Постојат иљада добри причини зошто е подобро да си сингл,но еве ќе набројам само неколку најбитни : 1во:Самостојна си,независна,слободна...кога излегуваш во град наоколу шараш со очите да здогледаш згоден тип,а не мислиш на дечкото кај е ,со кого е и сл. 2ро:Кога ти се свиѓа некое момче,не се плашиш да мѕ пријдеш 3то:Кога доаѓа Св.Валентајн не се мислиш што да му купиш на дечкото или кога си обележувате години во постоењето на врската 4то:Цел свет е во твои раце и не ми текнува друго нешто... Јас сум сингл и топ ми е.... Затоа ќе ви препорачам додека сте сингл уживајте максимално,па дури и да не мора да постојат добри причини зошто е добро да си сингл...
Само кога си синлг си самостојна и своја..А во врска мижи асан да ти бааамм.Али како и да е се има + и -..Всушност да не се тешиме секој како што му одговара така нека прави..
Потполно се согласувам со досега наведените причини зошто е поубаво да си сингл, но морам да додадам уште една: Не поминуваш низ пеколната даза после разделбата. Нормално секој различно ја доживува, но на никој не му е сеедно после разделбата.
Јас упорно сакам да ги сфатам бенифициите на сингл, убаво ми е што сум сингл, но сепак ми фали љубов, а сингл сум само еден месец. Имам 20 години и имав две долги врски - една од 2 години, а другата од 3 години. Значу од 15 години сум на некој начин врзана. Сега ми се допаѓа еден дечко, ама се мислам дали да стапам во врска, да не е многу брзо. Убаво ми е вака, сингле, не велам дека не е, но сепак има нешто посебно што ме привлекува кај овој дечко. Не знам што да правам и ќе ве замолам да ми кажете некој совет. Дали да си останам сингл и да уживам, да го проживеам испуштеното или да ја искористам приликата?
Затоа што нема кој да ти наметнува работи што ти помалку ги сакаш а мораш да ги трпиш по некаква си логика на нештата... Едитирано од модератор! [mod-tekst:3sst0m91][/mod-tekst:3sst0m91]
najdobro e koga si sam/a bidejki nikoj ne ti kazuva sto da pravis,kaj da odis,vo kolku da se vratis..t.e sam pa kako znam heheh
Јас решив да си бидам сингл одреден период се додека не почувствувам навистина нешто за некое момче Е сега момци можете фино Одје*ети Сите сте едни обични гадови
добро е бидејќи не мораш на пазиш шо прајш, значи сама си носиш одлуки, ако ти се излегав излегваш, не мора да чекаш да заврши фудбалот за да имаш секс, не мора да даваш објаснувања од типот кај си со кој си, како се облекваш, имаш поќе време и за себе и за другарките и за домашните, абее во секој случај сингл и сингл т.е.сам свој газда позз
Не се замараш за ништо, не го мислиш каде е, со кој, што прави, дали некоја му пиши на фејбук, зошто не ми титка, зошто не ми врака на пораката... БЛА БЛА Како што рече ред сама си носиш одлуки, ако ти се излева си излеваш безразлика дали со тебе има машко друштво... Ама мислам дека и вака не е сеедно
Добро е да си сингл заради дружбата со другарките! Тоа е најголемата предност на сингл девојките! Опуштено си правиш да ти е убаво тебе без да се плашеш од нечии очи што може да те демнат од секое ќоше! Добро е да си сингл и заради флертот! Си флертуваш и кога некој ти се допаѓа, и кога сакаш да си ја потврдиш привлечноста, и кога сакаш да си фатиш некој мувач! Тоа дефинитвно не им е дозволено на девојките со статус ,,во врска,, Јас долго време не сум слободна и да бидам искрена не им завидувам на сингл девојките! Подобро е во врска отколку сингл!
Убаво е да си сингл,зошто имаш тотална слобода.Никој во ништо не те ограничува.Можеш да излегуваш кај сакаш,колку сакаш и со кого сакаш.Искачаш само со твоето друштво,флертуваш колку сакаш,се забуваваш.Едноставно,своја личност си,не мораш на никого да даваш објаснувања,ни па да се замараш па кај бил,па со кого бил или пак воопшто да го мислиш.Јас сум сингл,и некогаш не ми е баш сеедно,но кога подобро ќе размислам,вака уживам и топ ми е!
Јејее, најбоље си е бе! Можеш што сакаш да правиш и никој не те ограничува. Одиш кај сакаш, колку сакаш и со кого сакаш и да не ти биде страв на пример некој да не те види, да не те издаде и слично. Во врска секогаш си.. па, што знам стегнат. А и цело време ќе си имаш проблеми и грижи кои само ќе се вртат околу НЕГО, и ќе немаш време за ништо друго, друштво, искачање, школо. Кога си сингл, можеш да си посветиш внимание и на себе и на другите околу тебе што исто ти значат. Ќе имаш време и за други работи и светот што те опкружува, и убавините и проблемите. Ќе си имаш здрава свест и памет, не заталкан негде да пасе овци и стално да е преокупиран за него, туку ќе ја гледаш реалноста и дека има и друго нешто освен него и ќе можеш слободно да се посветиш на нешто што сакаш или треба да го решиш. Едноставно.
