Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто домашното е секогаш критикувано и помалку ценето од странското/туѓото?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од venus♡, 26 јули 2021.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.200
    Допаѓања:
    13.037
    Пол:
    Женски
    Нема веќе конструктивна критика. Одамна заврши тоа на нашите простори.
     
    На mode-kristina, venus♡ и Need for Speed им се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Еве денес Дејан Георгиевски се впиша во македонската спортска историја. Најголемиот спортски успех од независноста. Гордост! Ги нема оние што редеа критики. Македонија има уште една спортска икона. Браво :party:
     
    На ane.bella, elimkd, spacegirl92 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Што е со ова патриотско агитирање и шејмување на непатриотите како биле неинформирани, хејтале без причина...? Јас не можам да сакам земја полна со бадијалџење и неправди. Не можам да сакам народ кој ги наградува хохштаплерите, а ги казнува доблесните и оној мал процент способни кои ги бива за нешто, ги шиканира и потиснува. Не можам да сакам народ кој ми бара врски и ургирања за секоја ситница или ме прашува чие дете сум. Не, не се работи за злобни поединци. Сите се прилагодени, немам видено некој со прст да мрдне во одбрана на она што е исправно, веројатно затоа што не знаат што тоа значи, бидејќи вредносниот систем им е искривен. Од мене никој нека не чека патриотизам во оваа држава. Пораснав, ја увидов реалноста и раскрстив со безвезни чувства. Нека се докаже човекот ко поединец, а дали бил Македонец, од каде бил, не ми е од значење.
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На elimkd, Mikha4, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Па не можеш да речеш дека нема природни убавини ако не си посетила 99% од нив.
    Нема некој на кој не му смета системот во Македонија. Системот ги уништува сите други полиња во кои има потенцијал. Не разбирам зошто по автоматизам патриоти се поврзуваат со поддржување на сите административни полиња.
    Ја отворив темата за да се зборува за тоа колку се потценети историјата, културата, природата, одредени поединци која ги поседува Македонија.
    Сите тие што сметаат дека е нормално тоа го пишаа за изговор системот. Според мене, тоа не е воопшто аргумент и нема врска со самата тема.
     
    На mode-kristina, Celltica, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  5. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Зошто домашното е секогаш критикувано и помалку ценето од странското/туѓото?
    Да е еднаш или двапати, ајде. Но ова "секогаш" ме загрижува. Значи се работи за некој што се секогаш против сѐ што потекнува од татковината, т.е. предавници.
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На Tanjamm, venus♡, Arjanit2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Токму затоа. Има некои, и во најдоброто ќе најдат маана само затоа што е македонско. А да е странско, ќе се утепаат од фалење.

    Едит: Пример, маана за денешниот медалист ќе биде: ,,зашто е сребро, а не злато?:^)". (facepalm)
     
    Последна измена: 27 јули 2021
    На mode-kristina, eliesaab, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Стварно не сакам да звучам како гринч, ама да беа толку убави ќе беа и познати. ;)

    Како некој што живее во странство, често знам да почуствувам љубов и топлина за Македонија. Мили ми се многу работи. Ама секогаш кога ќе се вратам, не можам повеќе од месец дена. Затоа што се она што го паметам како добро, излегува многу underwhelming и е помалку на број него ли лошите работи.

    Немам потреба од чувствување на патриотизам, да си роден во било која држава. Немаш никаква контрола врз тоа каде си роден или да каде ќе израснеш. Не ми е јасно како може некој да биде предавник кога не ни избрал да биде лојален. :D
    Разбирам гордост за време на натпреварувања и сл., како на пример за Деки денеска, тогаш и јас навивам како ненормална. Ама општо, идентитетот на македонка ништо не ми значи.

    Понекогаш посакувам да бев доволно храбра или паметна да се вклучувам во разни организации, организирање протести, да демантирам промена и навистина да се трудам за државата да биде подобро место. Ама го избрав полесниот начин и се преселив.

    А инаку оние што критикуваат нешто од ваков тип:
    Или што не обраќаат пажња на македонските достигнувања се токму оние што имаат македонско знаме за профилна, мапа од Македонија пред 1913 година за cover photo и што мислат дека еден статус кој гласи "Никогаш северна!!!" е доволно патриотизам, trust me. :)
     
    На elimkd, Bridget и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ако си одговорен, цивилизиран, културен и општествено свесен, секаде си човек, секаде си почитуван, секаде си патриот. Точка!

