1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто добрите момци завршуваат последни

Дискусија во 'Сингл' започната од Bokchee, 7 октомври 2013.

  1. DELFIN-15

    DELFIN-15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Фините луѓе речиси во сите животни ситуации(не само кога станува збор за љубовта) најчесто завршуваат последни...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Ти не си материјал за врска, туку за брак. И повеќето од девојките не бараат уште сега да се во сериозна врска бидејќи уште им врие крвта, како што се вели. Но кога ќе им здосади да бидат третирани како крпи ќе доаѓаат трчајќи кај тебе после неколку години.
    Еден совет од мене: Глуми дека си лошо момче и некој мангуп па некоја ќе се фати. :lol: Сакам да кажам имај самодоверба. Изгледај ладно, недостапен, незаинтересиран. Но се разбира ќе им го покажеш вистинското лице кога ќе сакаат да те запознаат подобро. Знаеш што велат? Ако ја соголиш душата пред другите тогаш можат полесно да те повредат. Што има они да видат каков си уште на прв поглед? Никој на крај не изгледа таков како што ни се чинел на почетокот. Се занесов во темата.
    Инаку одговорот на прашањето: “Зошто добрите момци завршуваат последни?“ е многу комплициран. Можам да пишувам и да пишувам за тоа... Има многу причини. Една е бидејќи таквите девојки длабоко во себе се слабаци и им треба некој што ќе ги заштитува, алфа мажјаци бе. Скоро секогаш се заебуваат со таквите бидејќи он може има сила да ги штити но таа сила ја употребува и врз нив. А добрите момци не изгледаат како да ќе се степаат за тебе, тоа е една од причините. Има многу причини. А мене ме мрзи да пишувам.
     
    На valery15 и Marjan007 им се допаѓа ова.
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    -биди свој,ама не до толку нонстоп да и пререкуваш на девојката
    -ако ти рече нешто што не ти годи,не и врти одма грб,биди океј со неа
    -смени ја фризурата под итно!
    -повеќе шегувај се
    -биди помалце ноншалантен
    -не ги употребувај излитените фрази
     
    На gangstergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Хм,,, иам еден проблем. Сето тоа што го кажа да бидам, ми е некако вештачко. Или јас сум преглуп или незнам да глумам таков. Зошто некоја да не сака да ме запознае подобро ако сум оргинален? Ни факинг шанса не даваат да се запознаат подобро. Зошто мислиш, дека добрите момци се слабаци и неможат да заштитат женско? Каква логика е ова? Гледам дека се заебуваат, но секоја втора пак би се вратила на таков.
     
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.959
    ^Хм, бе дечко, на неколку теми те имам читано, и сто совети ти дадоа, и ти пак со истата прича дека женските помлади паѓаат само на алфа мажјаци. Морав да проверам дури колку години имаш оти ептен еднострано размислување имаш.Тоа не е точно , верувал ти или не.Ако ти не можеш да најдеш девојка, не значи дека сите девојки трчаат само по доминантни фичфиричи и плејери бед бојс.Харизма, пари(ни се допаѓало нам тоа или не), памет и изглед се разбира дека се афродизијаци и што повеќе ги имаш,веројатно повисоко ќе котираш.Ако ги немаш, поработи да ги култивираш.Ама исто ко жените што се очајни за мажење, исто и мажи што напињаат за жена по малку се напорни.
    Мислам нормално и ок е тоа,све 5, ама доста се фрустрираш од работи што ептен искривено ги гледаш. Партнер се бара и по сличност ,а не сега различните ти ќе ги менуваш .Сакале такви-сакале.Идемо даље. Испитај си ги и своите критериуми.Ако сакаш барбики и ти боље биди Кен.Само фрустрации си билдаш.Ри-лекс..
     
