Па и јас го кажав истото дека облините не се мерило за тоа колку една девојка е лесна. За тоа и го пишав мислењето бидејќи ми се случува да добивам коментари дека сум лесна поради тоа што сум носела фустан со деколте, а постот го пишав бидејќи бев инспирирана од другарка која стави слика на инстаграм по бикини а има така бујни гради па доби коментари дека е лесна и дека е невкусно. Што треба тие што имаме големи гради да носиме бурка? И само како за споредба пишав дека девојки без облини кои ставаат слики по бикини воопшто не добиваат такви коментари ниту етикети. Незнам каде членката видела дека сум нападнала некого па добила инспирација за ваква тема. Глупости живи.
Тебе те навредуваат коментари дека си лесна поради облините и сликите на инста, но не ги гледаш како навреда коментарите од типот рамна како даска. Тука е целиот проблем. Со навреда одговори на навреда и се чудиш зошто ваква тема. Не е само твоето мислење, има многу на форумов со слични ставови. Поддржуваат body positivity во една тема, а во друга навредуваат.
Еве јас имам големи гради, имам ставено и слики на инстаграм, па никој не прокоментирал дека сум лесна, нити па сликите се вулгарни. Се е до начинот на кој што го истакнуваме тоа.
Ти не сфаќаш што сум пишала и во кој смисол. Мене не ми е јасно зошто девојки кои се без облини не добиваат етикети како лесна или дека изгледаат невкусно дури и да стават слика по бикини. Мене тоа не ми е јасно. А тоа што сум пишала рамни како даска ок како сакаш сфати, извини ако си се наврадила, и ја сум била рамна некад. Добро не под дифолт мора секоја со големи гради да добива такви коментари но најчесто добиваат, знам по мене и по другарки.. Сликата иначе беше на место, девојќето беше сликано по бикини со чаша коктел во раце во најнормална поза, не беше во доги стајл побогу.
Моментов е скроз sorry not sorry Девојки и фаца да сликнат само добиваат секакви коментари, не зависи од сликата, него будалите што те следат.
@SugarHoney Многу добро те сфатив за што зборуваш. И јас сум против тоа да се лепат такви етикети на девојки со облини. Само ти укажав на грешката во твоето мислење, нема потреба да се вознемируваш толку. Ако сакаш, односно ако сакаме да завршат навредиве, треба сами да се промениме и да не коментираме изгледи на други девојки.
Се зависи како ќе се истакнеш. Ама како да има некоја љубомора. Која поголеми гради има. Јас не сакам да ги истакнувам градите и затоа не носам маички со деколте. Често добивам коментари дека треба да ги истакнувам облините. А за оние домаќинките......они ако се тепани треба и другите да бидат тепани. Како да се ситат на туѓата несреќа кога друга жена е тепана од мажот. Ако....се знае кој е маж во куќа.
Јас мислам дека тоа е од внатре ж. Едностсвно нешто ги тера за контрирање, омаловажување и докажување.
Интересна тема. Јас сметам дека можеби е тоа поради женска солидарност, едноставно некоја сака да ти укаже на тоа дека не е вкусно да го ставаш своето тело на послужавник, бидејќи мислењето на мажите за слика на девојка во бикини покажана на социјален медиум а при тоа не си личност која би заработила од тоа, е дека е посекси од девојка без облини, и го привлекува машкото внимание. Знам дека звучам заостанато, но сметам дека мораме да ја научиме разликата меѓу пристојно и непристојно. Според мене пристојни се бикини на плажа но не и на инстаграм, пристојно е деколте, кратко фустанче и слично во дискотека но не и на работа или факултет. И да напоменам дека не оправдувам јавни коментари од добронамерни причини, бидејќи критиката ако е добронамерна нр се кажува пред сите
Никогаш немам сретнато жена со висока самодоверба да коментира изглед на некоја друга во негативна смисла. Ако некоја се чувствува убаво внатрешно и надворешно, нема да има потреба да навредува и етикетира други жени. Зборовите се рефлексија на она што сме. Според мене оние кои навредуваат се длабоко многу несреќни и несигурни во себе.
