Зошто жените се напаѓаат меѓу себе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mode-kristina, 8 септември 2020.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Ова мислење во СДК ми беше инспирација да ја отворам оваа тема. Ова е пример кога една веќе етикетирана жена/девојка етикетира друга.

    Доколку некоја е жртва на насилство, нападната е и од жени. Има многу жени што го поддржуваат синдромот "сама си го барала".

    Факт е дека не е лесно да си женско. Ама прашањето ми е зошто жените/ девојките етикетираат други жени/ девојки.

    Која е целта на тоа?

    Доколку сметате дека темата е дупла, тогаш нека оди под клуч.
     
    На RainbowButterfly, ku4ence, LadyMau и 4 други им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.681
    Пол:
    Женски
    Од љубомора.
     
    На RainbowButterfly, ku4ence, Seli20 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    18.336
    Пол:
    Женски
    Женските меѓу себе се гледаат како конкуренција еве не знам зашто :|
     
    На RainbowButterfly, ku4ence, Alex.T и 9 други им се допаѓа ова.
  4. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Уште еден пример: жена се исповедува дека е жртва на семејно насилство, а поголемиот дел од коментарите се или дека е измислена или дека е жена и мора да трпи. Многу жени пишуваат вакви коментари.
     
    На RainbowButterfly, ku4ence, The Saturdays и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Arja

    Arja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш ме иритирало тоа напаѓање меѓу две или повеќе жени. Секогаш си мислам на тоа дека самата како женско секојдневно се соочувам со предизвиците и неправдите кои намерно и/или ненамерно се насочени кон нас. Па така ми е нејасно зошто жени би се напаѓале меѓу себе, наместо да се поддржуваат. Не мора да ти се допаѓа како некоја изгледа, секако се работи за вкус. Но барем кога немаш нешто убаво да кажеш. преќути си. Тоа и не е така тешко. Зошто да им приредуваме буквален театар на мажите околу нас со тоа наше меѓусебно напаѓање? Зошто да ги поддржуваме нив кога говорат против нас, напаѓајќи не со секакви лоши коментари. Не ми било јасно и нема никогаш да ми биде.
     
    На GirlLove, g8lQQk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    4.976
    Пол:
    Женски
    Тие се истите жени кои трпат насилство ги мрзе да ги уклучат мозочињата или да најдат начин оти нели тешко им е и ајде се соочуваат со тоа и го прифаќаат, многу ми е жал за тие како говеда се третирани дома а сеат акл по коментари на социјални мрежи.
     
    На RainbowButterfly, GirlLove, dankee и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    13.529
    Пол:
    Женски
    Мислам дека членката што е цитирана во првото мислење за "провокативен изглед" зема во предвид девојки кои имаат облини па затоа како низ потмсев за тие што се рамни ко даска вели дека не се етикетирани. Изглеа не отворила на инста подалеку од своите слики па да види дека буквално жени со all body types имаат непристојни коментари.

    А зашто се напаѓаат жени меѓу себе? Ради љубомора и конкуренција, plain and simple.
     
    На ku4ence, Justicija, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    8.718
    Пол:
    Женски
    Многу е генерална темава.

    Често се напаѓаме врз база на стереотипи, или генерално негативно мислење што го имаме за некоја група на жени, па водени од тоа внатрешно чувство настапуваме без основа и многу мислење.

    Друг пат често се напаѓањата на лична основа, на пример љубомора, кавги, конкуренција и сл.

    Трет пат се сосема оправдани, бидејќи не сме сите безгрешни и заслужуваме осуда за некои постапки, иако тука знае да се премине граница.
    Сакам да кажам, не е секој напад заснован на сексизам.

    Чист пример на форумов.Ќе пише некоја нешто што на мнозинството нема да им се допадне(не навлегувам дали кажаното е правилно или не) и раскол настанува, фрчат навреди, препукувања, исмејувања.Ќе се избришат мислењата и следниот ден сите се борат за женска солидарност.Иронија, нели.Ама океј, сите некогаш правиме работи што се иронични.

    Воглавно никоја од тука што коментира(и јас си се вклучувам) не е исклучена од постапкиве и ги прави често, без разлика дали сака да признае или не, како што пишав и во примерот горе.

    Само разликата е дали сакаме да си ставиме прст на чело и да помислиме дали сме секогаш правични или понекогаш водени од емоции, игнорантност или дискриминации.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На ku4ence, buba4e89, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    25.127
    A на какви напаѓања се мисли? За која причина?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, но има и некои што се ситат на туѓата несреќа.

    Може да е заради љубомора, но што е со постарите жени што ги напаѓаат помладите?