    На tessie, imelda, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Не си билдам фрустрации, одамна не се замарам со тоа, ниту сум искомплексиран.Не ме знаеш, многу повеќе луѓе го делат моето мислење.Сега е тешко да се најде девојка. времињата се отидени упм. Нејкам барбики, пошто не сум на нивно ниво. Кај нас женските се праат божици, не сакаат ни да напраат муабет ако некој им пријде, сите те гледаат со намуртени очи ако им пријдеш. Одма ти купаат титула Манијак. Не користам бош, муабети како што користат скоро секој второ машко. Другар што има
    женска, ми вика ако раскинам сега, нема шанси да најдам женска, ќе бидам ист како тебе. Пошто, сите женски тука се исти. Има различни, би сакал да ги запознаам. Никад спрема женско не сум бил нападен,
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Добро де, има и други начини да се запознаеш со женско освен да и пријдеш во диско.
    А и според пишувањево твое, ми се чини дека сакаш само да најдеш девојка колку да имаш бидејќи ти е досадно, бидејќи ти се запнало така. Не знам, не можам да ве сфатам. Па не е крај на свет ако сте сингл. Почекај, не ги напињај работите и само од себе ќе си дојде. Сега било тешко време девојка да се најде. А чекај, порано сами си никнуваа ко цвекиња претпоставувам? Претходно сите биле во врска нели, немало самци?
    Зошто си дозволуваш околината да ти наметнува некое правило? Еј демек, 25 години си, уште немаш женска, што ти си направил во животот? :^) Или па некој ти рекол, ти добро момче си, ама не можеш женска да си најдеш.
    Студираш ли, работиш ли? Според годините претпоставувам дека работиш. Сигурно има некоја колешка, можеш на некој курс да се запишеш, да поканиш некоја на кафе. Па еве, и на фејсбук може да се запознаеш. Со дечко ми се запознав на фејсбук, најпрво почнавме со муабет за Хогвортс (дознал дека сакам Хари Потер) . :D
    Сакам да ти кажам дека кога ти се свиѓа некое девојче дознај што сака, што не сака, најди начин како да ја шармираш. Не е се здраво, како си, што има ново, ќе излегуваш ли вечер. Не очекувај одма да ти се фрли пред нозе. Ако не си задоволен со физички изглед, поработи на тоа.
    И аман, престанете веќе да генерализирате. Сите женски биле спонзоруши и сакале лоши дечковци.
    Можеби ова што ти го кажувам ти е клише и веќе кажано, ама вистина е дека само се уште не си ја нашол вистинската.

    Женските се праат божици? Епа тогаш зошто одиш кај тие што се праат божици? Знам кога бев тинејџерка, сите ги забележуваа оние со минич до пич и деколте на изволте, а јас облечена сосем пристојно речиси и никој не ме фермаше :emo: . Пробај со овие другите, поразличните, пробај на друго место освен во диско. Бидејќи не се сите такви, како што и не се сите машки исти.

    Ти ни симпатија немаш, некоја што ти се свиѓа туку гледам одиш во диско и за цел ти е оваа вечер да смуваш нешто, па слепо, сакато, или какво и да било нема врска. |(
    Дај пробај, една вечер да не се пушташ на некоја.
     
  8. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Машки
    Ја уствари незнам што па толку си се запнал да фатиш женска, ете ниедна не ти одговара глеаш, значи батали терај си и ти се само за забава ;)

    Ни јас со години неможам да сретнам таква како што сакам, па затоа не ја ни барам.

    Најлошата работа е ако во секоја девојка која ке ја упознаеш бараш да најдеш потенцијален партнер, веруј сам себе се малтретираш :!:

    Затоа јас сите ги гледам со исти очи, никоја не ми е посебна, никоја не ми е специјална, никоја не е најубава, никоја не е совршена како за мене...
    тоа е нормално само почетен став :wasntme:
     
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Полека Полека, да не ве цитирам двајцата (ме мрзи, сега станав) ќе остаам место измегу.

    Кој начини? Не, несакам да фатам женска затоа што ми е досадно. Цел ден ми е организиран, цртам(учам) си го шетам кучетп, работам(онлајн, freelancer),студирам, читам книги, возам на кеј, гледам по некоја серија, и тоа. Воопшто не ми е досадно, усвари да досадно ми е некад, али од мрза.
    Уф, да иам 25 год, и време ми е, не ми беше на 15 не на 20, кога ќе ми е време? на 40? Кој сака некој на 40?
    Од каде да знам порано како било, сум бил копиљ, ме интересираше како да фатам цице. И не се пуштам на секоја во диско, бтв, во диско не сум бил 2-3 год, кај нас де, одев секоја вечер во закинтос пред една недела. Пробав на секаков начин да си најдам нешто за мене, ама не иде, од интернет, од некоја страница, на фб, на некој форум што ме интересира ( и мене ме интересира Хари Потер) Што да сменам на физични изглед? Пластична операција да напраам? Мешлак немам, имав, но го симнав едвај. Имам симпатии многу, и не сум 15 год да идам во диско, и да ги измувам сите таму,



    Друже, јас одамна си ја научив лекцијата да не гледам некоја ако ми прозбори или ми се насмее, како потенцијален партнер, не сум како некој од другариве.
     
