1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто жените сакаат мажи со став, а мажите сакаат курви?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 8 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    После се што слушам во последно време, не можам а да не се запрарашам : Зошто жените сакаат мажи со став, а мажите сакаат курви?!
    Жена како жена, сака некој најпрво физички да и остави некој добар впечаток, првиот впечаток е најважен, нели? Некој што ќе има однесување на ниво, шарм, некој што ќе знае да ја насмее, и еден куп други ситници кои се на се би направиле од него некој достоен за нејзе. Многу е битно тој да има став. Да има свое јас. Да знае што сака од животот. Жените сакаат одлучност. Не сакаат некој што половина час ќе се мисли дали да пие ладно или топло макијато. Ако е некој таков што ке се случи кога ќе дојдат важните одлуки во животот?! Значи, одлучност!!! Покажете дека сте маж и одлучете се веќе еднаш! Маж со став и самодоверба може да ја има било која жена. Само треба да ги знае вистинските тактики. Ете можеби тоа им недостига на денешниве мажи. Не знам. Вкусовите се различни навистина, но дали познавате жена што ќе каже: Јас си го сакам мојот маж-дечко баш вака смотан како што си е. Сакам што е неодлучен, незрел, има лоша смисла за хумор, не знае како да се однесува во ново друштво, итн. Не верувам дека постои таква! Жените од секогаш знаеле што сакаат, и тие поодлучните да не речам поитрите, веќе го нашле тоа што го сакаат и уживаат во неговите благодети.
    Од друга страна пак, не можам а да не приметам дека во последно време, многу од маживе одлучуваат да забегаат така по малку, и да посветат дел од своето време, внимание а и пари богами на некоја лесна девојка. Некоја на која што и тој малку памет што го имала и изгорел од толку хидроген што бил потребен да од црна ја направи русокоса. И ете така, некој паметен градски дечко ке се залета по некоја таква, што оди од сепаре на сепаре, со мажи од над 40 години, сите со еден куп пари во џебот, ќе и плати неколку пијачки вечерта, ќе си ја однесе во некој стан, хотелска соба, автомобил, (дома не може, затоа што жена му и децата спијат), ке ја искористи за таа цена која што и ја пратил и ќе си замине. Овие девојки никогаш не ги сфатив, а нема ни да се обидувам, но муабетот е следен: Зошто мажите сакаат ваква забава, која би можела да им го уништи бракот или ете врската со некоја да речеме нормална девојка? Која е целта? Мислам дека никогаш нема да го разберам тоа. Ова е ситуација од типот, доколку мажот спие со 10 жени тогаш е тој јак фраер, сеуште го има тоа што е потребно за под него да врескаат многу жени, девојки. А доколку (не дај боже) девојка спиела со 10 мажи истовремено тогаш таа е курва, дроља, валкана ороспија, и слично! Епа извинете, ама која е логиката тука?!
    Да се вратам на претходната тема. Зошто, по ѓаволите овие мажи не гледаат малку повеќе пред да влетаат во таква евтина авантура? Вреди ли да се расипе нормална, убава врска за нешто такво? Некој ќе си рече, а што ако нешто во таа врска фали, па треба да се бара на друго место? Тогаш разговарај! Кажи и на девојката што ти пречи, што ти недостига во таа врска, а не да трчаш по првиот задник што ќе помине покрај тебе!
    На крајот на краиштата, мажите никогаш нема да се сменат, секогаш ќе се најде некој кретен што ќе остава добри девојки за некои од кои може да има се освен љубов и почитување. Финтата е во тоа да се најде оној 1% чесни мажи кои останале на планетава и се вид во изумирање. Ама ајде, надежта последна умира.
    Девојки, среќно во потрагата! :)

    (копирано)
     
