Може на моменти ДА, подобро би било. Но на моменти! За дружење, за сама да се соочуваш со некои проблеми за подоцна да си цврста, да одиш низ животот. Но, во спротивно, мое мислење е дека не е воопшто добро да си сингл, барем не за мене
Да се наддоградиш себе си Да средиш некои коцки во главата. Да направиш разлика што сакаш, а што не. (колку толку ) Да посветиш внимание на семејството, пријателите. Да си сингл е добро, но подобро е кога имаш своја половинка, твоја сродна душа.
Можеш да им посевтиш поголемо внимание на другарките, на блиските. Едноставно немаш никаква обврска, никој не ти се јавува за да те прашува каде си, со кого си итн. Можеш да им посветиш внимание на сите работи за кои претходно си немала доволно време, едноставно ќе размислиш со ладна глава за се. Можеш слободно да си флертуваш, да се забавуваш.
www.youtube.com/watch?v=mXlhmhha8vE Имаше и еден стих од една македонска фолк тралалајка - Каде сакам одам, колку сакам седам, никого не прашуваам! хахахаха Смешно и можеби недостојно за песна, ама чиста вистина. Убаво е да си сингл, затоа што во било кое време можеш да излезеш со некој симпатија на кафе, дури и со повеќе во еден, отколку да го минуваш целото слободно време со една личност. Сингл е избор - можеш да бираш со кого да го поминеш овој викенд, со кого неделата без да ги изоставиш другарките. Не се чувствуваш ко куче на ланец, ни како куче пуштено од ланец. Си тераш по свои граници.
убаво е да си сингл бидејќи немора да даваш објаснувања, трошиш пари безпотреба, можеш да си флерташ колку ти душа сака, да се муваш денес со еден позаутре со друг (така е зборот) итн .....
Не мора да се нервираш за дечкото Можеш да си излегуваш со другарите без да ти префрла дечкото Повеќе време поминуваш во разубавување Си флертуваш со згодни момчиња Ако дечкото посотојано те замарал сега ќе уживаш во тишината
Па има многу причини зашто, а сигурно ке се повторам со некој : 1. Посветуваш комплетно време на себе 2. Искачаш кај сакашш 3. Искачаш со кого сакаш 4. Не се замараш дали некого ке повредиш 5. Си правиш ТИ се како што ти одговара 6. Си флертуваш колку сакаш и со кого сакаш 7. Не се правдаш пред никој 8. Мобилниот не ти ѕврцка на секоја секунда со она познатоно ’’Кај си?’’ и уште милион сега причини , ме мрзи да набројубам, едноставно СИНГЛ Е НАЈДОБРО !
Има мнооооооогу предности да си сингл, ама има и многу моменти кога посакуваш да си во топла прегратка со некој што го сакаш...Се си е убаво на свој начин
Само сто прочитав неколку интересни работи во врска со соло зивотот 1.Затоа сто на сингл-маса при свадби и други свечености има најдобро располозение и забава 2.сингл се занимава повеке со своите проблеми отколку со проблемите на некој си партнер 3.Сингл освен на себе немора никому да му биде верен 4.Затоа сто сингл немаат досаден сувозач до себе 5.При настинка си дозволуваат да бидат негувани и мазени од своите мили мајки 6.Затоа сто сингл се опустени луге а не напнати 7.Затоа сто мозат цел ден да бидат во кревет 8.Немораат да ја трпат работата на работното место ако не им е по зелба (но тоа кај нас не е туку така) 9.Си тросат пари за свои интереси 10.Ретко пагаат во депресија зосто се сами (индивидуално е тоа според мене) 11.Имаат повеке време за пријателите 12.Немораат постојано да ги слусаат понекогас патетичните љубовни прекари 13.Затоа сто тие дискутираат а не се караат 14.Не бараат изговор кога не се разполозени за секс 15.Затоа сто немораат да ги отстрануваат влакната по телото а сепак го прават тоа 16.Затоа сто сингл се трудат сексот да биде добар 17.Затоа сто секојпат страсно го дозивуваат првиот или следниот бакнез 18.Сингл дозивуваат вистински љубовни состаноци 19.Немораат рано да си одат дома 20.И на крај убаво е да си сингл зосто без гриза на совест мозете да изгледате узасно кога станувате наутро се извинувам за правописот но не е до мене се пробав http://www.frauenzimmer.de/cms/html/de/ ... sein.phtml од тука ги најдов овие златни одговори
Во денешно време нема толку притисок за свадба како порано. Сега побитно е образованието, добрата работа, а доколку се појави 'вистинскиот/а' уште подобро. Но додека се појави, постојат многу причини поради кои подобро е да бидеш сам. Имате доволно време да го пронајдете својот вистински партнер На овој начин можете да си приуштите да ја барате сродната душа според стандардите кои самите сте си ги поставиле. И пополека, без стрес чекајте ја да се појави онаква каква што вас ви одговара. Можете да избегнете грешка, да се врзете за цел живот за онаа која сепак и не е вистинската. И наместо да тагувате поради тоа што вашиот пријатели веќе се омажиле/ожениле морате да сфатите она што е за вас ќе си дојде. Запознавајте ја секоја личност која ви се допаѓа и така верувајте играте на