    Околу болдираното, тоа е таа поделеност со која нѐ замајуваат. Истите особи кои повикуваа на бојкотирање на референдумот, наместо да ги повикат сограѓаните масовно да гласаат против промена на името, денес истите ги нарекуваат "северџани", сопствените грешки никако да се признаат. И кај двата табора нонстоп има повторување на некои зборчиња со кои секојдневно се користат по социјалните мрежи за да го понижат другиот, а најпонижен е народот на крај. Каков патриот си ако единствен аргумент ти е навреда кон било кој човек? А потоа ќе плачеме дека не сме сплотени како народ.

    Сепак тој е наративот кој се турка од лажни и анонимни профили претежно, а само заради такви "боцкала" некои денес лежат по затвори.
     
  9. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Па види, не сѐ што сјае е злато и обратно. Кардио Б е многу попозната од Ана Дурловски да речеме.
    Се согласувам дека патриотизмот е чиста глупост, дека човечноста и одговорност треба да ја имаме без оглед каде и да живееме, но од друга страна, поентата на темава е дека ние и тоа што го имаме, тоа што е добро, си го понижуваме, не го цениме и едноставно го отфрламе поради тоа што сме научени сѐ да ставаме во еден кош, државата не чини, значи сѐ во неа не чини, што не е вистина.
     
    На mode-kristina, Need for Speed и venus♡ им се допаѓа ова.
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Точно е дека не се познати, но знаеш зошто?
    1. Ретко кој се нафаќа да ги промовира (всушност никој освен планинарски групи, здруженија и сл.)
    2. Нема доволно интерес и љубопитство за значењето на самото место (научен, историски аспект) од страна на локалците и општо Македонци.
    3. Нема некоја власт што би инвестирала во нивниот пристап.
    4. Фали иновативност и мотивација во општо цел систем, а посебно политичките партии.
    5. И секако поентата од целата тема, дека не се ценат доволно. Самата можеше да споредиш на сликите од @Dust дека Македонија е и тоа како споредлива со Швајцарија.
    Во главно, тие не се непрочуени бидејќи не се доволно убави или сл., туку само заради тукашниот менталитет. И жално е што многу работи пропаѓаат заради ова.
    Малку се помеша главната цел на темава. Да, патриотизмот е прифатлив во ситуацијава, но не неопходен! Не мора да си патриот за просто да почитуваш нешто што е од твојата земја. Јас не викам да се лупа некој во гради за нешто македонско (иако пак ќе напоменам е ок според мене), едноставно сметам дека не е соодветно да се критикува само заради тоа што е македонско. Ако можеле странци (кои биле патриоти на својата држава или не биле, тотално небитно) да вложуваат тука, да истражуваат и да се интересираат за Македонија, што е проблемот во заинтересираноста на Македонците? Поентата ми е, патриотизмот е скроз небитен. Како што може лик од рандом држава (значи тој нема патриоски чувствува кон Македонија) да дојде тука и да се посвети на нешто, може и секој Македонец кој нема патриотски чувства кон Македонија.
    It's never too late, you never know. Може ќе има некој начин да придонесеш со нешто. :)
    Камо да беа само тие. Тие се само 10% од сите, unfortunately.
    Се согласувам, добра поента.
    Ништо чудно да било со цел испланирано. Потоа истите ниту организираа протести ниту слично, иако сепак на крај виновникот се знае кој е, во главно поради прекршување на Уставот. Искрено не ги сакам ни двата, но да се обединеа еднаш некако може ќе тргнеше некако работата. Што викаш, барем ќе немаше раздор меѓу народот. Ама како што напишав и во некое мислење погоре, раздорот има најголема полза за големите сили!
     
    На mode-kristina, Mikha4, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Системот го сочинуваат луѓето и истиот е резултат на менталитетот. Патриотизам или родољубие подразбира љубов кон земјата и кон луѓето кои ја населуваат, значи оние луѓе кои го сочинуваат системот и општеството. Не знам што те буни. Вие (ти и истомислениците) први спомнавте патриотизам на почетокот, не некој друг.

    Сето останато што го наброи се должи на вкусови и преференци, не можи никој да ми наложи да го слушам Тоше Проески пред Мајкл Џексон, да читам за Илинденското востание, наместо за Француската Револуција, или да ги претпочитам православните фрески пред европската уметност во дадени историски периоди.

