Bokchee друже, не е тешко да се дојде до девојка и тоа квалитетна девојка барем на денешно време, туку се е до твојата глава што не ти фаќа црпката. За да освоиш девојка не ти требаат пари, ни лепота, потребно ти е да ти фаќа црпката. Искрено ме чудите кога се жалат овде неможеле да најдат девојка? Да сум слеп и нем, па ќе најдам 10 а не една, барем сега кога има разни начини на комуникација, кога девојките се поопуштени не се како порано затворени. Ги жалам девојките со вакви мажишта, а што да кажат они, каде да најдат вистински маж кога се повеќе ве има вакви кукавици кои само кукате и вината ја префрлате на девојките. Девојките си се супер, само има се повеќе ќилави мажи на кои и сопствената сенка им смета.
Ти штом толку сакаш да фатиш девојка можеби си премногу напорен кога си со нив? А и кога упорно мислиш на тоа тоа баш не се исполнува не се оптоварувај толку со тие глупости.
Баш нема врска дека девојките во минатото биле поопуштени, дотолку отворени за муабет и дружби. Е сега, зависи за кое време зборуваме. Во времето кога мајка ми била 20+ не било баш така, тогаш не се ни излегувало толку по дискотеки и кафичи ко што е денес актуелно, девојките биле посрамежливи и позатворени и на машките им требало подолго време да им го освојат срцето нели. Е сега, од друга страна не може ни вака да се гледа на работите зошто се работи за карактер. И пред 30 години имало отворени/затворени/срамежливи/курви и денес ги има истите. Е сега, порано баш тие "курвите" немале толку начини да се експонираат во јавноста и се тоа за нив се знаело во тесни кругови, додека денес сегде по социјалниве мрежи сретнуваме баш такви и нели, се шират муабети.. Еј, види ја брат оваа, се фука со кој стигне. Реално, да не беше фејсбуков не ќе знаевме од кој/која да се пазиме. Мала шала. Бокче, а и сите други, сакав да го кажам следново, дека не може да се праваат генерализации врз некое девојче што сте го запознале ала Сара Таневска, па и уште 15 други такви да знаете, тие не го чинат цело Скопје а воопшто па цела Македонија. Ајде, ако не, дека не можеме партнер да си најдеме да бегаме надвор од државата. За ништо не ја бива оти нема девојки и момци по мој вкус. Е, жално е со такво размислување. Инаку, Бокче уште еднаш, ништо не правиш со закопување на глава во песок само ако си прозван, така само ја покажуваш својата незрелост на твои 25 години. А велиш дека си престарел. Можеби не ти била судбината да запознаеш женска баш во диско, и не верувам дека сите девојки на кои си им се пуштил биле надмени ко што велиш ти (или па само такви ги бираш) туку осеќам дека начинот на приоѓање ти е тотално погрешен, лигав, досаден/упикувачки/нападен.. Не знам кој збор да го употребам. Јас на пример имам запознаено момци од исто школо, иста смена што сме биле дури на одмор, што никогаш порано ги немам видено и од тоа испаднало топ дружба. Остај одмор, имаш уште сто места кај што можеш да запознаеш потенцијален партнер, ама тоа е и проблемот што ти го бараш под дрво и под камен и што во скоро секоја девојка гледаш на трофеј за освојување. Е, со таков став не гураш далеку. И, гледам дека јас не сум била единствената на која си и праќал ЛП иако сто пати на фин начин те одбив, и ти потенцирав дека ти си маж за мене, а ти упорно го тераш муабетот. Такви исфрустрирани и упорно нападни типови како тебе, верувај на ниедна не би и се допаднале.
