Размислувам, денес се бориме жените да не бидат деградирани, никако потценувани, се стремиме за достигнување ниво на какво никогаш досега не биле. Жената треба да е силна, независна, да е свесна за својата вредност и да не дозволи никој, посебно не еден маж, да манипулира со неа. Но, за жал, и во денешно време жените свесно одбираат да останат со мажи од кои не се (доволно) задоволни, од кои не добиваат доволно почит, разбирање и љубов, а од кои некогаш трпат и навреди и понижувања. Зошто е тоа така? Обратна ситуација мислам е скоро непостоечка, маж да остане во лоша врска или брак. А жени има премногу. Зошто? Не ми е муабетот за млади девојчиња или тинејџерки кои само што почнале да градат врски, туку веќе возрасни девојки спремни за зрели врски и жени пред или во брак. Зошто во време кога сите се борат за женските права и слободи, некои од нив самите се деградираат и се покоруваат на несоодветен, лош маж свесно останувајќи во лоши врски?
Beyond the physical risks of leaving an abusive situation, there are countless other reasons why people stay in their relationships. Fear A person will likely be afraid of the consequences if they decide to leave their relationship, either out of fear of their partner’s actions or concern over their own ability to be independent. Normalized abuse If someone grew up in an environment where abuse was common, they may not know what healthy relationships look like. As a result, they may not recognize that their partner’s behaviors are unhealthy or abusive. Shame It can be difficult for someone to admit that they’ve been or are being abused. They may feel that they’ve done something wrong, that they deserve the abuse, or that experiencing abuse is a sign of weakness. Remember that blame-shifting is a common tactic that their partner may use and can reinforce a sense of responsibility for their partner’s abusive behaviors. Intimidation A survivor may be intimidated into staying in a relationship by verbal or physical threats, or threats to spread information, including secrets or confidential details (i.e. revenge porn etc). For LGBTQ+ people who haven’t come out yet, threats to out someone may be an opportunity for abusive partners to exert control. Low self-esteem After experiencing verbal abuse or blame for physical abuse, it can be easy for survivors to believe those sentiments and believe that they’re at fault for their partner’s abusive behaviors. Lack of resources Survivors may be financially dependent on their abusive partner or have previously been denied opportunities to work, a place to sleep on their own, language assistance, or a network to turn to during moments of crisis. These factors can make it seem impossible for someone to leave an abusive situation. Disability If someone depends on other people for physical support, they may feel that their well-being is directly tied to their relationship; a lack of visible alternatives for support can heavily influence someone’s decision to stay in an abusive relationship if they have a disability. Immigration status People who are undocumented may fear that reporting abuse will affect their immigration status. If they have limited English proficiency, these concerns can be amplified by a confusing and convoluted legal system and an inability to express their circumstances to others. Cultural context Traditional customs or beliefs may influence someone’s decision to stay in an abusive situation, whether held by the survivor or by their family and community. Learn more about abuse in different cultural contexts. Children Many survivors may feel guilty or responsible for disrupting their familial unit. Keeping the family together may not only be something that a survivor may value, but may also be used as a tactic by their partner used to guilt a survivor into staying. Love Experiencing abuse and feeling genuine care for a partner who is causing harm are not mutually exclusive. Survivors often still have strong, intimate feelings for their abusive partner. They may have children together, want to maintain their family, or the person abusing them may simply be charming (especially at the beginning of a relationship) and the survivor may hope that their partner will return to being that person.
Разни причини може да се во прашање. Некои трпат заради материјална сигурност. Се плашат да се разведат заради покрив над глава и редовни примања оти за жал живееме во пропадната држава каде една обична работа не се наоѓа лесно а и да се најде платата нема шанси да ги покрие ниту основните трошоци. Други пак трпат ради заостанато општество. Да не им лепат етикети од типот на стара мома, распуштеница и какви уште не. Некои стравуваат да раскинат врска за да не останат немажени ако после не најдат друг, некои брзаат заради формирање на семејство, некои се тешат како има и полошо... За жал има многу такви кај кои постои реален проблем. Не секоја умее да биде самостојна и да се избори за подобро за жал.
секој со својата приказна ,еве јас оти мислев оти треба да трпам незнаев да ставам крај од мислење да не најдам полошо ,да си одам на моето ниво во општеството и неможев да го оставам на сила терав а за во брак имам видено примери сопруга која трпи заради децата ,некоја е заљубена или нема каде да оди .
Немаат свој покрив над глава, немаат редовни и добри примања, се плашат дека може и полошо. Сум го чула муабетот свесно изговорен „што да правам, нема саглам“. 90% од жените кои ги знам се во врски и бракови од кои не се задоволни.
