu dobar so zenski,iako sum zensko ke recam ne zasluzuvame i nie do negde..
Нема врска физичкиот изглед друже нека не те лажат,јас да ти кажам нешто едно пријателче беше дебел не беше толку убав да не кажам дека беше дури и грд,ги вртеше девојките како сакаше,а немаше ни нешто многу пари,ама пријателов знаеше да ги шармира,дури му завидуваа и многу добри дечки кои изгледаа многу добро,гледај да ги шармираш,да ги почитуваш ке видиш како работите ке ти тргнат на подобро.
Тема која може да биден од некаква помош, можеби дел од машките ќе се препознаат во некои мислења: Од какви мажи/жени бегате?
^ Во секоја шега,има и вистина Спојлер Инаку како резултат на искривени морални и општествени вредности,за жал реалноста е претставена на сликата.Ќе потенцирам дека има и исклучоци