Гледам дека темава е малку постара и мислам дека имам пишано на слична тема но еве нешто конкретно за Bokchee. Често пати правиме работи за кои не сме свесни дека ги правиме и ни треба некој да ни укаже на грешките. Е сега лошо е кога нема кој да ти укаже на грешките а уште полошо кога сам на себе не сакаш да си признаеш дека во однесувањето можеби правиш некоја грешка и да се соочиш со тоа дека можеби и проблемот е во тебе. Никој не е совршен и некои луѓе и покрај тоа што се сељаци, никакви или незнам какви имаат среќа во животот но некој мора да оди и по потешкиот пат. Знаете на некој му е дадено добар физички изглед, на друг памет, на трет шарм, на четврт пари, на петти другари и тн. Обично се вели дека не сме криви за она што ни се случува но криви сме за тоа како го прифаќаме, како реагираме и како ни остава последици. Bokchee дали девојките знаат дека си во ваква позиција? Внимавај! многу од девојките кога ќе слушнат дека некој немал девојка а е на твоја возраст им делува одбивно. Значи не откивај дека сеуште не си почувствувал љубов или доколку некој ти мести некоја нека не те прикажува како очаен дечко кој неможе да си фати женска. Мислам дека прочитав и мислење како странските девојки биле многу поопуштени и како не си сакал да користиш ситуација. Па да, поопуштени се но и менталитетот им е подруг. Ако ти на одмор или патување смуваш некоја не значи дека ја користиш. Нема логика во тоа. Обично за време на одмор сите се поопуштени. Повеќе флертуваат, послободни се, голем дел од луѓето бараат авантура и сл. Значи смувај странка ако имаш шанса барем самодоверба ќе си кренеш и не се секирај нема да бара за жена да ја зимаш.
Имаше еден дечко навистина добар.. Ми се додворуваше, сакаше да ми се доближи.. Му бев прва во се.Навистина можам да кажам дека го вложи сиот труд да ме освои. Но ете мене не ме привлекуваше. Не затоа што беше премногу добар туку затоа што ништо кај него не ме привлекуваше. Ниту хумор, ниту привлечен беше ниту пак имаше некој јак карактер. Значи, јас пагам на карактер ама дечково се менуваше како годишните времиња ту депресивен ту среќен ту се лутеше а да беше лош не беше, едноставно само тоа не ми се допагаше кај него.. И да кажев шала на негова сметка се лутеше. Такви кај мене не сакам. Според мене, не дека добрите машќи не можаат да просперираат кај девојќите туку тоа не е секогаш клучен фактор. Барем не кај мене. Што е поентата да е добар а нема и други квалитети. Барем нешто од тоа што го набројав.. шарм, харизма, смисла за хумор.
Е, како бил добар а ти го оцрни со најлошите епитети, во што тоа бил добар? Ти си му била прва во се, претпоставувам и последна затоа што бил добар нели? Бидејки ти сама рече дека го вложил сиот труд да ти се приближи, па веројатно му треале години и години. Не се станува фраер со 1 девојка и тоа цел живот да трчаш по неа а таа рецка не ти мава. Фраер се станува на поинаков начин а не со лижење нечии газ, за на крај таа рече, он беше добар ама премногу глуп немаше карактер, ништо не ме привлекуваше кај него.... Па што не си му кажала на време, или ти годеше тоа, ти го полнеше егото демек еве трчаат и по мене?