сигурно. Фокусирајте се на кариерата Доколку сте сам, можете да се фокусирате на сопствената кариера. Можете да работите и по завршувањето на работното време, за викенди доколку сакате, без никој да ви приговара. После тоа сам себе наградете се со добар провод и брзо полнење батерии за наредната работна недела. Вистинска работа е кога ќе почнете да заработувате, луѓето сами се лепат. Секој сака успешна личност покрај себе. Можете да работите што сакате и кога сакате Нема граница за она што си го посакал. Изберете каде ви се оди вечерта и одете, останете колку сакате, ништо не ве спречува. Кога ќе се вратете дома никој нема да ве прекори зошто ѓубрето не е исфлено, ВЦ-то не е средено или немате купено основни намирници. Добро освен можеби вашата мајка. Сексуална слобода Една од најдобрите работи кај самите е тоа што немораат секоја вечер да ја поминуваат со ист/а маж/жена до крајот на животот. Светот на журките и авантурите е ваш и чека да го покорите. Ова гарантира дека нема да дојде до компликации во случај „да ве фатат“ бидејќи со никој не сте врзан. Уживате во тишината Кога сте сами имате привилегија да живеете во мир и тишина, немате проблем со брзи промени во расположение на вашиот партнер, кои би морале да ги трпите и секогаш да бидете виновни за нејзиното/неговото лошо расположение. Можете да уживате со вашите „играчки“ Се она што ве развеселува можете да го правите со часови без да ве гризе совеста дека некого сте „заборавиле“. Можете да се возите на вашиот мотор, да се шетате, да седите цел ден пред компјутер, едноставно да правите што сакате и колку сакате. Нема компромиси Кога сте сами тоа значи дека не е задолжително постојано да внимавате да не се најдете на „половина пат“ со партнерот/партнерката. Поштедени од љубоморни сцени, префрлувања и пропратни глупости, заради кои често во вљубените глави се провлекува мислата - Подобро да раскинеме. Понатака, ништо нема да може да ве натера и да ве принуди да појдете на вечера со нејзините/неговите родители, нема да морате со саати да чекате да заврши фудбалскиот натпревар, па наредните два саати да слушате како и кој постигнал гол и немате потреба да се карате со никој додека гледате серија, а на другиот канал има пак фудбал.
1.затоа што можев да си флертуваш слободно 2.да не се замараш за некој дали те сакал,дали те варал и сл
Колку е добро толку е и лошо Доброто е што може да флертуваме без грижа на совеста, и да си дозволиме бакнеж за кој нема да се каеме
Според мене, еве, јас сум сингл долго време, доброто е во тоа што нема, ама нема шанса, да бидам повредена од некој неразбран машки примерок. Сама сум, да. Често посакувам да не сум. Ама, исто толку често ми е добро.Не страдам, не си ги јадам џигерите каде е, со кого е, ме лаже ли, ме сака ли, ме неќе ли...и не е така лошо да си сингл, особено кога ги слушам другарките, кои се пар. )
Не мислам каде е тој,зошто ми се нема јавено..Излегувам со другарки кога сакам и праваам што сакам.Флертувам со други машки и не се чувствувам како врзана со ланец.Имам милион другари со кои сум блиска.Одам на кафе со нив..се шетам.. се облекувам како сакам,правам што сакам,одам каде што јас сакам,со кој јас сакам,останувам колку што јас сакам
Убавини. Убаво е и кога имаш некого до себе не велам не, но сингл... Незаменливо !! Неповторливи се забавите кога си сингл. Секако дека можеш да излезиш со другарки и да лудуваш до 5-6 наутро и кога си во врска, но чувството е поинакво кога си сингл. Не мислиш на ништо, не го проверуваш телефонот постојано каде и да си, со кого и да си за да видиш дали те барал и зошто те барал, а ако не ти вртел, тогаш зошто не те побарал. Не мислиш каде е, со кого е, што прави и зошто тоа го прави и зошто не ти се јавува, па ти се вртат филмови дека не те сака, дека сигурно е со друга, затоа и не ти се јавува, не мисли на тебе, готово, утре ќе му раскинеш, а тој кутриот само сака да помини неколку саати со другарите. Е кога си сингл нема такви филмови. Мозокот раат на пасење. Јас веќе една година сум сингл и поубав период од оваа година не сум имала никогаш во животот. Не знам дали сум спремна и способна да се откажам од овие убавини. Премногу е добро за да се откажам така лесно Се средувам тип-топ. Одам на договореното место и таму гледам најчесто уште три кукли исто така речиси совршени од глава до пети. И следува шише вино. Па уште едно. Наздравување, смеење, разговори на скоро секоја тема која ќе ни падни на памет. Потоа следуваат по малку разнишани чекори по најубавите улици. Па диско. Е тука е вистинската забава. Мрдање на задникот до утринските часови. И секако ништо без малку флерт, а некогаш и малку повеќе. И така секој викенд, а не мора ни да е викенд. И сето тоа без да мислиш на некој маж. Мислиш на мажи , но сосема поинаку.