Зависи на каков дечко ќе налеташ. Другарка моја одеше со еден опсесивно љубоморен дечко кој што не и даваше да разговара со машки. Не смееше ниту да погледне машко.
Го откачи после еден месец. Дечкото на почеток не изгледаше за таков, ама после се покажа спротивното. Сепак, треба понекогаш да се има некој покрај себе.
Затоа што сум сега сингл. Затоа е добро. Детски муабет ко за шега. Бед џоук ај ноу... Ама примеро коментарио ентјенда ме пор фавор А муабет од возрасната јас: Добро е да си сингл и ќе си бидам сингл дури не се најде некој со кој ќе бидам комотна да правам работи со него исто ко да сум сама. Муабетов ми е дека нема да ми пречи да ми е во близина. А овие претходниве значи досади на квадрат или на куб? Море на КУП!!! И така ќе си бидиме комотни двајцата ко сега јас по пижами Ете сега и бајка на куп! Поздрав феминки
1. Повеќе време за себе 2. Самостојни одлуки 3. Флерт кога сакаш колку сакаш 4. Сама на одмор (со другарки) позабавно е 100 пати 5. Мрсни шеги за момци без грижа на совест
зпшто е добро да си сингл- .имаш време да си посветиш на себе и своето семејство имаш време да учиш .имаш време за дружење со другарките .имаш време за шопинг .просто кажано имаш време за се јас кога имам дечко јас просто немам време за ништо. а вака без дечко сингл абе животот да си го проживееш.
Си ги полниш батериите пошто, слободен си. Не наоѓаш пропуштени зилион повици и полно сандаче пораки: дали си - со кој си - зошто си? Екстра ти е. ...Се издувуваш... како знаеш и умееш и одеднаш... следи тага. Цела бездна се отвара пред тебе. Изгубен си Сакаш назад..може и ќе покушаш, кујзнае. Долги ти се деновите,ноќите уште подолги. Одеднаш... решаваш да се обуздаш... си ги средуваш мислите, чувствата...учиш да бидеш сам,да се спастриш емотивно... да заборавиш и простиш. Се преиспитуваш.. решаваш да не ги повториш во иднина истите грешки по милионити пат..... А, во цело тоа време уствари, чекаш да ти се случи...некој. Знам,знам..на некои им е екстра. Исклучоци,увек За да го разбереш сево ова,ваљда затоа де.
Добро е затоа што не мораш никому да се правдаш и да те гњави со глупи прашања и ако си склона кон секс авантури ќе нема од кого да се криеш. Во сите други варијант подобро е да имаш некој покрај себе.
*Новчаникот ти е полн кога си сингл. ГРЕШКА ! Новчаникот е празен и кога си во врска и кога си сингл.
Добро е да бидеш и сингл и во врска, зависи од годините, на пр 16-17год најпрво треба да созрееш како личност и да сфатиш што всушност сакаш а не само налетај на погрешни типови и кога ќе дојде време за озбилно да си фаќаш дечко нема да сакаш никој. Затоа во овој период е многу поубаво да си сингл, се разбира најдобри години да се поминат со друштво и шетање и доста е и на родителите што сметка ќе им полагаш немора уште и со дечко да се замараш 
Сингл сум веќе година дена. Си се посветувам сама на себе, си искачам со машки ама не е нешто серизно па не мора да го мислам кај е, со кој е што прави. На крај краева уште не ми треба дечко.Цел живот е пред мене
Не сум била сингл одамна. Ама дефинитивно помирно се спие. Не мислиш на ништо. Ги нема прашањата: -Каде е? -Со кого е? -Зошто seen? -Што згрешив сега? -Да не го налутив? -Зошто не ми се јавува? -Дали сум бремена? -Планира ли он да се видиме? -Зошто нема време за мене? -Да не има друга? -Да не планира да ме остави? -Која му е оваа другарка?
Не е добро сингл од ниту една гледна точка да се разбереме секогаш е подобро да имаш некој покрај тебе и да те подржува
Не е секој создаден да ужива во тоа да биде сам со себе. А подобро е да си сингл, одошто осамен и отуѓен во врска или брак.