Сите овие причини што ги наведе @WildMk се валидни. Несигурност дека не можат да излезат од ситуацијата... Колку и безнадежно да изледа, јас мислам дека не треба да се помируваат со ситуацијата и да кренат раце туку да бараат излез.
Познавам девојки чии партнери ги малтретираа емоционално, едната понекогаш и физички која воедно беше изневерувана. Ги прашав, зошто се уште се со нив? Едната буквално ми одговори бидејќи не можела да ослабе и тешко ќе било да си најде дечко со тој стомак. Другата ми одговори дека и бил прв, кај ќе бара дечко сега на овие години. И двете имаа по 27-28 години. Според мене во овие случаи станува збор за ниска самопочит.
Очигледно жените не се борат доволно за да бидат почитувани. Како што кажаа погоре, мажот не трпи брак во кој не е среќен. Тој или изневерува, или се разведува, ја третира жената како слугинка. Жените во Македонија мислам дека живеат многу лошо. Дома се слугинки, на мажот дури и гаќи и чорапи мораат да му најдат пред да се тушира. Од колку жени пак сум чула дека неколку часа пред да одат на породување во болница, со сила биле натерани на секс. Замислете го тој момент, броиш ситно до породување, и тој ти скока затоа што не можел да издржи „сиротиот“, и по неколку часа се породуваш. Третман во болниците нула, да се чудиш дали ќе преживееш. Потоа откако жената ќе се породи, мажот е највесел, го цепаат, се пијанчи, се весели, како којзнае што направил, а никој не мисли на жените како им е.
Секоја од различна причина. Моја другарка еве веќе 7 години е со еден психопат, ама буквално со психопат, се изживува врз нејзе и психички и физички, мајка и и целото друштво и зборуваме за тоа дека не е за нејзе да го остави ама она со глава во ѕид оди, не можела дека многу го сакала. А толку гадно се понаша спрема нејзе што дури некој на улица со куче подобро се понаша од тоа, само што јас имам видено со свои очи и ми се згрози животот, а кога никој не гледа бог знае што се дешава, постојано е со модрици и на најгаден можен начин ја вреѓа, ја понижува. Ама најлошо е што и она е свесна дека тоа не е нормално, и толку години живее со надеж дека ќе се смени, дури и планира деца со него.
А постојат и мазохистки. Заљубени се и голтаат се' што ќе им се сервира. Според мене ова е најлошата ситуација затоа што во тој случај тие не сакаат да си заминат.
Заради причините што Валјд ги наброја погоре и би додала дека некои сакаат да ја играат улогата на жртва. Несвесно, колку и да звучи лудо, и тие "добиваат" нешто од тие врски. Друго, во една книга од психијатар читав дека постои и одмазда во моментот кога се враќаат одкако ќе си заминат. Си заминуваат за да дојде тој момент кај што мажот ќе ги моли да се вратат и ќе се извинува, и тоа е моментот кај што се осеќаат дека тие ја имаат контролата над ситуацијата и затоа постојат тие циклуси на заминување и враќање многу пати. Многу несвесни процеси, мораат да се воспитуваат девојчињата уште од мали што е здраво, а што не смее никогаш да се толерира затоа што ако некоја не сака помош, никој не може да и помогне. Настрана од државичево наше, друга тема е тоа.
Има повеќе причини, но ќе набројам неколку што често сум ги сретнувала. 1. Некои жени се насочуваат да бидат домаќинки, односно да се насочат целосно кон бракот, домот и децата. Можеби немаат соодветна едукација, за да би барале добро платена работа. Не секој со средно образование печали добро, што не е правило, но поготово во оваа земја, лимитирани се можностите за работа. Крајниот исход е да зависат од примањата на сопругот. 2. Ниската самодоверба исто така има огромно влијание. Доколку една жена е деградирана постојано, често, зборовите кои болат ги прифаќа како вистинити. Со тоа смета дека е помалку вредна и никогаш нема да наиде на подобро. 3. Возраста од друга страна е дискутабилна, но обично жени кои стапиле во брак прерано, го чувствуваат мажот како таткова фигура. Сметаат дека мажот е помудар и знае што е правилно и добро за самиот брак. 4. Срам од развод. Сеуште во некои наши средини, постои доза на осуда позади пропаднат брак. 5. Недоверба во институциите и неспособноста на истите. Доволно говори фактот, дека полицијата не си ја врши својата должност кога станува збор за заштита на жртвата. Често, самите жени, дури и да соберат храброст, кога институциите ќе потфрлат, едноставно се помируваат со судбината. 6. ,,Стокхолм синдром". Во психологијата, овој термин се користи за опишување на љубовните чувства на жртвата, према својот окупатор. 7. Едноставно не виделе подобро. Можеби потекнува од дисфункционално семејство, каде чести се испадите на таткото врз мајката. Можеби била злоставувана од обајцата како дете. Сето тоа има влијание врз психата која тешко распознава што е нормално, а што не е. Во секој случај, лесно е да се говори и да се дава совет на лице кое трпи физичко и психичко насилство. Не е лесно да си ти во таа ситуација. Јас верувам, дека повеќето се свесни во однос на нивната проблематика, но поради горенаведените причини сметаат дека се во безизлезна ситуација. Затоа сметам дека институциите ако си ја вршат непречно својата работа, да се даде сигурност на жртвата, ќе има и повеќе пријави, а со тоа и соодветни казни за деспоти и тирани. Треба да им се даде шанса, финансиска помош, кров над глава, додека не застанат на свои нозе. Не е лесно да затвориш врата со се деца, ако немаш каде да одиш и ако немаш никаква работа. Навистина ги жалам овие жени, затоа што живеат во кафез, од кој само они го имаат клучот. Затоа сметам дека имањето на работа е круцијално за осамостојување, како и посетата на стручни лица, за рехабилитација на себе си.
