Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто домашното е секогаш критикувано и помалку ценето од странското/туѓото?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од venus♡, 26 јули 2021.

  1. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Еве ти го истото и во Норвешка.
    Немојте да барате влакно во јајцето за да ја нападнете татковината.
    БРУКА СРАМОТА!
    Ооо... Сега па ќе има коментари како тоа е од одамна, од пред 4 години тоа со Норвешка.... :clap:
     
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Еве, интересно видео за сите кои се заинтересирани за планинарски туризам.

     
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.916
    Допаѓања:
    7.112
    Пол:
    Машки
    Бидејќи гледам со потсмѐв или као демек "срам мие" од домашното.
     
  4. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Бидејќи и ретко кога навистина имаме нешто квалитетно.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shelby

    Shelby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Машки
    затоа што тоа на комшијата е секогаш поубаво и послатко од тоа нашето
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    При посета на Париз, покрај река Сена на самиот кеј видовме измет од кучиња на две - три места. А тоа е сепак Париз, градот на светлината, најромантичниот град на светот. Продавачи на сувенири, црнци те следат едно 100 метри, и упорно дури те манијачат да ти продадат нешто. Ме прашува од кај сум, велам погоди, ми вели личиш како да си Шпанка, му велам не, од Македонија. Го прашувам дали знае каде е Македонија, вели слушнав на вести, таму имаше војна. Секаде сешто можеш да видиш, ама оди речи му на некој странец дека си видел нешто неубаво во неговата земја. Напротив настапуваат ептен супериорно.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    36.331
    Пол:
    Женски
    Да не бил измет од гулаби?
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Да не ме зезаш? Се работеше за измет од кучиња. Луѓето покрај Сена седат, едни читаат книги, а други шетаат миленици. Поентата ми е дека сите некако имаме стравопочит кон нации кои се гордеат премногу со своето. Еве јас овој детаљ го испуштав кога се вратив и раскажував како сум поминала.

    Да види некој вакво нешто во Охрид, па каква фама ќе се направи од тоа, па плукање, па сликање, па објавување по социјални мрежи, па хејтање.

    Ние имаме убавини, ама ништо не чуваме, на вреднуваме, не негуваме, не промовираме. Јас како хоби правам некој промотивен материјал од убави места во Македонија, и Охрид воопшто нема најмногу прегледи, туку цркви и манастири во рурални места.
     
    Последна измена: 28 јануари 2022
    На Ena05 и venus♡ им се допаѓа ова.
  9. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    Секогаш давам предност на домашни производи и сакам да пробувам нови. Е сега, тука има еден реален проблем со македонските производи, квалитетот е променлив и не е постојан. Купуваш еднаш е одлично, купуваш нареден пат и е како да си купил производ од сосема друг производител. Ова посебно важи за прехрамбените производи.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не пазат на квалитет.
    Умот им е за таков народ така треба.
    Не е исто со робата за извоз што им е.
    Контрола нула.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    5.027
    Пол:
    Машки
    Ќе речев: ,,затоа што не цениме".
    Ама во пракса е друго...одам во маркет, го одбирам македонскиот производ наспроти странскиот, одам дома, го отворам, РАСИПАН, а рокот не е истечен.
    Следниот ден, купувам странски производ, отворам, ТОП. Нит расипан, нит ништо. Им се враќам во маркет со расипаниот производ, им кажувам и ми викаат: ,,па добро, се случува, земете друг".
    Ете затоа македонските производи не успеваат во Македонија. Нека си ги користат за извоз, па нека направат таму таква работа ако смеат...ќе ги дигнат во воздух со тужби. Ќе ја затворат фирмата.

    А кај нас нема ништо да биде. Исто ко да не било. Пола од македонските фирми на пазарот ги држат мафијаши и олигарси, па затоа и сите си молчат. На прсти се бројат добрите фирми. Народот малку поцеќе пари да имаше, шипци што ќе купуваше македонски производи, но за жал толку ни е куповната моќ.
     