    На Bad-Mina и crazylady им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ги прочитав текстот со големо внимание (што ретко се случува бидејќи најчесто немам трпение за долги постови). И многу ми се допадна.
    За жал... или за среќа (за кого-како) точно е дека машките веќе не се замараат да ОСВОЈУВААТ и го земаат првото нешто што ќе им промрда пред очи, ќе го смести својот заден дел во нивниот скут и ќе трепне два-три пати (колку да не е без ич) со трите кила маскара на своите трепки.
    Моја претпоставка е дека НЕШТО ги демотивирало за ваквото однесување. Но, проблемот е што тие премногу лесно се демотивираат. Ние како девојки, колку пати и да сме биле разочарани на тоа поле, не престануваме да се надеваме и да го бараме оној вистинскиот. Кај машките тоа не е така. Тие се од нас полабилни особи, понестрпливи... и најчесто го одбираат најлесното решение (што не мора да значи дека е и најдобро).
    И ова:
    За ова исто имам мнооооогу размислувано и логика НЕМА. За истово имам и разговарано со припадници на спротивниот пол и нивниот одговор беше „Епа така е тоа, што да се прави“... значи ни самите појма немаат зошто тоа всушност е така.
    Како тргнала работава, до кај ќе дотера не знам. Само знам дека оние ретки примероци имаат синдром на диносаурус.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Да
    Boy + sex = man ...... girl + sex = slut
    E па и јас не можам да сфатам зошто сите машки се такви. Да трчаат по некои кои сите ги ''прележале'' кога има некои нормални кои даваат нешто повеќе од забава само за една ноќ. Сакам да кажам да подарат и љубов и разбирање, а и пријателство кое е исто важно во една врска за да би функционирала нормално. Ама после се следува дека секој тинејџер, па и оние постарите, несериозни сакаат забава без никакви обврски потоа. А и јас како Unfaithful18 се надевам дека еден од оној минимален процент ќе успејам и јас да сретнам :)
     
  4. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Жените (во права смисла на зборот) најдобрите се како јаболката на највисоките гранки на дрвото кои се најубави и највкусни и натешки за дофат!Но бидејќи очигледно мажите се плашат да се "качат" по нив да не паднат..оние лесните жени кои ги опишавте како спонзоруши и компанија се трулите јаболка што се на најниските гранки или тие што паднале на земјата..секој може да ги земе и да се засити со нив...иако не се вредни! :D ете ја логиката зошто е тоа така..се плашат од пораз.. НО .. ваквите девојки им се интересни во адолесцентниот период.. мислите некој од нив посакува да има жена која ја има легнато пола град? Сака да створи фамилија со таква некоја која го гледа само од интерес? хмммм... па и не баш :)
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Зошто бркаат курви? - Затоа што со сигурност знаат дека ќе ги добијат.
    А што останува за една девојка, жена која навистина вреди, која има големи квалитети и просперитет за успех? - Ништо. И останува да биде несреќна во љубовта, а мажите да ја оставаат бидејќи се плашат да не бидат манипулирани и контролирани од женскиот ум.
     
    На eliesaab, Fatum nos iunget, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
  7. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    За ова имам размислувано премногу. Особено за делот дека ако маж легне 10 жени е фраер, а ако жена легне со десет мажи е ороспија. Страшно, навистина жените не треба сега да легнат со пола град,но не треба ни мажите. Тогаш со каква логика е тоа дека некоја била курва?! Фактот е еден сите мажи викаат така бидејќи се плашат да не можат да најдат некоја вистинска девојка. Се плашат да не не бидат тие главните во семејството туку да не ги победува жената со своите паметни одлуки и отвореност да разговара за проблемите додека тие се ајде ќе промолчиме. Тој тип ми е стварно глуп, редно е мажите да го отфрлат тоа старомодно однесување и мислење и да сфатат дека на жените(вистинските жени со високо развиено мислење и став) им е одвратно Ако сакаат некоја вештачка русокоса,на која не можеш да познаеш што е природно,што ако и залепиш шамар пола град ќе се удави од шминката, солободно нека се однесуваат така. Но ако сакаат некоја која има се во комплет и изглед, манири,карактер и однесување редно е да сфатат. ;)
     
  8. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Aко жената бара маж со став,тоа најчесто значи дека нема свој,или дека нејзиниот став не е доволно цврст. У вези машките,не дека сакаат курви,зависници се од секс па бараат некоја да им ја реализира желбата,најчесто не остануваат на една,затоа не може да се каже дека ги сакаат. Убао кажал некој,мажот сака дама пред другите,домаќинка во кујна и курва во кревет.
     