    Мене географска Македонија не ми нуди breathtaking пејзажи, со исклучок на егејското приморје, нешто сл можам да кажам и за некои соседни земји, тоа е мој став, нема потреба од типично македонско "спуштање" и фалење кој колку шетал и видел од државата.
     
  12. Londrina

    Londrina Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2021
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се знае дека за дома се нуди ѓубре, Ш класа квалитет.
    Менталитетот тука е како да се заеби, забуши, измами и сл.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    @Srckata28, ние имаме убава природа, ама истата нема естетика. :lol:
    Јас на пример кога ќе сликнам некоја убава landscape фотографија, секогаш мора на фотошоп после да тргнам некое жбунче, некоја сува грмушка, крива бандера и слично.

    На темава не знам што да кажам, освен дека голем дел од народот што живее тука е прост и дека талент во државава ретко да просперира.
     
    На mode-kristina, Tanjamm, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Мислам дека ова и не е сосема така, зошто Македонија изобилува со многу нешта што на страна се туристички атракции и се многу познати.

    Пример, Кратово може да се среди толку добро што може да парира слободно на средновековните селца во Тоскана што луѓе одат специјално да ги видат заради средновековниот изглед и задржаноста на тие градби.

    Македонија изобилува со дела на копаничари, нешто што е исклучително ценето надвор и ако сте оделе по музеи, ќе забележите дека парчиња резба во странство се чуваат како суво злато, во посебни услови, заградени со стакла и слично. Значи, некој тоа го цени.

    Од друга страна, западна Македонија особено има живописна природа, клисури и кањони, врвови кои одговараат за параглајдинг (за ова специјално доаѓаат луѓе од западна Европа на Галичица и во Крушево) и слично.

    Сакам да кажам, проблемот зошто не се познати, не е зошто не се убави, туку е зошто не се одржуваат, немаат инфраструктура како пат/превоз за лесно да се посетат и едниставно, не се промовираат. Какви глупости се промовираат како атракции низ светот, ние имаме многу повеќе. Имаме 100m автентичен зачуван пат од Виа Игнација, имаме аквадукт, цели археолошки наоѓалишта од разни периоди од историјата. Ако истражувате ќе видите дека Хераклеа е еден од локалитетите кои се најзачувани од тој период воопшто во светот и дека ретко се наоѓаат толку вивидни мозаици од тоа време. Само ние не знаеме да ги одржуваме и да ги искористиме.
     
    На Abracadaver, SeaMermaid, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.137
    Допаѓања:
    180.947
    За првото- ќе фатиш кадар, или од пошироко, или ептен крупен;)
    За второто- тоа е државна политика, тури неспособни за да можеш да ги контролираш:doh:.

    На темата- зошто домашното е секогаш критикувано- мислам од комплекс:?:. Децениски комплекс на немање гордост, чувство на ниска вредност и чекање признание од некој друг. Задодуша тешко е да живееш во држава кајшто системот те нервира и дупи секојдневно, а во исто време да имаш очи и чувства дека нешто е вредно. Тешко е, ама не невозможно:).
     
    На ines.h, SeaMermaid, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  16. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Дадов мислење за поврзувањето на патриотизмот со темава
    И ова на членот/ката погоре држи вода
    —————————————————————————
    Не е точно дека се темели на преференци. Не можеш да претпочиташ нешто од две/повеќе работи, ако за некои од нив не си ни информиран ни запознаен. Можеш да ми кажеш дека ја претпочиташ музиката на Мајкл Џексон, се' додека си ја чула И на Тоше или дека повеќе те интересира за Француската револуција доколку си читала И за Илинденското востание, исто како и за европската уметност иако не знам што ти значеше тоа во случајов бидејќи и фреските би спаѓале во европска (со самата географска положба на Македонија, а и Византија од каде потекнуваат), претпоставувам мислеше западноевропска. Плус толку несоодветна беше споредбата, што буквално споредуваш еден дел од македонската/византиска уметност со повеќе периоди (со различни одлики) од западноевропската уметност (пак ќе речам, не те сфатив што конкретно мислиш на "европска уметност"). Во спотивно, ако не си информирана за сите од работите кои ги споредуваш, нема логика да споредуваш воопшто. А за жал, во Македонија често е присутно такво нешто.
    Еве да речеме хипотетички ти си запознаена и со странските и со домашните. Ок е да претпочиташ ако стварно си информирана и веќе би станувало збор за преференци, ама глупо е само затоа што се македонски, сите работи кои ги наброја погоре да ги плукаш и да кажуваш како не се доволно вредни во споредба со странските. Ок е да речеш мене ми е поинтересно тоа или нешто во тој стил, ама не е ок да кажеш дека се позначајни од македонските. Значи јас темата не ја направив за што некој преферира, туку затоа што секогаш македонското се вреднува помалку поради тоа што е македонско.
    Тоа што мене или на некој друг ни се допаѓа природата во Македонија не можеш да го наречеш:
    Како што рече погоре тоа е мој вкус /преференца и ти треба тоа да го почитуваш. Контрадикторна си на сама себе. А, штом вака кажуваш, јас сум 90% сигурна дека освен Охрид, Водно и неколку поголеми и попознати градови/локации немаш посетено друго место. Ако имаш намера да откриеш ти препорачувам да се придружиш на некоја планинарска група на некоја планинарска тура. Верувај ми ќе го смениш мислењето.