Баш обратно, нема женска солидарност. Тука веќе се приближуваме до причината. Зошто е битно мислењето на мажите? Можеби не става слики за да привлекува внимание од мажи. Зарем се во светот на една жена треба да се врти околу мислењето и вниманието на мажите, па така да скроиме изглед и однесување според тоа. Штом веќе одиме со според мене, значи пристојноста и непристојноста е релативна. Со ова апсолутно се сложувам.
Не е битно мислењето на мажите, но тие постојат такви какви што се. Јас доколку сакам еден балкански маж да ме слуша што зборам, се облекувам така да фокусот да му е на моето лице, а доколку сакам нешто друго од него се облекувам фокусот да му е на тоа. Пристојноста/непристојноста е релативна, но затоа измислиле кодекси на облекување, па од нив до негде можеме да сфатиме каде како треба. Сепак етиката и бонтонот на однесување и облекување се во фаза на хаос.
Како тоа се коментира девојка во послужавник оти имала секси слика абе ајдеее јас ако сакам и гола ке се сликам тоа е тело и си го сакам а не поради некој егоист кој би кажувал оваа би ја ебал баш ме заболе за такви ниско буџетни коментари тоа може секој мочко да го каже боже ме сачувај. Иначе жена највеке навредува жена оти сака да се покаже како патријахално воспитана светиња за да и се диват примитивците и плитките мозоци.
А нај ми е врв жена кога ке рече види ја отворила салон сигурно не е сама отворила имала некој спонзор дека жена ке отворе нешто сама и види каква кола возе жена, не се дава кола на жена, возеш како жена, еби брат ти они треба да се срамат, буквално повеке сум го слушнала од женски усти, последните неколку години некако женската солидарност е понапредна заради сајтови различни, веке се е нормално ама пред една деценија пример овие коментари беа секојдневие. Едноставно жените сами си го загрозуваат животот и отежнуваат.
А зошто би имал некој потреба од дивење, па не сме богови. Едно р стил да облекување, друго е патријахално воспитување, и чесност. Не значи дека ако се облекува некоја пригодно спрема времето и местото дека е светиња. Напротив, сексуалноста е интима, таа се покажува во кревет, и нема никаква врска со начонот на облекување
Е ова е добро прашање! Ставате слики со деколте на изволте + прифаќате непознати личности(кои сигурно не ве заследиле за да си споделите рецепт за еклери) и сето тоа резултира со секакви манијачки коментари и пораки. И после идете и се жалите. Дечки, имало и ќе има некултурни машки манијаци, ама да не се лажеме ретко кој би дал недоличен сексуален коментар ако сте облечени нормално или ако имате нормална поза а не истртени со газот кичмата ќе ја прекршите. Секакви девојки и слики сум видела, и во бикини на плажа ама сепак со мера е сето тоа и преубаво и културно изгледа, ама и такви на кои се гледа дека со зорле прават некои порничарски фотосесии. Се и сешто правите, постирате и прифаќате а тука се правите добри вили. Немој молим те.
Не те знам, ни те познавам. Само читајќи низ темава, што мислиш, кој има најпровокативна слика? И дали сите останати немаат големи гради? Hint: Имаат. Прашање: Зошто одлучиле да не (си) ги прикажуваат на профилна? Друго, отидов да видам во какви теми коментираш неодамна, што те интересира. Го најдов следново: Enough said.... Како што реков, не те познавам. Но ова мене ми дава некоја слика за тебе, и какви слики би имала по инста. Не те осудувам, секој си има право. Само мое мислење е дека не е океј, и дефинитивно не би се „дружела“ со некој кој умот му е ограничен само на вакви теми да зборува. Be sexy with your brain, not your half-naked body. А за темава општо мислам дека се напаѓаат бидејќи немаат самодоверба, квалитетно исполнето време, не се чувствуваат исполнети и среќни, или имаат премногу слободно време да се замараат со туѓи работи. И пустата завист, колку и да не ја прикажуваат, си го прави своето...