Јас мислам дека ако си ја најдете онаа личност со која сто посто си се разбирате, си можете у се да си се погодите, тогаш овие сингл и не-сингл ограничувања ќе ги снема. Ем ќе си се гушкате ем ќе сте си хепи.
Мнооогѕ причини има.. Оти можиш во секое време да си излезиш со другарките Не треба да се грижиш дали си го пропуштила неговиот повик или сл.. Можиш да си шаркаш со очите и да си запознаваш нови момци Не теба за секое излегвање на никој да му поднесваш каде со кого и што правеше ..Подобро е, но сепак ако имаш некој кој ќе ти ја возврати љубовта и ќе те почитува ќе ти биди убаво и да си во врска
Добро е за да се опуштиш онака, да оставиш паметот и мислите да ти се средат. ДА сфатиш каков бараш уствари.... Само заради оваа причина, а доколку се најде некој Х стварно не планирам да пропуштам шанса да бидам со некој само ради тоа шо ке сум немала демек време за искачање за шмизлање за пуштање со други и слично.. По глупи изговори .. Здравје ....
Па нема да се нервираш и караш за ситници, нема да објаснуваш кај си , со кој си, па кој ти се тие машки со тебе , си излегуваш со другарки и си правиш што сакаш, си флертуваш, едноставно си поминуваш екстра
Зошто можам да правам што сакам и да се понашам како сакам а притоа да не му полагам сметки на никој. Не морам да се грижам за купување поклони за родендени и годишнини, многу мака ми е да купувам за некој друг. Можам да си се опуштам со депилацијата ( сега нормално се си има граница ), ама нели не морам стално да сум тип топ. И на крај, имам повеќе време за себе. Сеа некоаш депресија ме мава во тие моменти ама нема везе
Хмм хмм хмм. Сингл како сингл е многу убаво слободен си нема кој да те дрма по цело време ,,кај беше шо беше со кого беше неможе ваму неможе таму" но и тоа сингл треба да има свои граници.Затоа што животот е многу поубав кога има некој до тебе да ти каже те сакам кога ти е тешко да те прегрне да те утеши во твојте најсреќни денови освен со семејството да споделиш и со некој што не ти е семејство а е толку близок.Јас сум сингл и се чуствувам лошо и повеќе би сакала да ме дрмаат оние погоре набронеи работи отолку вака да сум сама да нема со кого да споделам и тнт. Поздрав ...
Едноставно ќе се почувствува слободата во вистинска смисла. Нема повеќе правдања за тоа кај си,со кого,зошто,како... Нема повеќе досаѓања по телефон. Може да се оди каде што ќе се посака без никаков проблем. Не мора да се мисли дали некој не гледа,или не чека или било што. Едноставно слободата си има многу привилегии. Добро е да си во врска,ама добро е да си и сам.
Зошто е добро да си сингл? Епа не е добро, и кога си во врска можеш да имаш одредена слобода, треба да ти биде задоволство љубениот да те "замара" на телефон и да те прашува со кого си, каде си... Кога бев сингл цело време кукав како сакам да се вљубам дури и да патам ако треба, еве сега еден ден сум среќна, друг патам, се нервирам и се по ред, ама и покрај се не сакам пак да сум сингл зошто се чувствувам осамено...
Сингл сум и еве зошто ми е убаво: 1. Си заштедувам пари и наместо за него си купувам нешта за мене. 2. Флертувам до мила волја. 3. Немам на кого да му објаснувам каде сум, со кого сум, што правам. 4. Имам повеќе време за да се посветам на нешто друго. 5. Помалку нервози.
Кога ми е тешко, доаѓам, ја читам дискусијава и се' е подобро. Како прво, не можам да замислам некој да известувам кај одам и што правам. Мразам долги разговори на телефон, уствари уопште мразам било каков вид комуникација преку мобилен. А и друг плус ми е што можам сега да си флертувам со кој сакам, мислам и тогаш можам, ама не е фер и не би го правела тоа. Чесна сум јас. Друго, имам повеќе време за самата себеси, немам нервози, мирно ќе спијам без да мислам кај е и што прави, заштедувам мнооогу пари и не ги славам овие глупи празници како валентајн. Чирс, сингле лејдис.
1. Помалку проблеми 2. Повеќе имаш време за себе и друштво 3. Излегуваш кога сакаш, каде сакаш и со кого сакаш 4. Без драма 5. Слобода 6. Слободно меркаш згодни момци низ град од глава до пети 7. Чувство на независност 8. Без додатни нервози и главоболки И многу др.
Сингл си е сингл, убаво е да си вљубен да, но зарем не е рај да ги манијачиш сите машки газиња без грижа на совеста? Кога флертуваш со 5 без воопшто да се грижиш дека ќе има последици од малата забава таа ноќ? И како што прочитав сите се сограсуваат, пари се штедат многу полесно без прославување на сите оние датуми кои ретко кој ги памети (барем јас не), полугодишнина, годишнина, роденден, валентајн, бла бла...