Ахххххх... повторно сингл.... имам простор да дишам сега гледам колку било добро да си сингл 1. Не мора секоја минута да се правдам кај сум била и што сум правела. 2. Не мора секоја минута да мислам каде е и што прави
Ауу, колку не се согласувам Зошто бе да немаш време за НИШТО ДРУГО? Па не си мажена? А и да си мажена... огромна грешка е ако си фатиш дечко се‘ друго да запоставиш.
Па не, зборувам за повеќето девојки што кога ќе фатат дечко не обрнуваат внимание на ништо друго, мислат дека светот се врти само околу НЕГО, некако се заслепени Како што бев јас, бар до некоја мера. И запоставуваат се друго. А не треба. А океј, си има некои што не си го запоставуваат животот и др. работи за дечкото, си имаат некој баланс и меѓу дечко, друштво искачање и слично. А пошто љубовта те заслепува и не гледаш ништо освен него, најчесто така се дешава
е да баш е така и не можам да разберам зошто како не гледаат дека пријателките се нешто препреубаво , многу пријателства пропаѓаат на овој начин .......дечко / маж е дел од животот не е животот ....
single...sega svakam deka nema neso podobro...imav 3 godisna vrska.otkako raskinavme vidov sto e zivot!
Ја читам темава иако не ја прочитав цела... и ке напишам нешто па ве молам никој погрешно да не го протолкува мое мислење е. НИКОЈ АМА АПСОЛУТНО НИКОЈ НЕ УЖИВА ВО ТОА ДА Е СИНГЛ ... така да сите ЛАЖЕТЕ. и срам да ви е се шалам Не лажете но на овој начин ја прикривате желбата дека сакате да најдете некој ... се плашите дека ке си останете сингл и не сакате да признаете дека сакате некој до вас ... дека сакате да имате некој да делите се со него .. да ве сака и да ве гушне. Никој нема да ми докаже дека не ги сака овие работи што ги наброив. И затоа е полесно да се рече подобро е сингл каква врска.На тој начин некако се тешите. А зошто тогаш ако би можеле одма би стапиле во врска ? Подобро кажете дека си сакате некој и обидете се да го добиете. Се зависи и во каква врска сте биле некогаш. Врска како врска не е само за него да живееш како што видов погоре. Ни брак не е тоа. Имате заеднички живот но си имате и свој живот секако кој не треба да заврши. Дури и најтврдиот човек пред љубовта попушта па сигурна сум дека по некое време кога ке имате дечко што ке го сакате и ке го цените на темава ке има други мислења. Им симнувам капа на оние кои се слободни но не се плашат да кажат дека сакаат некој покрај нив и дека сакаат да сакаат и да се сакани. Толку од мене
Тедибер, во глобала си во право. Меѓутоа не мислам дека оние кои се сингл кажуваат дека е идеално да се сингл, но сепак ги извлекуваат добрите страни од таа состојба, да ја наречам. Што сега да се убиеме ли ако сме сингл а? Абе ај, го извлекуваш најдоброто од она што животот моментално ти нуди, зошто ако не го сториш тоа, ќе мрднеш така малце Нормално дека сите сакаме љубов, никој не сака да е сам, луѓе сме и не сме создадени да бидеме осамени, секогаш ни треба некој покрај нас Дали е тоа дечко, пријател или роднина. Полесно е во двојка, поубаво е кога знаеш дека има кој да те гушне, да те сака, да ги споделува со тебе убавите но и лошите моменти, па дури и од материјалната страна еве да ја спомнам полесно е и стан да си купиш заедно со некој, да делиш заеднички трошоци во домаќинството и слично. Тој факт не го ни оспорувам. Но едно нешто ќе ти кажам, ако треба да бидам во врска каде повеќе се нервирам отколку опуштам, каде треба на некој да му репортирам секогаш кога сум сама каде сум, со кого сум, кога сум се вратила, и што сум правела, тогаш ДА подобро е да си сингл. Веќе еднаш сум рекла, подобро квалитетно сам отколку во неквалитетна врска. Со ова воедно ги поздравувам и сите мои другарки кои се во врска, и кои секој викенд ми се јавуваат да излеземе на пијачка затоа што се ужасно изнервирани поради дечкото и сакаат да уживаат сами. Па потоа се враќаат дома и многу пати и го газат сопственото јас само за да не бидат оставени Нели....ситуации разни, и се е релативно, па и за тоа колку е добро или лошо да си сингл, секој ама баш секој може да си каже од призма на сопствената ситуација Теории како Добро е да си сингл. или Лошо е да си сингл не држат вода, затоа што се премногу општи и премногу генерални, а колку луѓе - толку карактери, и толку судбини се разбира.