Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто домашното е секогаш критикувано и помалку ценето од странското/туѓото?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од venus♡, 26 јули 2021.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    Доаѓаат ..лани имавме групи кај нас, во мој крај. И покрај короната имаше..
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Има често тури во Охрид, особено фокусирани околу цркви, музеи и културно наследство. Ние еднаш бевме во апартмани со сите Грци по другите апартмани, така ни кажаа газдите дека често имало.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не прашувам за „Грци“ од Лерин и тие места што граничат со Македонија, туку баш за Грци по род. Знам во Битола одат од лерински крај на шопинг, стоматолози, ама тие не се Грци претежно.
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    Просто еве да ти кажам штом се напна..
    Берово, група од јужниот дел на гр... во тура која опфаќаше посета на западна бг и источна мк..
    Хепи?
     
    На Ketchup, buba4e89 и Abracadaver им се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не е сѐ така црно - бело со јужниот сосед, сѐ што наброја се дела на членови на Златна Зора, сигурно сте слушнале за нив, моментално се водат повеќе процеси за нив меѓу кои и за лидерот (беше пратеник и веќе е во затвор), и изгледа дека силата им е во пад, односно се борат против ваквите групи со години. Тепаа и убиваа и егејци и грци. Со вакви нема разбирачка и не можеш цела држава да ја ставиш во ист кош заради нив.

    Околу коментарите на интернет, доста се активни и такви кампањи се дефинитивно платени. Ти одговориле веднаш затоа што платиле да добиваат алерт за секое спомнување на Македонија и сл.изрази. Проблемот е не што они инвестираат во овој наратив, туку што нашите не прават ништо околу тоа. Не можеме секој ден јас и ти да се допишуваме и расправаме со нив, затоа што ниту имаме ресурси ниту време, а и најверојатно мора да работиме она за кое сме платени.

    Инаку, и во Грција има села си Македонци сеуште, можеш да размислиш и натаму да одиш, ќе се изненадиш. Веќе и не се кријат како порано, посебно сега после договорот. Ако некој доби бенефит од Преспанскиот договор, тоа се они затоа што конечно се признати како народ таму. Посебно сум разочарана од политичари и експерти овде кои до некни устите им беа полни со загриженост за нив, а денес ги игнорираат баш кога се оствари тоа што они го бараа во земјата каде живеат, правото да бидат признати како малцинство.


    Од казината Јужна Македонија буквално живее, посебно младите. Освен казината, маркети работат фул, аптеки и заболекари млатат. Заболекари од цела држава се преселени во Гевгелија баш заради огромната побарувачка.
    Козметичарки, фризерки, бербери и др. занаетчии работат турбо. Било што да работиш од овие професии нема да останеш 5 мин без работа ако отвориш во Гевгелија, Битола, Дојран.
     
  6. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Точно е дека Златна зора предизвикува такви вандализми, но го прават и други луѓе - обично население кое има омраза кон Македонците. Златна зора се само мал дел. Мнозинството Грци ја имаат таа омраза. Зошто тогаш сите политичари, новинари итн. не' нарекуваа Скопје? Или Златна зора и тоа го организирала?
    Инаку прв пат слушам дека некој Македонец од Егејскиот дел добил придобивки од Преспанскиот договор. Може некој доказ за ова твое тврдење? Македонското малцинство признато? Молам? Мислам дека во договорот не ни станува збор за малцинството. :^)
    И тоа што го спомна за јужна Македонија дека преживувала од Грците. Езерата, Пелагонија, Тиквеш, струмичкиот регион кој изобилува со градинарски култури, Ресен со јаболки? Сите овие се многу поважен извор за средства отколку оние работи кои ги спомна. Не дека јас така сакам или дека не се поврзани со Грци, туку едноставно во стопанството примарни и најважни гранки се полјоделските гранки, а потоа идат секундарните (индустрија), па на крај терцијалните (угостителство, туризам и сл. т.е. се што наброја ти погоре). Едноставно тоа што рече дека јужна Македонија преживува од грчките државјани не ти држи вода.
     
    Последна измена: 2 август 2021
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не мора јас да тврдам ништо, повели на stat.gov.mk и увери се сама. Ако полјоделство и земјоделството носеа поголеми приходи никој немаше друго да работи, можеш само од инает да зборуваш.

    Друг момент се даноците, додека државата доделува субвенции во земјоделството, а не наплаќа никаков данок освен паушал, казината плаќаат околу 55% данок на добивка, 10% персонален данок за секоја исплатена премија кон странски државјани, ДДВ, фирмарини, лиценците коштаат само 100 илјади евра и плус се обновуваат на периоди (мислам на 5 години, не знам точно). Ова сѐ оди на трезорска на министерство за финансии освен фирмарината која оди на општината, така да не е само јужниот дел кој има приходи од нив.

    Исто и околу договорот, провери кај соседите колку и они не се согласуваат и зошто.
     