  9. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
  10. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    А интересна работа што ми ја спомна еден пријател низ разговор беше вака "Јас за забава сакам девојки за една вечер, ама никогаш не би имал сериозна врска со некоја која имала или практикува one night stand " . . . . . хмммм И го прашав, значи ако и ти практикуваш one night stand, зошто тоа да ти биди пречка за врска со некоја која ти се допаѓа? Одговорот: ако бил во врска или брак со таква девојка поголеми биле шансите да го изневерела бидејки ќе немала проблем да биди со некој само за една ноќ...

    Хмммм ме збуни значи дека сакаат цел живот да одат со курви, и кога ќе решат да се женаат да земат добра девојка, па и уште да имаме доверба во нив ????

    Жално е кога гледам како машките се повеќе внимание обраќаат на таквите женски, па пијачки, па како ги гледаат а тие од к*р на к*р, ќе му се истријат на 5-6 мажи во една вечер и заминуваат со еден (можи и повеќе). . . . . . Ахххххх Боже кај ни оди човештвото :worried: :worried: :worried:
    И на крајот секогаш тие таквите си се снаоѓаат, вака-така знаат да врзат некој :x
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас не се согласувам со “Жените сакаат мажи со став, а мажите курви“.
    Прво според мене ПАМЕТНИТЕ жени сакаат мажи со став, додека има жени кои бараат некој папучар кој можат ќе можат лесно да си го командаат, а ако на сето ова има и пари добиле бинго.
    Второ маж никогаш, т.е. паметен маж никогаш не би се оженил со курва. Маж на кој му е стало до фамилија, дом, кој сака да напредува во животот сигурно нема да земе некоја расипокуќа жена.
    Мажите бараат курви за забава, додека да се оженат. И иако јас неможам да ја сфатам таа теорија сепак сметам дека поголемиот дел тоа го прават, или поточно оние кои сеуште се несозреани и незнаат што сакаат во животот.
    Има многу за пишување на темава, но во кратки црти ова би биле според мене некои правила до кои се држат повеќето. Секоја чест на исклучоците.
     
  12. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    денес нели никој нема време за ,,губење,,така да потребата за одредена интимност се задоволува инстант и без обврски...кај дел од помладите тоа е стандардна шема бидејки тие и немаат обврски ,но мислам дека мојата генерација слабо игра т.е не игра на таа музика..
    за такво нешто сепак треба одредена решителност која ние ја немаме, искрено и не ја сакаме бидејќи тертипот ни е малце поинаку скроен..
    лично неможам да замислам да бидам со некој кого го,, познавам,,2-3 часа па колку и да ми остави впечаток(ики обратно)т.е да изневерам некого кого го познавам цел живот..тоа едноставно не иде..
    и за да се има о.н.с.потреба согласност од двете страни нели и тука нема голема филозофија и зошто ,,актерите,,треба да се поделат на добри и лоши кога ефектот од ,,сработеното,, е еднаков на времетраењето на чинот и е најчесто сведен на еднократно интензивно задоволство или гимнастика лишена од емоција...мислам ако им е арно нека си праат(и траат)...
     