    Мој пример: сега студирам, трета година ќе бидам сега, постара роднина ме прашува зошто се' уште немам дечко и кога кажав дека мој приритет сега е факултетот (за да и' ја затворам устата беше ова, а не дека не може да се избалансира едното со другото) и коментарот и' беше дека сум била себична и дека треба млада да створам семејство како некоја си моја братучетка што млада се омажи. А мојот коментар беше дека секој си има свои приоритети.

    @Tan4ence се мисли на етикетирање, на упатување негативен коментар дали за изглед, успех и слично, но и за осудување на жената за проблемите со кои се соочува. Значи зборуваме генерално.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На Роберт 7 и Justicija им се допаѓа ова.
  11. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    13.529
    Пол:
    Женски

    Тоа се веќе застарени сфаќања. Општо имаат слика за жената дека треба да исполнува улога на жена, мајка и домаќинка. Така ги учеле порано и тешко мислењава да се променат.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На Justicija и mode-kristina им се допаѓа ова.
  12. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    За да не се сфати темава треба да се живее во некој друг универзум. Кај нас, секојдневие е жените да се напаѓаат меѓусебно и тоа за било што; а најчесто за физички изглед и начин на живот.
    Никогаш нема да сфатам зошто некоја жена би осудила друга за некоја најбанална & најмизерна работа, како тоа на пр. колку партнери имала.
    И секогаш девојката ќе биде мета на осуди за физички изглед, а дечко и со виснат стомак нема. Овие примери се насекаде околу мене, а неретко и од "блиски" луѓе.

    Едит - Ми текна ситуација каде што 4 жени, во средни години и сосема просечни (Карен да не речам), коментираа тинејџерка од -лупам- 16 години за тоа како била прекратко облечена и ако дувнело ќе и се видело "дундето". Девојчето стоеше пред нив, а овие онака индиректно збореа и се смееја.
     
    Последна измена: 8 септември 2020
    На GirlLove, dankee, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Тоа го пишуваат жени кои не смеат да писнат на мажите и кои самите трпат насилство.
     
    На ku4ence, Justicija, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    1.547
    Пол:
    Женски
    Ova vo osnova doagja od ljubomora koja e rezultat na niska samodoverba i kompleks na poniska vrednost
    So napagjanjeto ne se izdignuvame sebe, bash sprotivno
    Namesto napagjanje treba rabotenje na sebe za zgolemuvanje na samodoverbata
     
    На ku4ence, Luminary, edna_malecka и 6 други им се допаѓа ова.
  15. SugarHoney

    SugarHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    643
    Пол:
    Женски
    Јас не нападнав никого само не ми е јасно зошто одредена група на луѓе се сметаат за лесни поради изгледот на нивното тело а други не. Ти стварно изгледа немаш друга работа и се гледа дека ептен ти е досадно. Суштината на моето мислење не беше да нападман некој туку дека е нелогично тоа што жени со облини се сметаат за лесни доколку стават слика во бикини.
    И незнам за каква уопте љубомора зборувате, незнам зошто би била љубоморна на девојки кои немаат облини кога јас ги имам. Сачувај ме боже за што се нема да создадете тема од пуста досада.
     
  16. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    14.587
    Пол:
    Женски
    Ако е конкуренција и љубомора ,тогаш Анџелина Џоли би била најомразената жена на светот !

    Мислам дека жените постанаа себични ,и поголемиот дел не сакаат да кажат дека некоја е убава ,туку напротив ќе кажат дека е ружна со цел да се издигнат над неа .Но има некој и што не се убави а се во филм дека се ..

    Имав една 50 годишна колешка разведена , и беше опседната со мене и со уште една помлада колешка и на сите машки колеги ги прашуваше дали била поубава од нас , и на сите самата им кажуваше дека сите и давале максимум 35 години на физичкиот изглед :rofl: пратеше кој ни лајковал на слики :wasntme:Она стварно си личеше на 50 годишна жена не знаеме кој и беше филмот,сега проблемот е комплексен .
    А за цицки мали или големи ,еве јас имам големи и сите машки што ги знам кажале дека помалите гради им се посекси,и зошто тоа лошо да го сватам кога секој има различен вкус ?
    Имаше на фб статус што ме насмеа :
    -Збори за другите како живеаат лажен живот, која има швалер,со кого се е*е,како шетала разголена а истата таа све би дала да е на нивното место само никој не ја есапи
    :drunk:
     
    На GirlLove, ku4ence, dankee и 3 други им се допаѓа ова.
  17. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    7.139
    Пол:
    Женски
    Јас не сум слушнала до сега некој да каже дека некоја девојка со облини е лесна.
    Облините не се мерило за тоа колку е лесна некоја девојка.
     
    На Принцезичка1, Alisa22, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Ама постои тоа "Што си ги извадила цицките"...
     
    На Angie1432, dankee и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    7.139
    Пол:
    Женски
    Тоа да.
    Што не кажат такво нешто за девојките со големи гради кои носат затворени блузи?
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Женски
    Или за девојките со мали...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.