    На Indiegurl и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Meне па не ми се случило да купам расипан производ. И да купам, не би го вратила, срам ми е. Производите на Витаминка, Здравје Радово, Бучен Којзак, Макс Струмица, Бон, и многу други редовно ги користам.
     
    На bicycle и Bratot им се допаѓа ова.
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.596
    Допаѓања:
    15.916
    Пол:
    Машки
    Единствено можно е производот шо си го купил да не бил чуван на соодветна температура во самиот маркет и да се расипал, а за тоа не е виновен производителот туку маркетот.
    А ова дека некој производител намерно ќе дистрибуира и продава расипани производи нема шанси.
    Исто и јас секогаш кога пазарам преферирам пред се домашни производи, а и често пати домашните производи се и тоа како поквалитетни од увозните.
    Би било добро и владата да активира некоја кампања како на пример "Купувајте домашни производи", или како порано шо ја имало "За наше добро".


    422.jpg
    .
     
    Последна измена: 2 февруари 2022
    На Traveler91 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Еден период лани многу пиев млеко. Земав Битолско иако е најскапо, ама е најдобро. Еднаш нарачав да ми купат домашните, ми купија едно српско од 38 денари, едноставно ми се лошеше од него колку беше масно и чудно. 5 или 10 денари не ме прават побогата. Кечапот и мајонезот на Витаминка ми се најдобри. И месни производи купувам домашни. Според мене Екстра меин се добри, ако зборуваме за сооднос меѓу цена и квалитет. И тестенини се прават во кочанско, и од тие земам. Ок се за цената. Сирења имаме добри, ги фалат и по Србија, затоа што и таму ги има. Пудинзите на Витаминка се многу подобри од другите. Од српските производи земам чипсови, убави им се. Имам купувано и од оние македонски чипсови што се прават во Кравари. Не се нешто уууааа, ама па беа 55 денари, епа за тие пари толку квалитет. Инаку, да знаете дека истите српски чипсови и смоки во внатрешност на Србија, не во Белград се продаваат поскапо од овде со неколку денари разлика. Кога одам некаде додека купувам во глава конвертирам и пресметувам.

    И мелено месо купувам од локална фирма и е убаво и не е скапо. Јас не со македонски, можам само со кумановски производи да се хранам, затоа што имаме доста фирми.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ја критикувам у однос на спорт итн.Прозиводите не ни` се лоши уопште.
    Млеко, јогурт, такви млечни производи, само наши зимам.
    ајва наш се знае, кечап пудинзи смоки, се знае на Витаминка
    Чипсови, исто ко членката над мене, српски.Нашиве се :envy:
    Другото зависи кога као
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.792
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е помалку ценето. Ако нешто не чини, секако дека ќе добие критика, не значи тоа дека е помалку ценето. Тргнувам од себе, јас сум објективна. Ако нешто треба да добие негативна критика, ќе добие. Ако треба да се истакне како убаво, добро, позитивно, така ќе биде. Па некој од страна за првото може да рече дека плукам по своето, а за второто дека сум пристрасна кон своето. А реално, само мислење, став или вкус е во прашање.
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Ете ви факти за Македонија на шпански јазик, порадувајте се.
     
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    7.967
    Пол:
    Женски
    Туѓото е секогаш послатко:$
     
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    Зошто не знаеме да се цениме и сами се понижуваме
     
  20. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    На ова прашање можам да одговорам од мое лично гледиште и од мојот личен третман кон нештово.
    Кога домашното ми чини не го критикувам, ама кога не чини па сега не може да се премолчи тоа и да не се упати критика.
    Исто така ова важи и за странското, така што не се согласувам дека домашното е секогаш критикувано и помалку ценето од странското.

    Не ме врзува стриктно да мора пример млекото да е грчко а не македонско, ама со оглед дека не пијам млеко со лактоза, од здравствени причини морам безлактозно, се подразбира дека домашниот избор ми е никаков и морам да се фокусирам кон странските такви производи.

    Не дека нашето производство секогаш не чини, ама често е ограничено. Малку народ сме, производните погони се тие кои се, а за менталитетот и навиките на луѓето да не започнувам да пишувам, опишано е се погоре во поголема мера.