  13. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Па не би рекла дека ако жената сака маж со став,дека таа го нема својот веќе цврсто изграден за некои работи! Жените сакаат цврсти мажи,значи не зборувам за бицепс и кревање тегови во теретана :lol: ,туку зборувам за цврстината на карактерот! Ако еден маж не знае што сака во животот,ако шест пати се предомислува за ситници што ни се случуваат во секојдневието,тогаш што останува за оние големите работи кои доаѓаат понатаму? Нема да знае како да се справи со првиот посериозен проблем,ќе чека некој да му каже што треба да направи и пак ќе се предомисли :lol: ! А кога жената има ете баш таков цврст маж со свои ставови мислам дека и неа ќе и биде полесно! Далеку од тоа дека нејзиното мислење не треба да биде почитувано и применето во некои работи,ама сепак кога ќе има барем некоја цврста позадина мислам дека ќе и биде полесно!
    За ова дека мажите сакале само к***и сум размислувала многу и никогаш ете не сум дошла до некаков заклучок,иако мислам дека не баш сите од нив преферираат таков тип на женски па макар било и само за забава! Еднаш еден мој пријател ми рече: " Кога еден клуч може да отвори повеќе брави,тоа е МАСТЕР КЛУЧ,а кога една брава може да биде отворена од повеќе клучеви,тогаш таа брава е РАСИПАНА!!!
    Е ај сега ?!
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Sakaat da izigravat fraeri,ebachi,kakov kluc kakvi bakravi samovljubeni azdisani gubrinja se poveketo mazi(spored mene).Zosto mazite sakaat kurvi lesen odgovor sekoj saka po polesen pat da trgne bez da mu ja misli zosto odgovornosta znaci i zrelost i sposopnost da se upotrebuva zdraviot razum.
    A nie zenite taka sme sozdadeni ponezni i pocuvstvitelni sme zatoa i ni treba maska zastita,PRIRODEN ZAKON
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Правете разлика меѓу ''сакаат'' и "бркаат"...
    Како прво ниедно машко не сака курви..А ги бркаат курвите од причини што знаат дека ни една курва нема да ги одбие..А машките стравуваат од тоа бидејки со тоа им се повредува МАШКАТА СУЕТА.... ;)
    и поради тоа што после ќе се фалат дека многу лесно ја освоиле женската т.е. КУРВАТА..
    А женските си сакаат мажи со став од причини што тие сакаат кога некој ги заштитува и имаат заштитуваш.. :D
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Сметам дека мажите,односно незрелите мажи кои сакаат забава,секс и сл сакаат курви.Некој кој сака семејство,деца,некој со кој може да го помине остатокот од животот,кој може да го покаже пред својата фамилија,своите другари-сигурно нема да бара спонзоруша,празноглава,курва и плитка девојка.
    А паметна девојка,интелигентна,со свои животни ставови,кариера и која знае што сака сигурно дека нема да сака некој кој само ќе ја слуша како животно,и кој ќе и биде како роб бидејќи нели таа е жена со став.Мислам дека секој сака наспроти него да има личност од негов калибар.Личност со слични сваќања,можности,образование,цели ....
     
  17. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    ми се засвига тип , за кој не знаев буквално ништо , нит го имав гледано низ град , нит знаев кај се движи ни ништо. од небо ми падна буквално. кога почнав да се распрашувам кој е и што е од сите добив одговор - Аууу тој ли , со сите колешки и пошироко се има плеснато... Епаааа ми се згади искрено . Погадно од ова не можеше , што значи битно е сепак и машкото да нема поминато 100тина девојки , сепак сегде го брцал - па ај и кај мене , гнасно е. Не дека сум конзервативна , ама да водам некој за рака и да ме гледаат сите и да си се потсмееваат - еј со овој имам спиено - TAKOВ ДЕЧКО - НЕ ФАЛА!! не дека јас сум нешто светица , ама вакво дечко премногу лошо - и тоа пола од тие што ги легнал ги познавам лично. значи поимот - курва- не е само женски - имам и еден куп машки такви.
     