  10. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Абре бате Боле, кучо стара..
    не не си ти како другарите, него бетер си...
    Имаш симпатии на 25год?? хаха, а не си 15год за да одиш у диско??!!!
    ... и смени физички изглед ете како Хари Потер (чим те интересира), земи тури си такви sеxy цвикерчиња, и секако пушти косиче такво непршаво со шишчиња (мн личен ќе бидеш тогаш) :$
    .. УСВАРИ шо убаво си се исфали, сите дознавме како денот на нашиот Бокица што понекогаш му било досадно али од МРЗА тоа! :o (божем некој го интересираше па?! него ај пустото тоа..)
    Позз Бокице, и у блиска иднина ти пожелувам да си фатиш цице.. упс овај женска де (и глеј одма земај ја за жена, кај ќе најдеш после друга) не за друго нели немаш 15год, имаш 25, затоа не си играј играчки!.. а и да чекаме една колективна покана цело феминско друштво,
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Ме фака ужасна серка од тебе.
     
  12. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    знам, мило ми е!
    туку ај не држи, оди олесни се!
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Се враќа човек после долго време на форум, љубопитен е да види што пропуштил и ја начекува темава меѓу поактуелните...
    Ова му доаѓа нешто како „Останаа ли машки (женски) во Скопјево (Македонијава)“ од машка гледна точка.
    Одлична „алтернатива“ да се вртат истите аргументи, но од страна на другиот пол.

    Anyway, сум бил „добар момак“, па не сум завршувал последен... Напротив, сум бил прв избор како таков кај одредени девојки, километри пред некои што им глумеле опасни манга и моја опака конкуренција.
    Паралелно, кај други повеќе „палел“ филмот на „нескротлив, борбен, див“ Тарзан-момак...
    Зависи од девојката, амиго, секоја со своите потреби и желби.
     
    На tessie, Marossa, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    За првиот болд: мама ме родила на 36, тато тогаш бил 50 :lol: па еве ги пак здрави и живи, ме исчуваа, кај и да е и факултет ќе завршам и се ќе видат што си доаѓа после факултетот.
    Муабетот ми е дека е поарно да бидеш сам отколку со некој само ради реда.
    Не смееш вака да размислуваш. Има луѓе што на 50 години се разведуваат со се деца и тие треба да се разочараат дека никој не ги сака? Не. Продолжуваат со животот и пак се среќни. Ако најдат некој да имаат покрај нив арно, ако не не тупат глава дали некој ги сака или не ги сака бидејќи имаат 40.

    Штом не знаеш како било порано, зошто велиш дека е тешко време да се најде девојка - цитирам времињата биле дојдени у пм? Се уште мислам дека ти не бараш партнер, кој ќе ти одговара тебе, туку само сакаш да најдеш девојка, како фигура до тебе.

    Во некое од твоите претходни мислења прочитав дека се чудиш како некој драма квин, што вреѓал и пцуел и не знам што, имал девојка. Од кај знаеш, може со девојката да се понаша најубаво, може да е најдобриот дечко. Престани да се споредуваш, тоа не носи ништо добро.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Луѓе што се веќе во долги врски, што се во брак и ред други работи. Многу ми имаат кажано, сега девојка да се најде е премногу тешко, други времиња се. Порано, било без интернет, запознавање директно, лице во лице, пуштање по диско, и ред други работи. Девојките биле по забавни, опуштени и пријатни за рагзовор, сега не дај боже да пријдеш на некоја во диско или на забава, или па на улица, автомаски си манијак, и те бомбадираат со сите можни грди што постојат. Барем еден нормален разговор незнаело да се направи, без да се превртуваат очи.

    Кажи ми зошто надвор кога патувам, женските се попријатни за комуникација, за дружење, запознавање, Каде шансите да запознае некој манијак се поголеми, поголема држава, повеќе луѓе, итн? Ете, не ги ставам сите женски на исто место, ама тука можам слободно да ставам.
     