Moe mislenje...poveketo se vo sostojba da izdrzat se zaradi svoite deca i finansiskata sostojba.Jas mislAm deka druga pricina i ne postoi .StrAM od razvod veke i ne postoi iliona sto ke kazat komsiite.Ama ocigledno e deka nikoj veke ne obrnuva vnimanie dali rastura semejstvo ili ne.Ednostavno se udrilo na uzivanje ,bez razlika na posledicite na domasnite.
Најкратко кажано, од страв. 1. Најчесто кај нас уште од мали ни се всадува во мозок (и на машки и на женски) дека треба да завршиме школо, најдеме работа, да се венчаме, да имаме деца. Последните 2 особено се потенцираат на секоја семејна собиранка. И тука се јавува првиот страв, од неуспех. Многу луѓе се со став ако останат сами е исто како да не успеале во животот. И прифаќаат да игнорираат многу црвени знамиња додека се во врска, само за да не останат сами. Ама пошто кај нас најчесто одат да живеат кај мажот, затоа жената е таа што тогаш трпи повеќе. 2. Што ги доведува до страв за егзистенција. Ако немаат работа, а дома нивните не ги примаат, што да прават? Трпат и остануваат во токсичен брак. Само од читање во темине за брак, 90% ова е причина зошто уште трпат. 3. Страв од осуда. Особено ако се во брак. Освен ако не е изневерена, малтретирана или мажот пие, се коцка...зошто би се развела? Мажот не ја сакал и почитувал? Пффф, голема работа. За тоа ли се разведува човек? Па уште и нејзините дома да ја примат за таква банална причина за развод. Пошто имаме таков тиња менталитет, трпат додека не прејде во нешто поозбилно. Или додека не отрпнат. 4. Во насилни врски, страв да не ги претепаат или да им наштетат на било кој начин. Особено ако немаат многу поддршка. А немаат, пошто прво што прават ваквите предатори е да ја отсечат жртвата од сите контакти што ги има. Ако некој ви брани да се гледате и слушате со семејство и пријатели, бегајте што подалеку.
Ова болдираното- се мислам од многу филмови гледање. Како се гради идеја што е љубов и како треба таа да изгледа?
Малтретирањето оди во циклуси. Прво е мед и млеко. Се е совршено, ѕвезди симнување. Тука ќе се заљубат. Па после почнуваат да си ги покажуваат роговите по малку. Ама јбг, никој не е совршен. Само разговор и толерирање, мора нешто да се трпи во врска. Па пак се враќаат на ѕвезди симнување. Додека се освестиш, отсечена си од сите пошто си морала да откажуваш кафиња со друштво за да се видите нели. И тука почнува кежуал со дерење и по некој шамар. Па молење, цимолење, извинување. Ама пошто до сега успеале да воспостават и физичка и ментална контрола врз жртвата, ќе им прости. Нема да се повтори пак...ама се повторува, циклус е.
Најверојатно заради финансиската немоќ. Ама и покрај тоа, не ми е јасно да во време на толкави слободи и можности, пријатели или формално онаа држвна помош за овие категории, да некој останува да живее во една таква врска... Посебно да го нметнува таквиот живот и на деца ако ги има.
Можеби. Можеби и не. Колку погрешни приказни сум прочитала на форумов, далеку од ѕвезди симнување, 3 пати се виделе, ама она го сака. Ма иди бегај. Да се надополнам од погоре- филмови гледање и филмови праење. Bad education.