    Последна измена: 2 август 2021
  8. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Јас не зборам од инает, економски така се смета. Секундарните и терцијалните не можат да функционираат без примарниот сектор. Еве ти сликовито објаснување: како ќе изработува индустријата производи ако нема суровини од земјоделство и полјоделство? Потоа како ќе нуди угостителството услуги ако нема производи од индустријата како и храна и други намирници од примарниот? Се' се сведува на примарниот сектор и тоа не е само за во Македонија, туку важи универзално.
    И како што кажа, ни Грција не го прифаќа договорот. Таму не се ни почитува. И после викаш малцинството добило права? А тоа што не го прифаќаат е бидејќи во составовот на името влегува Македонија како цел збор.
     
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Статистички не повеќе од 5.000 годишно(сметај дека тука се земени како број и оние кои доаѓаат по бизнис посети, влегуваат на граница за да одат во Гевгелија на забар, шопинг). Сепак тие се земја со 11 милиони, а ние сме држава со 2 милиони. Македонците одат таму во голем број, тие овде многу малку, премалку.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Во контакт сум со Македонци кои живеат во Албанија, Бугарија, па и Грција. И во селата околу Солун има Македонци, ама не смеат да се кажат и изјаснат како такви. Знам и еден постар Македонец од село Четирок, денес Месопотамија, кој се иселил во Германија поради терор од Грците. Порано каде и да одел кажувал меѓу луѓето дека е Македонец, и затоа го викале и со часови го држеле во станица(каква глупост, ако каже дека е Македонец, не е терорист фала богу). Вели по 2001 година е подобро, ама пак ниту се признаени, ниту можат јазик да си учат, да си зборуваат. За Македонец мњсто во армија, полиција, администрација нема. Знаат во кои места живеат и не им даваат да влегуваат на такви позиции. Што е ова ако не е шовинизам и иредентизам? Моја стрина е од Егејот. Во селото од каде потекува се зборува македонски, ама што дека кога носат грчки имиња, презимиња, и се изјаснуваат како Грци?
     
    На eliesaab, SeaMermaid и venus♡ им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Уште сме Скопје за нив. Јас не чув да каже Мицотакис Северна Македонија. Ние како магариња по 101 пат се обврзавме на нешто што никој не го почитува.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    На моја колешка во Грција и рекле дека е од „Манкидонија“ и тоа во ресторан. На друг колега во ресторан келнерка 15 минути му држела предавање дека ние сме Скопје, а тие се Македонија. Кој овде смее така да се однесува со грчки туристи? Тоа е нивна политика. Од прв до последен Грк се такви, задоени со национализам, а ние се залажуваме дека не е се така црно. На моја братучетка некој Грк цело време и се обраќал со „вашата земја“. Не множат со нула, па зошто јас да не ги множам нив со нула?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.988
    Пол:
    Женски
    Зошто мешате политика|(
     
    На Celltica и venus♡ им се допаѓа ова.
  14. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Уште потрагично е што ако пролисташ низ темава, па и во други, и Македонци го користат тој термин. Затоа не може никој да не почитива ако најпрво ние не се почитуваме меѓусебно.
    Тоа викам. И ако на некој треба да се каже дека поминале години од геноцидот се однесува на нив кои не можат да се модернизираат и да прекинат со тоа омаловажување кон Македонците. Секое малцинство треба да има права, но за жал македонското може и никогаш нема да ги добие.
    Ама сепак ќе кажам дека вината е и во нас. Кој македонски политичар на власт досега повикал за поддршка на тие луѓе? Само од Левица гледам постови на фб. И после не не' почитувале. Па нема кога ни самите немаме желба да се избориме за тоа.
     
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Што бараат Грците да доаѓаат тука, кога во рамки на нивната држава имаат сто пати поубави дестинации за одмор? Логика.
    А пак ти твојте деца Секула и Стамена да не ќе ги викаш. Секако.
    Охриѓаните не вршат геноцид, туку грабеж, а ни Грците не вршат геноцид ами вршеле, минато време, ни ти си ги видела, ни јас.
     
  16. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Доаѓаат. Јас често одам во Гевгелија бидејќи ми е блиску. Одат пазаруваат во маркетите, по сендвичари одат. Но тоа сигурно заради тоа што во Македонија има пониски цени.
    Грција да не ни го земеше морето ќе одевме ли ние таму?
     
    На Tanjamm и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Со која цел е прашањево?
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ова е сликано пред некоја недела и споделено на социјалните мрежи.

    Попова Шапка.

    Дива џамија (без дозвола за градба), дива депонија, диво племе, јадна крава.

    E7ijaK3XoAUqRE6.jpg

    И, сакате да дојде некој странски турист да уплати пари, за да гледа ова?
     
    На Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Тоа се случува кога не ги цениме работите и се препуштаат на други. Со тек на време целосно ќе ги загубиме.
     
    На Tanjamm и Abracadaver им се допаѓа ова.
  20. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Ова е точно!
     
    На venus♡, Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.