Мислам дека кажав што не ми се допага кај него a тоа беше промената на неговото однесување. Де се лутеше, де беше радосен и пак од почеток. Му благодарам тоа што во се му бев прва, навистина. А у глобала беше добар во се останато, ама тоа беше пречка која не ми даваше да бидам со него. А му пререков за тоа, ако сакаш да бидам со тебе мораш да го промениш тоа кое ми пречи затоа што некогаш навистина ме плашеше. Зошто да сум со некого кој не е стабилен во однесувањето? Мислам дека му се џабе останатите добри карактеристиќи ако вака се променува. Да не знам утре како да му пристапам, дали можам да се нашалам со него или да искоментирам некое машко кое е симпатично? Сум се потрудила да допрам до него, да го прашам зошто се однесува вака, ми ја кажа и причината. Ама тоа не беше доволно да ме убеди. Добар беше во тоа што знаеше да ме ислуша, да биде покрај мене кога ми беше некој потребен, да биде искрен да знае да ме советува. Aма тоа што беше променлив, тоа што не прифаќаше шала на своја сметка, и што се лутеше за ситници ми пречеше. Со мојот претходен партнер можев на секаква тема да разговарам и да се зезам на негова сметка, и сето останато. Мене не ми преставува дигање на его додека некој трча по мене. Јас сакав да му дадам шанса ама додека поминуваше време, тоа што ми пречеше преставуваше за мене пречка. Мислам дека секој сака да биде опуштен со својот партнер нели? А не да се плаши дека ке сгреши доколку каже нешто, дали сум во грешка или не? Исто така знаеше дека се уште го сакам поранешниот партнер, и бев искрена со него. Бараше искреност и се налути на крај. Да не беше сето тоа што ми пречеше кај него можеби ќе му дадев шанса. Типот си беше океј, тоа настрана. Ама јас не можев секој ден да толерирам промени на однесување. Тоа беше единствено што не ми се допадна. Му напоменав еднаш два пати за тоа но тој ни малку не се промени. Барем малку. Кажи ми Бах, дали ти покрај себе би сакал девојка која нема смисла за хумор, која не сака зезања на своја сметка, која постојано има промени во своето однесување?
Многу дефетистички пристапуваш кон проблемот иако сето тоа веројатно има своја причина, но ова со сликата што го пишуваш е чудно, не сакам да делувам грубо и однапред се извинувам ако ова делува така - но ако си грд можеби треба да избираш девојки со поскромен изглед, можеби ја грешиш целната група?
@Bokchee , а ти да пробаш да бркнеш нешто малдо и невино, да речеме нешто 13-14 годишно. Спојлер Воедно моли се на Кадмиел
Добрите момци не завршуваат последни, досадните завршуваат! Да бидеме реални, секоја девојка во дваесетите сака нормален дечко до себе, некој што ќе ја сака и почитува и пред се, да биде почитуван од околината.Таман работа дека сакаме клошари, мангупи и хулигани..Дечки од таков тип може да успеат само кај тинејџерки на кои уште им лета паметот и тук- там некоја недозреана. Ама има едно големо АМА, светот на тебе ништо не ти должи со тоа што мислеш дека си добар дечко, а најмалку некоја девојка. Ако мислеш дека се е во ред со тебе од апект на изглед, хоби, професија можеби треба пристапот кон жените да си го смениш.Ако и пристапиш на девојка со мисла дека ќе добиеш корпа-ќе добиеш корпа.Но, ако пристапиш самоуверено, отворено и се потрудиш да и направиш другарски муабет можеби и ќе добиеш фидбек за понатамошна дружба.Значи не одма да ја фатиш за ЖЕНСКА, туку да ја поканиш на кафе/на кино/театар/изложба да и дадеш шанса да те запознае дека си добар и нормален дечко.And maybe you can score. И нешто што најмногу ме нервира е кога во недостаток на аргументи некое машко ќе каже-,,Абе брат, знаеш какви се денешниве жени, само по пари трчат,''Значи NOT! Не трчаме по пари, туку по финансиска стабилност што значи дека идниот кандидат треба без трошка срам да си плукне во дланките и да се потруди сам да си го заработи лебот.
Секогаш повозбудливи , поавантуристични и поинтересни се за жал оние бед бојс , ете затоа ни се тие и по приоритетни , и така добрите момци завршуваат последни на списокот ... само чудно е што кога ќе не повреди некој од тие лоши момци ние секогаш бараме утеха во добрите научени сме ние девојките да трчаме по некој кој е фаца во друштвото и во град , по некој фраер кој мами воздишки на сите страни , зборам генерално , има исклучоци секако
Не е вистина дека добрите момци завршуваат последни, барем не кај секоја девојка. Се' зависи од карактерот на девојката. Јас не можам да смислам да бидам со "bad boy" или "womanizer", на пример. Ништо не може да замени вистински џентлмен, кој те прави да се чувствуваш посебно секој ден.