    Темата беше во контекст на природа, култура, историја, спорт...

    Exactly. Во Шпанија има едно место направено нешто во стил на школка ко во парк, и е означено како туристичка локација. А не е ниту нешто посебно на изглед, ниту историски или културно вредно. Не може ни да се спореди со сите оние места кои ги наброја погоре, ама на дневна база има посетители колку секоја од тие локации погоре на годишна база. Ама битно е во Шпанија...:?:
     
    Последна измена: 28 јули 2021
    На Bella •••, SeaMermaid, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Јас сум патриот и си ја сакам Македонија. Имаме убавини, само не се промовираат и тука вината е во државата. Од град до град немаме автобуси како што треба, не па нешто друго. Властите да беа паметни ќе направеа Охрид цела година, постојано да има туристи, а не само во лето. Мене ми се убави Крушево, Берово, Вевчани, Струмица, Струга, Охрид, дебарскиот крај е исто многу убав и Маврово.
     
    На SeaMermaid, Peanut Butter, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Многу си напорна и тераш по свое, твоево однесување и разубедување на секој неистомисленик поединечно делува како комунистички рецидив, но веројатно ти тоа не го гледаш како нешто лошо. Нема да хејтам нешто кое ми се допаѓа поради потеклото бре, која е таа параноја дека некој мрази македонштина само затоа што гледа негативни страни. Нормално дека под поимот европска подразбирав западноевропска, не дека не помислив да допрецизирам, ама со оглед на тоа што така и се изучува во македонските наставни програми - македонското башка од европското, одлучив дека нема потреба!

    Ете не ми се допаѓа земјата, ни менталитетот, да зависело од мене тука ниту би живеела, ниту би шетала, кога престојувам надвор се осеќам препородено, а самото раѓање во Мк го сметам за лоша среќа. :hai: Остави секој да се изјасни без да го влечеш за јазик. Пријатно.
     
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Јас само дискутирам и ги кажувам своите контрааргументи на тие неистомисленици. Ако ти го доживуваш тоа на начинот на кој опиша, изгледа имаш проблем при остварување дискусија или соочување со контрааргументи. Само наведов зошто не се слагам со тебе, што не значи дека не ти го почитувам мислењето или дека сакам да ти го сменам. И според коментариве кои ги упати кон мене дефинитивно мислам дека ја држев комуникацијата на повисоко ниво од аспект на содржината на моите коментари, затоа што беа исклучливо поврзани со темата и ниту еднаш не го прокоментирав твојот начин на обраќање кон мене, (освен сега, нормално) иако повеќекратно прокоментира нешто, условно кажано, навредливо.
    Може ти не (иако мислењата повеќе ми делуваат како да), ама ете постојат. Темата се работи за такви. Убаво ќе беше да беше само параноја, ко што рече, ама не е.
    Тоа беше најмал проблем од тој дел, сепак те сфатив. Поентата ми беше дека не можеш да споредуваш само фрески наспроти цела историја на западноевропски различни дела со различно значење и одлики, од различни култури. Сфаќаш дека е едното е толку испрецизирано во споредба со другото што е многу поопшт поим?
     
    На SeaMermaid, Peanut Butter и mode-kristina им се допаѓа ова.
  20. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Ме читате или слабо?