  16. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl:

    Оооф бе,ооф.
    Шта речи а не заплакати?
    1. Добрите момци не завршуваат последни. Завршуваат,кај девојки кои се палат на хулигани,тепачи,дупачи,манијаци,шамар и „мрш во аудито’’ :D Се е до девојката и нејзиниот вкус,и какви момци нејзе ја привлекуваат. Не можеш да ја осудуваш девојката само затоа што не и се допаѓаш. Но дефинитивно,има и такви кои што сакаат добри момци. Еве,мене ме привлекува карактерот. Не твојот. Но,колку и да ти е чудно,има и девојки кои сакаат такви како тебе.
    2. Што очекувате од девојка која ја привлекува нешто друго? Некои бараат пари. Некои бараат физички изглед. Карактерот,не им е на поважно место во бирањето на партнер. И не можеш да ги осудуваш заради тоа. Едноставно не можеш. Секоја си има свој вкус. И тоа што си добро момче на нејзе не и е важно. Значи,за секого си има некој кој му одговара. Нема потреба од глупави генерализации и стереотипи дека девојките во Македонија била вакви,а во странство онакви. Секако,менталитетот е поразличен секаде,но зошто генерализираш? Ако до толку не ти одговараат тука,најди си некоја од странство и крај на приказната. Тука можеме да ти дадеме совет,но не можеме да ти најдеме девојка. Очигледно,ниту пак да ти го смениме негативниот став бидејќи цврсто стоиш зад него.
    3. Јас мислам дека ти себеси се сметаш за стар ерген,бидејќи имаш (само) 25 и немаш девојка па од ова на некој начин се гледа твојот менталитет. Како што веќе ти кажаа,не барај девојка само за да имаш,биди со личност која што навистина ќе ти се допадне,и ќе ја засакаш,а не ради реда или само колку да си во врска. Имаш време,не се секирај.
    4. И престани да им испраќаш ЛП на сите кои што ќе ги видиш. И немој да кажеш дека е само пријателски,бидејќи е преочигледно дека не си тука од такви намери. Очигледно е зошто си зачленет и можам слободно да ти кажам дека само си губиш време. Форумите не служат за тоа. Запознавање,допишување,се тоа е во ред,но со некој со кого навистина си се зближил. А тоа што и се пушташ на секоја која ќе ја видиш,објаснува зошто толку многу те одбивале. Најди си свој тип на девојка. Најди си хоби,нешто кое што те прави среќен,најди време за себе. Не се опседнувај со тоа да најдеш девојка. И сама ќе си дојде. Ваљда.

    Аман со генрализацииве. :puke:
     
    На Priroden, blueeparadise, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Земи пенкало и лист, и искочи, прошетај низ град, оди до друг град, и прашај ги луѓето, поготово тие што се 20-35 па да видиш какви одговори ќе добиеш. Јас си го напраив тоа, ама приватно, без снимање. Мислам дека го напраив пред 2-3 год. Добро знам што знам, и овој не е мој негативено мислење, туку реално. Не нема девојки што сакаат такви како мене, да имаше, ќе најдев, и немаше вооошто да отварам темава, или па за сајтов да знам.

    Јас не осудувам ако некоја сака повеќе физички изглед,демек ако биде со некој или се обиде со некој што е нема којзнае каков изглед, комшиите или другарките ќе и се смеат, види со каков иде. Ебем ти Македонскиот менталитет. финтата е што скоро секоја втора е таква.

    И ај уште еднаш ќе кажам, несакам да имам некоја само ради реда капиш? И не барам некоја само да имам. Имам хоби, имам време и за мене дури и премногу имам. Ти не ја капираш ситуацијава во која сум или какви се тие како мене. Можеш само да погодуваш.
     
  18. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Обично не обожавам да се расправам по форуми ама...

    Мислам дека луѓево одлично ја "капираат" ситуацијава во која си. И се пробуваат да ти објаснат ама ти или не сакаш да сфатиш или стварно не сфаќаш што ти се вика.

    1. Убаво ти кажаа погоре, има девојки со секакви вкусови. Не бркај барбики ако не си Кен итн. со други зборови, out of your league
    2. Ако имаше таков живот каков што викаш, немаше да кукаш по форуми
    3. Македонскиот менталитет е таков каков што е, ист е за сите што живееме овде, ако не ти одговара, пасош и ауфидерзен
    4. Твоето мислење не е реално, т.е реално е пошто ти го перцепираш како такво. А уствари е далеку од реалност

    И престани да се навредуваш за се што ќе ти кажат, искрено досаден си со твоево кукање, изгледа патетично, а и не ти доликува на годините. Искрено некогаш се надевам дека си некаков трол и само тоа го правиш овде, но ако не е така, тебе ти ти треба вистинска помош, професионална помош.
     
    На eliesaab, imelda, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ае, нема што повеќе да барам на форумов. Вие сте нормалните, јас сум ненормалниот, која будала седи со нормални луѓе. Позз,
     
  20. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Епа фати си некоја ненормална. :lol:

    Побара совет, а се контраш на секое мислење од форумџиите. :fubar:
    Побарај го пробемот ВО ТЕБЕ и пробај да го решиш.