    На Ilinaaa, hermosa и Unfaithful18 им се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, без разлика која возраст се, колку искуство имаат, дали се во врска, или се безнадежно затрескани, сите мажи сакаат и ќе сакаат лесен секс. Од било која да доаѓа, нив најмногу им одговара кога сексот доаѓа без многу напор. Баш затоа се залетуваат по женски од кој лесно ќе го добијат тоа што го сакаат.
    Друго, за муабетиве дека што повеќе легнувале, поголеми фраери биле. Јас не сум видела другар да му честита на другар што легнал 20-тина лесни девојки. Затоа што и тој самиот истите може да ги легне.
    Сум видела да се поштуваат за некоја девојка што едниов долго ја бркал, па на крај ја фатил. Мислам дека веќе само шупаците(простете, само овој израз ми доаѓа за овој вид) се дуваат со бројка на легнати женски.
    На крај краева, немојте да мислите дека машките не знаат што е квалитет, а што квантитет.
    А дека како жени не поштуваме дечко што боцнал многу девојки, тоа е и повеќе од јасно.

    За тоа што сакаат и како сакаат жените излишно е да се пишува. Прво ниту Ајнштајн не успеал да не сфати, и второ, ниту ние не знаеме што точно сакаме.
     
    На Unfaithful18, mirna0911 и kravce им се допаѓа ова.
  19. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Оти мажите се глупи гледаат да ја искористат секоја девојка максимално , а ние бараме вистинска љубов е тоа е тоа !
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Во темава има многу за пишување ама ке се обидам во кратки црти да си ја доловам мислата.
    Точно е тоа дека жените сакаат мажи со став, и убава позиција, да биде со убаво "педигре" што би се рекло, да е паметен, амбициозен, образован, убав ( што викаше една моја пријателка млад убав и богат), но во денешно време ако разгледаме по мажите, овие "совршените" се во изумирање.
    Е сега да разгледаме во практика што бараат мажите. Да речиме дека повеќето од женетите ги изневеруваат сопругите со некои си идиотки, едвај со основно, без мозок и понашање, што биле со толку мажи што ни самите не ги памтат сите т.н. курви. Дали некој од женетите мажи ја оставил жена му за некоја таква??? Одговорот е многу мал процент речиси ич, теоријата за машкото размислување и нивните постапки е малку тешка за сваќање. Значи, пак си одат дома, пак си спие до жена му, а тоа со таа исто како да не се случило (многу мал процент мажи се заљубуваат во такви жени `за една ноќ`) и се е нормално. Гледано од аспект на машката психологија, најчесто го прават ова оние мажи што на некој начин ги `ценат` нивните сопруги, и не сакаат со нив да експериментираат во кревет, и да ги третираат како курви, за тоа наоѓаат вистински курви и му прават што сакаат, или вториот вид на мажи кога бракот им е во некаква криза и наоѓаат такви девојки колку да им помине лутината, или на некој начин сакаат да и се одмаздат на сопругата за тоа што му згрешила.
    Гледано до аспект на ергените, не женетите мажи. Имаат сексиални потреби, но не сакаат врска, нормална девојка со стандарти и принципи сигурно не би сакала да има секс првата вечер кога ке седне со некој на кафе. За тоа мажите преферираат дружење со `лесни` девојки, за да може вечерта да му заврши баш како што замислил, и убаво да спие, научно е докажано дека голем дел од мозокот на мажите им се наоѓа во гаќите. Но на ови ваквите кога ке им светне ламбичката дека годините одат и дека им треба врска или брак, според практиката што ни е пред очи многу ретко се женат со курви, туку во овој случај како потенцијална жена, бараат девојка со исти стандарти или приближни како неговите, или ова може да го израмниме со барањето на девојките за маж.
    Значи дојдивме до заклучок, кога и на мажите и на жени им е дојдено до брак сите сакаат партнер со став, амбиции, лепота, и сите стандарти што доведуваат до поубав заеднички живот.