Многу ми е чудна темава. Толку многу варијанти постојат, мислењето дека се' е црно - бело ми е смешно. Како демек ако си добар мора да завршиш последен? И по кои тоа критериуми се заклучува дали некој дечко е добар или лош? Кој одлучува за тоа? И каде тоа добрите момци завршуваат последни? Која е таа листа на рангирање? Какви карактеристики поседува добриот за да биде наречен добар? А какви лошиот? И зошто спротивноста на добар момак веднаш е женкар, сељак, хулиган, некултурен, клошар итн? Аман веќе од вакви генерализации. Постојат и едни момци кои фаќаат некоја средина. Исто како што и девојките не може да се поделат само на фини, принцези, невини и курви. Индивидуално е тоа кој дечко е добар, а кој не. Мене многу ми биле добри, а на другарките не им биле. Зависи и колку ќе дозволите да е некој лош со вас (што и да ви значи тоа). И зависи од вашиот карактер и како се совпаѓате со неговиот. Дечко ми за многу бил лош, ама за мене е најдобриот. Како ќе се погодите. А можеби и само сте биле повредени од некој дечко, па по автоматизам за вас е лош, клошар, сељак итн. Или пак некој дечко бил повреден од девојка, па по автоматизам се става во категоријата на добрите и со тоа се теши дека го откачуваат зашто е многу добар. Како и да е, темава е сра*е во боја, само тоа дојдов да кажам.
Па еве да кажеме убиец или сериски убиец дека спаѓа во крајно лоши момци http://nypost.com/2013/12/03/the-women-who-fall-in-love-with-jailed-killers/ http://www.ibtimes.co.uk/charles-ma...rton-why-do-women-date-serial-killers-1475427 Не знам кој би бил нивни еквивалент од добрата страна, можеби некој тип кој измислил лек за нешто. Некаде прочитав интересна мисла, нешто беше во стил ``кога децата би можеле да си ги бираат татковците скоро сите би избрале најс гајс да бидат сопрузи на своите мајки``.
И јас сум на сличен пат ко твојот. Нема magic pill. Али има причина зашто женските не секогаш ги бираат "добрите дечки" Некои женски се палат на bad boy машки. Фраери и сељаци на нашки. Изглеа се палат на драма. Шо ги знам. У секој случај, со нив неможеш дури ни да сакаш. Си возат свој филм. Битно да не се комплексираш ако налеташ на такви женски и примиш корпа. Има женски што тврдат дека бараат добри машки а се слепи за можностите пред нив. Истото важи и за машките што викаат дека бараат добра женска. Поентата е дека таква луѓе се лажат себеси и луѓето околу нив. На вакви најчесто ќе налеташ. Неможеш никого да кривиш, секој си има проблеми. Битно е да не се кривиш себеси и да бараш некои глупи детали за себе што они не ти ги свиѓаат. Најдобриот совет што би можел да ти го дадам е да не се умараш. Знам дека звучи контра-продуктивно бидејќи ти сакаш женска, али има нешто што лесно се приметува, особено кај машки што немаат искуство. Многу се умараат и се трудат. И кај женските, ова го преведуваат како "понашање". Си мислат дека нешто глумиш и затоа те одбиваат. Научи да бидеш ти ти без да бидеш нападен или да глумиш фраер. Барем јас мислам дека е тоа.
Ама кој последен се смее најслатко се смее. И со девојките е така, не само со машките. Ќе те испофалат колку си добра/добар, прекрасна/прекрасен, супер ама пак не почнуваат ништо. Колку случаи имало кога сакале прво да се позабавуваат со полошите а добрите да ги остават за на крај. Затоа рекле, од курви добриве девојки не можат да дојдат на ред. И со машките така. Штета.
^Немој бе Саше, ти лежит к'сметот. Само можда го бараш на погрешно место. Ке станувал лош за џенцка...ццц.