Ќе набројам неколку тешки и грди нивни (на бившите девојки) зборови, а под нив мои причини зошто било така. Им се обраќам и нив, и вас... -ШТО БАРАШ СО НЕА ПИЗДА ТИ МАТЕР! •Таа има дечко а плус, сакав да те изненадам и разговаравме за идеи... -КОЈА ТИ Е ОВАА КУРВАР ЕДЕН!! •Тоа беше телефонски број во тетратка од една од Радовиш, никогаш не ја видов, се слушавме до пред 5 год од една "врска"... -КОГА ПЛАНИРАШ ДА ИЗВАДИШ СТАНБЕН КРЕДИТ? •Да почекаме, уште малку...дај ми време, требаат неколку илјади евра за учество или не знам... -ТИ КОГА СЕ СМЕЕШ, БИВШАТА ЈА СОНУВАШ А? МРШШ БЕ, МРРШШ, ЗНАЕВ! •Поим немам што сум сонил, знам дека кога станав сакав да те видам насмеана до мене а не смуртена од глупости. -НЕ МЕ БАРАЈ, БАРАЈ СИ ЈА ТАА ШТО ТИ ЛАЈКУВА НА ФБ!! •Ок, ќе ја избришам само знај дека не знам која е ниту отварам профили. -ДРУГАРИТЕ ТИ СЕ ПОБИТНИ, НИВ БАРАЈ СИ ГИ! •Не сме се виделе ние пет шест мина со месеци, школски ми се... -БЕШЕ ОНЛАЈН ЦЕЛА НОЌ НА ВИБЕР А РЕЧЕ ЌЕ СПИЕШ, ЛАЖГО, ОДВРАТЕН, НЕ САКАМ ДА ТЕ ВИДАМ!! •Спиев, симнував филмови (покажувам скриншот од часови минути) за да гледаме, купив и чипсови и благо (покажувам фискални)... -ЌЕ СИ НАЈДАМ ДРУГ АКО ПРОДОЛЖИШ ПО УМОТ ОД МАЈКА ТИ!! •Мајка ми е ангел во секоја смисла на зборот, жената само се радуваше кога јас бев среќен... -КОЈ ТЕ ТЕРА ДА МИ ДОАЃАШ ВО БЛИЗИНА ДОДЕКА СУМ НА ОДМОР БЕ, КОЈ КОЈ? •Запознала со другарка ѝ сингл дечки, па често со нив беа. Третата другарка си го повика дечко ѝ за тие недела дена да не се осамени. -ЌЕ СИ ОТИДАМ СТРАНСТВО И НИКОГАШ НЕМА ДА МЕ ВИДИШ, ПИЗДА ТИ МАТЕР! •Отиде во емиратите пред 5 години, ме остави ко пес, покасно дознав дека имала секс со бившиот и со рандом уан најт тип, а ме побара пред десетина дена. П.С Сѐ што пишав ми се случило, од неколку врски. Убавите изненадувања од моја страна не ги дополнив за да не испаднам светец или принц. П.П.С. Нити еден ден во животов не ми поминал убаво со девојка, иако ги радував, ги изненадував, иако бев смешен и интересен за 99% луѓе што ме сретнале, иако многу другари ми викаа секоја чест, ретко машко вака да направи...еднаш сакав да соберам 20.000тина илјади средношколци и во центарот на Скопје, кај ГТЦ, навечер, во исто време да запалат балони со свеќи (како и да се викаат), носејќи ја со затворени очи, па да клекнам и да ја запросам додека центарот свети во ноќта, контактирав директори на неколку училишта, ученици, менаџер од Џамбо Веро за спонзорство, две телевизии, сѐ ќе беше супер, ја најде таа тетратка со план, мејлови, телефони...ми ја фрли мислејќи за бившата било. Бев подолг се извинувам но морав да "замарам". Тоа се причините што сум сингл и ќе ми требаат уште многу години, ако не и цел живот, да се опоравам од сѐ, од горчини, од мракови, од сивила и од немири.
Никогаш нее добро да си сингл исто како авион без еден мотор. Али кога ќе се доведиш до тоа, мора да поминиш и низ тоа пример me...